македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 10:57:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вулгарно сквернавење на македонската музика небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во град среде Македонија: Кога „Дирлада“ ќе зазвучи како песна со полна уста омраза! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vulgarno-skvernavene-na-makedonskata-muzika-nebare-doaga-od-provintsiska-deponija-a-ne-od-kafule-vo-grad-srede-makedonija-koga-dirlada-ke-zazvuchi-kako-pesna-so-polna-usta-omraza-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338369

„Меморија“ е секако една од најголемите македонски поп-рок групи во историјата на македонската музика. Бендот кој постои 40 години и се уште е активен секако дека залужува место меѓу легендите. „Нена“, „Оган по ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Зошто Боже“, „Снежо, Снежана“... и уште дузина хитови од нивниот репертоар се вбројуваат во оние безвременски песни кои се слушаат со години и децении и ги пеат сите генерации. Меѓу нив секако е и култната поп-рок химна „Дирлада“, која  одолевајќи му времето доживува разни стилски трансформации и преработки, но останува една од ретките македонски евергрини која ќе се пее довека! Една од ретките македонски песни која има речиси 7 милиони прегледи на Јутјуб! Арно ама, дека баш и не знаеме да си го негуваме, чуваме и цениме своето, покрај бројните примери од типот: „Туѓото е подобро“, покажаува и една од последните срамни случки кои спаѓаат во оние уште пострашни и попогубни, не само за македонската музика, туку и а целото македонско битисување, постоење и живеење! Имено, лидерот и основоположник на „Меморија“, бас гитаристот Петар Георгиевски - „Камиказа“ на својот Фејсбук споделил една снимка од кафуле, за кое се тврди дека е локал во централна Македонија, иако мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку во прашање е друг македонски град. Но сеедно, каде и да се случува, она што може да се види на видеоснимката е атмосферата во еден ноќен локал во кој „извесен бенд“ музицира и наводно ја забавува клиентелата. И навидум ништо необично, освен ако убаво не ги заслушате стиховите на песната што се пее во локалот, каде веднаш можете да препознаете дека во прашање е токму споменатиот македонски мегахит - „Дирлада“... Арно ама со стихови испеани во сосема друг контекст, конотација и содржина... Срамна, брутално понижувачка, преточена во вулгарно сквернавење на македонската музика, небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во голем град среде Македонија! За жал, на снимката така звучи „Дирлада“... Како песна испеана со полна уста омраза! Како поинаку да го протолкувате нејзиното брутално сквернавење со зборовите: „Дирлада“, да го е*ам цело Скопје и нашата држва, Дирлада, да ви е*ам мајката, да го е*ам цело Скопје и... скопјанките“! „Се прашувам, дали песнава заслужува вакво скрнавење?! Кавадарци е местото на изведба на овој срам“ - напишал лидерот на „Меморија“ во објавата на срамното видео иако како што веќе споменавме, мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку велат дека е во прашање е сосема друг македонски град. Сеедно каде е... Вакво недолично, срамно и понижувачко пеење во јавен локал без никаква причина и повод е надвор од умот и никому не служи на чест. Ниту на изведувачите што претендираат да бидат познати и популарни на ваков начин, ниту на оние што со нив прифаќаат ова да го пеат во локалот, иако далеку од тоа дека е во прашање колективно прифаќање, уште помалку за сопственикот кој ангажира и дозволува вакви недолични „примитивци од бендот“ да му го уриваат угледот! Конечно, срам за сите нас, на кое мизерно дереџе спаднавме! Фото и видео: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza]]>

„Не ја поминав границата“: Ѓорѓе Давид сѐ уште е во Македонија по сообраќајната несреќа во која загина жена (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-pominav-granitsata-gorge-david-s-ushte-e-vo-makedonija-po-soobrakajnata-nesreka-vo-koja-zagina-zhena-foto/ Mon, 29 Jan 2024 09:15:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336569

