мајски оперски вечери 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 May 2022 12:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мајски оперски вечери 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со „Норма“ се отвораат јубилејните 50. Мајски оперски вечери https://arhiva.vistina.com.mk/so-norma-se-otvoraat-jubilejnite-50-majski-operski-vecheri/ Mon, 09 May 2022 11:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249471

Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва, 9 мај 2022 година на сцената на Националната опера и балет ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди. Директорот на НОБ, Васо Ристов, на прес-конференцијата по повод 50-те МОВ, истакна дека изминатите пет децении македонската културна сцена благодарение на оваа престижната манифестација, активно го живее месецот мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници.
Со изминувањето на годините, се повеќе и посигурно МОВ ги оставруваат проектираните цели и ја оправдуваат потребата за нивното постоење и одржување етаблирајќи се како ценета, престижна и меѓународно етаблирана музичко-сценска манифестација. И после двегодишната пандемија, НОБ успеа да го задржи својот континуитет и квалитете со оглед на предизвиците кои ги носат светската екононска, енергетска енергетската и безбедносната криза, рече Ристов.
Уметничкиот раководител на Операта, Дејан Прошев нагласи дека за големиот јубилеј на оперскиот фестивал, се одлучиле отворањето на манифестацијата да биде со операта „Норма“, бидејќи годинава се одбележуваат 30 години од нејзината прва изведба во земјава, а последен пат на МОВ била изведена 1996 година.
Во „Норма“ настапува екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои по традиција ги отвораме вечерите, рече Прошев.
Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер е Ренато Бонајуто, кој се зблагодари за, како што рече, доделената одговорност и чест да го отвори 50-то издание на Мајските оперски вечери, со македонските уметници со голем потенцијал. Во Операта настапуваат и првенките на НОБ, Благица Поптомова, која ќе ја изведе насловната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, кои на прес-конференцијата изразија задоволство што ќе бидат дел од отворањето на МОВ и предизвикот да настапат во една ваква добра продукција, вклучувајчи ја сценографијата и костимите. Дел од артистичката екипа се и Иван Томашев од Србија, кој ќе ја донесе улогата на Оровезо, Марика Поповиќ во улогата на Клотилде, како Флавио ќе настапи Дејан Стоев, а децата се Василиј и Стефан Дашиќ. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска. Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1972 година.]]>

50-то јубилејно издание на „Мајските оперски вечери“ започнува на 9-ти мај 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/50-to-jubilejno-izdanie-na-majskite-operski-vecheri-zapochnuva-na-9-ti-maj-2022/ Wed, 20 Apr 2022 12:13:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247183

“Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење. Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност. На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата”, велат од Македонската опера и балет. Во продолжение погледнете го прегледот на програмата на јубилејното 50-то издание на „Мајските оперски вечери“ по датуми и денови на одржување на претставите: 50 „Мајски оперски вечери“ - Програма 9-ти мај 2022, почеток 20 часот Свечено отворање / премиера „Норма“ – Винченцо Белини 11-ти мај 2022, почеток 20 часот „Норма“ – Винченцо Белини ОФФ програма 14-ти мај 2022, почеток 20 часот „Госпоѓиците од Авињон“ (балетска претстава) 18-ти мај 2022, почеток 20 часот „Лучија од Ламермур“ – Гаетано Доницети 21-ви мај 2022, почеток 20 часот „Жизел“ – Адолф Адам (балет) 26-ти мај 2022, почеток 20 часот „Турандот“ – Џакомо Пучини 31-ви мај 2022, почеток 20 часот „Аида“ – Џузепе Верди]]>