македонска фолк елита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Jul 2022 07:52:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска фолк елита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љупчо Соколовски – уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест 2022“: „На 29-тото издание ќе настапи докажаната македонска фолк елита“ https://arhiva.vistina.com.mk/ljupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecher-na-ohrid-fest-2022-na-29-toto-izdanie-kje-nastapi-dokazanata-makedonska-folk-elita/ Thu, 21 Jul 2022 05:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259537

„И годинава Фолк вечерта на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови“ - не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2-ри септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна. Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава? „Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа. Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот. Која е вашата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава? „Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.]]>

Концерт: Македонската фолк елита во чест на Никола Бадев https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-makedonskata-folk-elita-vo-chest-na-nikola-badev/ Tue, 13 Nov 2018 13:07:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57735

На концертот по повод одбележувањето на 100 годишнината од неговот раѓање и 70 години на неговата песна во етерот ќе настапат најдобрите македонски пејачи на народни песни: Виолета Томовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Душко Георгиевски, Благоја Грујоски, Мишко Крстевски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Александар Тарабунов, Бубо Каров, трио „Гранде“, Захаринка Милосавњевиќ, Добрила Чабриќ, Гоце Ценевски, Елена Андонова, оркестарот на изворни инструменти и оркестарот чалгии под водство на Бајса Арифовски, народниот оркестар на „Танец“ под водство на Милан Завков...
Mузичкиот фолк спектакл кој не смеете да го пропуштите ќе се одржи 15 ноември (четврток) во салата на Македонската опера и балет со почеток во 20.00 часот. https://www.youtube.com/watch?v=3yWsnPkSyCs]]>