магдалена ена цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Apr 2022 08:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png магдалена ена цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Лозановски отворено призна која му недостасува, кого бара – „После полноќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanovski-otvoreno-prizna-koja-mu-nedostasuva-kogo-bara-posle-polnokj-video/ Sat, 09 Apr 2022 07:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245811

Конечно, по подолго време една од нашите најголеми  македонски музички ѕвезди, поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна. „После полноќ“ е името на новата нумера која дефинитивно ќе биде пријатно изненадување за публиката и особено за неговата бројна армија  најверни обожаватели. Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави нумера слична на претходните, тој и неговиот тим, продуцентот Лазар Цветкоски и  неговата сестра, текстописецот и вокал Магдалена Ена Цветкоска создадоа едно поинакво (ремек) дело со светски звук. „Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето,  а јас сум сигурен дека ќе им се допадне“ - изјави накусо Лозано. Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски - Папаз. Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, што значи уште една нова песна во блиска иднина... Во меѓувреме, погледнете, слушнете и споделете ја  во секое време „После полноќ“ доколку ви се допаѓа... А веруваме дека ќе ве освои на прво слушање и гледање: ]]>

Ѓоко Јовиќ во новата балада оставен сам среде – „Пустина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-vo-novata-balada-ostaven-sam-srede-pustina-video/ Thu, 10 Feb 2022 10:19:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238483

Кога е песната во прашање, Ѓоко Јовиќ има со што деновиве повторно да се пофали. Неговата нова балада насловена „Пустина“ е веќе излезена, а на неа работела веројатно најдобрата авторска двојка во Македонија. Братско - сестринското авторско дуо, композитрот Лазар Цветковски, кој ги направил и аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот и неговат сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска чии се стиховите на песната. Хитовски ориентирана балада со суптилно интегрирани фолк мотиви, аранжмански модерно спакувана, продукциски одлично испеглана, совршено прилагодена на вокалните способности на пејачот, во која како во калап се вклопиле одличните стихови. Ѓоко Јовиќ истата ја визуелизирал и со одличен видеоспот кој го потпишуваат австралијанците „M16 продукција“ од Сиднеј, односно  Беби и Омер. Како сето тоа звучи изгледа, проследете во  видеото во продолжение: ]]>

Магдалена Цветкоска – Ена ви го нуди „Најдоброто“… од себе! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/magdalena-cvetkoska-ena-vi-go-nudi-najdobroto-od-sebe-video/ Sat, 15 Feb 2020 09:05:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134307

Млада, убава, згодна, шармантна, со скриен сексапил, кој не сака да го експонира, зашто веројатно нема потреба за тоа... Нејзините телесни атрибути и убавина се потенцијал на кој можат да му позавидат многу познати убавици од естрадата и тоа не само од домашната, туку и од регионалната. Но, зошто би го истакнувала она што го има на себе, кога за неа многу повеќе зборува она што го носи во себе. Оној другиот, креативниот, авторскиот, лирскиот потенцијал кој преку нејзините стихови е вткаен речиси во секој македонски хит или секоја балада што ќе остане, во последниве десеттина години. Пишува стихови за сите, но најретко за себе... Можеби затоа беше и крајно време девојката која ги пишува најубавите текстови на македонската естрада да се појави со нова песна. „Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од не само најквалитетните текстописци, туку и македонски женски вокали, Магдалена Цветкоска - Ена. Помина повеќе од една година откако Ена ја издаде последната песна, но специјално за овие празнични денови, односно за денот на љубовта и виното, згодната пејачка и текстописец реши јавноста да ја почести со една прекрасна тема, овој пат како кантавтор, зашто музиката и текстот ги потпишува токму самата таа, а нејзиниот брат - хитмејкерот Лазар Цветкоски, овој пат бил задолжен само за аранжманот и продукцијата. „Ова е лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените и виното. Таа е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ќе бидат објавени во периодот што следи“ - ветува Цветковска. Ова се супер вести со оглед на тоа дека Ена и нејзиниот тим веќе имаат подготвени неколку песни, а дел од нив ќе добијат и своја видеоприказна. Она што е важно да се потенцира, дека Магдалена Цветкоска ако до сега ја знаевте само како текстописец и женски вокал, овој пат таа се реализира и како комплетен автор, зашто самата  се потпишува на сите нови песни кои допрва ќе имате можност да ги слушнете. Ова е „Најдоброто“ од  Ена, но само засега... Јаготката на шлагот од Магдалена Цветковска, допрва следува. Дотогаш уживајте во понуденото „парче од музичкиот колач“, во „Најдоброто“: ]]>

