мачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 11:23:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тага во домот на Лидија Вукиќевиќ, а се огласи и синот: „Беше така…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taga-vo-domot-na-lidija-vukikevik-a-se-oglasi-i-sinot-beshe-taka-foto/ Thu, 22 Feb 2024 11:23:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339769

Постариот син на Лидија Вукиќевиќ, Андреј Мркела, како и помалиот Давид се свои луѓе. Додека Андреј тргна по стапките на својот татко и се занимава со спорт, Дејвид стана пилот, за што актерката не ја крие гордоста. Таа дури и не крие дека и двајцата ги држела долго до пазувите, но од нив не направила мамини синови. Напротив, таа ги воспитала да бидат домаќини, господа, вредни, лојални, доверливи мажи, мажи достојни за внимание и сето тоа вродило со плод, и двајцата се многу пожелни за жените.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Помладиот син на Лидија Вукиќевиќ не е активен на социјалните мрежи и помалку се знае за него, додека постариот исклучително добро се однесува кон своите следбеници, што не е чудно бидејќи во тоа одлична е и неговата избраничка, манекенката Наѓа Илиќ. Секој што сака да дознае повеќе за згодниот фудбалски менаџер само треба да отиде на профилот на Наѓа и се ќе му биде јасно. Медиумите преку Инстаграм дознаа дека Андреј и Наѓа почнале да живеат заедно во прекрасен стан, дека имаат миленици, а денеска ги известија фановите за тажниот расплет. Елем, нивната мачка почина. - Неописливо е колку љубов му е дадена на ова мало суштество за кратки седум месеци... тажен сподели тој дека загубата на миленикот боли. фото: Instagram printscreen/ vukiceviclidija/ nadjailic_]]>

Лепа Лукиќ напиша тестамент: Пејачката сѐ што има му го остава на него, само ако и ја чува мачката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-lukik-napisha-testament-pejachkata-s-shto-ima-mu-go-ostava-na-nego-samo-ako-i-ja-chuva-machkata-foto/ Thu, 21 Dec 2023 09:33:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331943

Лепа Лукиќ напиша тестамент и одреди кој ќе го наследи целото богатство што го стекнала во нејзината завидна кариера. Пејачката на својот братанец Радисав ќе му остави два стана, куќа, целиот движен имот во вид на пари и накит, а во тестаментот навела само еден услов што мора да го исполни. - Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако одам пред неа. Радисав треба да се грижи за Маза, да се грижи за неа и да ја гали, а тој ќе наследи се што сум стекнала во текот на мојот живот. Сето тоа стои во документот што го чува мојот адвокат - изјави Лепа Лукиќ. -Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа мора да се грижи за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе одам на другиот свет. Од 2011 година ние две живееме заедно како мајка и ќерка - изјавила Лепа. - Таа е многу паметна, дури и попаметна од мене! Таа никогаш не се качува на масата додека јас јадам, како што прават другите мачки. Таа ги има своите пелети и кога ќе рече „мјау“, ја прашувам: „Синко, кажи ми што сакаш, кажи мајка што сакаш?“ Одиме заедно до местото каде што е нејзината чинија со храна и јас ги истурам пелетите да јаде. Кога ќе се разбуди одиме во спална, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека да спиеме заедно. Да живеев сама, ќе бев без памет! Никогаш не сум сама со Маза – истакнала пејачката. Фото: Принтскрин/Instagram/lepa_lukic_official]]>

Тажен ден за Игор Џамбазов: „Замина, најмилото сонце мое“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tazhen-den-za-igor-dhambazov-zamina-najmiloto-sontse-moe-foto/ Wed, 06 Sep 2023 10:45:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316971

Разделбата стана се почест гостин во животот на нашиот познат шоумен Игор Џамбазов. Со тага и скршено срце, Игор објави дека од овој свет си заминала неговата најдобра пријателка, мачката Емилија со која беа неразделни. -Денес мојата Емче замина на небото. Најмилото сонце мое... напиша кратко тој објавувајќи фотографија од неговата сакана крзнена миленичка Емилија Џамбазова Бавчанска. Животот со животните знае дека биде поубав, но и тежок кога ги губиме. Денот за Игор беше поубав со Емче, а многуте следбеници му порачаа дека им е жал за загубата со многу симболи од скрешни срца. Емче и Игор доста често ги забавуваа следбениците на Инстаграм, а мачката своевремено имаше и профил на Фејсбук. Емче патуваше од Скопје до Дојран, па и на други места каде Игор сметаше дека таа може да му прави друштво. Џамбазов пред повеќе од една деценија за најдобар пријател го имаше кучето Бошко за кој знае да каже дека се уште не го прежалил, а веруваме дека истите чувства ќе бидат присутни  и за Емче која остави празнина во неговата прегратка, скут, место во креветот и секако во срцето. фото:Инстаграм принтскрин/ Стефан Рајхл]]>

