мајкл џордан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Aug 2023 11:17:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мајкл џордан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Мајкл Џордан ќе се жени со сопствената дадилка: Го чувала од пелени, а сега му станува сопруга (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-majkl-dhordan-ke-se-zheni-so-sopstvenata-dadilka-go-chuvala-od-peleni-a-sega-mu-stanuva-sopruga-foto/ Tue, 22 Aug 2023 11:17:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314799

На Ларса Пипен и Маркус Џордан и покрај разликата во годините од 17 години им оди одлично и планираат да се венчаат. Маркус Џордан (32), син на најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, планира да се ожени со Ларса Пипен (49). Ова е поранешната сопруга на Скоти Пипен (57), славниот соиграч на Мајкл Џордан во Чикаго, со кој заедно освоија шест шампионски прстени, а Маркус Џордан го памети уште од мал. Со оглед на тоа дека семејно биле пријатели, Ларса дури и го чувала Маркус, па речиси три децении подоцна меѓу нив се родила љубов.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marcus Jordan (@heirmj523)

Тоа е љубов која таткото на Ем-Џеј не ја одобрува и се противи на врската на неговиот син со многу постара жена, но Маркус тоа не го интересира и според информациите на американскиот портал „TMZ“ - планира наскоро да ја запроси. . Тие двајца и покрај сомнежите на целата јавност, одлично функционираат и својата хармонична врска сакаат да ја крунисаат со брак. Маркус и Ларса се во врска повеќе од една година и многумина мислеа дека тоа е само „фаза што поминува“, бидејќи и двајцата имаа бурни романси во минатото, но двајцата се многу сериозни. Ларса Пипен беше во брак со Скоти од 1997 до 2021 година, потоа почна да излегува со многу помлади кошаркари од себе - како Малик Бисли - и сега се врати со Маркус Џордан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Larsa Pippen (@larsapippen)

Инаку, поранешниот модел и учесник во реалното шоу има четири деца, од кои најстариот Скоти Јуниор игра во НБА, па тоа е една од причините зошто Мајкл Џордан е против врската со Маркус. Кога на почетокот на јули папараците во Париз го „уловиле“ Мајкл Џордан со сопругата Ивет Прието пред ресторан, го прашале дали ја одобрува врската. Најдобриот на сите времиња само се насмеа и рече „не“, оставајќи ја Ларса трауматизирана. - Мислам дека не беше смешно. Нема ништо смешно во тоа. На некој начин се срамев. Јас сум истрауматизиран! - изјави тогаш бившиот на Пипен. Фото: Принтскрин/Инстгарам]]>

Легендарниот Џордан „уловен“ како ужива со сопругата на јахта во Хрватска, но и како паѓа од скутер во вода (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/legendarniot-dzordan-uloven-kako-uziva-so-soprugata-na-jahta-vo-hrvatska-no-i-kako-pagja-od-skuter-vo-voda-video/ Wed, 25 Aug 2021 08:58:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216674

Мајкл Џордан ужива на одмор во Хрватска покрај својата поубава половина. Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, овие денови е на одмор во Хрватска каде пристигнал со прекрасна јахта чиј наем чини милион евра неделно. Џордан е во Сплит, а нивната јахта привлекла големо внимание кај граѓаните кои се собрале околу неа. На Џордан очигледно не му е лесно да се опушти покрај толку љубопитни погледи, но сепак го прави тоа заедно со својата сопруга Ивет. Инаку, Ивет Прието е втора сопруга на Мајкл Џордан. Нејзе ја запознал две години откако во тоа време се случил најскапиот развод. Врската на Џордан и Ивет започнала во некој ноќен клуб во 2008 година, една година подоцна почнале да живеат заедно, а во 2011 година Мајкл ја запросил, па во 2013 година се венчале. Во таа прилика Ивет морала да потпише предбрачен договор поради тоа што Мајкл не сакал да ја повтори ситуацијата од претходниот развод кога останал без 168 милиони долари. По разменувањето на нежности со сопругата, Џордан од Сплит со својата јахта се упатил кон Шибеник, а таму го снимиле како вози скутер и тоа баш во моментот кога се превртил и паднал. Погледнете го видеото: ]]>

Мајкл Џордан возеше џет-ски во Шибеник (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/majkl-dzordan-vozeshe-dzet-ski-vo-shibenik-video/ Tue, 24 Aug 2021 10:16:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216529

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, вчера пристигна на одмор во Хрватска, а по престојот во Сплит, денеска замина во Шибеник, каде што е снимен како ужива во џет-ски вожња. Џордан е во Хрватска со семејството и пријатели, каде плови со јахтата O'Pari. Станува збор за јахта направена во 2020 година, долга 95 метри и има шест палуби, а нејзината неделна кирија чини дури милион евра. Легендарниот кошаркарски ас синоќа од својата луксузна јахта ги поздрави насобраните граѓани на Сплит и туристите, а Џордан големо внимание од фановите привлече и денес во Шибеник. Го посети и Националниот парк Крка, а порталот ŠibenikIN објави ексклузивни снимки како се забавува возејќи џет-ски. Џордан со Чикаго Булс освои 6 титули во НБА лигата. Првите три ги освои до 1993 година, а потоа, по смртта на неговиот татко, одлучи да игра бејзбол, за потоа да се врати на паркетот во 1995 година. Потоа освои три нови шампионски титули и повторно се пензионираше, за да се реактивира во 2001 година, по пауза од три сезони. Овојпат играше во дресот на Вашингтон Визардс и тоа на 40 години повторно постигнувајчи просек од преку 20 поени по натпревар. Во текот на кариерата беше доминантен на двете страни на паркетот. Беше најдобар стрелец во лигата 10 пати, 9 пати се најде во најдобрата дефанзивна петорка, освои 5 титули МВП и 6 шампионски титули, и без сомнение е најдобриот кошаркар на сите времиња.]]>

Мајкл Џордан во шок: „Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам, го сакав Коби како помал брат“ https://arhiva.vistina.com.mk/majkl-dzordan-vo-shok-zborovite-ne-mozat-da-ja-opishat-bolkata-shto-ja-chuvstvuvam-go-sakav-kobi-kako-pomal-brat/ Mon, 27 Jan 2020 08:49:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131104

Легендарниот Мајкл  Џордан се огласи по смртта на Коби и неговата ќеркичка, со зборовите: „Јас сум во шок поради трагичната вест за заминувањето на Коби и Џиана. Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам. Го сакав Коби, тој ми беше како помал брат. Отворено разговаравме и многу ќе ми недостасуваат тие разговори“  - изјавил Џордан, додавајќи: „Тој беше жесток конкурент, еден од најголемите во играта и креативна сила. Коби исто така беше неверојатен татко кој длабоко го сакаше своето семејство  и се гордееше со љубовта на неговата ќерка кон кошарката. Ивет ми се придружува во испраќањето на моето најдлабоко сочувство до сопругат на Коби, Ванеса, до Лејкерси и љубителите на кошарката ширум светот“. Извор: ТМЗ Спортс Фото: Инстаграм скриншот]]>