македокс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Aug 2023 12:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македокс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивалот „МакеДокс“ од 17 до 24 август, во програмата 75 документарни филмови https://arhiva.vistina.com.mk/festivalot-makedoks-od-17-do-24-avgust-vo-programata-75-dokumentarni-filmovi/ Tue, 15 Aug 2023 12:40:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313835

Со главниот фокус на монтажата, од 17 до 24 август оваа година ќе се одржи 14-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Програмата е составена од 75 документарни филмови, а фестивалот ќе биде отворен со „Танцувајќи ја Пина“ од режисерот Флоријан Хајнцен – Зиоб и ќе заврши со полскиот документарен филм „Вика“, од Агњешка Цвиевка. Фестивалот ќе има четири локации за проектирање – Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, МКЦ, и летното кино Сули ан. Како што најави на денешната прес-конференција Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, пред прикажувањето на „Танцувајќи ја Пина“, ќе се одржи проекција на краткиот документарен француски филм „Над рудникот“ од Тео Аудиоре и Лова Карлсон. Таа потенцираше дека отворањето и затворањето на фестивалот се предвидени како еден вид на танцувачко-музички перформанс. -Во рамките на фестивалот, ќе има повеќе документарни филмови кои што беа дел од најреномираните и најпрестижните фестивали во Европа и во светот. Меѓу другото, тука се и филмовите на српската режисерката Мила Турајлич – „Неврзаните: Сцени од Фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски Герили: Сцени од Фондот на Лабудовиќ“, рече Вељановска. Најави дека оваа година ќе бидат прикажани и македонски филмови. Ќе се одржи проекција на филмот „Тело“ на режисерката Петра Селишкар. Филмот е, како што рече, македонско-словенечка-француско-хрватска копродукција и ќе има светска премиера деновиве во Сараево. Ќе се одржи проекција и на филмот „Лилјан“ на Драгана Стојадиновска. -Покрај „Тело“, како македонска премиера исто така во програмата на „Македокс“ е и филмот „Спроти ветрот“ во француско-индиска копродукција, но значајно е дека на неа работеа двајца македонски монтажери, додаде Вељановска. Исто така, ќе биде прикажан и филмот „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри. -Не случајно оваа година одбравме земја во фокус да биде Данска, со оглед на тоа што монтажата е во фокус на фестивалот, а данските документарни филмови се познати по тоа што се перфектно скроени и перфектно измонтирани. Оваа година заедно со Данскиот филмски институт одбравме 12 долгометражни дански документарни филмови кои ќе ги прикажеме на „Македокс“, рече Вељановска. Како што посочи, ќе биде прикажан филмот „Невиност“ на режисерот Гај Давиди од Израел, кој беше прикажан на Венецискиот филмски фестивал, како и филмот „Планините“ на данскиот режисер Кристијан Ајншој. -Покрај данските филмови во земјава кои што се од оваа програма, секако ќе има и филмови од претходните години, од постарата данска документарна сцена, најави Вељановска. Таа информираше дека во кратката документарна програма, оваа година на „Македокс“ ќе се натпреваруваат 12 филмови. Во студентската програма ќе се натпреваруваат 10 филмови, а во младинската програма ќе се прикажат три долгометражни документарни филмови, а пред нив ќе има анимирани студентски филмови, кои што оваа година се добиени во соработка со Флипбук фестивалот, чие што отворање е денеска. Сара Ферро, координаторката на МакеКоПроДокс форумот на денешната прес-конференција информираше дека оваа година, меѓудругото, во рамки на фестивалот ќе има два мастеркласа кои ќе се одржат на 19 и 20 август во Даун пашин амам. Едниот мастерклас е на хрватскиот монтажер Владимир Гојун, а вториот мастерклас е на српската режисерка Мила Тулериќ. Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот ја спомена мрежата „Doc Around Europe“ која беше формирана пред две години, а еден од основачите е и Македокс. Како што рече, со оваа мрежа оваа година започнуваат нов проект „Doc generation“, проект кој ќе трае во следните две години, а чија цел има да промовира нови млади автори на пет фестивали. -Во моментот во Скопје ќе бидат присутни пет студенти, кои со своите документарни филмови ќе бидат дел од натпреварувачката програма, како и дел од кратката програма и програмата од нови автори кои спаѓаат во склоп на оваа мрежа. Тие под менторство на експерти од Европа и од Балканот ќе имаат индивидуални групни сесии за нивно поголемо вклучување во самата документарна индустрија, рече Набаков на денешната прес-конференција. Тој додаде дека и оваа година ќе има пет натпреварувачки категории. Главната програма – „кромид“, наградата за млади автори – „млад кромид“, наградата за кратки филмови – „сецкан кромид“, студентската награда и награда за етички идеи. Потенцираше дека ќе има интернационално жири со 15 членови, по три во секоја од овие категории. извор:курир.мк]]>

