”Македонија – вечна” – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Aug 2022 09:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ”Македонија – вечна” – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сале – Срв со песна, “Македонија” – вечна (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-so-pesna-makedonija-vechna/ Tue, 02 Aug 2022 08:59:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261216

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар песната ја посветил на на неговата и наша, родна "Македонија", како што гласи самиот наслов на неговата нова тема полна со национални чувства и патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина, вткаени во одличните стихови на стариот проверен мајстор, Огнен Неделковски. Затоа и не случајно 2-ри Август, големиот македонски национален празник Сале го одбрал за промоција на песната која пак е компонирана од уште еден музичар, член на познатите балкански бендови со кои Сале како менаџер соработува - Бојан Станимировиќ од "Амадеус бенд" и македонскиот инструменталист на народни инструменти Алек Петковски, додека аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната "Македонија"е снимена во студиото "City sound", а продукцијата и миксот/мастетингот се на Љупчо Соколовски. Песната е визуелизирана со видео кое меѓудругото содржи преубави кадри од прекрасните убавини на Македонија, а неговата реализација ја потпишуваат дури две видеопродукции: "Куба видео" и "ДРД медиа". Честитајќи Ви го Илинден, Сашко Андриески или Сале СРВ како што му е уметничкиот прекар ве кани премиерно да ја проследите неговата визија за "Македонија". ]]>

3 причини зошто мажите стануваат незаинтересирани за љубовната врска https://arhiva.vistina.com.mk/3-prichini-zoshto-mazite-stanuvaat-nezainteresirani-za-ljubovnata-vrska/ Tue, 15 Feb 2022 13:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239164

Ќе се согласите дека влегувањето во нова врска е едно од најубавите чувства на светот. Часови разговори, подароци, љубовни состаноци, сето ова и повеќе го прави почетокот на една убава љубовна врска. Меѓутоа, често се случува еден од двајцата, а најчесто мажот, да се повлече од љубовна врска без причина. – Како експерт за љубовни врски разговарам со мажи и жени кои се жртви на вообичаеното однесување кое предизвикува крај на врската – вели експертот за врски Клеј Ендрјус. – Сепак, мажите се тие кои во повеќето случаи ја носат одлуката наеднаш да исчезнат од животот на партнерката. Според експертите за врски, постојат три главни причини зошто мажите губат интерес за врски.

1. Брзо се заљубивте во него

Мажите сакаат да ја гледаат и да ја искусат својата подобра половина како награда за која треба да се борат. Тие ја гледаат жената што ќе ја изберат како свое достигнување. Тие сакаат да имаат до себе жена која е самоуверена, која има свое мислење и која не е лесно да се освои. Така, мажите се повлекуваат кога жените стануваат премногу „лесни“ за освојување.

2. Мисли дека не може да ви го покаже своето вистинско лице

Следната причина зошто мажот губи интерес е затоа што не чувствува дека може да биде ранлив пред вас. „Тоа често е предизвикано од високи очекувања, осудувачко однесување или некој друг начин на кој жените сакаат да го контролираат однесувањето на својот партнер“, објаснува Клеј.

3. Во неговиот живот се случуваат други работи

Друга причина зошто мажите губат интерес е затоа што едноставно имаат други приоритети во животот. Работата, семејството, финансиската состојба се проблеми кои спаѓаат во оваа категорија. Мажот е фокусиран на она што е негов најголем приоритет во моментот, а можеби тоа не сте вие. – Кога поминува низ тежок период, неговиот фокус природно ќе биде на она со што прво треба да се соочи – заклучува експертот за односи Клеј Ендрјус. извор: Курир.мк]]>

”Македонија – вечна” е новиот музички проект на Елена Јовческа и Сања Ристеска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vechna-e-noviot-muzichki-proekt-na-elena-jovcheska-i-sanja-risteska-video/ Sat, 02 Jan 2021 11:19:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183655

Познатите Македонски фолк пејачки Елена Јовческа и Сања Ристеска направија одлично музичко шоу со добро одбрана македонска музика. Како што изјавија ова шоу е Новогодишен подарок за нивните обожаватели, а се надеваат дека јавноста ќе ужива во сето она што тие го подготвија за нив. -На нашиот репертоар има македонски народни песни, имаме два дуети заедно со Сања, еден микс кој го насловивме “Македонија вечна” кој го направив јас, а во самиот микс ја има и нашата дуетска песна “Сестра”. Секако дека ова шоу не може да помине и без мојата песна добро позната на јавноста “Горда Прилепчанка”, како и авторската песна на Сања со наслов “Македонијо не те даваме”. Би сакала да кажам дека најпрво имав идеја да направиме микс, но по разговор со Сања се договоривме да направиме едно комплетно музичко шоу. Со Сања се дружиме долги години, а пред се сме и братучетки и затоа одлучив овој проект да биде со неа. Да бидам искрена, се подготвуваме уште од месец септември, меѓутоа имавме некоја пауза, па затоа едно добри 20 дена бевме постојано на проби со колегите за да биде се' онака како што треба.-изјави Елена Јовческа за естрадниот ТВ магазин Естрада плус. Во музичкото шоу на Елена и Сања учествуваат и неколку музичари кои важат за нивни долгогодишни соработници. Марјан Ртоски-клавијатури, Иле Иваноски-клавијатури, Кире Иваноски-дувачки инструменти, Борче Тренески-бубњеви и Виктор Јошески-хармоника. „За мојот изглед се погрижи професионалниот мејкап артист Алек Палада. Задоволна сум многу од тоа како се одвиваше проектот и од тоа како заврши. Навистина сум среќна што имав можност да работам на овој проект со луѓето кои што беа вклучени во истиот. Верувам дека на сите нас ни требаше нешто вакво. Се надевам дека публиката ќе ужива во она што го припремивме за нив бидејќи работевме на песните со голема љубов и верувам дека тоа се гледа и дека ќе се почувствува. Очекувам публиката да ужива во песните, бидејќи ние навистина уживавме во секој миг од снимањето“ -вели Сања Ристеска за гледачите на ИН ТВ. Шоуто веќе беше емитувано пред и за време на Новогодишните, а ќе се емитува и за Божиќните празници, на сателитската ИН Телевизија. https://www.youtube.com/watch?v=mGB3IqE1knI&feature=emb_logo]]>