мајтап – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 May 2020 13:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мајтап – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владата најави отворање на угостителските објекти со „чудни“ протоколи на однесување, естрадата ги зеде на мајтап: Дали на пејач(к)ите ќе им остане само „стапот“… за бакшиш? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-najavi-otvoranje-na-ugostitelskite-objekti-so-chudni-protokoli-na-odnesuvanje-estradata-gi-zede-na-majtap-dali-na-pejach-k-ite-kje-im-ostane-samo-stapot-za-bakshish-video/ Sat, 09 May 2020 08:09:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148672

Владата најави дека за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните и сите други угостителски локали, но по нивното отворање ќе мора да се спроведуваат новите мерки и да се работи по новите правила на функционирање. Според нив ќе мора да се однесуваат и персоналот и гостите. Во медиумите и по социјалните мрежи почнаа да кружат некакви „списоци“ со новите правила и мерки, во кои е содржан дел од сето она што ќе треба да се прави применува, како да се однесува кога ќе седнете на кафе ручек, вечера..., како и правилата на однесување при организирањето свадби и други семејни веселби! Предлог мерките веднаш во најмала рака беа протолкувани како „чудни“, тешко прифатливи, уште потешко изводливи и спроводливи, зашто се асоцијални и се косат со основните принципи на човечката природа и потреба за социјален контакт. Особено на места кои постојат и се измислени заради опуштање, забава, споделување на емоции... па однесувањето во кафеана коко во библиотека, е дефинитивно неприфатливо за клиентелата и тотално нерентабилно за газдите, чии трошоци за работа ќе бидат рапидно зголемени, капацитетите три, четири, па и пет пати намалени, а заработувачката сведена на едвај покривање на вложеното! На цените на услугата и задоволството наречено „кафеана“, не сакаме и да помислиме... И како што народот почна да се шегува дека за седење во кафеана ќе се закажува како за снимање на „магнетна резонаца“ - по 6 месеци однапред, естрадата, која директно е засегната и поврзана со работата на угостителските локали  „им се изнасмеа“ на предлог мерките и почна да си игра мајтап со она што беше најавено! Меѓу првите што реагираа, беше фолкерката Сања Сани Гроздановска, која и прва побара да ги отворат кафеаните „што живот значат“ за естрадата. Веднаш по „срамежливата“ најава на министерот за здравство Венко Филипче на новиот „здравствено-кафеански протокол“ за работа, фолкерката запрепастено реагираше, јавно прашувајќи го министерот дали е сериозен? На нејзините вчудовидени коментари  се надоврзаа уште некои македонски естрадни автори и музичари. Така познатиот автор Орце Зафировски,не можејќи да им се изначуди на умот, почна да се мајтапи со предлозите за идниот „свадбен протокол“ што го заговара владата, во кој стигнавме и до првата брачна ноќ: Музичарот и некогашен тапанар во повеќе фолк групи, меѓу кои и  „Премиер бенд“, токму оние кои најмногу од свадбите и живеат, револтирано искоментира, „кој е, а кој не е глупав“, во случајов: На најавите за новите протоколи на работа и однесување реагираа и други естрадни ѕвезди и музичари. Едни со вчудовидување, други со неверување, трети полни со бес и лутина... А, некои работат ја свртеа и на мајтап! Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска, споделувајќи дел од списокот со „небулозни предлози“ на своите профили на социјалните мрежи, само загриженно запраша: „Сериозно?“ И додека се очекува „пикот на нови, луди идеи“ допрва да дојде, како што тоа го протолкуваа дел од естрадните уметници, некои од нив наголемо почнаа навреме да се подготвуваат за „новото време“. За новата естрадна епоха да не ги фати неспремни, па да останат гладни и жедни! За тоа како во иднина треба  да се однесува пејачот кон гостинот кој е седнат во кафеана и обратно, „показна вежба“ од дома направи пејачот и член на фолк групата „Болеро бенд“ , Христијан Кико Божинов. Пејачот својот „естраден СВОЗ“ ( Сите Во Одбрана и Заштита) го демонстрираше во домашниот двор, па несебично го сподели во јавноста, како демонстрација за колегите, како се зема по ново, бакшиш! Ако народот можеше да измисли стапче за селфи, итриот Кико измисли стап со корпа за бакшиш! Само се плашиме дека  овој негов мајтап, некој од владата може сериозно да го сфати, па Филипче, или некој друг од министрите и нивните советници може на следната прес конференција да излезе и самиот со „стапот“... за бакшиш, како сериозен предлог за еден од најважните реквизити за естрадните уметници во новиот „кафеанско-свадбен протокол“! ]]>

На мајтапот му нема крај: Најдени и останатите пари од „Рекет“, еве кај ги криеле… https://arhiva.vistina.com.mk/na-majtapot-mu-nema-kraj-najdeni-i-ostanatite-pari-od-reket-eve-kaj-gi-kriele/ Thu, 22 Aug 2019 13:35:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103481

Социјалните мрежи и натаму се главното место каде што за аферата „Рекет“ најмногу се полемизира. Од крајно сериозни медиумски текстови, преку „фејк“ написи до мајтап статуси и коментари. Твитерџиите, фејсбукџиите, инстаграмџиите и  јутјуберите не престануваат  суровата реалност, да ја  претстават од нејзината смешна страна. И навистина би била смешна, да не е трагична, ама... Таква е и следната објава за тоа дека се најдени и останатите пари од „Рекет“ и каде ги криеле...
 ]]>