магија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Jan 2024 09:55:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png магија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Празнична магија како од бајките: Александар Јосифовски го има највпечатливо украсениот дом во Охрид (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/praznichna-magija-kako-od-bajkite-aleksandar-josifovski-go-ima-najvpechatlivo-ukraseniot-dom-vo-ohrid-foto/ Thu, 11 Jan 2024 09:55:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334494

Иако поминаа Нова година и Божиќ, празничниот дух се уште е тука... Празничните декорации ќе стојат се до стара Нова година и Василица, ако не и повеќе. Познатите Македонци годинава како и секоја претходна го покажаа својот празничен амбиент во домот, но рокерот Александар Јосифовски ги помина сите. Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ годинава се потрудил да создаде вистинска магија од декорацијата со која му е украсена целата куќа и дворот. Од приложеното се гледа дека е посветено доста внимание и е вложен многу труд, а фантазијата била пуштена на најјако. Налик на некој боќично – новогодишен филм, Јосифовски го има еден од највпечатливите имоти во Охрид. Пејачот иако периодов има доста настапи, кога ќе си дојде дома сака уште на влезот и првиот поглед да ја почувствува домашната магија создадена од сопствени раце, па и она дека никаде не е како дома. Инаку, Александар на крајот од декември го најави својот нов сингл „Још дан за нас“ кој наскоро ќе прозвучи на Јутјуб. фото: Instagram printscreen/ alexandarjosifovski/ Privatna arhiva]]>

Кога Снеже Велков готви за Бадник: Македонската водителка сама си измисли рецепт овој пат, а еве го и крајниот резултат (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-sneze-gotvi-makedonskata-voditelka-za-badnik-sama-si-izmisli-recept-a-eve-go-krajniot-rezultat-foto/ Sat, 06 Jan 2024 08:03:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127596

Новогодишните и Божиќните празници се најубавите бидејќи целото семејство се собира дома и во семејна атмосфера се радува на овие денови. Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков често знае да се најде во кујната и да направи разни специјалитети, а се тоа да го сподели на социјални мрежи со назнака: #КогаСнежеготви. Така и  за Бадник, денот пред големиот празник Божиќ, Снеже направи бадникова магија. Имено, таа направи специјална пита, а на социјалните мрежи се пофали дека сама си го измислила рецептот. „Кога сама си замислувам рецепти најдобро ми излегуваат. Бадникова магија ја нареков ова слатка вкуснотија. Најдоброто од се' е дека е комплетно безбеден и јас да го јадам (со оглед на моите алергии на се' и сешто). Му се радувам ептен. Рецептот ми е од око: „Брашно околу 300гр.(Може интегрално пченично или обично)+пециво *Сок од јаболко 100% околу 500мл. *мешано суво овошје исечкано(грозје, урми, смокви, кајсии и сл.) *едно јаболко исечкано *зачини: цимет и каранфилче Измешајте со дрвена лажица,ставете на хартија за печење во тепсија и готово!?? Не се додава ни грам шеќер ниту масло“ - напиша Снеже во опсиот на фотографијата од крајниот резултат. Но, ако мислевте дека тука завршува нејзината празнична авантура по сопствена рецептура, бидете убедени дека сте во заблуда, зашто Снеже се' уште не ја завршила својата готвачка процедура. Имено,  кога сме веќе кај јаболките,  како бонус на рецептот следи уште едно кулинарско изнендаување во вид на слатко дополнување од водителката, пардон - од готвачката. Овој пат ова е „нешто (многу) поконкретно“ и без импровизација, а и не бара кој знае каква кулинарска вештина и имагинација и се вика божиќна „Фитнес туфахија“. „Посна Лесна Без шеќер а блага Лична како оригиналот ама без грижа на совест Не дебелее Милина Замената за шеќер е стевиа речиси без калории Протеинот и е од @herbalife_macedonia_official Ако немате мелени лешници можете и со ореви Декорирајте со сецкани бадеми или ореви Одзгора за шмек посипете со агаве или мед и... Нека Ви е наздравје!“ - порача вредната водителка од домаќински ков, Снеже Велков!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Веруваме дека задоволна од готвењето и следниот пат ќе измисли некој нов рецепт со кој ќе се пофали на социјалните мрежи. А и вие, пробајте па кажете, ако одлучите уште денес истиот да го подготвите! фото: Принтскрин/velkovsneze]]>

