маестро Кире Костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Jul 2023 07:38:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маестро Кире Костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада се простува од композиторот Кире Костов: „Вечен спомен и… нека ти е светол патот маестро“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-kompozitorot-kire-kostov-vechen-spomen-i-neka-ti-e-svetol-patot-maestro/ Fri, 28 Jul 2023 07:28:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311842

Почина Кире Костов... Музичар, композитор, аранжер, диригент... Еден од најголемите што последниве децении Македонија ги имала. Зад себе остави бројни дела во областа на џез и танцовата музика, забавната, поп музиката. Некои од најбрилијантните македонски композиции кои ќе останат вечни евергрини се изродија од неговата непресушна креативност. “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“,,Само сеќавање“, “Не биди слеп“, “Манастирски сон“, “Моја Битола“, “Охридски спомени“, “Бела птица“, “Кој да ти каже“, “Тонови тајни“, “Ти пеам песна“, “Рум, дум,дум“, “Љубовна религија“, “Што те нема“ и многу други... познати рефрени се негово дело, на големиот автор и човек кој со нема позначајно име на македонската естрада со кое не соработувал. Од Верица Ристевска, Калиопи и Каролина, преку Тања и Лидија Кочовски, Маја Вукичевиќ, Врчак, Тоше Проески, Тамара, па се до Јоце Панов, Теа Трајковска, Антониа Гиговска... и уште стотина други. Токму тие,  македонските естрадни ѕвезди се простуваат на социјалните мрежи, испраќајќи последен поздрав на својот ментор, учител, соработник, пријател... на нивниот чичко Кире, единствениот маестро Костов! „Почивај во мир маестро“ - кусо сподели пејачот Ламбе Алабакоски на своите Инстаграм приказни. „Светол пат чичко Кире... Луѓето живеат додека ги паметиме, а вашите дела ќе живеат засекогаш“ - напиша меѓудругото младата поп пејачка Теа Трајковска, чиј учител и ментор беше токму Кире Костов. Тој и ја напишал и нејзината прва песна со која тргнала нејзината музичка кариера. „Растевме и созревавме со неговите композиции, до ден денеска омилени кај сите генерации. Почивај во мир, драг чичко Кире Костов. Искрено сочувство до целото семејство“ - напиша во прошталната порака на својот Инстаграм пејачката Тамара Тодевска, споделувајќи ја можеби неговата најубава напишана балада, единствената „Тајно моја“ на Тоше Проески. Игор Џамбазов пак само со една проштална реченица: „Лесно ти небо маестро“ и споделена фотографија го искажа последното збогум кон починатиот композитор, кој меѓудругото беше и негов колега и наследник на неговиот татко Александар, како диригент во Танцовиот оркестар на МРТ. Слично на него и Роберт Билбилов во една реченица напиша: „Почивај во мир маестро“, простувајќи се од Кире Костов, кој беѓе исто така колега и на неговиот покоен татко, Хилми Билбил кој исто така работеше во оркестрите на МРТ. Панчо од ар ен би дуото ДНК ништо не напиша... Веројатно немал зборови за да ја искаже својата тага. Сподели само една фотографија од починатата музичка легенда на која покрај неговиот лик стојат емотиконите на едно скршено срце и два бели гулаби... Една фотографија - илјада зборови. Ќе ја разбере секој што знае да чита симболи! Стефан Филиповски - пејачот на братското дуо „Некст Тајм“ исто така со фотографија и неколку збора му оддаде последна почит на починатиот композитор: „Почивај во мир... И даде на Македонија преубави песни!“ „Мојот дедо Кире... Ангелче ме викаше... Ја напиша мојата песна 'За нас' и за прв пат на 'Макфест' освоив 3-то место... Подоцна и 'Погледни ме'... Не успеавме да направиме уште една песна. Почивај во мир, ќе ми недостасуваш“ - сподели Антониа Гиговска, чиј почетоци на  музичката кариера исто така се врзано со маестро Костов. „Септември ‘97, на почетокот од мојата музичка кариера имав чест и привилегија првата песна да ја напише Маестро Кире Костов… Сонот стана јаве, композиторот на “Твоите очи сине”, “Кога те нема”… ќе твори за мене. На среќата и немаше крај…Сите негови композиции имаат возвишена емоција, а тој ќе продолжи да живее преку неговите нив. Почивај во мир Маестро, сочуство до семејството“ - сподели во проштална порака на својот Фејсбук пејачката Маја Вукучевиќ, присетувајќи се на фестивалската соработка со починатиот маестро. И пејачот Јоце Панов со кого маестро Костов соработуваше, не заборави да му испрати последен поздрав; Почивај во мир маестро Кире Костов. Ми напиша две песни, но вредни како 20. 'Ти пеам песна' и 'Љубовна религија'' - споделил штипјанецот покрај заедничјта фотографија со својот некогашен композитор. Денеска не напушти голем музички великан, човек кој остави огромни траги во македонската музичка дејност. Моето прво искуство со студиото и сцената беше баш со чичко Кире Костов, кого за прв пат  снимивме во далечната 1994 година за  детски музички фестивал Си-До во Македонската радио телевизија .Патувај мирно голем човеку, ќе живееме со твојата музика. Сочувство до семејството“ - сподели на својот Фејсбук неговиот  битолски сограѓанин, пејачот  Димитар Андоновски. Покрај семејството, загубата за Македонија и македонската музичка сцена е преголема, а листата на тажни и скршени срца предолга за да ја собере во еден текст. Нека ти е светол патот, почивај во мир маестро!]]>