македонисимо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Aug 2023 10:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонисимо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатен концерт во струмичкото село Секирник https://arhiva.vistina.com.mk/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-besplaten-kontsert-vo-strumichkoto-selo-sekirnik/ Tue, 15 Aug 2023 10:20:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313778

Македонисимо, проектот со македонска музика на пијанистот со светски глас Симон Трпечески и пријателите ќе биде прикажан в сабота, на 26 август во 20 часот во струмичкото село Секирник, соопшти КултурОп прес. Селото Секирник се наоѓа во општина Босилово, Струмица, во подножјето на планината Беласица и е родно место на мајката на Трпчески. Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот Македонисимо. „ Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја Македонисимо 2022, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во с. Збажди, Струга – родното место на таткото на Симон Трпчески на 1000 метри надморска височина, на планината Караорман, така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме Балканската турнеја на Македоносимо, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија - велат од КултурОп. Овој проект ја имаше својата светска премиера на 18 мај 2017 година, на фестивалот Лудвигсбург, Германија. Македонисимо вклучува плетенки на македонски ора со неколку песни. Македонскиот композитор Панде Шахов ја направи транскрипцијата на музичките дела. Проектот вклучува квинтет, камерен поглед на нашата музика, кој вклучува пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон, кавал и удиралки. Успешно беше претставен во неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија, Холандија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја каде што се емитуваше директно на Јутјуб. Извор: Република.мк]]>

Проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола https://arhiva.vistina.com.mk/proektot-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-so-besplatni-koncerti-vo-shtip-i-bitola/ Fri, 23 Sep 2022 12:34:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268504

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект „Македонисимо“. По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на 26 септември на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 19 часот, Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот „Македонисимо“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на „Македонисимо квинтетот“ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно. Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас. Концертите се организираат со поддршка од Општина Штип и Општина Битола.]]>

Симон Трпчески конечно дома: Бесплатен концерт на „Македонисимо“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-konechno-doma-besplaten-koncert-na-makedonisimo-vo-skopje/ Wed, 14 Sep 2022 12:31:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266924

Македонскиот пијанист со светски глас Симон Трпчески вечерва на платото пред Националната опера и балет (НОБ) во 20 часот премиерно ќе го изведе животниот музички проект Македонисимо, пет години по светската премиера. По Скопје, Македонисимо ќе биде изведен во Штип на 25 септември и ден подоцна во Битола. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Трпчески на прес-конфренцијата на која го најави концертот откри дека пред светската премиера, четири години работел во својата глава на овој проект, а креативниот процес со композиторот Панде Шахов траел една година. На крајот е добиен сплет од 23 нумери, главно ора и по некоја песна. „'Македонисимо' конечно доаѓа дома и горд сум што ќе имаме можност да го претставиме проектот пред народот на кој му е посветен. Имав желба ова да се случи порано и малку жалам што порано не го иницирав, но агендата е набиена и притоа цело време треба да се биде на нивото што се очекува од вас. Жалам што толку време помина, но истовремено сум свесен за одговорноста. Ќе имате можност да чуете малку поинаков музички јазик, да ја чуете македонската народна музика во автентична изведба од класично образовани музичари“ -  рече Трпчески. Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот Македонисимо што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор Шахов. Уникатниот тим на „Македонисимо квинтетот“ и на оваа серија концерти го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. „Македонисимо“ досега е изведен во Словенија, Полска, Франција, Велика Британија, Холандија, Србија, Романија, Црна Гора, Јужна Кореја и Канада, Швајцарија. „‘Македонисимо‘ ќе добие и своја оркестарска верзија, која премиерно ќе се изведе на 2 март во култната сала Музикферајн во Виена. Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.]]>

„Македонисимо“ на Симон Трпчевски на 14 септември пред македонската публика https://arhiva.vistina.com.mk/makedonisimo-na-simon-trpchevski-na-14-septemvri-pred-makedonskata-publika/ Fri, 02 Sep 2022 12:53:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265354