Јован Јованов по 14 години молк повторно запеа и тоа во дует со Пајак: Ова е најновата ремикс верзија на стариот хит – “Магија” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-po-14-godini-molk-povtorno-zapea-i-toa-vo-duet-so-pajak-ova-e-najnovata-verzija-na-stariot-hit-magija-video/ Mon, 11 Dec 2023 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330567

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб. ]]>

Јован Јованов: “Имав желба уште една песна или ремикс да пуштам чисто заради мое задоволство, но не и да работам на враќање на мојата пејачка кариера како порано“ https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-imav-zhelba-ushte-edna-pesna-ili-remiks-da-pushtam-chisto-zaradi-moe-zadovolstvo-no-ne-i-da-rabotam-na-vrakane-na-mojata-pejachka-kariera-kako-porano/ Mon, 11 Dec 2023 08:32:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330445

Јован Јованов, композитор, продуцент, пејач… Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија.  Младите генерации растеа со нивните хитови како “Магија” , “ДЈ”, Светло се Гасне” , “Помислувам на тебе”, “Низ оган да минувам”, “Кажи ми”… се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ… И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип. По најавата и премиерата на ремикс верзијата на некогашниот голем хит „Магија“, овој пат отпеан во дует со мегапопуларниот Пајак, Јован Јованов говори за одлуката за ваквиот потег, својата кариера во странство и идните планови, за можното враќање на македонската естрадна сцена и дома, за соработката со брат му Иван Јованов - Ивајо, за Макфест... И сето ова во ексклузивното интервју што тој го даде за нашиот и ваш портал, Вистина.ком.мк, кое можете да го проследите во продолжение.
  • Деновиве во македонските медиуми најпрвин осамна веста за дуетот со Пајак, а сега и ремик верзијата на песната „Магија“ со која со истоимената група во своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а истата ве лансираше во македонската естрадна орбита. Дали Пајак и неговата  моментална мегапопуларност се одбрани  за да го „реинкарнираат“  Јован Јованов  назад на сцената или само сакаш да видиш колку своевремено си бил револуционерен и дали тогашнот хит може да функционира и денес?
Песната „Магија“ дефинитивно остави голема трага на македонската музичка сцена. Драго ми е што многу генерации пораснаа со неа и се' уште ја слушаат. Идејата за ремикс на Магија дојде од Пајак и брат ми. Буквално едно утро кога се разбудив  имав порака од брат ми: „Вчера беше Пајак во студио и пробавме да направиме ремикс“. Нормално мене идеата ми се допадна иако првичната идеа беше јас да не бидам дел од ремиксот туку само Пајак. Овој ремикс ќе дојде убаво за новите генерации, особено за малолетната публика. Јас сега за сега не планирам да се враќам во смисла да имам настапи низ Македонија. Имав желба уште една песна или ремикс да пуштам чисто заради мое задоволство, но не и да работам на враќање на мојата пејачка кариера како порано.
  • Ова не е прва „метаморфоза“ на тој хит, зашто веќе една таква „козметичка трансформација“ песната „Магија“ веќе има доживеано во 2007 година со Врчак и Адриан Гаџа. Не беше задоволен од таа верзија, па сега се обидуваш да и дадеш ново лице и зошто токму истата песна се повторува како во  луп, а не некоја друга или сосема нова?
Искрено бев задоволен од првиот ремикс. Тоа беше идеа на Адриан. И буквално таа верзија ја пеев долги години на сите мои настапи. Верзијата на Магија ми беше премногу звук од 90ти години, така што кога бев соло, првиот ремикс ми дојде супер и се вклопуваше во другите мои песни. Точно, можеби ќе беше интересно ако друга се преработеше, но сепак на Пајак таа му беше омилена, а јас го прифатив тоа со задоволство.
  • Ако дуетот помине како што очекуваш, ќе значи ли тоа дека Јован Јованов иако далеку од дома, му се враќа на пеењето на домашната естрадна сцена? 
Немам некои посебни очекувања, но за жал немам ни план да се вратам. Како што напоменав, можеби ќе има уште една песна или ремикс и тоа би било за сега. Сепак живеењето далеку од дома си го прави своето и не дозволува голема посветеност за кариера.
  • Цела деценија си во Канада, каде во 2014 се пресели со своето семејство. Зошто мораше и физички да се дислоцираш за да пробаш да правиш интернационална кариера, како што изјавуваше , кога веќе Интернетот и социјалните мрежи даваат можност да правиш, продуцираш и споделуваш музика од било кое место на земјината кугла?
Точно дека многу работи можеш да ги правиш од далечина. Но, сепак за изработување на песни, снимање и раборење со артисти треба да си на одредена локација. Музичките продуценти поминуваат многу време со артистите во студио за да направат песна. Не е исто. Но втората причина беше и тоа дека сакав промена во животот. Сакам да ми се случуваат нови работи, животот да ми е поинтересен, да излегуваат нови предизвици. Музичката индустрија во Македонија е мала и бидејќи сум присутен од дете, некако се презаситив.
