македонија наутро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Apr 2023 07:14:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонија наутро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јована Костадиновска има скриена страст: ТВ водителката сите ја гледаат кога го работи она што го сака, ама никој не сака да се соочи со она што го умее… веројатно ни сопругот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-kostadinovska-ima-skriena-strast-tv-voditelkata-site-ja-gledaat-koga-go-raboti-ona-shto-go-saka-ama-nikoj-ne-saka-da-se-soochi-so-ona-shto-go-umee-verojatno-ni-soprugot-video/ Sat, 08 Apr 2023 07:10:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229508

Ведра, позитивна и секогаш расположена, постојано насмеана... Таква какви што треба да бидат телевизиские лица, особено дамите. Уште пак ако треба нејзиното лице прво да го видите уште наутро по станувањето на ТВ екранот, дефинитивно ќе ви го разбие мамурлокот и ќе ве залепи за екранот, правејќи ви го денот ведар, а вас орни за работа. Впрочем, нејзината работа е таква, иако задачата и е да ве информира, по малку едуцира и забавува, како и секоја водителка на утринска програма. А таа е една од оние кои знаат и умеат и тоа како денот да ви го започнат со оптимизам и насмевка. Јована Костадиновска долги години ја гледаме на телевизиските екрани, а последнава година таа е дел од водителскиот тим на утринската програма на МТВ - „Македонија наутро“. Иако е и приватно реализирана жена, сопруга на Марко и мајка на две деца, ќерката Мила и синот Јаков и покрај обврските околу домот и семејството како и секоја жена, Јована изгледа одлично. Убава, дотерана, стокмена, со совршена линија и складни телесни пропорции водителката е вистински синоним за телевизско лице.  За разлика од многу други од ТВ еснафот кои ова или не го разбрале или погрешно го сфатиле, па истите изгледаат или како „нафракани старлети“ или како „ запуштени баба роги“. За неккои работи веројатно своја улога има генетиката, но за сето останато пресудни се навиките за здрав живот, правилна исхрана и редовно спортување и рекреација. Особено овие последните, стекнати во времето кога Јована покрај јавната работа, работела и како професионален инструктор по аеробик, па и денеска кога е сопруга и мајка е благодарна на своите стекнати здрави и спортски навики. „Кога го работите тоа што го сакате сите мани стануваат предности или за мене ова што го работам е остварување на мојот сон“ - ќе изјави во една прилика Јована. И додека ТВ  водителката сите ја гледаат кога го работи она што го сака,  никој не сака да се соочи со она што таа го умее... Веројатно ни сопругот! Имено, како што е познато Јована има скриена страст кон спортувањето и рекреацијата, кои обилно влијаат на нејзиниот изглед, здравјето, концентрацијата... Само што сега водителката и бивша инструкторка, аеробикот го заменила со спорт, во кој има малку „поблизок контакт“! Очигледно и на ова поле водителката покажува завидна вештина, па затоа мора да е горда на себе и своите можности и способности и во „специјални“ околности! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Jovana Kostadinovska]]>

Се омажи уште една македонска ТВ водителка: Дијана Гогова беше невеста! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-dijana-gogova-beshe-nevesta-foto/ Tue, 27 Oct 2020 08:18:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173063

И покрај тоа што коронавирусот и пандемијата ни го свртеа животот наопаку, комплетно не изместија од колосек, ни го донесоа таканареченото „ново нормално“, што всушност колку до вчера беше „ненормално“, сепак животот и понатаму продолжува да тече. Во „новото нормално“, некои стари работи сепак за среќа не исчезнаа и веројатно никогаш и нема. Љубовта, заедништвото, семејството и семејните вредности... сега ни се потребни повеќе од било кога, па затоа и покрај Ковид 19 експанзијата, сите препораки, мерки, протоколи, забрани... на луѓето  никој не може да им го одземе елементарното право... на заеднички живот! Неа ја знаеме долги години како телевизиско лице, новинар и ТВ водител во националниот сервис - МТВ. Згодна, убава, привлечна, атрактивна, сексапилна... вистинска дама. Заедно со колешката Кристина Талеска Големтеова, со години се и ударна двојка и заштитни лица, своевиден трејд марк на утринската програма на Македонската телевизија - „Македонија наутро“. Дијана Гогова, убавицата која им ги разведрува утрата на гледачите на националниот сервис конечно стапна на лудиот камен. Во рамките на пропишаните мерки, препораки и протоколи, тивко и ненаметливо каква што е и самата таа, без никаква медиумска помпа, во најтесниот круг на најблиските Дијана, која долго беше една од најпосакуваните девојки од ТВ етерот,  го кажа судбоносното - ДА! Во бел едноставен, но елегантен невестински фустан, со букет врака и под рака со својот избраник Александар, го обавија чинот на венчавката во еден од македонските православни храмови во Скопје. Запловувањето во новите животни води, оние- брачните, младите заедно со најтесниот круг на блиски и пријатели го одбележале во еден познат скопски ресторан... Без свадби од 300 луѓе, без трубачи и плех музика, беспотребни чалами... Тивко и скромно, но со многу љубов. Онака како што налагаат моменталните прилики, но и како што им доликува на едни цивилизирани интелектуалци. Дури ниту на социјалните мрежи невестата не се пофали премногу со чинот на влегување во новиот, заеднички живот...   Освен две-три фотографии и датумот на нивниот брачен „ден - Д“ - 22-ри октомври 2020 година и еден емотикон во вид на срце. Големо и заедничко, кое отсега ќе чука само за нивното нив двајца како брачна двојка, како маж и жена, како семејство... И секако, за нивното идно потомство! Нека е благословена новата брачна заедница... Среќни и вечни!  ]]>