македонска естрада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 May 2023 11:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска естрада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада се простува од Ферус Мустафов: Колегите со пиетет и последен поздрав кон „кралот на саксофонот“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-ferus-mustafov-kolegite-so-pietet-i-posleden-pozdrav-kon-kralot-na-saksofonot/ Mon, 22 May 2023 11:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303165

По веста за смртта на Ферус Мустафов, социјалните мрежи се преполнети со споделени написи од медиумите, но и збогување со „кралот на саксофонот“. Особено неговите колеги од македонската естрада се оние кои со пиетет и зборови утеха на сеќавање, се простуваат од својот колега, соработник, пријател и другар... малиот - голем музичар и човек, Ферус! Еве ги последните поздрави на оние македонски естрадни и јавни личности кои први се огласија збогувајќе се од починатиот музичар на Фејсбук: Пејачката Росана Сариќ - Тодоровска Колегата саксофонист и кларинетист Зоран Крагуевски Младиот пејач и кумашин Огнен Здравковски  Фолк ѕвездата Сузана Гавазова Колегата Лазар Наумов од групата „Бумбари“ ТВ водителката Анита Даева Уште еден крал на својот инструмент, овој пат на трубата - Кинг Наат Велиов Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска Владимир Блажев, алиас Панчо од арен би дуото ДНК Подкаст водителот Стефан Лазаров, кај кого Ферус го имаше последното јавно гостување Музичарот и гитарист Петар Ренџов Фолк пејачот и некогашен член на „Браво Бенд“ - Живко Динев Актерот, пејач и водител Игор Џамбазов  ...И уште многумина други. Листата е предолга за да ја собере во една објава... Почивај во мир „кралу“ и нека ти е светол патот кон царството небеско, во спокојот на вечноста која оддамна ја заслужи... Таму, каде што отсега ќе им свириш на ангелите.]]>

Македонските јавни личности и естрадни ѕвезди со поддршка за Ламбе: „Ти си херој, Ламбе царе, андерграунд мангуп…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-estradni-dzvezdi-so-poddrshka-za-lambe-ti-si-heroj-lambe-care-andergraund-mangup-foto/ Wed, 08 Jun 2022 10:53:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253430

Ламбе Алабакоски по приведувањето заради сомнени дека  ја запали влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, вчеравечер заврши во притвор. Така одлучил судијата на претходна постапка, а по барање на битолското обвинителство. На пејачот му е одреден 8 дневен притвор, откако вчера, 7. јуни 2022 год. беше осомничен за палење на влезот на бугарскиот клуб во Битола. Напливот на социјалните мрежи огромен. Воглавном со поддршка за Ламбе, кој разбирливо беше тема на денот во сите медиуми. Колку да се очекуваше мислењата во ваков случај да бидат поделени, зашто не би било логично некој да оправдува решевање на проблемите по пат на починува кривични дела, сепак јавноста спротивно на тоа, застана на страна на правдината и правдата. Поддршката за Ламбе Алабакоски не како починител туку како еден вид „социјален отпор“, а самиот Ламбе негов, своевиден симбол за  бројните неправди што сиве овие години на овој народ му се нанесени. Токму затоа толкава подрршка за пејачот и од голем дел од неговите колеги од естрадата и јавниот живот, познати македонски личности. Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или подобро Панчо од ДНК го нарече Ламбе најголем андерграунд мангуп... Мисицата, манекенка и модел Емилија Розман се придружи кон групата поддржувачи наречена „И јас сум Ламбе“, па го сподели следниов статус на Инстаграм: И поп пејачкат Теа Трајковска имаше своја Инстаграм порака со поддршка за колегата: „Ламбе, царе“! Неговата колешка, пејачката и водителка Бојана Скендеровски го поддржа со зборовите: „Со тебе сме... Ти си херој“... Познатиот водител и јутјубер Стефан Лазаров исто така го поддржа Ламбе, па посочувајќи ја како виновник за многу нешта што ни се случија, власта ја отера... Знаете веќе каде: Исто така познатиот радио и ТВ водител и маркетинг експерт Димитар Атанасовски има свое мислење, кое го искажа и илустрираше со свој статус и фотографија на Ламбе на Инстаграм: „Не е херој што го заслужуваме, но е херојот што ни е потребен“. ТВ водитеката Ивана Крстевска сподели на Фејсбук заедничка фотографија од нејзино интервју со пејачот, покрај која напиша: „Има само една вистина, има само една Македонија... Ламбе Алабакоски“! Нејзината колешка од ТВ Алфа, водителката Ирена Спировска исто така сподели заедничка фотографија со Алабакоски и под неа како поддршка ставила срце што пулсира. На сличен начин, со заедничка фотографија и емотикони од срце и знамето на Македонија,  на Ламбе му изрази поддршка и ТВ водителката Анита Даева. Неговиот сограѓанин, битолскиот актер Петар Горко, сподели неколку фотографии од Ламбе како профилни на својот ФБ и напиша статус: „Да видам, не верувам“! Познатот водител на ток шоуто „Јади бурек“, Јанко Илковски на својот истоимен портал ја обзнани веста за притворањето на Ламбе Алабакоски, па истата споделувајќи ја на својот ФБ профил јавно паша: „За јавното палење на канцеларијата на претседателот Иванов, имаше ли притвор? За пријател прашувам?“ - асоцирајќи на Ламбе. Фото: Социјални мрежи    ]]>