Фестивал „МакеДокс“ од 18 до 25 август https://arhiva.vistina.com.mk/festival-makedoks-od-18-do-25-avgust/ Wed, 10 Aug 2022 09:54:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262122

Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржува од 18 до 25 август во Скопје. Комплетната програма на фестивалот ќе биде објавена на денешната прес-конференција, што ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар. На прес-конференцијата ќе се обратат Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“ и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот. Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институт „Јунус Емре“-Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар. Извор:Курир]]>

Почнува патувачкото кино на „МакеДокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-patuvachkoto-kino-na-makedoks/ Thu, 14 Jul 2022 12:38:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258699

Патувачкото кино на „МакеДокс“ го почнува своето тринаесетто патување. Оваа година, Патувачкото кино ќе се одржи во два дела, првиот дел од 18 до 24 јули во Струмичкиот регион, а вториот дел во септември во Преспанскиот регион.
Пристигна оној дел од годината посветен на најубавите, безгрижни летни распусти кај баба на село. Ќе го натовариме нашето магаренце со приказни и ќе се упатиме во прегратките на Беласица и Огражден, да здробиме малку кромид со најпознатите пиперки. Почнуваме од селото на две реки, Турија, на исток, и Струмица на запад. Продолжуваме во подножјето на Еленица, помеѓу Плавуш и Смрдеш во некогашно Палеокастро, каде се плетеле кошници и печеле грнени садови. Одиме во зелен спокој каде ќе уживаме во румени домати, лубеници, дињи, но и во праз на кој му е посветен еден цел фестивал во комшии. Продолжуваме во селото на војводите, „селото на осамената куќа“, комшија на Еднокуќево, а по него кај Босилко. По течението на Гарлиева чешма крај ендемските папрати ќе завршиме со приказните крај водопадите, во селската идила крај чардаците со Габровчани. Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од XX век. Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одекот на македонскиот петвековен крик – приказната за првото модерно киднапирање во светот  информираат организаторите.
Распоред на проекции: 18.07. – Пиперево 19.07. – Вељуса 21.07. – Моноспитово 22.07. – Босилово 23.07. – Габрово *Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.]]>

Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ Thu, 19 Aug 2021 12:14:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216031

„Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ фестивалите во Европа. Фестивалот ќе се одржи во Куршумли-ан, МКЦ, Музејот на современа уметност и Музејот на Македонија. Како што посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, мотото симболизира преиспитување што и како да правиме од сега па натаму. Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 12-то издание ќе биде отворен на 19 август во Куршумли-ан со документарниот филм „Луѓето од гаражите“ (Германија, 2020, 93 мин.) на сценаристката и режисерка Наталија Јефимкина. Во истиот блок, којшто почнува во 21 часот, ќе биде прикажан и краткиот документарен филм „Џукели“ (Канада, 2019, 18 мин.) на Халима Уардири. Основна тема во филмот „Џукели“ е прифатилиште за кучиња-скитници во Мароко, каде времето застанало за 750-те животни кои чекаат посвојување, а нивните животи следат една прецизна, еднолична рутина. Документарецот „Луѓето од гаражите“ ги следи приказните на луѓе кои живеат во гаражни населби во постсоветска Русија. Иако однадвор личат на негостопримливи лимени шупи, гаражите често им нудат бегство на мнозина Руси, повеќето од нив мажи. Вечерта на отворањето на фестивалот ќе биде заокружена со концертен настап на Добрила и Дориан Дуо во рамките на музичката програма „МакеДокс: Ноќни приказни“. На филмската програма на 12. МакеДокс планирано е од 19 до 26 август на четири локации да бидат прикажани над 70 документарни остварувања во пет натпреварувачки категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентска програма, како и категоријата Етички идеи. Надвор од компетиција, но значајни фестивалски програми се Земја во фокус – Украина и Програмата за деца и младинци. Фестивалот се одржува со мото „Што сега?“, а главниот фокус ќе биде ставен на дистрибуцијата на документарниот филм со посебен акцент на промоцијата на филмовите на фестивалите низ Европа. Во индустрискиот сегмент на фестивалот, кој ќе се одвива онлајн, на 21 август е предвиден е мастерклас со Хајно Декерт, еден од најуспешните европски дистрибутери на документарни филмови, додека централно место во овој сегмент зазема третото издание на МакеКоПроДокс форумот, што ќе се одржи од 23 до 25 август. Форумот ќе се одржи онлајн, а присутни во Скопје ќе бидат модераторките Хеле Хансен, Бриџит О’Шеа и Зејнеп Ѓузел. Првата активност на Форумот, практично, се одржа на 17 август, со онлајн-работилница за „пичинг“ на 11-те проекти за документарни филмови во фаза на продукција или копродукција. Програмата Земја во фокус, во чии рамки ќе бидат прикажани 10 нови документарни филмови од Украина, ќе биде отворена на 20 август во Куршумли-ан со проекција на филмовите „Територија на празните прозорци“ (2020, 10 мин.) на Зоја Лактионова и „Дождов никогаш нема да запре“ (2020, 104 мин.) на режисерката Алина Горлова. На фестивалот е планирано да гостуваат десетина автори на филмовите од Украина.
Сите програмски активности на фестивалот ќе се одвиваат според протоколите што важат од 18 август 2021 година. Согласно протоколите, нема да можеме да одобриме влез во фестивалскиот простор доколку не биде ставен на увид сертификат за вакцинираност, соопштија организаторите.
]]>

