магнет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Sep 2021 11:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png магнет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска ќе ве „залепи“ за себе како – „Магнет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-kje-ve-zalepi-za-sebe-kako-magnet-video/ Wed, 15 Sep 2021 11:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219198

„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер, понеделнички, на 14.09. 2021 год,  го промовираше на своите профили на социјалните мрежи. Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“. Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец. По се' изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“. „Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како се' изгледа. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим“ - вели младата Антониа. Она за што исто така доби многу позитивни коментари е нејзиниот стајлинг. Многумина го нарекоа светски и дека одлично и прилега. Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново со кое сме сигурни дека повторно позитивно ќе ја изненадат публиката. Она што е важно да се напомене, е тоа дека за неколку месеци Антониа ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи. Да не должиме многу, слушнете, споделете и уживајте во најновата песна на Антониа - „Магнет“! [embed]https://www.youtube.com/watch?v=smgcg5CNC_I[/embed]]]>

Еве зошто Антониа Гиговска е „МАГНЕТ“ за многу нешта: Од грст хитови, преку „влажни машки погледи“, до српски народњаци (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-zoshto-antonia-gigovska-e-magnet-za-mnogu-neshta-od-grst-hitovi-preku-vlazni-mashki-pogledi-do-srpski-narodnjaci-foto-video/ Thu, 19 Aug 2021 07:16:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215864

Антониа Гиговска со текот на годините покажа дека е веројатно една од неколкуте млади македонски пејачки кои се најдоброто што и се случило на домашната естрада во последнава деценија. И според она со каков глас ја надарил Бог, со каква телесна дарба и убавина ја обдарила мајката природа, според тоа како се развива и како личност, а и како се одвива нејзината музичка кариера, па се до приватноста која не ја крие, но ја става на увид на јавноста толку, колку што е само неопходно истата со секој свој потег или објава на социјалните мрежи да ја заскокотка. Со еден збор, Антониа секој ден се повеќе покажува дека не е „ветер во МАГЛА“ ни како личност, уште помалку како музички изведувач...Напротив, распената убавица се повеќе е „МАГНЕТ“...  И тоа за многу нешта:  Од грст хитови, преку „влажни машки погледи“, до српски народњаци... Еве и зошто! Музички, секоја нејзина нова песна станува широко прифатена кај најзината и не само нејзината публика, а таа е музички и пејачки се' позрела, поубедлива, подопадлива, се поблиску до  друштвото на нашите најголеми ѕвезди. Вокално, гласот кој и самиот со годините природно созрева, постојано го надградува и култивира, додавајќи му ги ситните финеси кои ја прават разликата... Како зачин, како миродии во јадење, кои ја даваат неодоливоста на посакуваниот вкус. Физички, подложна на трансформации, она што е природна убавина знае и умее да го „избруси“, што самата, што предавајќи се во вистинските раце на оние кои се мајстори за шминка, мејкап, фризура, модни креации, фитнес... Кај естетските хирурзи засега не тропнала на врата, зашто веројатно и не мора! Приватниот живот не го крие како „змија нозете“, ама и секој личен момент „не го сервира на послужавник“, на увид на јавноста... Нејзината приватност е доволно дозирана, онолку колку што треба. Последните објави на социјалните мрежи се доказ, жива вистина за посочените тези. Антониа со своето момче, пејачот на „Либеро бенд“  Иван Јованов ужива на море... Овој пат во Саранда, во Албанија. Русокосата убавица во костим за капење уште еднаш го сподели сиот свој телесен потенцијал, потсетувајќи дека телесниот раскош и е адут повеќе за успех.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Затоа Антониа и е „МАГНЕТ“ не само за публиката, туку и за „машки очи“, чии „влажни погледи“ се лепат за секоја од нејзините скокотливи објави. Привлекува како „МАГНЕТ“ визулно, ама и музички, а наскоро ќе дознаете и зошто?!
 