Македонските естрадни личности и рекоа НЕ на војната во Украина: Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-lichnosti-i-rekoa-ne-na-vojnata-vo-ukraina-socijalnite-mrezi-vrijat-od-nivnite-antivoeni-poraki-i-paroli-foto/ Fri, 25 Feb 2022 09:58:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240631

Војна во Украина некого го изненади светот. Колку и да беше очекуван воен конфликт, сепак никој освен веројатно, оние најдобро упатените, не очекуваа воени дејствија од вакви енормно големи размери. А кога војната ќе почне да беснее, тогаш вистината, совеста и разумот први умираат... За жал, заедно со нив и стотици, илјадници, милиони... човечки животи, што светската историја досега го докажала на безброј примери, од кои за жал човештвото никако да извлече поука. Колку и да е неизбежна и чин на последен акт откако сите политички средства ќе бидат исцрпени, војната е сепак монструозен чин, во кој се губат човечките животи, а меѓу жртвите страдаат и невини цивили... И тоа можеби најмногу. Меѓу нив, старци, жени и деца...  Стравотиите на војната за жал, му се случуваат пред очи и на т.н. цивилизиран свет и тоа во 21-от век. Страдања, уништување, разорување, уривање, убивање, декаденција и смрт... најгрозното, нагнасното и најтешкото нешто што може да го доживее човештвото. И колку и да сака некој да најде оправдување за неизбежноста на „говорот на оружјето“, кога тоа говои страдањата се неизбежни. Најчесто, големи, неповратни, катастрофални и погубни... За сите! Токму затоа посегнувањето по оружјето и војната како чин на решеавање на проблемите наидува на остра осуда од сите оние на кои  хуманоста на човештвото им е најважна. Светот за да опстане, мора да живее во љубов, мир, разбирање, слога, хармонија, соживот... Се друго, порано или подоцна,  води кон неизбежна катаклизма. Затоа и македонските јавни личности или барем поголемиот дел од македонската естрада остро ја осудија и и' рекоа НЕ на војната во Украина. Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли, повици да се запре „говорот на оружјето“, војната итно да запре и одново да проговори дипломатијата. 1. Поп пејачката Кристина Арнаудова со фотографија на мало детенце кое со солзи во очите  во раката држи испишана парола: „Јас не сакам војна“ напишала: „Трагедија...“   2. Нејзината колешка, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски сподели мировна порака: „Мир не војна, за тебе, за мене, за целиот човечки род“! 3. Македонската ар ен би/поп пејачка Ања Ветерова која студира на престижниот музички колеџ Бркли во САД, сподели фотографија во боите на украинското знаме и раце како се допираат како во чин на молтва, а врз неа испишана е нејзината порака: „ 4. Македонската „Гранд ѕведа“ со белградска адреса на живеење, пејачката Елена Миленковска со провокативна фотографија опиша како ја подразбира и дали ја поддржува војната во Украина. Русинка и Украинец во кревет, детенцето покрај нив, а тие со пасошите в рака и „гордо кренат“ среден прст со познатата хипи парол: „Водете љубов, наместо војна“! Асоцијација на мешаните бракови и бесмисленоста на воениот конфликт! 5. Уште една Македонка со беградска адреса на живеење и тоа малку поодамна од претходната, пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ со слична порака, само различна фотографија: машко и женско како се држат за рака и покрај нив познатата парола: „Љубов и мир, а не војна“! 6. Пејачот Александар Тарабунов ја осудил војната и повикал на мир со видеоинсерт од познатата мировна тема на легендарниот Мајкл Џексон, песната „Heal The World“ („Излечи го светот“). 7. ТВ водителот Миро Кацаров со страотно видео од стардањата на цивили при бомбардирање: „Нелуѓе... Запрете ј војната“, стои во антивоената порака! 8. Поп пејачката Тамара Тодевска исто така со трогателно видео на која војник пред заминување на фринт се испраќа со својата сакана, разделувајќи се можеби засекогаш... Емотикони од скршено срце, украинско знаме, и тага покрај него, со порака: „Не за војната“ - споделила Тамара. 9. ТВ водителката на магазинот „Животсостил“, Елена Стефановска,со познатиот хипи симбол - подугнати два прста и пораката: „На сите ни е потребен мир“, се придружила кон реакциите за воените случувања во Украина. 10. Фолерката Адријана Ацевска со само еден збор, кратко и јасно покажа и порача што посакува, како и повеќето луѓе на целата планета: Мир! 11. Познатата актерка и ТВ водителка, Весна Бејби Петрушевска го споделила украинскато знаме  и емотикони со молитва за Украина и украинскиот народ за спас од стравотиите на војната. 12. И македонската поп пејачка Викторија Лоба само со еден збор го искажала својот став кон војната во Украина. „Не војна“ - напишала Лоба во два збора на црна подлога, што и дава уште поголема тежина и значење на желбата за мир, ако се знае дека Викторија Лоба во себе носи руско потекло. Ова е само еден мал дел од низата... Уште многу познати македонски пејачи, актери, ТВ водители, манекенки, спортисти, стилисти, инфлуенсери... со пораки, пароли, песни, фотографии, видеа... го изразија своите ставови и мислења, сплотени во една мисла: „Кажете и НЕ и запрете ја војната!“ Фото: Социјални мрежи/Инстаграм принтскрин      ]]>

