мајчин јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Jul 2018 12:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мајчин јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски на 1-ви август во „Антички“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-na-1-avgust-vo-antichki-vo-ohrid/ Thu, 26 Jul 2018 12:05:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40199

Нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски го најави својот концерт на 1 август во „Античкиот театар“ во Охрид, на кој ќе настапи со гостите и негови пријатели: кавалџијата Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, пејаката Биља Крстиќ од Србија, нашата оперска дива Весна Гиновска Илкова и македонската етно група „Љубојна“. Посетителите ќе можат да уѓживаат во изведбата на материјалот од неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“. „Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни“, рече на денешната прес-конференција Стефановски. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт. За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него. Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски рече дека еден од мотивите за организирање на овој концерт е за да се спротивстави на „тоа сè и сешто што доаѓа и што настапува токму овој датум. И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 август – Илинден, заедно со последните нумери од концертот“, рече Стефановски.   Извор: Нова Македонија]]>

Влатко Стефановски на 1-ви август во Антички театар во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-na-1-avgust-vo-antichki-teatar-vo-ohrid/ Wed, 11 Jul 2018 09:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37484

Охрид вообичаено и летово ќе биде центар на бројни музички настани, а меѓу нив е и концертот на легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој по трите преполни скопски концерти во Македонската филхармонија, музиката од својот нов албум „Мајчин јазик  ја носи и во Античкиот театар во Охрид. Концертот е закажан за 1 август, со почеток во22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Билетите се веќе пуштени во продажба онлајн и на сите продажни места на „Купи карти за сè“.]]>

По концертот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски ништо веќе не е исто! https://arhiva.vistina.com.mk/po-koncertot-majchin-jazik-na-vlatko-stefanovski-nishto-vekje-ne-e-isto/ Mon, 19 Mar 2018 12:55:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16576

Како во сон, како во полусон, или помеѓу сонот и јавето, прозвучија концертните изведби на гитарскиот гуру Влатко Стефановски, на синоќешниот концерт во Македонска филхармонија, на кој ги промовираше темите од најновиот албум „Мајчин јазик“. Беше толку магично интимно, само Влатко на сцена и неговата гитара, што доколку ги затворите очите, би помислиле дека до вас допираат звуците од некоја нестварна измислена бајка. Деветте инструментални верзии на македонски народни песни, како и композиции од опусот на „Леб и сол“,кои се најдоа на албумот беа изведени во еден здив. Маестрото ја изведе и „Пелистерски очи“, инструментална тема од авторот Тале Огненовски и легендарната „Успаванка за Радмила М“, која своевремено во студијата на М1 ја снимиле со „Бијело дугме“.
-Сум свирел многу музика во испрекршени ритмови 3/4, 4/4, 5/4, 7/8, 8/8, но никогаш претходно во 13/8 такт како на овој албум – им објасни на присутните во преполната сала. „Елено ќерко“ и, како што кажа најубавата македонска песна „Јано мори“ ја изведе во друштво на Вера и Оливер од „Љубојна“. „Кандилце“ и „Македонци“, негови постари теми беа следни на репертоарот, а потоа ја најави својата четиридецениска пријателка Билја Крстиќ, со која ги изведоа „Димитријо сине Митре“ и „Калајџиско оро“. -Сега ќе имате можност да присуствувате во феноменален музички екперимент –  рече за нивната изведба на „Кајалџиско оро“, која Билја ја интерпретираше на поспор, а Влатко на побрз начин.
Кога дојде ред да ја најави, според него најпопуларната македонска песна која, се пеела и во Америка и во Јапонија и во Западна Европа и каде не, „Јовано, Јованке“, рече дека има скромен придонес зошто во неговото 40-годишно делување песната ја свири на сите свои гостувања надвор. Атмосферата се разбранува, а маестрото имаше објаснување и за тоа. -Оваа песна е „брејкинг поинт“ на сите мои концерти. После неа ништо веќе не е исто – објасни и беше сосема во право, затоа што публиката веќе почна да станува од своите столчиња и да го подржува ракоплескајќи. „Џипси сонг“ ја изведе со четири виолинистки од Софија, а со последната гостинка на вечерта, оперската дива Весна Гинова Илковска ја изведоа „Македонско девојче“ и „Con te partiro“. Првиот бис беше „Бистра вода“ од репертоарот на „Леб и сол“, а вториот „Скопје“ заедно со сите. -За овој наш каков таков, но многу мил град што се вика Скопје, пред 30 години напишав една песна – најави Влатко и ја испеа придружен од сите свои гости.
  „Мајчин јазик“, овој негов соло акустичен албум минатата година го објави „Кроација рекордс“ од Загреб, а концертите ги организира „Баги комуникации“. Три концерти за оваа пригода, на 17-ти и 18-ти март, и утревечер, 20 март. Но, најубавото од концертите на Влатко, е токму тоа што како да не завршуваат. Кога и да се потсетите на нив го имате чувството како да сте уште таму. Публиката иташе по концертот да си оди, чиниш сака себично да си ги задржи впечатоците само за себе, предозирана со многу музичка убавина. По овие концерти на Влатко со „Мајчин јазик“, навистина ништо веќе не е исто! Извор: Текст.мк]]>

