мачка во вреќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Mar 2018 07:58:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мачка во вреќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Мачка во вреќа“: Кристина Арнаудова се најде во небрано во „личниот проект среќа“! https://arhiva.vistina.com.mk/machka-vo-vrekja-kristina-arnaudova-se-najde-vo-nebrano-vo-lichniot-proekt-srekja/ Mon, 26 Mar 2018 07:58:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17562

Македонската поп пејачка Кристина Арнаудова однеодамна се занимава и со хуманитарна дејност. Нејзиниот „Проект среќа“  пред Нова година на многу дечиња од социјално загрозени семејства им донесе среќа и радост во вид на пакетчиња и подароци. Активностите на полето на хуманоста Арнаудова ги продолжи и понатаму организирајќи, собирајќи и донирајќи за оние на кои тоа им е најпотребно, а тоа не можат да си го дозволат!
Арно ама, хуманата пејачка чепкајќи по најекспонираната социјална мрежа Фејсбук, налета на една интересна и забавна апликација која вели: „Какви прекрасни промени те чекаат во 2018“?
На кристина и проработе љубопитноста, па реши да се логира за да види каков пакет и нуди судбината во 2018 во „личниот проект среќа“? Ама среќа како среќа, како по правили или никогаш не доаѓа тогаш кога ти сакаш, или кога ќе дојде - тогаш ти тоа не го сакаш! Така и Арнаудова!  Ја кликна апликацијата за да види какви тоа нови можности и изненадувања ја чекаат во 2018 и го доби одговорот:  „Кристина, 2018 ти носи мало момче“! Или што би рекле бебе!
Арно ама, како таа и нејзиниот сопруг Александар се веќе родители на две мали момчиња: Максим и Матео, пејачката онака, ептен изненадена и шокирана од одговорот се најде во небрано во „личниот проект среќа“!
„Аааааааахахахааааааа не,не, не благодарааааам... во ред е!“ - прокоментира пејачката и ја затвори апликацијата, очигледно фатена неподготвена за „треќа - среќа“!
Ама, ако ништо друго, нешто научи или поточно извлече поука, друг пат да не отвора... „мачка во вреќа“!
]]>