Александра Накова и Сања Николиќ го демантираат правилото дека кај што има добра мачка, таму нема глувци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-i-sana-nikolik-go-demantiraat-praviloto-deka-kaj-shto-ima-dobra-machka-tamu-nema-gluvtsi-foto/ Sat, 26 Aug 2023 07:18:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293142

Има една народна поговорка која вели: „Кај што нема мачка, глувците оро водат“. Две македонски убавици, некогашни манекенки, мисици и модели, сепак отстапуваат од правилото или можеби се исклучок, кој истото го потврдува. Имено,  Александра Накова и Сања Николиќ ја демантираа поговорката дека кај што има „добра мачка“ - нема глувци! И тоа секоја со сопствен пример. До душа малку поразличен кај едната од другата, ама сепак... Неговото величество - малиот глодар кај нив е господар. Кај едната по нејзина желба и волја, а кај другата пак има сосема поинаква ролја... Онаа на неканет гостин. Гевгелиската убавица Александра Накова сподели  неколку фотографии на приказните на своите профили на социјалните мрежи на кои ги изненади сите. Овој пат со малиот куќен пријател или поточно љубимец, на кој бујната силиконска предница на цицлестата убавица и тоа како му се погоди. Малечкиот полски глушец во народот познат како хрчак на Накова и стана прв ортак. Нејзините бујни атрибути пак, нему полигон за игра, за танц на градите на фешн ѕвездата... Нешто како трамболина за потскокнување, а можеби и „силиконска мемори пена“ за удобно спиење и спокоен сон. Името не му го дознавме, ама во случај се' уште да го нема, имаме свој предлог за малиот „грицко“: Нека се вика Цицо! Сања Николиќ - некогашната мисица, манекенка и водителка, сега маркетинг агент, има поинаков гостин. Неканет, ама сепак, на сопругата на „Слаткар“ и е сладок... Само што овој „домашен гостин“ колку и да е сладок поединец, сепак не е и домашен љубимец. Веројатно затоа и е од другата страна на стаклото од балконската врата. За негова среќа, зашто додека глушецот се шета по терасата од дворот на куќата, на домаќинката мачката и дреме меѓу нозе! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sanjanikolic/nakovaaleksandraofficial]]>

Игор Џамбазов се најде во незгодна ситуација, па итно побара помош, а прва во пресрет му излезе Лила Филиповска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-se-najde-vo-nezgodna-situatsija-pa-itno-pobara-pomosh-a-prva-vo-presret-mu-izleze-lila-filipovska-foto/ Wed, 05 Apr 2023 08:41:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296619

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов има миленичка на која и подарува најмногу љубов, но овој пат таа „го нападна“ па беше принуден да побара помош. На нејзиниот газда за кој таа  „велеше“ дека „поглупав хомо-сапиенс со толку голем коефициент на интелигенција нема сретнато“, повторно му се здаде в лице. Имено, Игор и овој пат се најде во незгодна ситуација кога неговата миленичка која ја возвишува до небото, Eмилија Џамбазова Дојранлиева, безмилосно ги заби ноктите во местото меѓу веѓата и горниот крај на увото и го зграпчи за левата слепоочница. „Добар ден, збрцани ми се ноктите во слепоочница, како да ги извадам“ - плачеше од болка и бараше помош од цел свет нејзиниот газда кој на објавата со големи букви напиша „Хелп“ на англиски за да може да го разберат дури до Америка, оние на кои вакавата негова состојба им е „однекаде позната“.
За спас од најпопуларната мачка Емилија Џамбазова Бавчанска Дојранлиева која еднаш имаше и сопствен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, прва за помош се јави Лила Филиповска која од лично искувство со нејзиниот мачор Рагнар даде релевантен одговор: „Вистинска љубов“ - му напиша таа и ја разоткри мистеријата, појаснувајќи дека македонскиот шоумен всушност не е нападнат, туку сакан. не е во прашање семејно насилство, туку вистинска љубов. Но, како што по некое непишано сценарио му се случува на Џамбазов, така и овој пат вистинската љубов боли... До коска! Како и онаа од реалноста, па кој знае - ќе разбере... Кој не, никогаш не ни љубел!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов]]>

Ана Стојанова го прослави дваесет и деветтиот роденден со црвена торта и впечатлива облека (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanova-go-proslavi-dvaeset-i-devettiot-rodenden-so-tsrvena-torta-i-vpechatliva-obleka-foto/ Mon, 20 Mar 2023 09:49:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294089

Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова  која е  инспирација за многу девојки и жени кои таа ги нарекува „армијата“ во месец март има убав повод за славење. Ана го славеше нејзиниот роденден, а по тој повод се појави во жешко издание, каде се облече во латекс комбинација  со црвена боја која беше припиена за нејзиното тело и го покриваше целото. Но, иако сексапилната велешанка сме навикнати да ја гледаме почесто расоблечена, инспирирајќи ги другите со нејзиното тело - ремек дело со изглед на светска ѕвезда, овој пат се одлучи за ваков моден изглед, за која креација за  која треба да се има храброст, но и да се има што да се покаже. Навалена над роденденската торта со интересна посвета на која пишуваше „Убав задник“  - инструкторката остана достојна и на нејзината фискултурна доза која ја конзумираше дури и кога ги дуваше и свеќичките. Ана Стојанова со фит поза го намести незиното тело како „мачка над погача“, а ги истакна и годините со кои се гордее. Роденденската креација која  одлучи да ја носи  само уште повеќе ја истакна нејзината женственост и сексапилност, па и овој пат на беше магнет за погледи, бидејќи  имаше на неа што да се види. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Стојановска    ]]>

„Го обожавав, но си замина“ – Зорана Павиќ ја загуби големата љубов! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/go-obozhavav-no-si-zamina-zorana-pavik-ja-zagubi-golemata-lubov-foto/ Wed, 01 Feb 2023 10:19:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286846

Пејачката Зорана Павиќ се појавила на еден настан и допрела до една од најтешките тема, па пред камерите проговорила за големите загуби. Зорана се присети на еден тежок период кога изгуби драги луѓе околу себе, а неодамна и почина и мачката која многу ја сакаше. - Многу луѓе кои ми беа многу важни го напуштија мојот живот. Многу соработници, пријатели, оние кои се викаат - крвта не е вода. Па, неодамна умре и мојата мачка, која ја обожавав. Тој беше мојата љубов, цел живот ги сакам животните, тие се нешто посебно во мојот живот - рече Зорана со грутка во грлото. Пејачката научила да се челичи од тешките ситуации, па секогаш кога паѓа се подига и го продолжува животот. - Некако животот ме научи да продолжам понатаму,дека сите сме минливи. Сега ќе се појави дека филозофувам... Но, така е, додека сме тука, отвораме ново поле на љубовта. Имам нова мачка. Не можам да земам нови луѓе, нели... - истакна пејачката на која очите и беа полни со солзи. -Како што кажав сите сме само на минување, одиме понатаму! Здравјето е најважно, но тоа страда од главата и  од душата. Значи, ако имаме одредени загуби од тој тип, тогаш трпи и здравјето - додала Зорана. Фото: Принтскрин/Блиц ТВ/Инстаграм]]>

На мачката и мрда опашката: Бојана Нушкова ги потспушти гаќичките, па си го услика и мачето (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-machkata-i-mrda-opashkata-bojana-nushkova-gi-potspushti-gakjichkite-pa-si-go-uslika-i-macheto-foto/ Thu, 19 Jan 2023 09:03:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273028

Македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова покрај кариерата која ја гради и дома и во регионот, се' почесто е присутна и во медиумите и на социјалните мрежи. Фотографирањето не им естрано на оние што се занимаваат со оваа професија, разголувањето исто така, зашто обете се дел од работата на убавиците кои чекорат по модните писти или рекламираат разни модели на облека, обувки, козметика, разни акцесоари... Патем долгоногата македонска убавица и приватно речиси секојдневно го „кити“ својот Инстаграм со разни фотографии, меѓу кои неретко има и предизвикувачки и провокативни. Впрочем ваква снага и телесни атрибути би било штета да стојат скриени, па затоа Бојана го споделува сиот свој телесен раскош сликајќи се во различни секси пози. Или барем такво чувство предизвикува, а и таков впечаток остава со своите „скокотливи“ фотографии. Неодамна таа стави и пирс во обете гради, па покажа како изгледа и како им стои „арматурата во брадавици“ на разголените убавици како неа. Овој пат Бојана исто така решила малку да си поигра со камерата од мобилниот и тоа со разголено селфи во огледалото од спалната соба. Манекенката останала само по гаќички, ја поткренала  провидната маичка под која ништо не носи па убаво и се отцртуваат складно обликуваните голи гради, па тргнала да менува пози! Убавицата ги потспуштила гаќичките и со еден клик се „фотнала“ себе си, ама си го усликала и мачето. Не она кое само се насетува, а на кое можеби многумина помислија, туку она што и влетало во кадарот кога ќе ја отворите целата слика! Нејзината убава бела мачка која случајно влетала во фокусот на објективот. Всушност,  не е една туку се две. Едната на четири нозе со гордо крената глава, другата на две, со напрчено секси га*е во ист кадар! А мачка како мачка... Нема згодна мачка на која не и мрда опашката, па така и на оваа... Затоа и ја има во кадарот! На секоја згодна мачка пак, штом оддома надвор зачекор, веднаш и се лепат мачори... Особено ако вака „ги пали“. Затоа и на фотографијата се не една, не две, туку три... Дали е третата мачор или само нечиј одраз во огледало е прашање за „сто долари“? Она од милион, гласи малку поинаку: „Што е со мачорот на газдарицата“? Одговорот сепак побарајте го кај убавицата... Кај Бојана! Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova]]>