Влатко Стефановски закажа и втор концерт на „Мајчин јазик“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-zakaza-i-vtor-koncert-na-majchin-jazik/ Mon, 19 Feb 2018 10:14:37 +0000 http://vistina.mk/?p=13149

„По распродадениот прв концерт, најавуваме и ВТОР концерт на Влатко Стефановски на 18 март во Македонската филхармонија“, соопштија организаторите од  „Баги комуникации“. Првиот закажан за 17 март е веќе распродаден, а влезниците за вториот се пуштени во продажба од вчера, онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com. Двата концерта се по повод новиот албум на Стефановски, „Мајчин јазик“, кој беше издаден кон крајот на минатата година и кој е првиот акустичен албум во неговата кариера. Специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.]]>

Влатко Стефановски го промовираше својот „Мајчин јазик“ во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-promovirashe-svojot-majchin-jazik-vo-belgrad/ Wed, 14 Feb 2018 13:46:24 +0000 http://vistina.mk/?p=12808

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски, во Белград го промовираше својот најнов албум со наслов  „Мајчин јазик“, кој е снимен во минимални технички услови. Албумот е објавен кон крајот на минатата година за хрватска продуцентска куќа. Гостувајќи во емисиии на РТС, но и на прес-конференција пред неговиот концерт во Белград, кој е закажан за 2 април, Стефановски рече дека албумот е снимен и направен за 4 дена, но со материјал кој го собирал и складирал во својата глава во изминатите 20 години. „Мајчин јазик“ ќе биде премиерно претставен и пред македонската публика на 17 март, а на концертот што ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.]]>

Влатко Стефановски акустично на „Мајчин јазик“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-akustichno-na-majchin-jazik/ Fri, 26 Jan 2018 13:01:03 +0000 http://vistina.mk/?p=10969

Во ноември 2017 година, Влатко Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. На 17 март 2018 година, ќе биде организират концерт на кој за првпат пред македонската публика ќе биде претставен албумот „Мајчин јазик“. Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски. Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно-дива Биља Кртсиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје. Билетите се пуштени во претпродажба преку „Купи карти за сè“. https://www.youtube.com/watch?v=0ZHVrp90PgI]]>

Влатко Стефановски на новиот албум се изрази на „Мајчин јазик“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-na-noviot-album-se-izrazi-na-majchin-jazik/ Thu, 26 Oct 2017 13:10:21 +0000 http://vistina.mk/?p=1577

Откако ја доби наградата за животно дело „11 октомври“Влатко Стефановски продолжува со својата работа на полето на музиката и културата. Тој го објави својот нов албум  „Мајчин јазик“ кој доаѓа три години по неговото последно дискографско отстварување  „Сеир“. На „Мајчин јазик“ се сместени  девет инструментални верзии на македонски народни песни, но и теми од опусот на „Леб и сол“ и „Бијело дугме“.
Како бонус песна, која е единствена вокална на албумот, е „Море сокол пие“, која Стефановски ја изведува заедно со Раде Шербеџија, кој ги пее стиховите на оваа позната македонска песна.  Меѓу другите теми на ЦД се најдоа и  „Бистра вода“, „Успаванка за Радмилу М“, „Јано мори“, „Димитрио, сине Мите“, „Македонско девојче“, како и „Зошто си ме мајко родила“, која  е посветена на нејзиниот автор и изведувачи, Стево и Есма Теодосиевски.
„Мајчин јазик“ доаѓа со интересна насловна страница, на која се наоѓа фотографија од неговата мајка Нада, во улога на Маша од драмата „Жив леш“ на Толстој. Оваа слика што датира од доцните 1940-ти, му дава на албумот посебна емоционална вредност, а исто така упатува и на инспиративно уметничко опкружување во кое Влатко Стефановски созревал како музичар и уметник. Издавач на ЦД-то е Кроација рекордс. Извор:Нова Македонија]]>