македонска рок енциклопедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 May 2018 19:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска рок енциклопедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија ја доби својата рок библија – „Македонската рок енциклопедија“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ja-dobi-svojata-rok-biblija-makedonskata-rok-enciklopedija/ Wed, 09 May 2018 09:38:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25896

„Македонската рок енциклопедија“ - лектира за секој рокер. Од почетници до пензионери... А и за оние, кои тоа не се! Вреди да се прочита, богатство е да се има!
Македонија за прв пат во својата историја доби пишана и печатена рок историја! Македонската субкултура и нејзиното чедо - македонскиот рок ен рол, за прв пат ја добија својата читанка, својот буквар. Во него, сите оние што ги граделе темелите или ставиле барем една цигла, едно камче во македонскиот рок ен рол и годините на неговото опстојување и живеење ќе можат да се пронајдат! Идните поколенија пак, кои допрва треба да го газат трнливиот пат до славата и по неа, ќе имаат своја „библија“ од која ќе можат да ги црпат туѓите искуства. Како и да е, „Македонската рок енциклопедија“ конечно ја здогледа виделината на денот.
Во неа, повеќе фактографски, но и низ приказните лично изустени од поголемиот број протагонисти и нивните бендови содржани во ова, по многу нешта, единствено, капитално дело,  прво од ваков вид кај нас, авторот Тошо Филиповски ја собрал македонската рок историја на едно место, во една книга, како што делумно собра и дел од нејзините чинители на нејзината промоција, вечерта на 8.мај 2018 година, пред платото на нејзиниот храм - некогашниот „Дом на млади“ денешен МКЦ.
Периодот од 1963 па се до 2018 година, сеопфатно претставен во еден преглед на сето она што било и се' уште е најзначајно за историјата на популарната музика, особено нејзиното немирно дете - роке ен ролот, на една земја, еден, народ, една држава, оваа нашава, Република Македонија. Од неговите корени и зачетоци, преку неговите сериозни почетоци и златните години, па се до она што во овие 27 години независна држава се случува се' до денес на полето на рок културата.  Хронологија, настани, поединци, групи, автори, изведувачи, инструменталисти, пејачи, изданија, носачи на звук, подеми и падови, победници и губитници, живи и заминити, рок легенди... Сите македонски рок ен ролери на едно место... Во едно иако пионерско, сепак одлично публикувано издание како што е „Македонската рок енциклопедија“ - лектира за секој рокер. Од почетници до пензионери... А и за оние, кои тоа не се! Вреди да се прочита, богатство е да се има!
„Ќе набројам неколку напишани книги на истата тема или поврзани со рокот од блиското ни соседство како YU ROCK енциклопедијата на Петар Јањатовиќ која до сега доживеа неколку реизданија, ЕЛЕКТРИЧНА ЗАСТАВА-тајанствени воз за неонску дугу на Жикицa Симиќ, Бити рокенрол на Петар Пеца Поповиќ и Михајло Пантиќ, ROCK енциклопедијата на Златко Галл, КАД ЈЕ РОК БИО МЛАД прича са источне стране 1956-1970 на Синиша Шкарица, Johnny B. Stulic - Фантом слободе на Хрвоје Хорват и други, но сите помали и не опфаќаат толкав временски период, како македонската РОК енциклопедија на Тошо Филиповски кое претставува уникатно, капитално, вистинско енциклопедиско издание, непроценливо дело на македонската култура и уметност, една урбана библија“ - вели новинарот и музички критичар Љупчо Јолевски.
Затоа нашата жива енциклопедија Тошо Филиповски треба да го прогласиме за одечки споменик на културата во нашата земја.]]>

На 8 мај во МКЦ: Промоција на првата „Македонска рок-енциклопедија“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-8-maj-vo-mkc-promocija-na-prvata-makedonska-rok-enciklopedija/ Mon, 07 May 2018 08:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25326

По повеќе од шест години истражувачка работа, првиот том од капиталното дело „Македонска рок енциклопедија“ на музичкиот новинар Тошо Филиповски, конечно ќе биде промовиран пред македонската публика во вторник, на 8 мај, на платото пред МКЦ со почеток од 20.00 часот.  Станува збор за издание од 400 страници, со 333 македонски музички состави, со 2.000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“. Содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска…, како и  автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената. Фотографија на Македонска РОК Енциклопедија - Фотографии. „Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка за капиталното дело ’Македонска рок-енциклопедија (1963-2018), Прв том’. Првите 500 примероци се во ограничен тираж, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска цеде-компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, пишува во соопштението за настанот. Енциклопедијата чини 2.300 денари, а освен на самата промоција, во продажба ќе биде пуштена веќе следниот ден, на 9 мај, во сите музички продавници, книжарници и други места, за што ќе следи дополнителна информација.]]>

Домашната музичка сцена доби место во „Македонската рок-енциклопедија“ https://arhiva.vistina.com.mk/domashnata-muzichka-scena-dobi-mesto-vo-makedonskata-rok-enciklopedija/ Thu, 05 Apr 2018 11:15:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19617

На 400 страни, со 333 македонски музички состави, со 2.000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, по повеќе од шест години истражувачка работа конечно ќе биде објавена „Македонска рок-енциклопедија“.

„Од денес, па во следните 40-ина денови, ја имате можноста вашиот примерок од Енциклопедијата да го купите/резервирате однапред, како издание во ограничен тираж, нумерирана и рачно потпишана, по поефтина цена од продажната, со бонус – скромни подароци. Ова е и начинот на кој можете да го поддржите навременото и квалитетно печатење на Енциклопедијата. Низ книжарниците ќе може да се набави од 9 април 2018 година. Наскоро ќе ве информираме и за денот и местото на промоција на Енциклопедијата!“, стои во објавата на „Македонска рок енциклопедија“ која деновиве од први април се шири преку Фејсбук. Издавач на енциклопедијата е „Корпус деликти рекордс“. Се работи за авторско дело на музичкиот новинар Тошо Филиповски, кој години наназад е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол-културата и автентичниот урбан музички живот.
Оттука и ециклопедијата ќе содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска… Содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената. Засега, најавено е издавање на прв том од енциклопедијата. „Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка за навремено и квалитетно издавање на капиталното дело: ‘Македонска РОК Енциклопедија (1963 – 2018), Прв Том’. Првите  500 примероци се во ограничен тираж, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска цеде-компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, стои во соопштението на „Македонска рок енциклопедија“. Цената во претпродажба во Репубика Македонија е 1.800 денари + 100 ден поштарина, а за странство е 30 евра + 10 евра поштарина. Извор: радиоМОФ]]>