Кога државата нема слух за естрада и дома ништо не се случува: Елена Ристеска селектира, организира и промовира фестивал во Црна Гора (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-drzavata-nema-sluh-za-estrada-i-doma-nishto-ne-se-sluchuva-elena-risteska-selektira-organizira-i-promovira-festival-vo-crna-gora-foto/ Fri, 26 Nov 2021 09:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228899

Во Македонија многу нешта, особено последниве неколку години можеме слободно да ги прогласиме „за умрено“... Вклучувајќи ја и естрадата. Оваа, како ниту една власт досега, толку многу е „глувонема“, толку многу нема слух за овој и тоа како важен сегмент на културното и општесвеното живеење, особено кај помладите генерации, што е просто неверојатно како обете воопшто се' уште опстануваат: И власта и естрадата?! Ако е за утеха, власта по дебаклот на локалните избори е во ногдаун, на стаклени нозе и на заминување, додека естрадата како - така, некако се одржува во живот... на апарати! Фестивали нема, манифестации кои го вреднуваат трудот и работата на авторите и изведувачите исто така, големите концерти на домашните ѕвезди станаа мисловна именка, а и онаие трошки леб што им останаа на естрадните уметници сакаат да им ги земат со се' построгите рестрикции и мерки... Божем Ковид -19 пандемијата настана во кафеана, кафуле или дискотека...!? Медиумите, особено оние најмоќните - телевизиите во спрега со политиката, естрадата ја шутнале некаде во аголот или ја заборавиле во подрумот на своите програмски шеми. Главни ѕвезди им се коекакви „политички шиљоку*ани“ и тобожни надри експерти за се' живо што има допир со политика во дебатните емисии и секако, „нивното величество“ - турските серии во телевизискиот „прајм тајм“ од 18 до 23 часот.   Се' што има врска со естрада, па и забава генерално, е ставено под лед, заклучено во „шупа“. Потоа се чудиме зошто децата ни одат да пеат на „Пинк“ или на „Гранд“, на овој или оној фестивал по државите од биша Југа, зошто македонските пејачи добиваат награди на МАЦ во Белград, а не како до пред некоја година на „МАРС“ (2007-2017) во Скопје или нешто пред тоа на „12 Величествени“ (1991 -2004), кои кога ние ги имавме во почетокот на 90-ите, сето претходно споменато и не постоеше. Ама не постоеа ниту „пазарџии и пиљари“ во власта, „сељобери“ во политиката, црпнати и шутнати од едикојаси вуко*ебина на стратешки места во државата, та истите денес биле на власт, утре во опозиција, или обратно, сеедно! Не е сеедно што „мува не ги лази“ за културата, уметноста, субкултурата, естрадата... Иако истите се први што се јавуваат од своите кабинети за гратис влезници, за нацртани во ВИП ложите на концерт Цеца да „наполнат душа“ или на Дејвид Гета, на џез, блуз... за да бидат видени, оти тоа е модерно! И додека домашната естрада некако живурка на апарати кои државата се труди и нив да им ги исклучи, оставени сами на себе, авторите, изведувачите, музичарите, се снаоѓаат кој како и колку може. Од свадби и веселби, до ситни тезги во кафеана или кафуле и понекоја во ноќен клуб. Се свири и пее едвај колку да се преживее. Оние малку пореномираните и поафирмираните се обидуваат да ја прејдат границата и да се обидат нешто да направата и надвор од Македонија. Некој со настапи по Србија и чат-пат Хрватска како Калиопи на пример, некој во малку поинаква улога, како што тоа деновиве го прави Елена Ристеска. Имено македонската поп пејачка и текстописец замина најпрвин за Белград, а пото за Црна Гора каде е дел од селекционата комисија, организацијата и еден од промотерите на фестивалот насловен  “Наше море, наше скале” во Херцег Нови,   кој ќе се одржи во јуни 2022-ра година. И бидејќи оние што знаат, знаат дека фестивал се подготвува цела година, навреме собраа познати ѕвезди од регионот како дел од екипата која треба да даде свој придонес во жирирањето и селктирањето на песните и учесниците, да помогне со свои идеи и предлози во организацијата, а со својата популарност како познати музички лица, да го промовираат фестивалот. Елена сподели неколку фотографии од средбата и работната атмосфера со колегите во Херцег Нови, а покрај нив и пост во кој појаснува:
„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Задоволство ми е што заедно со @djordje_david i @danijel_alibabic ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена. На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Ѓорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата. Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” @adria__tv со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот. Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва. Нека ни е среќно и успешно ова патешествие“ - напиша Ристевска на својот Инстаграм профил, испишувајќи нова страница во својата музичка кариера. И додека регионот граби напред, естрадно, музички,  културно и уметнички поврзувајќи се и споделувајќи ги овие вредности, ние како „отепани од безнадежност“ апатично дремеме и се' уште чекаме да ни направат нова „Универзална сала“...! Оти сме единствената престолнина, а со тоа и држава на Балканот, а можеби и во Европа која нема своја специјализирана концертна сала!]]>

