магазин од зад сцената – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2023 12:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png магазин од зад сцената – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бекстејџ“ го славеше 16-тиот роденден: Уште една гламурозна вечер на најгледаниот естраден ТВ магазин (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdh-go-slaveshe-16-tiot-rodenden-ushte-edna-glamuzrozna-vecher-na-najgledaniot-estraden-tv-magazin-foto/ Tue, 31 Oct 2023 11:11:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324564

По јубилејната деценија и пол во македонскиот ТВ етер која  лани ја прослави, најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ ја продолжи традицијата гламурозно да ги одбележува своите родендени. Годинава не беше ништо поразлична, само што вчеравечер, понеделник, 30 октомври 2023, една година подоцна 16-иот роденден  се одвиваше во салата на еден од познатите хотели во центарот на Скопје, а  меѓу присутните имаше  и „некои нови деца“ заедно со добар дел од старите проверени асови. Најмногу оние од естрадата, но и од јавниот, политичкиот, спортскиот, модниот, медиумскиот... свет во Македонија. Или што би рекле, од Петре Шилегов и Стојанче Ангелов, преку Владо Јаневски, Роберт Саздов, Миле Кузмановски, Светлана и Мики Црнокрак, Вера Јанковиќ, Антонио Димитриевски, Марјана Станојковска, Ненад Георгиевски, Ана Стојановска... па се' до Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска, Таско,  Пајак и Лара... И уште десетици други познати и популарни естрадни фаци и секако претставниците на највлијателните медиуми во Македонија. Се' на се', шаренолик збир на познати гости и секако по некој заталкан „падобранец“, кои на покана на домаќините дојдоа да го испочитуваат нивниот 16 - годишен труд, успешна работа и опстојување во ТВ етерот што во македонски услови е вистински подвиг. Секако дел од нив дојдоа и за да ги примат наградите кои „ТВ магазинот од зад сцената“ традиционално секоја година според сопствените критериуми им ги доделува на најуспешните, најпопуларните, најомилените во 2023 година од областа на естрадата, медиумите, социјалните мрежи... Како и обично дел од наградените, но и некои од останатите естрадни  изведувачи со своите изведби ги забавуваа пристутните гости. Снимени материјали одеа на видеоскринот, а меѓусебната дружба помеѓу гостите беше евидентна. Кога сме кај наградите, наградени меѓу останатите беа: Сара Климоска, Елиф Елмас, македонските одбојкари,  Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ.„Либеро бенд“, Пајак, Лара Иванова, Дарко Димитров, кабарето „Голд Фелиција“ од Битола, ДЈ Галоски, најдобрата општествена кампања „Крени глас“, „Универзитет Скопје“  за поддршка на македонската музичка сцена. Меѓу наградените беа и популарните Нучи, Зера, Хени и Попов кои уживаа до самиот крај на манифестацијата. Низ целата роденденска фешта на „Бекстејџ“ на стејџот приказната успешно ја водеше комичарот и имитатор, младиот велешанец  Стефан Николовски. Се' на се' и оваа родененска прослава на „Бекстејџ“ помина во убава, опуштена и пријатна атмосфера, која патем им овозможи на познатите и популарни естрадни и јавни лица да се соберат, видат и дружат меѓу себе. Покрај  својата примарна улога, да информира и забавува, „магазинот од зад сцената“ оствари уште една многу важна - да го вреднува и валоризира трудот на оние кои даваат се' од себе да не оттргнат од  здодевноста, монотонијата, апатијата и безнадежноста во кои не втурна политиката, цврсто грабнувајќи не во своите алчни канџи. Иако можеби само симболично  „дарувана“,  естрадата со оваа традиционална роденденска ѕвездена фешта на „Бекстејџ“, сепак има свој пиедестал на кој секоја година се менуваат победниците... На општо задоволство на сите! А, родендените... Ма, само нека се множат! Фото: Инстаграм - allstars]]>

Убавиците што го покренаа „ТВ магазинот од зад сцената“: „Backstage“ наполни 15 години, а овие дами беа првата постава (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ubavicite-shto-go-pokrenaa-tv-magazinot-od-zad-scenata-backstage-napolni-15-godini-a-ovie-dami-bea-prvata-postava/ Thu, 03 Nov 2022 09:35:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274045