Необичен „патник“ пронајден во куфер пред лет Њујорк-Орландо (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/neobichen-patnik-pronajden-vo-kufer-pred-let-njujork-orlando-foto/ Thu, 24 Nov 2022 12:31:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277297

Куферот кој е проверен за патување од аеродромот „JFK“ во Њујорк до Орландо на Флорида на 16-ти ноември сигурно содржел некои необични работи. Додека еден куфер минувал низ рендген апаратот, обезбедувањето на аеродромот „JFK“ во Њујорк забележале чаши за вино, пар апостолки, но и силуета на мачка во природна големина. Се утврдило дека мачката била вистинска мачка: портокалова, жива, и очигледно неповредена, пишува „CNN“. Мачката минала неколку часа во куферот за да биде „уфрлена“ на летот за Орландо, Флорида. Полицајците кои ја виделе мачката на рендген апаратот, а потоа и го отвориле куферот, биле шокирани, рекол портпаролот на „TSA“ Лиса Фарбестајн. И покрај тоа што секојдневно се среќаваат со многу работи, од неовластено огнено оружје до недозволен сос од брусница, „ретко е да се види живо животно во чекирана торба“, изјавила таа. За среќа, мачката не се обидела да побегне кога го отвориле куферот. Патникот е повикан да го објасни својот багаж, а рекол дека „тоа не е негова мачка“. Изгледа дека мачката, која била на врвот на багажот и на која и ѕиркало крзното од патентот, влегла во куферот незабележано.]]>

И Игор Џамбазов „ги заплеска“ т.н. инфлуенсерки: „Или мојава мачка е многу популарна или овие не се инфлуенсерки” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-igor-dzambazov-gi-zapleska-t-n-influenserki-ili-mojava-machka-e-mnogu-popularna-ili-ovie-ne-se-influenserki-video/ Wed, 16 Nov 2022 09:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276005

Новото време донесе многу нови нешта, меѓудругото и некои нови професии кои пред појавата на социјалните мрежи никогаш не постоеле. Таканареченото инфлуенсерство стана престиж и трка по лајкови и клиенти, чии производи и услуги се рекламираат. А ги рекламира кој стигне... Од тотални анонимуси, преку полупознати, па се до мегапопуларни фаци. Водителки и водители, естрадни ѕвезди, манекенки и модели,  врвни спортисти... па се до таму некои девојчиња кои ги познаваат само во комшии! Не важно, важно е да си инфлуенсер(ка) или барем самиот, односно самата така да се нарекуваш, та имала  само 500 или 200 илјади лајакови!? Професија во прогресија на која дури во Македонија и манифестација и направија. Занает кому никому не му е до крај јасен, професија за која школо не треба, освен малку искуство, самоедукација и помалку или малку повеќе голотија... Или можеби и таа не е потребна, ако занеш како да го продадеш она што го рекламираш. Секако, откако прво ќе научиш како до рекламата се доаѓа! Облик на маркетинг или можност за манипулација и „мачкање очи“ на своите следбеници, кои патем првин треба да ги навлечеш тоа да ти бидат? Но, она што до крај никому не му е јасно, па дури ниту на оние кои и самите имаат по сто и кусур илјади лајкови како Игор Џамбазов на пример, е  една работа во Македонија која никако ниту тој не може да си ја објасни: Како се станува инфлуенсер? Како тоа некои се (само)прогласуваат за инфлуенсерки, со сила туркајќи се самите во инфлуенсерската фамилија, а имаат помалку лајкови дури и од неговата мачка Емилија? Што тоа го буни македонскиот шоумен кога е инфлуенсерството во прашање, самиот ќе ви раскаже во видеото во продолжение:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jingle TV (@jingle.tv)

Фото: Инстаграм принтскрин/ fashionel/jingle.tv  ]]>