Влатко Лозаноски емотивно го преслика мозаикот на животот во – „Мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-emotivno-go-preslika-mozaikot-na-zivotot-vo-majko-video/ Tue, 12 Mar 2019 11:53:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77165

Влатко Лозаноски, вчера, (11.03.2029) го издаде синглот насловен „Мајко“, стандардно промовирајќи ја песната заедно со видеоспотот, кој само што осамна во етерот нанижа лавина  ласкави коментари под објавената песна на интернет каналот Јутуб.
„Не си нормален човеку! Повели круната е твоја“; „Нов хит на повидок, секоја чест легендо“; „Која од која песна, се во поголем хит прераснува“-  се само мал дел од пофалните фрази кои осамнаа не само од македонските обожаватели, туку и на оние од регионот, кој Влатко почна да го освојува собирајќи го признанието најпопуларен изведувач токму од овој наш екс ЈУ регион, на неодамнешното доделување на оскарите на попоуларноста во Бања Лука.
Емотивната „Мајко“ и овој пат ја потпишува незаменливиот братско-сестрински тандем од авторкиот тим на Влатко, композиторот Лазар Цветковски и неговата сестра Магдалена - Ена, додека исто толку моќното видео е изработено од режисерот Даниел Јовески.
Добитничката комбинација огледана во певлива поп мелодија зачинета со шмек на дозиран балкански фолклор и мирис етно компоненти од регионот, фузирани со емотивните стихови отпеани од сугестивниот вокал на Лозано, поткрепени исо одличниот аранжман и продукција, и овој пат „Мајко“ ја прави фаворит на прво слушање. Еден вид логично продолжение на одличната „Километри“, кое како и таа, штом ја слушнете  предизвикува бура од емоции и море од лични чувства, чии бранови нежно, а во истовреме силно ве заплискуваат милувајкќи ви ги ушите и гребејќи ви ја душата.
Видеото само и дава печат и потврда на звучната слика која е доволно силна сама по себе, а со нејзината визуелизација прераснува во аудиовизуелна слика на парче од животот... На Лозано, мое, твое, на секој од нас! Сликата е иста... Само мозаикот кај секој од нас е различен!
И додека со нетрпение го чекаме претстојниот голем солистички концерт на Лозано, во моментов без сомнение најголемата македонска машка поп ѕвезда, а можеби и воопшто, проследете ја „Мајко“ која ќе ве прошета и низ Вашиот времеплов на животот. https://www.youtube.com/watch?time_continue=76&v=gWyMJeADGOo]]>

Ја знаат по добриот глас и прекрасните стихови, но… Ена збогувајќи се со летото покажа и колку е секси! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-znaat-po-dobriot-glas-i-prekrasnite-stihovi-no-ena-zboguvajkji-se-so-letoto-pokaza-i-kolku-e-seksi-foto/ Tue, 04 Sep 2018 07:12:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45983

Таа важи за една од оние македонски пејачки која не се експонира премногу во јавностра иако ги има сите услови и предиспозиции за тоа. Дури и многу повеќе од повеќето други. Одличен вокал, талент, невидена дарба за пишување стихови, свое студио и родениот брат за композитор, аранжер, продуцент... Човекот кој важи за најголемиот хитмејкер во Македонија последниве 6-7 години - Лазар Цветковски!
Магдалена Ена Цветковска по безброј напишани стихови за други изведувачи неодамна се врати на сцената како пејачка со новата песна „Ко да нема утре“.  Кадрите во видеото само најавија нешто што потајно лежи во неа освен талентот и неспорната природна убавина: скриениот сексапил на пејачката!
Имено, Ена од малечка слатка тинејџерка додека беше во женската вокална група „Форплеј“, израсна во згодна и убава девојка. Над се мегаталентирана и атрактивна, која во себе крие сексапил кој  никогаш не сакала претерано да го форсира и покажува.
Но, по се' изгледа дека дојде време и за тоа, зашто, како што “музиката се' повеќе се гледа со очи, отколку што се слуша со уши“, ако сакаш баш да те има на естрадата, мора да играш и да се однесуваш по зададените правила  кои го трасираат патот до успехот... Кој пак никогаш не е загарантиран!
Расоблечена на грчките плажи, дали во едноделен костим за капење или во бикини, Ена покажа колку е згодна и секси. Покрај ликот, телесните атрибути на пејачката овој пат дојдоа до израз, а од нив во прв план она што се главни адути: згодното тело и и убавите долги нозе.
И се разбира по некоја наместена поза за фотографија за спомен и збогум на топлото лето.
А патем, и за промоција на социјалните мрежи, од кои верните обожаватели црпат инспирација, а медиумите материјали... на општо задоволство на сите!  ]]>