Седумдесет документарни филмови дел од годинашното издание на „МакеДокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/sedumdeset-dokumentarni-filmovi-del-od-godinashnoto-izdanie-na-makedoks/ Thu, 12 Aug 2021 12:03:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215033

„Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ фестивалите во Европа. Фестивалот ќе се одржи во Куршумли-ан, МКЦ, Музејот на современа уметност и Музејот на Македонија. Како што посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, мотото симболизира преиспитување што и како да правиме од сега па натаму. – Со самото тоа и мотото на фестивалот гласи „Where do we go now“, односно „Што сега“. Некако во овие две години сите имаме некоја желба да патуваме или да се поместиме од место, всушност сме вкоренети во едно исто место. Можеби тоа треба да го искористиме за да се преиспитаме што сега, како сега и како од сега понатаму, рече Набаков на денешната прес-конференција. Тој посочи дека на фестивалот ќе бидат прикажани околу 70 документарни филмови, поделени во пет натпреварувачки категории. Главната програма која се бори за наградата „Кромид“, на овие автори, односно „Млад Кромид“, кратки документарни филмови – „Сецкан Кродмид“, студенстката програма – „Кокарче“, но и награда за етички идеи, која традиционално се доделува на фестивалот, а е сочинета од филмови кои се наоѓаат во програмите нови автори и главната документарна програма. Ќе има плус уште две програми надвор од компетиција, тоа е Земја во фокус. Оваа година во фокусот е Украина, а ќе има и програмата за деца и млади. Жирито го сочинуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Според Набаков, ново е тоа што за разлика од претходната година оваа година на фестивалот ќе има 30 странски гости. -Сите филмови ќе ги даваме само физички, односно оваа година фестивалот ја зазема физичката форма, немаме хибриден фестивал како претходната година. Освен делот за филмски професионалци, мастер класовите, работилниците, и копродукс форумот ќе бидат онлајн со некоја си хибридна форма, појасни Набаков. Петрула Велјановска, од програмскиот тим на МакеДокс на прес-конференцијата посочи дека фестивалот оваа година ќе биде отворен со филмот „Луѓе од гаражи“ на режисерката Наталија Јефинкиња, тоа е филм од „Њу камер“ програмата, филм кој ќе биде во натпреварувачката програма за дебитански филм. Инаку, во оваа програма исто така ќе се натпреваруваат филмовите како што е „Зиндер“, на режисерката Ајџа Џамаки, еден од филмовите кој ни доаѓа од Африка. Како што рече Велјановска, во главната програма оваа година на МакеДокс ќе се најдат осум филмови, кои биле присутни на светски познатите фестивали за документарни филмови. Во главната програма ќе биде и филмот Гунда на режисерот Виктор Косаковски, кој пред две години беше присутен на МакеДокс. Исто така, во главната програма ќе се најдат и филмовите кои беа фестивалски хитови во 2020 година. -Оваа година на МакеДокс, во фокус програмата ќе биде земјата Украина, земја која изминативе години покажа исклучтиелно добра документаристипчка продукција, филмови кои многу често беа наградувани на светските филмски фестивали и освоија многу награди, рече Велјановска. Отворањето на земја во фокус програмата ќе биде следниот ден по официјалното отворање на фестивалот, зна 20 август, во Куршумли-ан, програмата ќе биде отворена со филмот „This rain will never stop“, кој што исто така ја доби наградата за најдобар дебитански филм на Интернационалниот фестивал во Амстердам. Режисерката на филмот ќе биде присутна на фестивалот, а покрај нејзе ќе има уште пет гости од Украина, кои ќе бидат присутни со своите филмови. Ќе имаме и две гостинки од фестивалот за човекови права на Украина. -Тука е и студентската програма која што ќе се состои од седум исклучителни студентски филмови, тука се филмовите на албанската режисерка Лугина Шкупа, како и на режисерката Виф Ли -„I dont feel at home anywhere anymore“. Во програмата за кратки филмови ќе има околу 17 кратки филмови, додаде таа. И година ќе има детска и младинска програма на фестивалот. Избрани се девет норвешки анимирани детски филмови, но и неколку кратки документарни филмови. ]]>

„Македокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август https://arhiva.vistina.com.mk/makedoks-kje-se-odrzi-od-19-do-26-avgust/ Mon, 17 Aug 2020 12:58:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163724

Единаесетото издание на фестивалот на креативен документарен филм  „Македокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август во паркот кај МКЦ и во летното кино на Кинотеката, а ќе биде посветено на звукот и тишината. Фокусот ќе биде, како што најавуваат организаторите на поезијата во филмоти дизајнот на звук. Мото на фестивалот е „Слеј се со тишината“, според истоимената стихозбирка на Ацо Шопов од 1955 година.
„Годинава фестивалот ќе се одржи во хибридно издание – ќе има проекции и настани во живо на отворен простор и настани што ќе се одржат он-лајн на интернет. Филмските проекции што ќе се одвиваат во живо паралелно ќе може да се следат и на интернет-платформа, што овозможува програмата да биде достапна низ целата држава. Поради пандемијата на коронавирусот годинава нема да дојдат гости од странство, но голем дел од авторите на филмовите на фестивалот ќе присуствуваат виртуелно. Планирано е он-лајн да се одвиваат дискусиите по филмовите, разговорите под смоква, како и мастеркласовите и работилниците“ - велат организаторите.
Плакатот за годинашното издание прикажува микроскопски фотографии од кромидот, симболот на „Македокс“. Фестивалската програма ќе биде отворена на 19 август, а комплетната филмска програма, како и фестивалските жирија, може да се најдат на фестивалскиот сајт: http://makedox.mk/mk/festival/filmska-programa/ Фестивалот за своето 11-то издание, сѐ уште, нема добиено поддршка од Агенцијата за филм.
„Станува збор за проблем од административна природа што се провлекува неколку месеци наназад. Поради виша сила фестивалот задоцни четири работни дена со својата апликација за поддршка од Агенцијата. Правното решение се чека веќе седум месеци. Без поддршката „Македокс“ мораше да се откаже од своето фестивалско гнездо – објектот на Куршумли ан, како и од платото пред Музејот на Македонија . Фестивалот има одобрување за користење на двата простори од институтот „Јунус Емре“, Музеј на Македонија и Археолошки музеј“ - велат од Македокс.

„МакеДокс“ објави повик за работилница за звук со Владимир Ракич https://arhiva.vistina.com.mk/makedoks-objavi-povik-za-rabotilnica-za-zvuk-so-vladimir-rakich/ Sun, 14 Jun 2020 08:34:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153804

