македонска филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 08:35:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На сцената на Македонска филхармонија: Премиерно издание на „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис https://arhiva.vistina.com.mk/na-stsenata-na-makedonska-filharmonija-premierno-izdanie-na-candlelight-kontsert-pod-sveki-na-kamerniot-orkestar-profundis/ Sat, 09 Mar 2024 08:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341764

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката, вели маестра Дашиќ.

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Инаку, концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјајна свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

Влезниците за ова премиерно концертно доживување се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс во државата или онлајн на следниот линк.

]]>

Српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ солист на концертот „Хармонија“ во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-violonchelist-dragan-gorgevik-solist-na-kontsertot-harmonija-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 19 Feb 2024 13:01:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339258

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Критиката ќе каже дека Драган Ѓорѓевиќ е една од најоригиналните уметнички појави на неговата генерација. Тој е признат за амбасадор на српската школа за виолончело, основач е на ансамблот „Вива виолончело“, на фестивалот „Равенелиус“, соосновач на квартетот „Рубикон“ и програмски директор на „Виолончело фест“ во Белград. Во музичкиот свет Ѓорѓевиќ влегол на шестгодишна возраст, свирејќи виолина во училиште за музички надарени деца во неговиот роден град Ќуприја, а две години подоцна почнал да изучува виолончело. По студиите во Белград, на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Сандра Белиќ, образованието го продолжил на Гилдхал школата за музика и драма во Лондон, во класата на проф. Стефан Попов. По Лондон, Ѓорѓевиќ се запознал со корејскиот виолончелист Јанг Чанг Чо, кога продолжил да студира на Школата за музика во Есен, Германија. Уште како млад бил назначен да биде професор по виолончело на ФМУ во Белград, време кое го означил и како период да учи со славните виолончелисти како Миша Мајски, Тобијас Кун, Давид Такено итн. Добитник е на специјални награди на разни натпревари во Белград, а како солист настапувал во Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, САД, Русија, Белгија, Кина, Швајцарија, Франција, Норвешка, Јужна Кореја…, на истакнати меѓународни музички фестивали како „Би-би-си промс“, „Георг Енеску“, „Охридско лето“, „Челисимо“, „БЕМУС“… Соработувал со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулд, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Џон Адамс… Почнувајќи од 2011 година, на покана на славниот маестро Валери Гергиев, свири како главен гостин виолончелист на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, ја освоил наградата на Загрепски концертен менаџмент, му бил понуден и рецитал во новата концертна сала на „Марински“ во Санкт Петербург, како и деби со квартетот „Рубикон“ на Лондонскиот фестивал. И покрај тоа што е редовен професор по виолончело на ФМУ во Белград, одржува мастер-часови во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија… Свири на виолончело направено 1797 година, од Џејмс и Хенри Бенкс.]]>

„Љубов, страст – фламенко“ со оркестарот на Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/lubov-strast-flamenko-so-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija/ Tue, 13 Feb 2024 12:20:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338522

