магдалена цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 May 2022 11:27:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png магдалена цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Гигова со емотивна балада чии стихови се повеќе од – „Ранливи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-gigova-so-emotivna-balada-chi-stihovi-se-povekje-od-ranlivi-video/ Wed, 04 May 2022 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248592

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“. Станува збор за одлична балада која влегува во уво уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски. Младата Сара која важи за еден од поголемите таленти кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна. „Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“ - вели младата Гигова. Гигова и за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев, а истиот беше снимен во хотелот Хилтон, но и неколку локации во близина на нашиот главен град. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски. Инаку Сара вели дека нема толку долго да чека до следната песна, бидејќи како што изјави, таа веќе размислува каде ќе бидат локациите за следниот спот. Дотогаш, уживајте во „Ранливи“ и доколку ви се допаѓа, споделете, лајкнете и поддржете ги македонските артисти. ]]>

Ѓоко Јовиќ е пример за естрадна ѕвезда и среќен семеен човек: Четири дечиња, семејна хармонија и нов хит! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-e-primer-za-estradna-dzvezda-i-srekjen-semeen-chovek-chetiri-dechinja-semejna-harmonija-i-nov-hit-foto-video/ Thu, 10 Feb 2022 09:58:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238457

Пред нешто повеќе од три месеци познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители. Тие  го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство. Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство. Една насмевка неодамна на тогаш двомесечниот Дарин, на среќниот татко му ја наполни душата, па пејачот моментот го овековечи со фотографија покрај која напиша: „Цели два месеци ја чекав оваа насмевка“! Тие покрај најмалото синче, уште ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче. Тие живеат вистинска семејна бајка, а колку пејачот ужива во татковството можеме да видиме и од неговиот Инстаграм. Овој пат, откако објави фотографија на која се гушка со еден од своите синови, Јовиќ им ги растопи срцата на своите бројни обожаватели од Македонија и дијаспората,  посебно со емотивната порака што пејачот ја напиша. На фотографијата малиот Јован го бакнува својот татко, а врз фотографијата тој напишал: „Не сум знаел дека човек со бакнеж може да се стопи“, стојат како коментар зборовите на Јовиќ. Најстариот син Михаил пак, очигледно тргнал по стапките на татко му, па музиката уште отсега му голема љубов, хоби, а утре можеби и професија со која ќе го наследи  татка си и ќе го продолжи неговиот пат на успехот. А, има ли поголем идол, поголема инспирација и подобар учител, ако учителот ти е дома. Како функционираат таткото Ѓоко и синот Михаил заедно на музички план, покажаа во кусото музичко  видео клипче, каде синот свири, а таткото пее:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gjoko Jovik (@gjokojovik)

Но, кога е песната во прашање, Ѓоко Јовиќ има со што деновиве повторно да се пофали. Неговата нова балада насловена „Пустина“ е веќе излезена, а на неа рабортела веројатно најдобрата авторска двојка во Македонија. Братско - сестринското авторско дуо, композитрот Лазар Цветковски, кој ги направил и аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот и неговат сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска чии се стиховите на песната. Ѓоко Јовиќ истата ја визуелизирал и со одличен видеоспот кој го потпишуваат австралијанците „M16“ од Сиднеј, односно  Беби и Омер. ]]>

Огнен Здравковски – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-ljubi-me-video/ Thu, 06 Aug 2020 12:28:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162184

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на Ковид – 19. Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал најмаксимално што може. Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега. „Да, вистина е дека сум позитивен на Ковид – 19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитвен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам“ – вели Здравквоски. Како што кажавме, неговата нова песна се вика „Љуби ме“, а овојпат Оги довербата за ова музичко ремек-дело му ја довери на неговиот колега Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша најдобриот текстописец во нашата земја, Магдалена Ена Цветковска. Инаку за новата песна, Огнен сними и одличен видеоспот, во кој покрај него се појавува и убавата Мартина Симоновска, а пак режисер на истиот е добро познатиот Гордан Божиновски. Погледнете и уживајте: https://www.youtube.com/watch?v=LHNY-4eF78c&fbclid=IwAR1QI8Ihuo65l-Bu749lLJyEsB-gLpbQoptyOkZw1kMlT-OclwfzJ6d6DFU&app=desktop]]>