  • Што работиш конкретно на музички план во Канада, дали си задоволен со очекуваните резултатите,  си добивил ли некакви признанија за работата досега и каква е материјалната сатисфакција?
Работам со доста артисти и да имав некој номинации, признанија и награди во предходните години. Добив неколку награди за една песна за филм,  на Ontario International Film Festival(ONIFF) за Best Music For Canadian Feature / The Petrichor Moviе, American Golden Picture, Best Composer / The Petrichor Movie, Venice Film Awards Best Original Song, The USA Songwriting Competition -HONORABLE MENTION AWARDS како и неколку номинации за која посебно ми беше драго за Hollywood Music in Media Awards за песната Warzone и My Love. Патот е долг за да направиш голем успех овде. Понекогаш посакувам и порано да си ја пробав среќата.
  • Колку и дали ја следиш македонската сцена и што ти се чини дека  денес е променето и поразлично од времето кога ти беше сериозен играч и како автор и како продуцент и како пејач на неа?
Ја следам македонската сцена колку што можам. Драго ми е што излегуваат нови имиња. Генерално музиката со интернетот е расплинета не само кај нас туку во целиот свет. Има премногу изданија, но неможат сите да бидат слушнати и да направат голем успех. А и тешко е и да се има огромни мегахитови како порано.
  • Иако и самиот своевремено беше познат и популарен и со „Магија“ и како соло автор и изведувач, како и повеќето македонски артисти никогаш не успеа да ја „прескокнеш онаа бариера и граница“  која не изолчира од соседството и регионот. Што мислиш која е таа „алка што недостасува“  што македонските иаведувачи никогаш не станаа големи регионални  ѕвезди со исклучок на неколкумина  како Влатко Стефановски , Тоше...?  
Јас како изведувач никогаш не сум сакал ниту сум се обидел да снимам нешто на друг јазик. Никогаш немам ништо снимено ниту на српски јазик. Имам продуцирано или правено музика за многу држави, но јас како соло изведувач немам. Стануваат доста македонски изведувачи популнарни на Балканот, но за да ја изградат популарноста на       поголемо ниво или да дојдат до степен каде би правеле концерти треба да снимаат исклучиво на српски јазик. Како што и Тоше сите песни ги пееше на повеќе јазици и на хрватски и на словенечки. Не може само со македонски јазик да станеш балканска ѕвезда. Може една, две песни да ти станат популарни и толку. Тоа би било исто сега некој романски изведувач или словенечки да биде ѕвезда во Македонија. Можеби ќе му помине некоја песна, ама нема никогаш да стане ѕзезда. Единствено јазикот е бариера.
  • Твојот брат Иван Јованов – Ивајо денес е еден од најпознатите и најбараните музички продуценти иаранжери кај младите генерации,м особено артистите од онаа нова генерација и таканаречена трап сцена. Дали и каква магија му пренесе пред  да заминеш, дали соработувате и на дистанца и научи ли ти нешто од него?
Многу ми е драго што продолжи. Мислам дека моето заминување му даде поголем поттик. Секогаш беше во студио, но секогаш некако чекаше на мене како постар да го направам првиот чекор за било што. Кога решив да заминам, првите 2 години, додека не почнав од музика да заработавам во странство, најголемиот приход ми беше од Македонија. Во тој момент Иван ја доби одговорноста да продолжи да работи со студиото и да ги продолжи сите проекти во тој момент што ги работев. Тоа го направи посилен, по искусен. И квалитетот што го поседуваше  излезе на виделина.
  • Последниве години си клучниот човек во Уметничкиот совет на фестивалот  „Макфест“ во Штип, кој евидентно доживува своевидна ренесанса на сите полиња: организиционо, музички, содржински, медиумски...  Кој е „тајниот зачин“, „магичната мирудија   во рецептот“  за  да се направи фестивал за сечиј вкус?
Најпрво ми беше чест и драго да бидам поканет да работам на Макфест и да бидам дел од уметничкиот совет. Едноставно некој работи во животот ги правиме пред се од задоволство. Макфест ми буди убави спомени и сакам да сум дел него и помогнам колку можам.  Желбата ми беше да има изведувачи од сите генерации и да бидат опфатени повеќе стилови за сечиј вкус, изведувачите да се фокусираат на песните, и настапите наместо на награди како порано. Гледано од моја перспектива со искуство, но и од местото каде живеам сакам да им дадам поддршка на сите.
  • Планираш ли наскоро да се вратиш во Македонија и зошто би или не би се вратил или можеби обратно, планираш и твојот брат Ивајо да го повлечеш во Канада?
Сега за сега за жал не планирам да се вратам, убаво ми е еднаш годишно да се прошетам да ги видам сите драги луѓе. Незнам и за брат ми. Има неколку различни планови, па ќе видиме!? Фото: Инстаграм/jovanjovanovjj и www.jovanjovanov.com/]]>