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. „Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветивме на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо ФЛАМЕНКО! Во срцето на шпанското фламенко е т.н. „канте“, односно традиционалната форма на песна инспирирана од животот на Циганите во јужна Шпанија. Оваа форма на песна/пеење е динамичка, застрашувачка, екстатична, но во исто време и спонтана и медитативна. Во музиката има драматични промени на расположенија, динамика и темпо што бараат внимание и емпатија. Станува збор за т.н. „длабока песна“, како што ја нарекол познатиот шпански поет и композитор Федерико Гарсија Лорка“ – велат од Филхармонија.   Родена во Гранада, Марина Ередија пее уште од нејзиното детство. На тринаесет години пее на фламенко-албумот за деца „Malgré la nuit“. Соработувала со познати шпански фламенко-уметници како Аркангел и Ева Јербабуена, и на уметнички проекти како во операта „De amore“ од Маурицио Сотело, која премиерно беше изведена во престижниот аудиториум „Карл Орф“ во Минхен и во театарот Зарзуела во Мадрид. Оттогаш нејзината кариера ја води на најзначајните светски сцени како: Театарот де ла Маестранца во Севиља, Гранд театарот во Кордоба, Карнеги хол во Њујорк, Палатата на музиката во Стразбур, Кристалната палата во Порто. Марина Ередија важи за една од најдобрите изведувачки на маестралното дело „Љубов волшебничка“ од Мануел де Фаља. Меѓу другите, настапувала со Симфониските оркестри на Сан Франциско и Чикаго, под диригентската палка на Пабло Херас-Касадо, кој исто така беше заедно со неа на подиумот со Оркестарот на Сент Лука во Карнеги хол во Њујорк, каде што добија стоечки овации. Марина Ередија беше дел и од новата поставка на „Љубов волшебничка“ на познатата шпанска театарска група „Ла фура дел баус“, која премиерно беше изведена на затворањето на фестивалот во Гранада, под диригентската палка на Мануел Хернандез- Силва. Настапувала на најпрестижните фламенко-фестивали во Шпанија, на сцените во Кина, Уругвај, Франција, Португалија, Германија, Велика Британија, Мароко, САД. Во 2004 година ја добива наградата „Андалузиската младина за уметноста“, за нејзината улога во промовирањето на андалузиското фламенко во светот. За нејзиниот фламенко-албум со нови класични песни, ја доби наградата за најдобар фламенко-албум. Кристијан Васкез е еден од најпрофилираните музички таленти од Венецуела, кој гради успешна интернационална кариера. Познат по својата харизма на сцената и по моќните изведби и музичкиот интегритет, Васкез продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност како еден од највпечатливите диригенти на денешнината. Во сезоната 2013-2014 година Васкез станува шеф-диригент на Филхармонискиот оркестар во Ставангер (Норвешка), со кој потпишува четиригодишен договор, кој му е продолжен уште две години – до 2019 година. Со него оркестарот беше на неколку исклучителни турнеи во Скандинавија, Русија, Германија и Холандија. Васкез е музички директор и на младинскиот оркестар „Тереса Карено“ од Венецуела, со кој реализирал гостувања и настапи во Лондон, Берлин, Лисабон, Хамбург, Милано, Виена, Амстердам, Салцбург. Неговото прво појавување во Европа беше настапот со Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, каде што беше назначен за гостин шеф-диригент од 2010 до 2013 година. Како диригент настапувал со Виенскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонијата на Ротердам, Камерата Салцбург, Рускиот државен симфониски оркестар, Токиската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Сингапур и други. Во 2010 година дебитира со Израелската филхармонија, на покана од Зубин Мехта. Во изминативе години активно настапува со водечките симфониски оркестри во светот, а му беше асистент диригент и на Густаво Дудамел во поставувањето на новата продукција на Моцартовата опера „Свадбата на Фигаро“ во Париската опера, како и во поставувањето на Вагнеровата „Тристан и Изолда“, на истата оперска сцена. Васкез соработувал со врвни музичари како диригентот Сајмон Ратл, виолинистот Франк Петер Цимерман, трубачот Пачо Флорес, меѓу останатите – и со нашиот најдобар пијанист Симон Трпчески.]]>

Концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-duke-bojadhiev-krsta-rodhevski-i-ismail-lumanovski-vo-makedonska-filharmonija/ Thu, 25 Jan 2024 13:13:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336297

На 16 февруари 2023, со почеток во 19:30 часот голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев (пијано), Кристо Роџевски (вокал) и Исмаил Лумановски (кларинет), кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската филхармонија. Врвните музички уметници чии имиња се синоним за најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас, во оваа прилика ни носат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба. Влезниците ќе бидат достапни во продажба од 24 јануари, среда во 10:00 часот, во сите продажни места на MkTickets  и онлајн на: https://mktickets.mk/event/dki/ Концертот се реализира со спонзорство од Комерцијална банка и медиумска поддршка од Футура 2/2, Антена 5 радио и Македонска Радио Телевизија.]]>

На 18-ти декември во Македонската филхармонија: Сара Мејс и колешките во новогодишната бајка „Jingle Bells Symphony“ со божиќни песни https://arhiva.vistina.com.mk/na-18-ti-dekemvrivo-makedonska-filharmonija-sara-mejs-i-koleshkite-vo-novogodishnata-bajka-jingle-bells-symphony-so-bozhikni-pesni/ Fri, 24 Nov 2023 13:55:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328553