А што се однесува до пеењето...? Не само поп и ар ен би, Антониа на моменти умее да покаже дека и „народњаците“ не и се енигма... Особено оние од српската фолк естрада! Уште пак, ако покрај песната ти се погоди и дуетот, на добар пат си да го освоиш светот. Барем оној твојот, што го замислуваш, за кого живееш и сонуваш... да ти цутат бели рози! Зашто, колегата од дуетот, е веќе освоен... Со „Беле руже“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jovanov Ivan (@jovanov_ivan)

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/jovanov_ivan]]>

3 карактеристики кои без сомнеж ги сакаат: Ваква жена секој маж го привлекува како магнет https://arhiva.vistina.com.mk/3-karakteristiki-koi-bez-somnez-gi-sakaat-vakva-zena-sekoj-maz-go-privlekuva-kako-magnet/ Fri, 30 Jul 2021 12:15:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213406

Жените кои добиваат сè што ќе посакаат не се нужно фатални убавици, токму спротивното - тоа што ги краси доаѓа однатре, а не однадвор. Станува збор за три карактеристики на личноста кои им се привлечни на сите мажи. Тоа се следните 3 карактеристики:

Изглед

Секако, тие прво сакаат да изгледате убаво, но без претерување. Во речиси секоја можна анкета која била направена, докажано било дека мажите сакаат природен изглед, без многу шминка.

Недостаток на комплекси

Таквата жена ги прифаќа сите маани и доблести и не е хистерична доколку има вишок килограми. На мажите таквите жени им одговараат поради тоа што нив никогаш нема да им е јасно зошто жените прават толкав проблем кога на пример ќе се здебелат и зошто си наоѓаат маани себеси и таму каде што ги нема.

Животна енергија

Жените кои се полни со енергија и желни за животот, зрачат со сјај и оптимизам, па поради тоа тие се како магнет за мажите, а што е уште поважно - успеваат да ги задржат мажите покрај себе. извор: точка.мк]]>

Како да станете магнет за мажите? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-stanete-magnet-za-mazite/ Mon, 14 May 2018 11:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26612