Јован Јованов во дует со Пајак: Ремикс на „Магија“, песната што своевремено го вивна во естрадната орбита, по што тој дефинитивно се враќа на сцената? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-vo-duet-so-pajak-remiks-na-magija-pesnata-shto-svoevremeno-go-vivna-vo-estradnata-orbita-po-shto-toj-definitivno-se-vraka-na-stsenata-foto/ Thu, 30 Nov 2023 07:49:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329206

Деновиве на социалните мрежи осамна заедничка фотографија од Јован Јованов и Пајак во студио, која веднаш ја заскокотка јавноста, па бројните фанови  посакаа да дознаат, што ли тоа се готви во „фабриката за хитови“  на Јованови? Многумина веќе помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, кој своето доаѓање во Македонија (за време на деновите на фестивалот „Макфест 2023“) од Канада, каде што живее и работи последниве години, го искористил за соработка со Пајак. Не дека нема вистина во претпоставките, но сепак, на големо изненадување се работи за нешто слично, а сепак различно. Имено, во прашање е дует и тоа во вид на ремикс на некогашниот мегахит „Магија“ на истоимената група која Јованов ја основаше и беше нејзин лидер со која победија токму на „Макфест“ во далечната  1998 година. Песна која се' уше се слуша по  радиостаниците и ДЈ -ите ја пуштаат по кафулињата, дискотеките и ноќните клубови. По желба и инсистирањена Пајак, Јован после 14 години повторно ќе запее: „Ќе ми треба магија...“ и тоа во дует со Пајак. Како што дознаваме за песната е направен и нов аранжман и целосно нова, модерна продукција од страна на неговиот брат, денес познатиот музички продуцент и аранжер Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со видеоспот наскоро ќе биде промовирана во етерот. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение очекуваат да слушнат и помладите и оние повозрасните. Или што би рекле, и ќерките кои растат со песните на пајак и мајките кои ги минуваа најубавите тинајџерски години со хитовите на „Магија“. „Најавениот дует  би требало да биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“ - кусо ни изјави Јованов, со што како срамежливо да го наговестува својот камбек, своето дефинитивно музичко и пред се пејачко враќање на македонската естрадна сцена? Дали е така, ќе дознаете во ексклузивното интервју на Јован Јованов за Вистина.ком.мк кое ќе излезе на денот на промоцијата и појавувањето во етерот на ремикс верзијата на „Магија„ отпеана во дует помеѓу Јован Јованов и Пајак. Инаку во биографијата на Јован Јованов сти дека е композитор, продуцент, пејач... Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. „Магија“ во периодот на нејзиното постоење беше една од најпопуларните музички групи, особено кај помладата генерација, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, впечатливи кореографии и модерен, препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми"... се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ... И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип, како клучен член на Уметничкиот совет кој заедно со одбраниот тим ( градоначалникот Иван Јорданов, Александар Арсовски, Роберт Саздов, Антонио Димитриевски, Љубан Стамениќ, Ефтимија Јованова...) и музички, содржински, визуелно, организациски, медиумски... го „воскреснаа“ во моментов најстариот македонски музички фестивал. Фото: Приватна архива  ]]>