Единаесеттото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, под мотото „Слеј се со тишината“, ќе се фокусира на дизајнот на звук. Шест проекти во различни фази на продукција ќе бидат одбрани за работилницата за звук „Звукот го обликува филмот, филмот го обликува звукот“ со Владимир Ракич, која ќе биде поделена во фази од крајот на јуни до крајот на август. Работилницата за звук е наменета за режисери, монтажери и/или дизајнери на звук со документарен проект во фаза на пред-продукција, продукција или постпродукција, продуцирани или ко-продуцирани во една од следните земји: С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција. *Доколку проектот е во фаза на пред-продукција, треба да се опише зошто авторите сметаат дека звукот е важен во оваа фаза на развој. Периодот на аплицирање за учество на работилницата е од 13 јуни до 22 јуни, а резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на 26 јуни. Првата групна сесија ќе се одржи на почетокот на јули. Ќе следуваат 3-4 индивидуални работни сесии: во текот на јули и август (датумите ќе бидат дополнително определени во договор со менторот). Последната сесија ќе се одржи за време на МакеКоПроДокс форумот во август (презентација на резултатите од работилницата). Работилницата ќе се одвива на англиски јазик. Краен рок за аплицирање е 22.06.2020. Владимир Ракич (1974, Нови Сад) е композитор и дизајнер на звук кој живее и работи во Амстердам. Повеќе од 15 години активно работи на дизајнот на звук и соработувал со повеќе познати документаристи. Држи работилници за звук на Холандската академија за филм во Амстердам. За учество на работилницата за звук потребно е да се пополни формуларот. „Во формуларот треба да прикачите: *Линк до последната монтирана верзија од филмот *Линк до видео пријава во која треба да одговорите на следните прашања: На кратко претставете се и опишете го вашиот проект. Како започнавте да го развивате овој проект? Во која фаза на продукција е проектот моментално? Ве молиме опишете зошто сметате дека оваа работилница е важна за вашиот проект и кои се вашите очекувања од неа? Дали вашиот проект има некој посебен проблем со дизајнот на звук и кои се нештата што би сакале да ги потенцирате за време на работилницата? *Ве молиме да приложите линкови за преглед и преземање“, стои во повикот за работилницата. Фестивалот „МакеДокс“ годинава своето 11-то издание ќе го одржи од 19-ти до 26-ти август.]]>

Три филма од „Докуникулци“ ќе бидат прикажани на „МакеДокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-filma-od-dokunikulci-kje-bidat-prikazani-na-makedoks/ Tue, 21 Aug 2018 11:30:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44041

Три филма на првата генерација „Докуникулци“ која произлезе од минатогодишната летна школа на „МакеДокс“ ќе бидат премиерно прикажани на годинашното издание на фестивалот. Трите филма ќе бидат прикажани во Програмата за деца и млади, а денеска ќе бидат премиерно проектирани краткиот документарен филм „Адолесцензура“ на Леа Димитрова и филмот „Поглед во очите“ на Јоана Арсовска. Филмот „Адолесцензура“ зборува за три другарки кои си ги решаваат проблемите низ муабет и со кафе и бараат решение за цензурата, а „Поглед во очите“ е филм за животот пред и по ужасот наречен сексуално насилство. Едниот од протагонистите е анонимен, а другиот е самата 17-годишна режисерка. Премиерата на третиот документарен филм „Поинакви“ на Розе Симоновска ќе се одржи утре. Во филмот, Јордан нè води на патување во светот на аутистите кои знаат да уживаат во животот, и покрај чудните погледи и тесните гледишта на сограѓаните. Покрај филмските премиери, во Музејот на современа уметност се одржува втората работилница на темата „Режирање реалност“ со полскиот автор Војцех Старон. Работилницата, која се одржува со поддршка од Филмската фондација на Краков, почна со проекција на филмот „Сибирска лекција“ и со дискусија на која полскиот снимател и режисер на документарни филмови ги пренесе своите филмски искуства. Во рамки на фестивалот беа претставени и членовите на петте комисии кои ќе ги доделат наградите на „МакеДокс“. Наградите ќе бидат доделени во четврток во Куршумли-ан, а статуетките се изработени од словенечкиот академски скулптор Примож Селишкар. Деветтото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Фондацијата за развој на демократијата од Вашингтон и Град Скопје. миа]]>

Филмот за Грејс Џоунс вечерва на „Македокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-za-grejs-dzouns-vecherva-na-makedoks/ Mon, 20 Aug 2018 11:35:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43812