„Македонисимо“ е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов. „Македонисимо“ ја спојува македонската народна музика со влијанијата на џезот и класичната музика. На концертот ќе бидат изведени 23 нумери, главно ора и по некоја песна. Пет години по светската премиера во германскиот град Лудвигсбург, животниот музички проект на Симон Трпчески, „Македонисимо“, конечно ќе се изведе и пред македонската публика на 14 септември во 20 часот пред платото на Националната опера и балет. Следните две избедби се во Штип на 25 септември и ден подоцна во Битола, на 26 септември. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Во случај временските услови да не бидат поволни, концертот пред платото на НОБ ќе се изведе во салата на „Филхармонија“. „Македонисимо“ е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов. „Македонисимо“ ја спојува македонската народна музика со влијанијата на џезот и класичната музика. На концертот ќе бидат изведени 23 нумери, главно ора и по некоја песна.
Проектот „Македонисимо“ зачна одамна во мојата глава, можам слободно да кажам и во моето срце, бидејќи јас сум задоен, па пораснат со народната музика. Имено, мојата прва љубов е хармониката и на тој начин секогаш била вткаена дури и во целосното мое образование како музичка личност, целосното музичко образование кое што јас го стекнав во Македонија и отсекогаш верував дека потенцијалот што нашата народна музика го има доколку се преточи во еден поинаков музички јазик, да речам првенствено којшто доаѓа од класичниот музички свет може да се носи рамо до рамо и со самата класична музика на која што јас сум претставник, изјави маестро Трпчески на денешната прес-конференција.
Тимот на „Македонисимо“ квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Албумот „Македонисимо“ го издаде британската „Лин Рекордс“. Трпески кажа дека пред светската премиера, тој работел четири години на овој проект, а креативниот процес со композиторот Панде Шахов траел една година.
Со Шахов соработувавме многу блиску во процесот на создавањето на овој проект, за кој нескромно можам да кажам дека претставува нов музички стил. Се консултирав со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и со ансамблот „Танец“. Со овој проект ја претставуваме огромната разноликост на огромното фолклорно богатство од сите страни на Македонија, рече Трпчески.
Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.
Светската премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ како што информираа ќе биде на виенскиот „Музикферајн“, сцената на која се одржува традиционалниот Новогодишен концерт. „Македонисимо“ квинтетот предводен од Трпчески на оваа престижна сцена на 2 март 2023 година од 20 часот ќе го придружува австрискиот Тонкунстлер оркестар, а под палката на нивниот шеф-диригент, маестро Јутака Садо од Јапонија, информираат од КултурОп.
]]>

„Сандеј Тајмс“ за „Македонисимо“: Вонсериско издание на маестро Симон Трпчески https://arhiva.vistina.com.mk/sandej-tajms-za-makedonisimo-vonserisko-izdanie-na-maestro-simon-trpcheski/ Fri, 28 May 2021 07:42:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204569

„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата! Во издание на престижната британска етикета „Лин Рекордс“, од денеска (28 мај) официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович. – Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност. Мило ми е што уште и пред официјалното денешно излегување пред пошироката публика ова ЦД доби прекрасни критики, вели Трпчески во изјавата за Македонското радио. Симон Трпчески сношти во Стразбур настапи како солист на првиот од двата концерта со Стразбуршката филхармонија на затворањето на нејзината сезона. Вечерашниот втор концерт на кој под диригентската палка на маестро Марко Летоња од Словенија, нашиот пијанист настапува во изведбата на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Сергеј Рахмањинов, директно ќе биде емитуван на телевизијата „Медичи“, соопштува „КултурОп“. Веќе в недела (30 мај) Трпчески во бугарската престолнина ќе го има својот деби настап со Софиската филхармонија. На покана од неговите големи пријатели, виолинистот Александар Краповски и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, под диригентската палка на Григор Паликаров, на програмата ќе биде Тројниот концерт за виолина, виолончело, пијано и оркестар од Бетовен. Во јунскиот распоред се и настапите како солист со Санкт Петерсбуршката филхармонија и диригентот Николај Алексеев на нивната матична сцена, потоа и двата концерта со Симфонискиот оркестар на регионот Астуриас во Шпанија, како и концертот на затворањето на сезоната на Романскиот радиски камерен оркестар во Букурешт под палката на актуелниот шеф-диригент и на македонските филхармоничари, Габриел Бебешелеа. На овој концерт се поканети и играчите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација како поддршка за нивните историски настапи на Европското првенство, а на кои Трпчески возвратно ќе ги бодри од трибините.]]>

Албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ќе го објави престижната британска етикета „Лин Рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/albumot-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-kje-go-objavi-prestiznata-britanska-etiketa-lin-rekords/ Mon, 13 Jul 2020 11:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158529

Албумот на врвниот македонски пијанист со светскоо реноме Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, ќе излезе на 28 август под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Албумот е фузија на фолк и класична музика, која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија,  вели Трпчески во изјавата за македонските медиуми. По идеја на Трпчески, композитор е Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Бугаринот Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, а зад удиралките е Влатко Нушев. Светската премиера на проектот се случи на фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година. Трпчески во моментов е во Софија и заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско цеде за оваа еминентна етикета“, додава „КултурОп“.]]>

Премиера во Лондон: „Македонисимо“ во „Вигмор хол“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-vo-london-makedonisimo-vo-vigmor-hol/ Fri, 19 Jan 2018 08:46:43 +0000 http://vistina.mk/?p=10220

Пијанистот Симон Трпчевски заедно со Александар Краповски на виолина, Александер Сомов на чело, Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал), и перкусионистот Влатко Нушев утревечер ќе настапи во престижниот „Вигмор хол“ во Лондон. Пред британската публика ќе го промовираат делото „Македонисимо“ – транскрипции на македонска традиционална музика напишана од композиторот Панде Шахов во соработка со Трпчески. Овој проект му е посветен на македонскиот народ, пишува во најавата на концертот во „Вигмор хол“. Лондонската сала „Вигмор хол“ е една од најстарите во Британија и во неа настапуваат врвни светски музички ѕвезди. Панде Шахов е македонски композитор што веќе две децении живее и работи во Велика Британија. „Симболично, годината ќе почне со еден извонреден проект, кој ќе ја доживее својата британска премиера во Лондон во познатата сала ’Вигмор хол’. Тоа е ’Македонисимо’, проект инициран и осмислен од извонредниот Симон Трпчески, вистински амбасадор на нашата култура, а со овој проект, и на музичката традиција. Трпчески ми нарача дело за целовечерен концерт и јас напишав серија од шест сплета, со транскрипции од дваесет и три македонски ора и песни. Работата беше обемна и вклучуваше слушање брзи и виртуозни пасажи, запишување на мелодиите такт по такт, но и синтеза на традиционалниот звук на македонскиот фолклор со современи и комплексни хармонски и колоритни елементи. Делото е насловено ’Плетенки’ и се одликува со исклучително виртуозен и комплексен спој на петтемина вистински мајстори на своите инструменти. Покрај Трпчески, настапуваат Хидан Мамудов на кларинет, кавал и саксофон, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки. Трпчески, покрај пијано, свири и на хармоника, а Нушев голем дел од концертот свири на традиционални инструменти, како тарабука и тапан“, вели композиторот Панде Шахов. Неговиот ангажман, како што вели, бил многу повеќе од аранжман, амбицијата му била да ги вметне бисерите од нашата музичка ризница во својот звучен хоризонт, експериментирајќи со џез и импресионистички хармонии. „Од друга страна, во одредени моменти, поставив очигледни мостови со музиката на Брамс, Шенберг и Рајх, преку цитати и карактеристични гестови. Овој начин на еклектично поврзување со музика на други композитори, својствено на Алфред Шнитке, на пример, е ново искуство за мене. Светската премиера беше во мај оваа година, на фестивалот ’Лудвигзбург шлосфестшпиле’ во Германија, по што следуваше и гостувањето на ’Љубљанско лето’, вели Шахов. По Лондон, проектот „Македонисимо“ патува за Полска, Франција, повторно во Германија, а потоа следува Амстердам, во познатата сала „Концертхгбау“. „Особено сум среќен што во јануари материјалот ќе го снимиме со еден од најдобрите британски продуценти. Искуството да се работи со овие петмина исклучително талентирани, искусни и професионални виртуози е несомнено нешто највредно во мојата професионална кариера, и времето поминато во макотрпна заедничка работа на оваа необично комплексна партитура ќе остане во моите сеќавања како еден од врвовите на мојот творечки пат. Не сум етно-музиколог и не би се осмелил да го истражувам или оценувам македонското музичко наследство, но работата на овој проект, токму поради стручноста и љубовта кон традицијата што ја негуваат петте музичари, ме направи уште поголем почитувач на нашата музичка ризница“, вели македонскиот композитор. Извор: Н.М.]]>