Започна новогодишната магија, а прва во својот дом jа има Викторија Лоба од чие видео веднаш ќе се фатите за работа (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-novogodishnata-magija-a-prva-vo-svojot-dom-ja-ima-viktorija-loba-od-chie-video-vednash-kje-se-fatite-za-rabota-video/ Wed, 30 Nov 2022 08:02:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277864

На само еден ден пред почетокот на месец декември, пејачката Викторија Лоба реши да се фати за работа и да биде прва од познатите која ќе се пофали со новогодишната елка и магија во домот. Секоја година сведочиме на новогодишниот амбиент во домот на познатите, а пред крајот на старата година, Лоба реши да се фати за работа. Купи природна елка, се реши за црвени лампиони и сијалички, па почна со украсување. Облечена во бели пижами во друштво на своите кученца, Лоба си го направи својот мерк.
Убавата енергија ја сними на видео кое го објави на својот Инстаграм профил, а го наслови како „најубавото време од годината“. Доколку се уште не сте се решиле да ја накитите елката, ова нека биде мотивација плус за и вие да ја донесете новогодишната магија во својот дом. фото/видео:Инстаграм/Викторија Лоба]]>

Владо Георгиев го маѓепса Скопје: Волшебна ноќ на неодоливиот шармер во „Deja Vu“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-georgiev-go-magjepsa-skopje-volshebna-nokj-na-neodoliviot-sharmer-vo-deja-vu-foto-video/ Mon, 27 Dec 2021 09:58:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232667

Како што гласеа и најавите за неговиот настап, балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев викендов  навистина направи незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во  „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје. Локалот беше претесен да ги прими сите заинтересирани, зашто резервациите беа продадени уште првиот ден пред од објавата дека тој ќе гостува во Скопје. Држејќи до себе и своето музичко реноме, нивото на звукот, светлосните и видео ефекти, воопшто целиот аудио-визуелен перформанс беше на концертно ниво, како да настапува во голема сала, а интимната атмосфера и топлината на просторот направи ѕвездата буквално да се сплоти со својата публика, во која како и секогаш предничеа преставничките на понежниот пол. Уште со првите звуци на неговото пијанино и шестчелениот придружен бенд, беше јасно дека тоа ќе биде ноќ за паметење.  Забавата која траеше цели два часа, као што почна, така и заврши... Забава на каква еднаш се присуствува, а долго се памети и раскажува, концерт на кој во еден глас се пееја најголемите хитови на големиот хитмејкер: „Анѓеле“, „Једина“, „Збогом љубави“, „Жена без имена“, „Живим да те наѓем“, „Хеј ти“, „Искрено“…  После секоја песна овации, аплаузи, женски вресоци, експлозија од емоции... Нешто што се доживува на малку настапи , но и на малку места, особено во македонската престолнина, а новотоворениот  „Дежа Ву – Ист Гејт“ покажа дека е како создаден простор за такви нешта. Беспрекорно подготвени за големи настани, спектакуларни настапи на најголемите македонски, но и балкански музички ѕвезди, чии гостувања допрва следуваат. Владо Георгиев беше еден од првите кои го обои просторот во атрактивнот скопски локал со љубовна магија, со емотивен набој, но и опуштена атмосфера и забава, која на сите нас,  последниве месеци, па и години, толку многу ни недостасува. Човекот за кого се бараше место повеќе, на чија музика се љуби, пее, плаче, пие, радува… Но, како што самиот настап покажа, најмногу, одлично се забавува. Како што и самиот назив на локалот кажува, навидум  „веќе доживеано“, а всушност сосема ново и незаборавно искуство... Нешто, за што Скопје и неговата, особено млада популација, во последно време е повеќе од „гладна“. А „Дежа Ву“ покажа дека е ново одредиште за пријатна дружба и добра забава со разновидна, но одбрана, квалитетна и содржајна програма!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev)

]]>

Карлеуша и сврете грб, па „ненамерно по грешка“ и ја покажа „голата задница“ на својата колешка: „Леле извини, што тоа ми се гледа?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-i-svrete-grb-pa-po-namerna-greshka-i-ja-pokaza-golata-zadnica-na-svojata-koleshka-lele-izvini-shto-toa-mi-se-gleda-video/ Fri, 26 Mar 2021 12:39:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196189