Жените сакаат да бидат како неа, а мажите – со неа. Жената со магнетска привлечност поседува шарм и харизма кои оддалеку ги пленат претставниците на спротивниот пол. Сигурно многупати сте се прашувале како некои жени со просечна убавина се толку неодоливи што мажите не можат да го тргнат погледот од нив. Тие го поседуваат оној Х фактор по кои сите други копнеат. Мажите се визуелни суштества. Тие го избираат својот „плен“ според она што го гледаат, а потоа преминуваат кон запознавање на внатрешната убавина. Но, додека некои жени се фокусираат само на подобрување на својот надворешен изглед, жената магнет знае дека магијата на нејзината неодоливост е спој од надворешната и внатрешната убавина. За да станете магнет за спротивниот пол, прво треба да ги отстраните сите бариери кои ве прават несигурни и незадоволни од себе, кои ве спречуваат да се забавувате и да уживате во она што сте. Еве како да ја истакнете својата најдобра верзија и да станете магнет за машкиот пол:
  1. Однесувајте се како дама. Мажите сакаат жени кои се однесуваат како дами. Научете како да се движите елегантно, како да ги потиснете потезите кои ја откриваат вашата нервоза (тресење на ногата, допирање на лицето, гризење на усните, напнато играње со прамени од косата, тропкање на масата) и имајте добри манири. Жената магнет секогаш ја истакнува својата женственост, бидејќи знае дека токму тоа ги полудува мажите.
  2. Не се облекувајте за жените, туку за мажите и за себе. Модните комбинации кои ги следат најновите трендови можеби ќе предизвикаат воздишки кај вашите пријателки, но кај мажите може да поминат незабележано, дури и да имаат лош ефект. Жените се склони да се дотеруваат за да се импресионираат една со друга, а не за да ги маѓепсаат мажите. За да ги заробите погледите на посилниот пол, најважно е да се чувствувате комотно и пријатно во она што го носите. Вие може да бидете облечени во екстравагантен фустан со стотици мониста и блескави камења и сепак да не успеете да добиете ниту еден комплимент или маѓепсан поглед. Мажите обожаваат поедноставен начин на облекување. Можете да бидете неодоливи и во наједноставното црно фустанче или фармерки и бела маичка, сè додека знаете како да ги носите и се вклопуваат во вашиот стил.
  3. Користете позитивен невербален јазик. Арогантните и ладни жени кои глумат недостапност имаат и најмал успех, бидејќи создаваат негативност која ги оттурнува мажите. За да бидете целосна нивна спротивност, морате да покажете дека сте отворени за комуникација. Пресретнете го неговиот поглед и задржете го контактот со очите неколку секунди, насмевнете се умерено, држете ја главата исправена и забавувајте се. Откријте свој уникатен начин на флертување. Мажите нема да ви пријдат ако се правите недостапни и ако не им дадете зелено светло.
  4. Излегувајте со идејата дека сте во потрага на забава, а не на партнер.Премногу сингл девојки излегуваат со помислата „Денес морам да си најдам момче“, а потоа дремат разочарано во очекување на вистинскиот. Зафатени со својата мисија тие пропуштаат да се забавуваат и имаат вкочанет изглед, а тоа воопшто не е привлечно за спротивниот пол. Кога излегувате, целта нека ви е да се забавувате. Насмевнете се. Насмевката е најмоќниот женски адут. Таа рефлектира пријателски расположена и топла личност, до која би посакал да биде секој маж.
  5. „Обојте“ се во црвено. Бојата на љубовта отсекогаш го привлекувала машкото око. Сите истражувања потврдуваат дека жените облечени во црвено се далеку попривлечни за мажите. Извадете го црвеното фустанче од вашиот плакар и не се двоумете дали да го облечете. Не само што ќе станете магнет за машките погледи, но и ќе се чувствувате како фатално привлечно.
  6. Засакајте го вашето тело. Шармот и неодоливоста немаат ништо заедничко со формата на женското тело или со килограмите. Магијата на привлечноста е во самодовербата, во начинот на кој жената ужива во сопствената кожа, во женственото самоуверено држење на телото. Мажите нема да ги забележат двете „нови“ килца кои вие секој ден ги анализирате пред огледалото ако се чувствувате задоволни со нив.
  7. Бидете ангажирани и активни. Вкочанетото стоење со „мртов“ поглед, зјапањето во екранот од мобилниот телефон, молчењето не се сигнали кои испраќаат порака дека уживате во вечерното излегување. Покажете дека сте забавна личност и дека околу вас постојано се случува нешто интересно, за оној што ве набљудува да посака да влезе во вашиот свет. Танцувајте, разговарајте со луѓето околу вас, смејте се... На тој начин ем вие ќе се чувствувате посреќни, ем ќе ја интензивирате вашата привлечност.
  8. Не ги исмејувајте мааните на другите жени. Не го исмејувајте физичкиот изглед на другите жени, ниту пак нивната смисла за мода, особено кога сте во друштво на потенцијален кандидат за вашето срце. Лошите коментари за прекраткото здолниште на девојката од соседната маса и лошата шминка на девојката што минала покрај вас нема да ја зголемат вашата популарност кај мажите. Со таквото озборување и исмејување вие покажувате несигурност, а некој може да си помисли и дека рефлектирате љубомора. Подобро воздржете се од зајадливи коментари, за да не изгубите од својата привлечност.
  9. Совладајте ја уметноста на површните разговори полни со хумор (чамче-муабет). Откако храбриот додворувач ќе дојде до вас, потребно е да ја истакнете привлечноста на вашиот карактер. Се разбира, вашите први разговори нема да се многу длабоки, па вашата комуникација ќе се сведе на површни забавни муабети. И неврзаните разговори можат да ја покажат вашата интелигенција и смисла за хумор. Не ги потценувајте.
  10. И што е најважно, бидете уверени дека поседувате магнетска привлечност.Веројатно сте забележале дека во деновите кога се чувствувате убаво и привлечно добивате повеќе комплименти и ви приоѓаат повеќе луѓе. Тоа не е случајност. Кога вашите очи зрачат самоувереност, кога се чувствувате како да можете да го покорите светот, другите луѓе не можат да го игнорираат вашето присуство и вашиот неодолив магнетизам.
]]>