маина тошиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Nov 2021 11:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маина тошиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марина како Мадона: Црно бел секс и обоена еротика, на “бугарската Србинка“ – некогашна македонска пејачка (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marina-kako-madona-crno-bel-seks-i-oboena-erotika-na-bugarskata-srbinka-nekogashna-makedonska-pejachka-foto-video/ Tue, 02 Nov 2021 10:18:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225506

Пејачката Марина Тошиќ по потекло е Србинка која долги години живееше и работеше во Македонија, каде настапуваше по кафеаните, ноќните клубови и дискотеките. Пред неколку години се пресели во Бугарија, каде се обиде да направи пејачка кариера. Повеќе или помалку во тоа и успеа иако не до крај, но затоа Марина стана повеќе позната по своето раскалашено однесување, разголените  фотографии и секси фотосесии, отколку по големите хитови. Нејзините страници на социјалните мрежи речиси секојдневно се преплавени со еротски фотографии кои  ја поттикнуваат волшебната игра на сите сетила и ги будат машките и не само машките страсти, копнежи, желби... до лудило! На нив расната русокоса несебично ги споделува сите свои телесни атрибути, а кај Марина мајката природа не штедела кога дарувала, а и естетската хирургија коригирала се' што можела. Раскошна, бујна, страсна, привлечна, пожелна, сексапилна, порочна, неретко дури и перверзна, Марина во многу што наликува на Карлеуша, а во најновото видео и на најпознатата светска поп дива - Мадона! Имено, Марина Тошиќ по македонски, српски и бугарски јазик, за прв пат официјално пропеа и на англиски во новата песна „Waistline“, која е визуелизирана со видеоспот, буквално како оние најконтроверзно-перверзните на Мадона од времето на нејзината „Еrotica“. Нешто што и самата Марина написмено го признава, откако под спотот напишала дека некои од сцените во нејзиното ново видео се инспирирани токму од Мадона. Црно бел секс и обоена еротика, на “бугарската Србинка“ и некогашна македонска пејачка, со кој изобилува буквално секоја сцена од видеото. Во него Марина блеска со сиот свој телесен раскош, разголените сцени го подигаат еротскиот набој до плафон, а уметничката голотија секако, е пуштена на најјако. „Песната беше готова за два часа. Се заљубив во неa и иако беше готовa  уште на почетокот на 2020 година, ја слушав десетици илјади пати. Оваа песна го отсликува мојот темперамент, личност, историја и фактот дека ми се допаѓа повеќе лирскиот звук. Во оваа песна има страст, нешто што ме скокотка штом ја слушнав. Така сфатив дека ова е мојата песна“ - вели Марина во интервју за  порталот на бугарската ТВ „Балканика“. Повеќе од сигурно дека и вас ќе ве заскокотка страста кога ќе ги видите разголените сцени на Марина во видеото. Но, ако е спотот ваков, сите се прашуваат каков ли ќе биде новиот календар за 2022 година кој Марина го слика и снима. Според најавните сцени, ќе биде многу повеќе од скокотлив... И тоа не само за мажите, туку и за оние од понежниот пол со „поинаква“ сексуална определба. Впрочем, за сите...! Во меѓувреме, уживајте во страсните сцени на жешката Марина и нејзината посилна „половина“ во  „Waistline“: ]]>