мац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Jan 2023 13:54:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролина на доделувањето на МАЦ наградите: „Сè уште не се појавил некој што ќе го надмине Тоше“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-na-dodeluvaneto-na-mats-nagradite-se-ushte-ne-se-pojavil-nekoj-shto-ke-go-nadmine-toshe-video/ Thu, 26 Jan 2023 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286017

Македонската поп-пејачка Каролина Гочева вчера, среда, 25 јануари 20223 год. настапи на годинешното доделување на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“ (МАС). Непосредно пред започнувањето на настанот, таа одвои време да одговори на дел од новинарските прашања во врска со нејзините музички планови и приватниот живот. Со оглед на тоа што вчера се навршија 42 години од раѓањето на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, новинарите не ја пропуштија можноста да ѝ постават прашања и за него. Каролина и Тоше паралелно почнаа да ги градат нивните музичките кариери кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, кога беа и блиски соработници и ексклузивци на продукцијата „Авалон“ и ја снимија заедничката дует балада „Немир“. На прашањето дали во меѓувреме се појавила некоја личност која ќе може да го замени Тоше, Каролина кратко одговори – НЕ! „Слободно можам да кажам дека сè уште не се појавил некој што ќе го надмине и не верувам дека некој од тој калибар ќе се појави во скоро време. Ние сме среќни што го имавме“, изјави Каролина. Исто така, пејачката сподели дека често патува во Крушево и дека одржува контакт со семејството и пријателите на Тоше. На прашањето дали некогаш ќе се повтори некоја дуетска песна како „Немир“, таа одговори дека „најверојатно, таков дует – не, но дека би сакала да сними нешто слично“.
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/karolinagocheva/srbija_showbizz Извор: Слободен печат]]>

Откриено кои ќе бидат водители на „МАС 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/otkrieno-koi-ke-bidat-voditeli-na-mas-2023/ Fri, 20 Jan 2023 12:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285140

До најголемата музичка манифестација во регионот Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet во организација на Скајмјузик остана уште помалку од една недела, а сега, покрај бројните музички ѕвезди кои го потврдија своето учество на 25 и 26 јануари во Штарк арената, откриваме и кој ќе ја води церемонијата. Мултиталентираната актерка, која е позната по своите забележителни „излети“ во музичките води, Јелена Гавриловиќ и музичкиот маг - еден од најпознатите музичари, композитори, текстописци и музички продуценти Тончи Хуљиќ е водечкиот пар кој ќе ја забавува публиката во Арената на првиот ден од настанот, 25 јануари, и покрај ТВ-екраните, и ќе ве водат низ повеќечасовната церемонија на доделување на наградите и сензационалните настапи, додека во вториот ден на сцената ќе доминират иконите на новата музичка сцена - Мими Мерцедез и Воајаж! „Мило ми е што имаме ваков настан кој ќе биде домаќин на најголемите регионални ѕвезди и кој со години ја држи под ист покрив целата регионална музичка сцена. Огромна чест ми е што добив покана да го водам MAC и особено ми е чест што мој партнер во ова ќе биде токму Тончи Хуљиќ, човек кој остави траен и неизбришлив белег во музиката со својот талент, љубов и посветеност“, вели Јелена. За улогата на водител, Тончи Хуљиќ вели дека си ги исполнил детските соништа: „Со големо задоволство ја прифатив улогата на водител на MAC, тоа го гледам како своевидно исполнување на моите дамнешни желби. Како деца, сите фантазиравме еднаш, кога ќе пораснеме да станеме пејачи, филмски актери или телевизиски водители. Цел живот се занимавам со музика, а сега изгледа дојде време да се обидам во нешто за што сонував во детството. Мими Мерцедез, која заедно со Воајаж ќе ја води церемонијата на вториот ден, јасно стави до знаење дека е подготвена и за оваа улога. „Почестена сум што сум избрана за оваа улога и мислам дека ќе се откријат многу мои таленти кои се криеја зад моето пишување. Се чувствувам многу возбудено, но и самоуверено. Сигурна сум дека се избрани совршените водителски двојки за оваа манифестација и дека овој спектакуларен настан ќе го направиме уште посилен. Едвај чекам да се сретнам со моите колеги“, вели Мими. Идолот на новата генерација и моментално најслушаниот артист на Балканот, Михајло Веруовиќ - Воајаж вели дека никогаш не се нашол во улога на водител и додава: „Многу ми е мило што ќе се обидам у во тоапокрај сето она што го направив. Мислам дека ќе биде многу убаво искуство и сакам да им се заблагодарам на организаторите кои ми дадоа таква одговорност, мислам дека ќе ги исполнам очекувањата.    ]]>