Кој на македонската естрадна сцена (не знае што) е „пицајзла“ ? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-na-makedonskata-estradna-scena-ne-znae-shto-e-picajzla-video/ Thu, 30 Sep 2021 08:48:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221154

„Пицајзла“... Збор што сигурно многу пати сте го слушнале, можеби и самите употребиле, опшувајќи некои карактеристики, однесување, потези, карактерни особини... Воглавно на  други! И веројатно не сте биле далеку од вистината кога некому сте му рекле: „Досаден си како..., Или: Абе, дај не биди... А можеби и не ви се допаднало кога за вас други го употребиле тој израз, иако биле во право или барем, така сметале... Биле или не биле, „пицајзла“ секој од нас барем еднаш испаднал во животот, се разбира со најдобри намери, деталите да бидат стокмени под конец, зашто знаете како велат: „Ѓаволот лежи во деталите...“  Арно ама, ако постојано инсистираш на нив, на најситните детали, веројатно ќе те наречат „пицајзла“. Икао всушност тој збор е само „жаргонски“ и во суштина означува нешто сосема друго. За оние кои не знаат: „Пицајзла“ всушност е срамна вошка, а Pediculosis pubis е болест предизвикана од срамни вошки (лат. Phthirus pubis), паразитски инсект познат по инфицирањето на човечките генитални органи. Овој вид може да живее и на други делови од телото со коса, како што се трепките што предизвикуваат педикулоза цилијарис. Наезда обично доведува до интензивно непрестано чешање што е очајно здодевно, па дури и болно. Најчесто се пренесува при интимен контакт, но може да се добие и преку облека, покривки... и сл. А дали познатите личности на македонската естрадна и јавна сцена знаат што значи зборот „пицајзла“ и дали можеби и  самите понекогаш така се однесуваат... Погледнете во прилогот што го направи естрадниот магазин од зад сцената - „Бекстејџ“: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=jmc4P1Tj0pM[/embed]  

 ]]>

Бомбакис зачна тема за „лажната љубов“, Панчо-ДНК во приказната препозна колеги од македонската естрада, па „им го плесна“ на Инстаграм (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-zachna-tema-za-laznata-ljubov-pancho-dnk-prepozna-kolegi-od-makedonskata-estrada-vo-prikaznata-pa-im-go-plesna-na-instagram-foto/ Thu, 16 Sep 2021 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219302

