маја парговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Nov 2019 08:50:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маја парговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Само што заплива во вториот брак, доживува нов „брачен бродолом“: Коки Јанков по втор пат се разведува? https://arhiva.vistina.com.mk/samo-shto-zapliva-vo-vtoriot-brak-dozivuva-nov-brachen-brodolom-koki-jankov-po-vtor-pat-se-razveduva/ Mon, 11 Nov 2019 08:46:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117683

Никола Коки Јанков, познат како една половина од некогаш многу популарното штипско дуо „Дуле и Коки“, по прераната смрт на својот компањон Дуле, остана на свои плеќи да го носи бремето на сето она што заедно го создадоа низ годините наназад. Но, за Коки по смртта на Дуле, повеќе ништо како да не беше исто. Оттогаш и во професионалната кариера и во бракот почнаа да се јавуваат осцилации, потреси, бури... Професионалниот крах со екипата од „Тајфата“ (која подоцна се спои со пејачот Димитар Андоновски и се' уште така функционираат), како да беше само наговестување за она што ќе следи во приватниот живот на виолинистот - брачниот бродолом! Со новинарката и портпароило на АМСМ,  Росана по 10 години брак „ненадејно“ објавија развод и тргнаа секој на своја страна. Единственото нешто што остана да ги врзува е нивната ќеркичка Лара. Но, Коки не чекаше долго, па дали не можејќи сам да турка понатаму во животот  тогаш самиот изјави во една емисија: „Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој  живот е за храбрите, не е за плачковци“. Веројатно затоа  храбро и се врати на старата љубов, девојката со која биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, скопската адвокатка Маја Парговска. Двојката набргу ја обзнани својата врска која по неколку месечно „враќање во минатотот“ реши да ја заснова својата иднина врз темелите на нова брачна заедница - за Коки втора! И колку бргу да дојде новиот брак, само неколку месеци по разводот на првиот, уште побргу деновиве доаѓа и веста за новиот развод на Коки!? Имено, како што веќе објави естрадниот магазин од зд сцената „Бекстејџ“ Коки Jанков и неговата нова сопруга Mаја се разведуваат,  по низата расправии и несогласувања на кои наводно сведочеле дел од нивните соседи!? Епилогот - втора бракоразводна парница за Коки која е во постапка! Дали навистина „каде што има чад, има и оган“, па виолинистот се најде среде уште еден „брачен пожар“ и кој и колку од него ќе излезе „изгорен“, останува отворено и Коки, но и неговата понежна брачна половина, сега веќе во заминување да појаснат, потврдат или демантираат! Како и да е, едно е сигурно: На нежните звуци на неговата виолина, со сигурност ќе им остане верна само една женска душа... Неговата ќеркичка Лара! https://www.youtube.com/watch?v=HxCOL4Ld4yA  ]]>