Магдалена Цветковска со нова песна – „Ко да нема утре ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/magdalena-cvetkovska-so-nova-pesna-ko-da-nema-utre-den-video/ Mon, 30 Jul 2018 12:55:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40728

Најавената нова песна на Магдалена Цветкоска Ена – „Ко да нема утре ден“ – конечно ја здогледа виделината на денот. Се работи за разиграна летна ар ен би нумера, која претендира да биде само уште еден вонизата хитови на талентираната пејачка и авторка.
Овој пат покрај вообичаеното авторство кога е пишувањето на стихови како за своите, така и за многуте туѓи песни во прашање, Ена заедно со нејзиниот брат Лазар Цветкоски се јавува и како коавтор на музиката на нејзината најнова песна. Аранжманот, миксот и мастерингот вообичаено се на дело на брат и Лазар, кој ги свири и сите инструменти, а пее и дел од придружните вокали, заедно со самата Ена, додека песната е снимена во нивното домашно студио.
Во исто време со песната се појави и видеото за неа, а овој потенцијален летен хит го визуализираше нивниот веќе редовен соработник Даниел Јовески.
Соодветно за летниот ритам на песната, видеото се снимаше на егзотичните плажи во Кушадаси во Турција, поточно во „Омер холидеј ризорт“.
Никој не знае денот што ќе донесе...“ - пее Магдалена, но ако поутрото денот се познава, ова лето ќе се памти по уште еден хит од фабриката за музичка забава на семејството Цветковски. https://www.youtube.com/watch?v=kDwwSLt_DJc  ]]>

„Ко да нема утре ден“ на Магдалена Цветковска наскоро ќе го дочека својот ден https://arhiva.vistina.com.mk/ko-da-nema-utre-den-na-magdalena-cvetkovska-naskoro-kje-go-docheka-svojot-den/ Mon, 16 Jul 2018 11:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38313

По пејачка пауза од две години и безброј напишани стихови за други изведувачи, Магдалена Цветковска - Ена ја најавува својата нова песна.
Талентираната пејачка и текстописец, деновиве сподели фотографија откривајќи ги деталите за новата тема што се очекува наскоро заедно со видеото да ја здогледа виделината на денот.
Веројатно станува збор за песна со нејзин текст, а со музика и аранжман на нејзиниот брат - хитмејкерот  Лазар Цветкоски, а сето тоа насловено „Ко да нема утре ден“.
Видеото а песната го потпишува  режисерот Даниел Јовески, а промоцијата се очекува наскоро. ]]>

Антониа Гиговска и Панчо имаат летен хит со мирис на – „Ванила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-i-pancho-imaat-leten-hit-so-miris-na-vanila-video/ Thu, 12 Jul 2018 11:26:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37798

Ова лето меѓудругото ќе носи и мирис на „Ванила“, зачинет со бранови љубов, како најава за нов, музички летен хит. Антониа Гиговска има нова песна токму со тој наслов - „Ванила“, за која е снимен и видеозапис кој на песната само и додава нота на шаренокликост и разиграност, доволни за да го збогатат и засилат впечатокот.
„Ванила“ е музичка ар ен би, поп-денс тема која звучи свежо, модерно и светски, а неа одново  ја потпишува братско-сестринската авторска двојка Лазар ( музика, аранжман, продукција) и Магдалена Ена Цветковски (стихови), чиј коавтор на текстот е Панчо (ДНК), кој е и специјален гостин во песната и видеото за „Ванила“.
Зад видеото пак, стои потписот на режисерот Даниел Јовески, што е дополнителна гаранција за успех на проектот, во кој уште покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од танчарската група Beatrix Crew.
Се' на се', „Ванила“ претендира да го обележи ова лето, кое дали по истата песна ќе се памти, не зависи само од песната и видеото, туку во многу нешта и од самата пејачка, а и од тоа како ќе биде изменаџиран целиот проект.
И медиумски и на терен - по клубовите, дискотеките, летните базени, плоштадите, летните фестивали... Секаде онаму, каде што се бара добра музика, за добра забава на младите.
Вака изгледа и звучи летната „Ванила“ на Антониа и Панчо: https://www.youtube.com/watch?v=NjaNLcXPu2s    ]]>