Во јубилејната 60-та епизода на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, како што се очекуваше,  има бројни расправии меѓу стручното жири, но, без сомнение и добри песни, уште подобри изведувачи  и незаборавни настапи. Модната комбинација на Јелена Карлеуша не само што ги изненади нејзините колеги, туку Снежана Ѓуришиќ мораше и да реагира во еден момент. „Јелена, повлечи го фустанот!Ти се гледа нешто таму“ - ја предупреди пејачката својата колешка од жирито. „Што тоа ми се гледа?“- ја праша Јелена, додека станувајќи и сврте грб на Снежана, но намерни се намести и кон  камерата за да може да и го сними  разголениот задник, зашто карлеуша под фустанот не носеше гаќички и буквално под него беше гола. „Ти се гледа тоа што го имаш“ - и повтори Снежана, а Карлеуша на шега се извини, божем било случајно, за на крајот да додаде: „Не е поентата во голи г*з!Поентата е во магијата“ - објасни Карлеуша, ама кој да ја слуша русокосата убавица, кога сите погледи беа вперени во нејзината голема, разголена задница. https://www.youtube.com/watch?v=N74iW-72Spk]]>

Оливера Ѓорговска која живее во САД, го шашардиса својот црномурест пријател: Прилепчанката му продаде Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-koja-zivee-vo-sad-go-shashardisa-svojot-crnomurest-prijatel-prilepchankata-mu-prodade-koperfild-magija-ili-prilepski-majmunloci-video/ Thu, 13 Aug 2020 08:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163083

Некогашната македонска пејачка пред 6-7 години замина во САД, каде својата борба  за место под ѕвездите на македонската естрада ја замени со музичка доедукација. Но „ветената земја“, не би била тоа, зашто покрај школувањето и усовршувањето сите одат таму и во потрага по забава и животна среќа. Така и згодната прилепчанка откако заврши со својата музичка донаобразба, им се препушти на убавините на уживањето во „земјата на слободата“ на умот и духот. Забави, дружења, понекој љубовник... Од Лас Вегас до ЛА и Холивуд, од градот на комарот и забавата до градот на гревот... И во сета таа магија, Оливера многу нешта виде, но и многу тоа научи, па дел од „купената магија“ почна и да ја „продава“... Не за пари секако, туку токму за дзаради добра забава. Така македонската убавица на својот црномурест пријател или што ли ќе да и е веќе, му продаде магионичарски трик, волшебство кое за миг го „извади од панаталони“, особено што се' му случуваше не само пред нос, туку и в рака. Имено, Оливера го шашардиса момчето, со тоа што  згодната прилепчанка му „продаде“ Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? А можеби и од двете по нешто! Од она што го носи во себе во генот од местото на своето потеклото, надоградено со она што го видела и научила на гурбет, по белиот свет. Како и да е, магијата и успеа, а вчудовидениот пријател остана со ококорени очи и подзината уста, па така насамарен имаше само една желба пуста: Да проба и тој да го направи истото... Само што наместо кутивчето со кибритчиња, посака да исчезне - Оливера! Впрочем, погледнете како изгледаше сето волшебство на нашата прилепчанка, која направи црномурестиот фраер да се почувствува како... „паднат од гранка“!
 
View this post on Instagram
 
SPOOKY ? @jibrizy #magic

A post shared by Oly Vera (@olyveramusic) on

Магионичарот Гого – „Реквием“ со илузија го „воскресна“ ликот на Тоше Проески (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/magionicharot-gogo-rekviem-so-iluzija-go-voskresna-likot-na-toshe-proeski-video/ Sat, 30 Nov 2019 08:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121281

Нашиот најреномиран илузионист, Георги Гавровски многу попознат како  Гого - „Реквием“ и понатаму продолжува да ја изненадува и возбудува публиката со неговите магионичарски трикови и илузии. Имено, македонскиот илузионист кој живее на релација Македонија - САД,  беше гостин во најгледниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, каде што со неколку свои трикови  ги воодушеви гледачите, оставајќи ги во прашалници, како е тоа можно?. Во мојата магија јас не користам животни и реквизити, па затоа можам да создадам трик од што и да е. Најважно во овој вид магија е импровизацијата. Се’ друго лежи во твојата презентација“ - вели  волшебникот од „наше маало“, Гого. Така од хартија по пат на магија, Гого направи да се појави ликот на нашата легенда, нашиот ангел Тоше Проески. Како Гого по пат на илузија успеа да го „воскресне“ ликот на Тоше на парче хартија, погледнете во продолжение: ]]>