„Не глумете дека се сакате“! - беше една од последните испишани „картонски поенти“  на популарниот Кристијан Станковски или едноставно попознат Бомбакис,  како што се потпишува, кој за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра десетивци илјади следбеници. А љубовта се помалку ја има, ја дозираат со пипета, се дели на лажиче... барем онаа, вистинската. Затоа пак, лагата, лицемерието и лажната љубов наголемо царуваат... Во сите пори и сегменти на општеството и секојдневниот живот. Не важи веќе онаа поучна мисла што ја знаевме од детството: „Кој лаже, тој и краде и вошки има и на таван спие...“! Сега е парафразирана во нешто друго, во една поинаква реалност: „Кој лаже, тој и краде и е или многу богат или во власта... А, најчесто и двете“!  Зашто денес на лагата можеби и се куси нозете, ама затоа полн и е џебот... И тоа со туѓи пари! Приказни за лагата и лажната љубов можеме да раскажуваме до утре изутрина, а темата за „лажната љубов“ што ја зачна Бомбакис, ја препозна Панчо - ДНК во многу колеги  од македонската естрада, па сподели свој статус на Инстаграм. Панчо ја искористи напишаната „картонска порака“ на Бомбакис: „Не глумете дека се сакате“, ја сподели, па се надоврза со своје мислење во своите Инстаграм приказни: „И не ги шерувајте песните на колегите ради реда, додека очите си ги вадите позади грб  излага еден тон ла*на од устата за истите“ - огорчено и лутито им го „плесна в лице“ Панчо на оние колеги од македонската еестрада кои знаат кои се, па сами ќе си се препознаат. А Вие? Вие самите просудете дали „естраден уметник“, особено кај нас  е професија или „дијагноза“ и никако не правете го истото, без оглед што и каде работите, каде се движите, со кого се дружите... Или што би рекол Бомбакис во својот статус: „Сакајте се... Ама вистински“! Фото: Инстаграм принтскрин/bombakis/djshortypofficial  ]]>

И тие имаат што да покажат: Младата македонска естрадна гарда гради… кариера! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-tie-imaat-shto-da-pokazat-mladata-makedonska-estradna-garda-gradi-kariera-foto/ Sat, 10 Jul 2021 08:22:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41751

Летото е иделно за одмор за сите, ама и за добар маркетинг на познатите, особено јавните личности од естрадата. Бидејќи музиката денес колку што се слуша, толку и се гледа, летото е навистина згодно доба кое нуди безброј прилики естрадата да покаже што има... Се разбира, поексплицитно од вообичаеното, зашто плажата, сонцето, морето или езерото, па и базенот нудат можност што вообичаено сцената не ја нуди, освен ако не си Мадона, Мајли Сајрус, Иги Азелеа... или некоја од тие таквите... А ние сме во се', па и во провокацијата далеку од нив, па затоа жештините и социјалните мрежи се идеално место за промоции на сопствените пропорции!
Дел од познатите Македонки од нивните избрани летни дестинации за одмор веќе ги видовме  на Вистина.мк во колекцијата од секси фотографии на ѕвездите. Како договорени се одлучија да носат жешки костими за капење со ултра длабоки деколета. Од Елена Ристеска, Елена Стефановска, Лила Филиповска, Миа Костова, Мелита Ракиќевиќ…
Арно ама, како и во се' останато,  Македонија има подмладок за машала и кога е естрадата во прашање. Ако ги прочешлате социјалните мрежи ќе налетате на исто толку жешки, а кај некои и повеќе од тоа фотографии, колку што имаат и оние, условно речено „постарите“, поискусните и поетаблираните од нив. Очигледно е дека и помладите имаат што да покажат кога се во прашање телесните атрибути во летно издание, па затоа ние и ним им обрнавме внимание. Младата македонска естрадна гарда гради... кариера! А она што се гради, се гради за покажување. Зошто инаку воопшто и би пееле? Само што овој пат не ги демонстрираат своите вокални, туку телесни квалитети! Од Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска, Ања Ветерова, преку Елена Миленковска, Теа Трајковска, Тамара Ангеловска, до Марија Груевска и Девана Нардели... Сите се млади, убави, згодни, секси...нели? Секоја со своја фотографии во сопствениот филм и сопствена поза, помалку или повеќе секоја од нив со тело разголено, онолку колку што е дозволено, ги истакнуваат своите телесни адути. На вас останува е да ја изберете Вашата омилена млада македонска пејачка... за ова лето! Според гласот или стасот што го поседува!
  1. Мартија Станојковиќ   
2. Антониа Гиговска
3. Ања Ветерова
4. Елена Миленковска
5. Теа Трајковска
6. Тамара Ангеловска
7. Марија Груевска
8. Девана Нардели
Фото: Социјални мрежи                ]]>

Македонската естрада се обединува за часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja/ Sat, 28 Mar 2020 11:51:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141985