Ѓорѓе Давид, рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна доживеа страшна сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена, а сега тој се огласи и  откри дека неговите документи сѐ уште се во обвинителството. Музичарот објави видео на Инстаграм во кое ги замоли сите медиуми да не шпекулираат за неговата моментална ситуација бидејќи тоа му ја отежнува ситуацијата. - Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Имено, не ги добив документите и не ја напуштив Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира - изјави Ѓорѓе Давид. Да потсетиме, документите на Ѓорѓе Давид му беа одземени по сообраќајна несреќа во која жена го загуби животот откако музичарот налета  на неа со  автомобилот на автопат. Фото: printskrin/instagram/djordje_david]]>

„Со автомобилот удрив човек на автопатот“: Прва изјава на Ѓорѓе Давид по сообраќајната несреќа https://arhiva.vistina.com.mk/so-avtomobilot-udriv-chovek-na-avtopatot-prva-izjava-na-gorge-david-po-soobrakajnata-nesreka/ Sun, 21 Jan 2024 11:55:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335521

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во која трагично загина жена од Македонија. Ѓорѓе потврди дека учествувал во несреќата и ги откри деталите како дошло до тоа. -Така е, се случи несреќа синоќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник кои излегувале од своето место влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи така, девојката налетала на автомобил и директно се судрила. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивната кола е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не е“, раскажува Ѓорѓе за Гранд. „По несреќата останаа на автопатот, едниот е на левата лента, другиот на десната, а минута и пол потоа јас налетав со брзина пропишана со знакот за автопат и директно ги удрив. Удрив во сопатникот од автомобилот кој се движеше по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше дел од секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и закочив во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене“, објаснува музичарот. Ѓорѓе посочува дека полицијата брзо дошла да изврши увид и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дека не бил во алкохолизирана состојба.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така е повредена“, вели Ѓорѓе и додава дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи. „Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“, нагласува Ѓорѓе и додава дека се’ уште не може да си дојде при себе. „Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, признава рокерот откривајќи во каква состојба е. „Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште. Фала му на Бога имав силен болид, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше“, заклучува Ѓорѓе Ѓавид за Гранд. Фото: printskrin/instagram/]]>

Ѓорѓе Давид учествувал во трагичната сообраќајка кај Табановце во која загина жена https://arhiva.vistina.com.mk/gorge-david-uchestvuval-vo-tragichnata-soobrakajka-kaj-tabanovtse/ Sun, 21 Jan 2024 11:29:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335515

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајната несреќа во Македонија на автопатот Куманово - Табановце во која едно лице загина. Несреќата се случи вчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили во близина на границата. Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски. Музичарот не одговарал на повиците на новинарите. - Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата. Српските медиуми објавија дека возачот на инсигнијата е српскиот музичар Ѓорѓе Николиќ, чие уметничко име е Ѓорѓе Давид. фото: printskrin/istagram/djordje_david]]>

Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-vo-makedonija-go-slavat-rozhdestvoto-hristovo-bozhik/ Sun, 07 Jan 2024 08:42:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334030

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божиќ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!  ]]>

Се роди првото бебе во 2024 – та година во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/se-rodi-prvoto-bebe-vo-2024-ta-godina-vo-makedonija/ Mon, 01 Jan 2024 00:46:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333128

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје. – На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.]]>

Ламбе долго време ја криеше сопругата, а сега откри каде лежи зајакот за среќа во бракот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-dolgo-vreme-ja-krieshe-soprugata-a-sega-otkri-kade-lezhi-zajakot-za-sreka-vo-brakot-foto/ Thu, 07 Dec 2023 09:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330265