За петтиот ден, понеделник, Македокс – Фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“ ја најавува „Грејс Џоунс:ЛАЈТ-ШОУ И ЛЕБ“ во режија и по сценарио на Софи Фиенес, во 23 часот во Куршумли ан. „Поголема од животот, дива, морничава, андрогина или со два збора Грејс Џоунс. Но преку филмските кадри ѕиркаме зад култната маска и ја запознаваме и како љубовница, ќерка, мајка, сестра, па дури и баба. Водејќи нè на патување низ својата родна Јамајка, заедно со син ѝ Паоло и внука ѝ Шантал, филмот ни открива една досега непозната Џоунс, некој што нè потсетува каков може да биде животот кога човек ќе се осмели вистински да го живее. Се чини дека ѝ нема рамен, па сепак Грејс Џоунс е и некој со кого можеме да се поистоветиме: таа е исклучокот што го потврдува правилото“, стои во краткиот синопсис за филмот. Пред филмот за Грејс Џоунс, е најавена проекцијата на дванаесетминутниот „Вo срцето на Вивиен Готје“ Македокс денеска започнува во 18 часот, со проекција на „Прастари шуми“, во Музејот на современа уметност. Програмата потоа продолжува пред Куршумли ан, во 20:30 часот со полските филмови „Даниел“, „Жаланаш Пустиот брег“ и „Сонот на Леокадија“. Во 21:00 часое е најавен краткиот докуметарец „Среќни денеска“, по што следи „Мажи играчи“. Во 22:30 ќе се проектираат деветминутниот „Крем за сончање“ , петнаесетминутниот „Раз, два, нула“ и краткиот „Филм за Карлос“. извор: radiomof.mk]]>

Почнува „МакеДокс“, 70 филмови до 23 август https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-makedoks-70-filmovi-do-23-avgust/ Thu, 16 Aug 2018 13:04:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43414

Деветтиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер во Куршумли ан ќе почне со  краткиот копродукциски филм „Вај-фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенбор, и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул – „Кеди“ на Сејда Торун. По проекциите ќе следува концерт на  групата „Џими Барка Експириенс“. Според организаторите, фестивалот ќе биде пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија. До 23 август под мотото „Реалноста режира, ние правиме филмови“ ќе бидат прикажани 70 филмови и ќе има исто толку гости. Кеди мачки Ќе бидат доделени и фестивалските награди; „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма; „Млад кромид“ за филм од програмата Нови автори; „Сечкан кромид“ за најдобар во програмата Кратки документарци и „Кокарче“ – во Студентската програма. Сите влегуваат во конкуренција за Наградата за филм со најдобри етички идеи. – Годинава ќе имаме филмови од многу земји и ќе имаме гости од Индија до Исланд. Додадовме еден ден плус и фестивалот ќе трае осум дена, рече Петра Селишкар, селекторка на Главната програма на „МакеДокс“ на прес-конференцијата на која беше соопштена фестивалската програма. Програмата „Земја во фокус“ годинава е посветена на Полска што, според организаторите, се должи на тоа што во последната деценија  полскиот документарен филм значително се издвојува во однос на останатите светски кинематографии. Во 2017 година во Полска се продуцирани 40-ина документарци, некои од нив и добитници на престижни награди и прикажани на познати фестивали. Утре ќе бидат прикажани 12 документарци од современата полска филмска продукција под заеднички наслов „Полска во срцето“, а во пресрет на годинашниот „МакеДокс“ во саботата во МСУ се одржа „Полски пикник“ и беа прикажани десет наградени фимови од Филмскиот фестивал во Краков. МакеДокс Куршумли ан 2 Соодветно на мотото на фестивалот, двајца познати режисери на докумернтарни филмови – Војцех Старон од Полска и Пирјо Ханкасало од Финска, за време на 9. „МакеДокс“ ќе одржат две тридневни работилници за улогата на режисерот во документарниот филм. Работилниците ќе се одржат од 10 до 13.30 часот во Музејот на современа уметност  – од 17-ти до 19-ти август со режисерката и сценаристка Пирјо, а од 20-ти до 22-ри август – со снимателот и режисер Војцех. На последниот фестивалски ден, 23 август, во МСУ ќе се одржи и панел-дискусија „Улогата на филмот во деинституционализацијата“. Македокс За време на фестивалот (Куршумли ан од 18-ти до 21 август) првпат во Македонија ќе се одржува работилница за фотографија со мокар колодиумски процес и сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават и да ги научат вештините на тој стар начин на изработка на фотографија на стаклена плоча. На вечерашното отворање на „МакеДокс“ ќе биде поставена ретка изложба на фотографии изработени со колодиумски процес или т.н. мокра плоча – фото-технологија од 19 век. Покрај во Куршумли ан, „МакеДокс“ ќе се одржува и на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност. извор:миа]]>