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин - „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави. Од тотални анонимуси кои прв пат застануваат прд камера, до познати лица, популарни јавни фаци, манекенки, модели, пејачки, веќе профилирани ТВ водител(к)и и новинар(к)и. Букавално разно - разни профили на карактери... И приправници и веќе печени професионалци. Ако се изземе темелот на ТВ проектот кој цврсто стои на земја и ден денес, продуцентите Петар Наумовски  и Александар Блажевски, се друго било минливо и менливо: и техничката екипа, новинарите, водителите, телевизиите, локациите, родендените... Но сепак, сите што работеле во „Бекстејџ“, оставиле свој печат, свое „парче душа“ свое зрно од сопствената ДНК во проектот, кој затоа е и таков и таму каде што е и по петнаесет години - на врвот! Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс... така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Новинарско-водителската екипа воглавно женска. Се сами дами, со по некој исклучок. Иако велат дека женската суета е најсилна и најизразена во многу нешта па и во работата, дека жените тешко се поднесуваат меѓу себе ставени на исто место, дека успехот и квалитетот на едната, латентно или отворено го урива другата, токму  успехот на „Бекстејџ“ покажа дека тоа баш и не е секогаш така! Новинарско-репортерскиот и водителски тандем Марија Петровска - Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“. Покрај нив, репортерско- водителската оска ја сочинуваа исто така веќе профилираните ТВ лица како Снеже Велков и Миа Костова со претходно водителско ТВ искуство зад себе, засилени со една убавица која многу повеќе била на модните писти и на насловниците на модните магазино отколку пред камера, тогаш познатата мисица и манекенка,  Драгана Чуприна, која со својата убавина, шарм и сексапил го надоплнуваше водителското неискуство. Ако ним им се додаде уште искусната новинарка Александра Сани Тимковска (Вечер), како и ударната водителска двојка, моделот и лото девојка Марјана Станојковска и сега за жал покојниот поп пејач и актер, Влатко Илиевски... ...заедно и луѓето од техниката ( сниматели, монтажери, графика, светлаџи, тонци...), тоа отприлика е тимот кој го „кршеше мразот“, екипата која прва тргна да го гази трнливиот пат кон успехот на „Бекстејџ“. Денес, заради разно разни животни и професионални околности никој од нивповеќе не е во екипата. Марија Маца Петровска сега живее во Словенија. Работи адвертајзинг и маркетинг, а само повремено се занимава со професијата работејќи на едно локално радио. Јулија Цветковска исто така работи во маркетингот на една голема странска компанија во Скопје, но ТВ проекти одвреме-навреме се уште подготвува и води. Како „Флексија“ кој одеше на ТВ 24, потоа „Сигурна работа“  или оној последниот „Нихао“, во соработка со Амбасадата на НР Кина, кои одешеа на ТВ Телма. Снеже Велков по напуштањето на „Бекстејџ“ и ТВ Сител му се посвети на пилатесот работејќи како инструкторка  по оваа физичка активност. Паралелно полека му се врати и на ТВ водителството, па преку проектот „ВИП на еден ден“  по коронапандемијата повторно е актуелна со новата емисија - „Нешто конкретно“. Миа Костова долго беше „прво ТВ лице“ и еднина и множина на „Бекстејџ“. Но, по заминувањето му се посвети на инфлуенсерството,а само одвреме-навреме знае да се појави во улогата на  водителка, најчесто на некој настан или манифестација. Драгана Чуприна откако излезе од „Бекстејџ“ се врати во родното Тетово, омажи, доби принова и комплетно се повлече од јавниот живот. Марјана Станојковска и денес е лото девојка и  веќе профилирана и искусна водителка. Влатко Илиевски за жал прерано не напушти, откако замина од овој свет на 6-ти јули 2018 година. Александра Сани Тимковска се' уште работи како естраден новинар во македонските портали, ТВ водител и ПР менаџер на многу од познатите домашни и регионални пејачи, естрадни настани, концерти, ивенти,фестивали, локали... А „Бекстејџ“...? И по 15 години, со некои „нови деца“  се' уште „жари и пали“ на телевизиските екрани! ]]>