маестро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Sep 2022 08:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маестро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина маестро Фимчо Муратовски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-fimcho-muratovski/ Wed, 14 Sep 2022 08:14:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266795

Вчера, 13-ти септември 2022 година на 91 годишна возраст, почина маестро Фимчо Муратовски, еден од основоположниците на диригентската уметност во земјава, и поранешен директор на Македонската филхармонија, објави Филхармонија. “Со маестро Муратовски нашиот оркестар реализираше низа незаборавни концерти, изведе комплексни дела од светската музичка литература, како и голем број праизведби на композиции од македонски автори“ - додаваат од Македонската филхармонија. Муратовски беше и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото образование го оформува на Музичката академија во Загреб, а потоа престојува на едногодишен специјализациски престој на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Од 1959 година, постојано е ангажиран, најпрво во Операта и балетот на Македонскиот народен театар, потоа како диригент и директор на Македонската филхармонија, за својот работен век да го заврши како редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, чиј декан бил во два мандата. Во текот на својата уметничка дејност поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современиот и домашниот репертоар, а на концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела со посебен акцент кон домашното творештво, кое со посебен афинитет го пропагирал низ многубројните гостувања во поранешна Југославија, Полска, Германија, Италија, Бугарија, Романија, поранешните советски републики, Мексико и др. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар, и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Во текот на својата образовна дејност како професор, пренесувајќи го своето богато уметничко искуство воспитал генерации млади диригенти, пејачи и оркестарски музичари кои и ден денес успешно работат и делуваат во земјата и странство. Низ своето долгогодишно делување во културниот и јавниот живот бил носител на повеќе општествени функции, а за својата дејност добитник е на повеќе награди и признанија – наградата на Град Скопје „13 Ноември“ во 1969 г., републичката награда „11 Октомври“ во 1977 г., како и истата награда за животно дело во 1995 г. Погребот на Фимчо Муратовски ќе се изврши денес, на 14 септември, на градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот, посочуваат од семејството на починатиот Фимчо Муратовски.]]>

Игор Џамбазов: „Претчувствував дека татко ми ќе се одјави, токму затоа ми ги раскажа сите приказни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-pretchuvstvuvav-deka-tatko-mi-kje-se-odjavi-tokmu-zatoa-mi-gi-raskaza-site-prikazni-video/ Thu, 12 May 2022 06:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250102

Актер, водител, писател, шоумен, блузер, хуманист, човек кој сака луѓе. Можеби ова е премалку за да се опише ликот и делото на Игор Џамбазов. Но, едно е повеќе од сигурно, а тоа е: Да се живее во времето на Игор е голема привилегија на која треба да бидеме благодарни. -Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години… од денес, конечно со својата Анче… вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, напиша Игор Џамбазов на социјалните мрежи- беше само едеен од начините од кои се прости од татко му. За прв пат Игор, проговори за татко му во интервјуто за естрадниот магазин Бекстејџ, работи кои досега не сме ги знаеле, со насолзени очи се присети на некоиу убави моменти. Што се Игор кажа за татко му во видеото во продолжение: ]]>

Почина маестро Александар Џамбазов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-aleksandar-dzambazov/ Tue, 25 Jan 2022 11:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236140

Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов. Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години… од денес, конечно со својата Анче… Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Александар Џамбазов беше зет за ќерка на легендата и еден од основоположниците на македонското глумиште, славниот Петре Прличко, чија ќерка Анче Џамбазова, односно сопруга на Александар и мајка на Игор Џамбазов беше исто така позната македонска глумица. Покрај Игор со неа маестро Џамбазов ја има и ќерката Татјана, која долги години живее надвор од Македонија. Ангелите нека ти го осветлат патот кон вечноста... Почивај во мир маестро!]]>

Игор уште во војска сфатил дека е копија на татко му, маестро Александар Џамбазов: „ЈНА, стражарот на капија, ‘брат ми’, сексот и песот“… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-ushte-vo-vojska-sfatil-deka-e-kopija-na-tatko-mu-maestro-aleksandar-dzambazov-jna-strazarot-na-kapija-brat-mi-seksot-i-pesot-foto/ Tue, 28 Sep 2021 07:38:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220806