Ако до пред седум години речиси и заборавиме на поп пејачот Ламбе Алабаковски кој живееше во Америка, денес постојано го гледаме на телевизија, концерти, социјалните мрежи... Ламбе е на домашен терен, сеприсутен, предан на семејството и секако на музиката на која и се врати како порано. Ова е особено изразено откако се случи скандалот со подметнатиот пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Преспанчанецот со битолка адреса, си се врати на стара и позната територија, а со него и сопругата и децата. Иако многумина кои тргнале во потрага по подобар живот не им текнало да се вратат назад, Ламбе е меѓу ретките повратници на млади години. Во една емисија неодамна кажа дека не сака неговите наследници да растат и да се градат според тамошните вредности, туку да го научат она што им е свое, во корените – македонското. -Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу , кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“, изјави Ламбе во едно интервју. Поддршка во одлуките како семеен човек очигледно има од сопругата Магдалена. Пејачот не преферира да ги меша приватноста и јавниот живот, така што заеднички моменти со саканата одамна не сме виделе, се досега. Без повод, но веројатно со причина, Ламбе и Магдалена направија една заедничка фотка за на Фејсбук. Слика и прилика на среќна брачна двојка, стиснати еден до друг, насмеани, особено таа. Во оваа насмевка Ламбе ја откри и едноставната шема за поубав и хармоничен брачен однос кој е видлив на прва и тоа кај Магдалена. -„Happy wife, happy life“ или во превод од „среќна жена, среќен живот“, толку едноставно, друри со рима, но веројатно силно комплексно до крајниот среќен исход. Ламбе очигледно си ја научил лекцијата од поодамна, а со оглед на тоа дека цела деценија функционираат заедно покрај сите промени, адаптации, одгледување и воспитување деца, Ламбе и Магдалена го имаат клучот за складен брак и хармоничен однос. За потсетување, Ламбе Алабаковски околу седум години заедно со сопругата живееше во Детроит . Магдалена по потекло од Битола и по професија медицинар, а на американско тло му ги роди двајцата наследници Михаил и Димитриј. фото: Facebook/ Ламбе Алабаковски]]>

Јутјуберот има нов проект: Стефан Лазаров ќе ве води низ се’ што е подзаборавено, а е важно да се знае во Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jutjuberot-ima-nov-proekkt-stefan-lazarov-ke-ve-vodi-niz-se-shto-e-podzaboraveno-a-e-vazhno-da-se-znae-vo-makedonija-video/ Fri, 01 Dec 2023 12:55:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329580

Откако упсеа да наниже 100.000 сабскарјбери кои го следат неговиот Јутјуб канал и за тоа доби признание, односно „клуч“ за нови уште поголемио можности од каналот, најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров покрај своите поткасти најави уште еден нов проект. „Во недела во 18:00 започнуваме во нов проект на мојот канал чија цел ќе биде промоција на македонски села, промоција на историски моменти, прикажување на цркви, реки, планини и се што е подзаборавено, а е исклучително важно да се знае. Сметам дека младите имаат потреба од ваков проект, а повозрасните ќе се потсетат на сите убави места кои ги има во Македонија… Јас и мојот тим се надеваме дека ќе ви се допадне замислата во првата пилот епизода, па доколку не поддржите, после празниците започнуваме со редовно снимање“ - споделил јутјуберот на својот Фејсбук профил заедно со промо  видеоисечокот на кој со пејачот Ламбе Алабакоски седат во кафеана, каде пеат македонски патриотски песни. Тоа несомнено значи дека првата епизода е снимана во родното место на Ламбе, преспанско Љубојно! Фото: Фејсбук/Stefan Lazarov]]>

Nucci: Направив хумано дело за Јелена Карлеуша, ставив Инстаграм стори да го слушнат нејзиниот албум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nucci-napraviv-humano-delo-za-jelena-karleusha-staviv-instagram-stori-da-go-slushnat-nejziniot-album-video/ Thu, 30 Nov 2023 12:02:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329345