По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20.30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета. Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите домови и заеднички да покажеме дека сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно. – Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите. Во својата мисија, како што се наведува во соопштението, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцира моќта на луѓето и затоа здравјето и благосостојбата на нивните поддржувачи секогаш биле на првото место. По тој повод, вечерва и македонските пејачи и инфлуенсери во 20:00 часот преку инстаграм-сесија ќе остварат заедничка онлајн дружба дома, а потоа во 20:30 часот заеднички ќе ги исклучат светилките со цел испраќање силна порака за спас на планетата. – Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други, соопштија од иницијативата Часот на планетата Земја и испратија апел до другите естрадни личности да го прифатат овој еколошки предизвик. Оттаму посочуваат дека сега е време за почитување на правилата и на солидарност. Мора, порачуваат, да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Италијанците по балкони и тераси, македонската естрада по куќи и станови – онлајн: Од карантин со песна против Короната! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/italijancite-po-balkoni-i-terasi-makedonskata-estrada-po-kukji-i-stanovi-onlajn-od-karantin-so-pesna-protiv-koronata-video/ Wed, 18 Mar 2020 08:35:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140042

Заразата се повеќе се шири, коронавирусот зема замав, шпицот се' уште не го достигнал, бројот на заболени допрва ќе расте кај нас... Прогнозите на стручњаците и лекарите не се баш „розови“, далеку од оптимистички. Карантин, изолација и купување време... Засега друг лек нема, а ниту пак имаме поинаков избор... Но, затоа едно е сигурно: песимизмот не смее да надвладее, паниката да завладее, да колабира духот на народот. Затоа секој како што знае и умее наоѓа оддишка од реалноста, ги трга мислите од лошите вести со кои сме бомбардирани, се обидува да ја најде убавата страна на изолацијата. Италијаните тоа го направија со музика и песна по своите балкони и тераси, а ние Македонците или поточно македонската естрада зачна нов вид на борба против коронавирусот, но и депресијата од затвореноста меѓу „четири ѕида“ - со онлајн песна по куќи и станови! Први кои го скршија мразот  се Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“. Нивниот онлајн концерт во понеделникот, 16 март 2020 год. од една страна „за жал“, од друга пак, за среќа,  беше најпосетениот концерт во нивната кариера! Така барем се изјаснија во своето постконцертно соопштение проследено со пораката:  #СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ Со ДНК дефинитивно го имавме најчудниот, но и „најпосетен” концерт во нашата кариера :) Во домашни услови, без публика пред нас, но со вашата интерактивна поддршка, таа ОГРОМНА ЉУБОВ и ЕНЕРГИЈА која ни ја дадовте во тие два часа се почувствувавме како да пееме на Coachella :), а и бројките на стримингот беа слични (преку 113.000 прегледи на видеото и повеќе од 170.000 рич на постот. Се надеваме дека барем малку ви ја разубавивме вечерта и барем за кратко ви ги стопливме срцата и ве оттргнавме од негативните мисли од епидемијата наречена корона која го опфати целиот свет, а, за жал, не ја рипна и нашата Македонија. Целта и пораката на нашиот „концерт” беше и повеќе од јасна #СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ, а со самото тоа помагате на сите околу вас и само така заеднички и сложно можеме да го победиме вирусот и да се вратиме на нашето секојдневие. Мора да се заблагодариме на членовите на целиот бенд,  Стојан Стојановски за перфектниот стриминг, Оли за звукот, луѓето од @eam_tshirts за направените маици и сите наши (дури двајца) колеги, Теа Трајковска и Огнен Здравковски, фанови и пријатели кои безрезервно не поддржаа во реализација на нашата идеја. Бидете ми живи и здрави, чувајте се, изолирајте се и се гледаме за брзо време во некоја сала или клуб како што е редот, рекоа Панчо и Андреј, по синоќешниот онлајн концерт чија цел беше да се разбие монотонијата и да се направи поинтересно седењето дома. Видео/аудио концертот на двоецот ДНК, иако во домашен амбиент, беше не само од забавен, туку и од едукативен карактер, а со единствена цел подигање на свеста на сите наши сограѓани да се остане дома, бидејќи токму тоа е најважно во овие тешки моменти. Останете дома, изолирајте се и  следете ги препораките од Министерството за здравство! Линк од концертот за оние кои го пропуштија: https://www.youtube.com/watch?v=gQVxhTjHJ8s&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2FaD5Qdc271jVWTCYtOEB8TK8im_NLpt99zhGp2iAlUufrnQEe5luez_c Во исто време, истата вечер  Александар Митевски, Драган Спасов - Дац и Бојана Скендеровски од студиото на нејзината „Скендеровски продукција“ направија свој мини концерт во живо. Онлајн седенка, со песни за душа, со избор од македонски и не само македонски евергрини и хитови. „Дац и Александар одлучија да Ви направат изненадување .За да ви го разубавиме малку вашето "седење дома", во понеделник 16 март во 20 часот Ви подготвуваме мала музичко-забавна програма која ќе зрачи од студиото на „Скендеровски“. Оваа седенка со сите Вас во домашна атмосфера ќе оди ВО ЖИВО на Youtube и нашата Фејсбук страница.Со сет од наши и ваши омилени песни, ќе промуабетиме за интересни нешта, а низ програмата домаќин ќе ни биде  Бојана Скендеровски. Ќе ве потсетиме на препораките од Министерството за здравство, а со нашата музика "ќе дојдеме на гости" во сите Ваши домови. Бидете со нас“ - напишаа во најавата на нивната седенка со песни за душа, која имаше исто така солидна онлајн видеопосетеност. Македонската поп дива Калиопи Букле со истата идеја. Со своите песни на онлајн дружба со своите фанови. Таа нив ги повика вчеравечер, 17 март 2020год. точно  во 19.00 часот да и се приклучат и да ја следат на Инстаграм - лајв... за да пеат заедно!
 