Природно и нормално е децата да личат на своите родители. Во ред, не мора баш да се сто отсто „плукнати“ на нив, ама сепак... Барем малку... Колку да не ти го спомнуваат комшијата! Во случајот на Игор Џамбазов е евидентно дека нема дилеми. Дефинитивно, тој колку повеќе старее, а татко му, маестро Александар Џамбазов станува се' повозрасен , се' повеќе си личат. Или подобро кажано, стануваат речиси идентични... Како постар и помал брат! Е токму тука лежи приказната која Игор ја раскажал на својот Инстаграм, дека многу личи на татко му всушност сфатил уште мнооооогууу оддамна... Пред цели 40 години, уште како тинејџер или поточно како војник во тогашната ЈНА. Имено, служејќи и на тогашната татковина како вистински маж, еден ден дежурниот го повикал и му кажал дека некој му дошол на посета. Кога Игор прашал кој, тргнала забуната, односно разврската со поента во која го вмешале и братот и песот и сексот и...  Впрочем еве ја приказната: „1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета 'из Македоније', прашав 'кој'? А дежурниот на капијата ми рече: 'Како ко, па дошо ти брат'! Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила 'ленонки'. А дежурниот ми вика: 'Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас'. И денес сфаќам да је био у праву... П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме...“ - раскажува Џамбазов за тоа дека физичката сличност со татко му Александар ниту е случајна ниту е „од вчера“! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/@stefan.rajhl]]>

Маестро Џамбазов – сениор конечно ја запозна „снашката“: Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по… живци“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-dzambazov-senior-konechno-ja-zapozna-snashkata-se-znae-li-sega-koj-kje-pee-po-noti-a-komu-kje-mu-planinarat-po-zivci-foto/ Wed, 23 Dec 2020 08:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182142

Игор Џамбазов и Илина Арсова, уметникот и сестраната спортистка, актерот, водител и пајач и планинарката... Љубовна идила на 2020-тата, македонската „ Love story“  на годината која барем за малку не оттргна од сивилото, песимизмот, изолацијата, апатијата и безнадежноста кои најгрдата година во новиот милениум досега, ни ги донесе. Љубов на прв поглед или внимателно подготвувана романса, подгревана со години, за да се случи во вистинско време... Сеедно, важно навидум неспоивото, споено како со „супер лепак“ и беспрекорно функционира, како швајцарски часовник, како Голф двојка... Барем засега... А веројатно и отсега и дај Боже и за навека! Дека работата станува сериозна, па од авантура полека се претвора во „љубовна бура“ која ги допира сите сетила и сериозно „се заканува“ по бурата на чувствата, да огрее сонце на вечноста, наговестуваат многу нешта. Кога си со некого 24/7 и заедно правите се' живо редум, освен она што едниот не може за разлика од другиот, како качувањето по карпи за Игор или компонирањето песни за Илина, доаѓа време да се запрашате една раработа: Кога спротивностите веќе толку се привлекуваат, дали не е време заедништовото и да се озакони? Иако парчето хартија ништо не значи, сепак, можеби на некој начин повеќе обврзува? А првиот чекор кон таквиот чин е... да се запознаат родителите на вашата втора половина, посилна или понежна сеедно! Токму затоа, по сите изминати месеци љубовна дружба со својата друшка, Игор Џамбазов реши да ја запознае Илина со татко му... Познатиот и признат, реномиран композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов. Трилатералната средба, случајна или намерна, спонтана или „наместена“,  закажана или „апансас“... сеедно, се случила на Водно. На врвот кај крстот, нешто подолу кај жичарницата или во подножјето на едно од познатите ресторанско-мотелски прибежишта, кај еден од старите јатаци на Игор? - засега не е познато. „Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу @maestrodzambo, @ilina_arsova и дечкото без брада“ - напиша Игор на својорт Инстаграм профил.   Блиска средба од спонтана природа или наменска од „оној вид“ и има ли зошто, наскоро ќе покаже времето. Како се одвивала средбата, по кој протокол, кој кому што му кажал и што го прашал, какви се првите впечатоци... не се знае. Всушност се знае, ама тоа си знаат само оние што на Водно се сретнаа. Она што е познато е само дека маестро Џамбазов - сениор, конечно ја запозна „снашката“. Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по... живци“? - е всушност дилемата која најмногу ја мачи оваа нација, за дадената ситуација!    ]]>