Сара Мејс, на 18-ти декември заедно со своите соработници во Македонската филхармонија ќе одржат божиќен концерт со сите познати и популарни божиќни песни, а со самото тоа и ќе ја разбудат божиќната магија и еуфорија кај македонската публика. Мејс заедно со Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петеновска и Теа Богатинова ќе ви ги испејат најубавите Божиќни песни отсвирени од Камерениот Оркестар на Битола на чело со Владимир Димовски. Доколкуи Вие ја сакате онаа преубава новогодишна магија, божиќните песни, предновогодишната еуфорија… тогаш овој концерт е токму за Вас. 18-ти декември, почеток 20 часот, Македонска филхармонија.  ]]>

Премиера на „Оловното војниче“ со оркестарот на Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-olovnoto-vojniche-so-orkestarot-na-makedonska-filharmonija/ Mon, 13 Nov 2023 12:49:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326696

Во среда, 15-ти ноември во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски. Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден добило подарок – кутија со играчки. Внатре во кутијата биле сместени дваесет и пет оловни војничињанаправени од една стара голема оловна лажица. Детето многу се израдувало на подарокот и веднаш ги поставило војничињата на масата каде што имало и многу други играчки. Сите војничиња биле исти. Носеле црвено – сини униформи, а пушките ги држеле високо исправени потпирајќи ги на своите раменици. Биле наместени во строј и спремни за марширање. Вака започнува една од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен посветена на љубовта помеѓу две играчки. Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов инспирирано од фантастичниот наратив на Андерсен децата ќе ја проследат преку организирана посета од основните училишта.]]>

За оние кои прерано си заминаа: „Легендите живеат вечно“ на 28-ми октомври во „Македонска Филхармонија“ https://arhiva.vistina.com.mk/za-onie-koi-prerano-si-zaminaa-legendite-zhiveat-vechno-na-28-mi-oktomvri-vo-makedonska-filharmonija/ Fri, 29 Sep 2023 10:52:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320482

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу. Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот Оркестар. Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Музичкиот свет прерано го напуштија многу македонски имиња, но нивните песни нема да избледат. Заминаа, но ќе останат делата. Тие остануваат вечни, како спомен за оние со кои се радувавме, растевме, љубевме, тагувавме... Легендите живеат вечно, затоа што има млади таленти кои живеат со нив, во ова време. Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 28-ми октомври. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во ТЦ Бисер.]]>

„Нокаут“  ја носат својата акустична магија во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-ja-nosat-svojata-akustichna-magija-vo-makedonskata-filharmonija/ Thu, 28 Sep 2023 11:27:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320219

На 10. ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови. Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание. Концертот е во организција на продукција ”Сцена” карти ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk. Не чекајте многу, билетите се во ограничен број. Се гледаме и слушаме акустично на 10 ноември, во 20:00 часот, во Македонска Филхармонија.  ]]>

На 21 октомври: Игор Џамбазов ќе слави два јубилеја со концерт во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/na-21-oktomvri-igor-dhambazov-ke-slavi-dva-jubileja-so-kontsert-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 11 Sep 2023 12:22:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317441

Оваа година го прославуваме 60. роденден на Игор, како и 30 годишнината од соработка помеѓу него и неговиот животен блуз-сопатник Гуру Харе. Сето ова ќе го прославиме заедно на 21 октомври во Македонската филхармонија, со концерт на кој ќе биде изведен новиот матерјал од албумот „Првите триесет“, како и нивните најголемите хитови. Концертот е во организација на „Сцена продукција“, додека влезниците можете да ги набсвите преку  продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/igor-i-guru-hare/ ... Игор Џамбазов и Гуру Харе - вечните борци против кичот, шундот, турбо-фолкот и плејбекот...]]>

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонија во парк https://arhiva.vistina.com.mk/zhivotot-e-ubav-kontsert-na-filharmonija-vo-park/ Mon, 12 Jun 2023 10:43:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305893

„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Македонската филхармонија во Градскиот парк, кој годинава ќе се одржи на 15 јуни (четврток) во 21 часот. На програмата е музика од познати италијански филмови, чија изведба ќе биде надополнета и со видео проекции. Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“. Диригент е маестро Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“. Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него, воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу РС Македонија и Италија.]]>