View this post on Instagram
 
My dearest, the song has always been the greatest prayer! In these difficult days, the most important thing is to keep our faith alive. We are witnesses of something that has never happened in human history !!!! The world has never been quarantined !!!!! And for that reason, when everything is done and gone .... we will tell stories to our grandchildren , we will recount the events and incidents and I hope that we will learn to be better people from this situation... Let’s sing together tonight and every other day , on livestream on instagram! Tonight I’m planning to sing CRNO I BELO with you... See you at 7pm! #hajdedapjevamo #kaliopi #letsingtogether #tonight #7pm #instagramlive #againstcorona

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

„Драги мои, песната отсекогаш била најголемата молитва! Во овие тешки денови, најважно е да ја одржуваме нашата вера жива. Сведоци сме на нешто што никогаш не се случило во човечката историја !!!! Светот никогаш не бил ставен во карантин !!!!! И од таа причина, кога сè ќе заврши и ќе снема .... ќе им раскажуваме приказни на внуците, ќе ги прераскажеме настаните и инцидентите и се надевам дека ќе научиме да бидеме подобри луѓе од оваа ситуација ... Ајде да пееме заедно вечерва и секој втор ден, во живо на Инстаграм! Вечерва планирам да пеам „Црно и бело“ со вас ... Се гледаме во 19 часот“ - ги повика фановите преку Инстаграм, Калиопи.
Утревечер пееме повторно заедно, бидејќи музиката и насмевката лечат сѐ!  Сега е време да ги избереме песните ! Која песна би сакалe да ја пеете со мене?Ќе ги пееме оние 3 песни кои што ќе имаат најмногу гласови од вашите предлози на Twitter, Facebook, Instagram и YouTube“ - напиша Калиопи на својот Инстаграм профил канејќи  ја својата публика одново на „домашна онлајн журка“! Во овие времиња на домашна изолација, покрај сите домашни обврски или оние работните, кои можат да се вршат и од дома, малку релакација на духот, на сите ни недостасува. Веруваме дека ова нема да запре овде, дека ќе стане нешто што во нормални услови би го нарекле тренд, а во вакви, почеток на една дружба што ќе трае и на која ќе и се приклучат и многу други музичари и пејачи од разни жанрови, но и останатите уметници... Поети, сликари, актери... Зошто да не проследиме поетско читање, некоја монодрама или видео изложба од дома, онлајн, во однапред закажан термин?]]>

Македонската естрада на „големата граѓанска прослава“: Уценети, уплашени, воодушевени, рамнодушни или алчни? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-na-golemata-gragjanska-proslava-uceneti-uplasheni-voodusheveni-ramnodushni-ili-alchni/ Fri, 13 Jul 2018 09:29:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37935