Nucci станува сè попопуларен, особено меѓу младите. Смета дека за неговата кариера е заслужна короната, а песната „Бебо“ доживеа голем успех. Прекарот на Nucci е изведен од неговото презиме Паниќ. Еден другар од средно го нарекувал Панучи, пијан после ноќно излегување, и „Па“ едноставно се изгуби и остана Nucci. На почетокот му пречеше, воопшто не му се допаднало, но подоцна го прифатил. Пејачката Јелена Карлеуша неодамна гостуваше во утринската програма и зборуваше за новите албуми, настапите и концертната  проомооција кој ја имаше во Белград на вода. Нејзиното гостување го привлече вниманието и на раперот Игор Паниќ, попознат како Nucci, кого го спомна во текот на интервјуто, што тој го искористи и испрати провокација преку Инстаграм. „На пример, некој Лил Микс или Пил, Лил Пикс, некој нов изведувач има милијарда прегледи на YouTube, Spotify и гази некоја Бијонсе, но Бијонсе оди на турнеја и пријавува заработка од 1,6 милијарди долари во првиот месец, а следната година  Лил Пикс, Nucci, Ќучи нема да постојат“ - рече Јелена, по што следеше неговата објава на Инстаграм приказните, на што таа брзо реагираше: „Оваа Карли (да ми го напишеш името со големи букви, Индијанецу) не ти е виновна што не можеш да продадеш 100 карти за концерт. Ќе траете до крајот на оваа инстаграм приказна, а вие ме коментирате мене. Повлечи се ! Да не беше малиот Војаж, ќе бев уште поконкретена, но тој ми е сладок. Оди дели карти во училиштата, работи за 100 евра, кои менаџерите ти ги даваат како роба“ - напиша Јелена. Во ексклузивно интервју за најгледаниот естраден ТВ магазин "Бекстејџ" , Nucci говори за многу нешта меѓу коите и за Карлеуша. Што се' кажа, проследете од видеото во продолжение што го направија нашите соработници од „магазинот зад сцената“: ]]>

Милица Павловиќ периодов пее по две свадби неделно во Македонија, а сепак уште долго ќе плива во долгови, а еве и зошто? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-pavlovik-periodov-pee-po-dve-svadbi-nedelno-vo-makedonija-a-sepak-ushte-dolgo-ke-pliva-vo-dolgovi-a-eve-i-zoshto-foto/ Wed, 04 Oct 2023 11:39:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321023

Српската фолк ѕвезда Милица Павловиќ го закажа својот прв солистички концерт во „Штарк арена“ на 23 декември. Во интервју за локалните медиуми, Милица сега истакна дека е во подготовки за концертот за кој многу и помага професионалната кореографка Хелена, со која работи уште од албумот „Посесивна“, а во меѓувреме брза да се врати од бројните настапи, меѓу кои најчеста дестинацја последниве месеци и е токму Македонија. „Јас сум многу среќна жена, иако сум многу уморна затоа што дојдов од прекрасна свадба во Скопје. Не знам што се случи со Македонците, бидејќи последниве неколку недели пеам на две свадби во Македонија. Еве дојдов ненаспиена, но со полно срце“ - истакна пејачката. Милица истакна дека концертот во Арена во Белград ќе ја чини многу и дека сигурно ќе го отплаќа во следните неколку години. „Искрено, на почетокот имав желба да не пеам еден месец пред концертот, да го одморам гласот, но тоа не се случи. Тоа не значи дека нема да бидам одморена. Кога видов што е потребно за таков балкански спектакл, но според светски стандарди, само сфатив дека работата, публиката и поддршката од моите баба и дедо, мојот народ од југот на Србија, целата нација, навистина ја имам. Затоа мора да се работи за да се исплати сето тоа. Не можам да си го дозволам луксузот да не работам, бидејќи сето тоа чини многу, зашто се што е добро чини. Сето тоа ќе го плаќам во следните неколку години, но сакам срцето да ми биде полно знаејќи дека по 10 години пеење направив спектакл за мојата публика“ - рече таа.  Фото: Инстаграм/senoritamilica]]>