мајски оперски вечери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 May 2023 12:22:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мајски оперски вечери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 26-ти мај на „Мајските оперски вечери“: „Реквием“ од Џузепе Верди https://arhiva.vistina.com.mk/na-26-ti-maj-na-majskite-operski-vecheri-rekviem-od-dhuzepe-verdi/ Mon, 22 May 2023 12:22:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303233

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20.00 ч. ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Македонија. Солисти: Беса Лугичи, сопран (Косово), Сања Анастасиa, мецосопран (Србија), Никола Китановски, тенор, Игор Дурловски, бас. Неповторлива музичка фантазија! „Реквием“ на Верди е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони. Композиторот Јоханес Брамс изјавил дека „само гениј би можел да напише вакво дело!“ Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…]]>

Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери https://arhiva.vistina.com.mk/so-nabuko-vecherva-se-otvora-51-izdanie-na-majski-operski-vecheri/ Tue, 09 May 2023 12:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301267

Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски. Поради големиот интерес на публиката, распродадени се билетите за „Набуко“ и „Лебедово езеро“. На 17 мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21 мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26-ти мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31 мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање. Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов вели дека „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година. Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.]]>

Отворено јубилејното 50. издание на „Мајските оперски вечери“ https://arhiva.vistina.com.mk/otvoreno-jubilejnoto-50-izdanie-na-majskite-operski-vecheri/ Tue, 10 May 2022 12:44:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249707

Традиционално со палење на фестивалскиот оган, синоќа во Македонската опера и балет беше отворено 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери, а оваа година фестивалскиот оган го запали нашата оперска примадона, Милка Ефтимова. Јубилејното издание на Меѓународниот фестивал на оперска уметност беше отворено со операта „Норма“ од Винченцо Белини, која ќе биде репризирана на 11 мај, а на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. По две тешки пандемични години, кои нѐ лишија од нашите нормални животи, вечерва се подигна завесата на 50 издание на меѓународните Мајски оперски вечери. Јубилеј за почит. Вечерва празнуваме уште еден јубилеј - 75 години од основањето на Македонската опера, која токму на овој ден пред 7 и пол децении ја изведе првата опера во главниот град на слободна Народна Република Македонија. Не случајно Денот на победата, Денот на Европа го чествуваме и со еден ваков редок музички настан како што се Мајските оперски вечери. Зашто операта е неповторлива, незаменлива и со векови е на пиедесталот, рече меѓу другото министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.]]>