Власта се коцкаше со името на државата и идентитетот на македонскиот народ па ги прокоцка... Или барем е на чекор тоа да го направи! Приказните за подобар живот и влез на Македонија ЕУ и НАТО само се мултиплицираат заглибувајќи во се'подлабоката кал, во живиот песок во кој и тие што сакаат и тие што не сакаат се вовлечени да потонат. Една од првите жртви е македонската естрада. Или барем поголем дел од неа, кој во трката на и онака се поскромните можности за материјализирање на сопствената уметност и авторство, се фаќа за секоја сламка, па и за оваа на власта, која во случајов не е сламка туку мамка... Или поточно стапица! До душа, не за сите кои прифатија да настапат на „големата прослава“, па се најдоа на удар на јавноста, најмногу  на социјалните мрежи откако беа објавени имињата кои ќе настапат на владината алиби журка. Под плаштот на лагата дека државата само што не станала дел од ЕУ и НАТО,  всушност се подгрева атмосферата и подготвува теренот  за референдумски успех на предавничкиот чин со договорот со Грција кој  владата го прифати, а предвидува целосна ревизија на македонскиот Устав и ревизија на историјата и културата... Со еден збор,  целосно бришење на идентитетот на Македонецот, државата Македонија и придавките кои произлегуваат од името. Или што би рекол легендарниот Џони Штулиќ во неговата „Кога фазаните летаат“: „До какво непрепознавање е доведена суштината на измамата...?“ А измамата има повеќе лица и е составена  од неколку сегменти.
Како прво, слоганот на „прославата“: Македонија во НАТО и ЕУ? Извинете, а што тоа треба да славиме кога за НАТО датум не добивме, туку наместо него добивме нови услови за исполнување? За во ЕУ никој и не не спомнува! Не сме и на ЕУ ниту на крај на умот... Не барем засега, а ние ќе славиме?! Како второ, и кога ќе влезе - ако влезе, кој тоа ќе влезе во НАТО и ЕУ? Македонија или Северна Македонија? Како Македонија сигурно нема да не примат. Особено не сега, откако самите „ги спуштивте гаќите“! А власта го  тера народот и естрадата да ја слават МАКЕДОНИЈА во ЕУ и НАТО? Така вели слоганот. Што тоа да слават? Вашата лага и измама и сопственото предавство? Но, дали се баш сите од естрадата што се договорени оваа сабота, на 14. јули 2018  да настапуваат владината забава во 15 града, се измамени?
Веројатно некои да, некои не, некои не се ни свесни што прифатиле, на некои не им е ни грижа, најважен им е хонорарот... Всушност на сите им е (нај)важен хонорарот, со тоа што за некои  ова ќе биде круна на нивното долгогодишно„лижење“ со оваа власт, уште од времето кога истата беше во опозиција. За други добра можност да се чепне денар повеќе во ионака се' посушната естрадна сезона, а тоа што настапуваат на „прослава“ која приватно не им е по воља за славење... Тоа е само колатерална штета... Кнедла која мора да се голтне, ако веќе треба да се лапне „помрсна тезга“! Сепак едно е сигурно, дека повеќето од учесниците на „големата прослава“ до последен момент не знаеле каде и за што ќе настапуваат. Без оглед дали имале писмен договор  или само усмено биле договорени... Организаторот го чувал во тајна настанот или не сакал да соопшти за што точно се работи од страв дека може да не му успее, голем дел од естрадните уметници да не прифатат и слично, па со нив манипулирал со вистинскиот повод за „прослава“ од типот: „Ќе пееш на 14 јули на плоштад во тој и тој град, или ќе настапите на културен настан за ЕУ, таму и таму...“  Како што сега, откако прославата е обзнанета, манипулира со народот и јавноста: Македонија во ЕУ и НАТО!? Но, на естрадата има и такви што пеат за секоја власт и по секој повод, па така и овој пат, за оваа. Ја пеат својата песна, ама во туѓ аранжман! Без оглед кој е аранжерот, а кој диригентот. До вчера кај едните, денес кај другите. А ги декларираат за најголеми домашни естрадни ѕвезди. Со највисоки хонорари, ама очигледно со најниски морални норми. Иако кај едната власт, додека била власт, дотуркале речиси и до политички функции, штом таа замине во опозиција, подготвени се на новата власт да и јадат од рака, око да не им трепне. Без оглед на тоа колку се големи и квалитетни автори или изведувачи, за колку популарни ѕвезди ги смета јавноста, има и нешто што се нарекува малку поинаква вредност... Морална, етичка, човечка... Нешто што не се купува и продава за пари, а во народот се вика „образ“! Но, веројатно и тоа е нормално. Конечно, и кога ќе се сменат газдите на јавната куќа, ку*вите не ги менуваат... Само чаршафите! За на чист да може да ги легне новиот муштерија! Во меѓувреме на поголемиот број на естрадни имиња кои се објавени  дека ќе настапуваат на „граѓанската прослава“ во 14 градови во Македонија, Вистина.мк писмено им постави неколку прашања на кои би сакале да добиеме одговор, онаков каков што секој од нив смета дека треба да одговори
  • Имаш ли потпишано договор?
  • Со кого и во кој период?
  • Кој беше мотивот да го прифатиш настапот?
  • Дали со чинот на настап, автоматски и се согласуваш со Договорот со Грција и си Македонија да влезе во НАТО под тие услови?
Штом ги добиеме, нивните одговори ќе ги објавиме во интегрална форма, се разбира без лични навреди, квалификации или говор на омраза кон било која политичка опција, име, личност или медиум, вклучувајќи го и нашиот. Како и да е, дел од македонската естрада и било тоа право или не, со мерак и ќеиф или само од чиста потреба за заработка, на таканаречената „голема граѓанска прослава“ - ќе ја има! Барем оние, кои така самите избраа!        ]]>