Познати првите настапи на Music Awards Ceremony (MAC) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-prvite-nastapi-na-music-awards-ceremony-mac/ Mon, 19 Dec 2022 07:49:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280555

Најголемото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC), за чија организација е задолжен Скајмјузик, ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога претставниците на музичката елита од поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хоп, светска музика и народна музика ќе ја покорат MAC сцената на првиот ден, додека настапите на најголемите музички идоли од трап, дрил, балкан дрил урбан поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од церемонијата  MAC се враќа на голема врата со дводневна церемонија, а познати се и првите настапи – регионалната поп дива Јелена Розга настапува во првиот ден, додека на вториот ден од церемонијата, 26 јануари, MAC сцената им припаѓа на Воајаж, Зера, Теодора и Црни Церак. Организаторите најавија дека имињата на изведувачите кои ќе настпат на MAC ќе се објавуваат на Инстаграм-профилот на манифестацијата секоја вечер точно во 21 часот, и најавија бројни изненадувања за фановите.   Кралицата на поп сцената и миленичката на сите генерации, Јелена Розга, го потврди своето доаѓање на најголемата музичка манифестација во регионот на 25 јануари, кога на MAC сцената ќе продефилираат вистински великани на регионалната поп, рок и народна сцена. Нејзината кариера долга повеќе од 20 години ѝ донесе бројни хитови и некои од најуспешните колаборации, како оние со Саша Матиќ, Дорис Драговиќ, Матија Цвек, Оливер Драгојевиќ, но и статус на врвен изведувач кој одново ги поместува границите. Јелена е позната и по своите настапи и талентот со публиката да оствари близок, непосреден контакт, па нема сомнеж дека нејзиниот настап на MAC долго ќе се прераскажува.   MAC се потруди еднакво внимание да им посвети на сите музички жанрови, па така битовите кои ги обликуваат трендовите во музиката конечно го добиваат просторот кој го заслужуваат, и тоа со посебен ден на церемонијата, кој е посветен за афирмација на новите музички таленти. Така, Теодора, Воајаж и Црни Церак, најголемите икони на трап и урбаната алтернативна сцена, ќе настапат на вториот ден од церемонијата,на 26 јануари, кога со најсовремените аудио и визуелни ефекти директно од кујната на Скајмјузик, на публиката во Штарк Арената ќе ѝ приредат незаборавно шоу и ќе постават нови стандарди кога станува збор за сценскиот настап. Дека Арена ќе „гори“ без дилема укажуваат сите достигнувања на овие изведувачи, одново поместувајќи граници и високо поставувајќи стандарди, важејќи за ултимативни изведувачи на убиствени битови и „запалливи“ текстови чии песни не излегуваат од трендингот. Така, Воајаж, еднакво познат како по соло нумерите, така и по бројните дуети, е еден од најплодните изведувачи кој гордо ја носи титулата изведувач чии нумери имаат најмногу Јутјуб прегледи, додека Црни Церак важи за вистинска трап сензација чии мега хитови „"CC#1", "CC#2", "Два телефона", "CC#3",“ го обележаа овој музички правец. Меѓу објавените изведувачи се најдоа и две дами – Зера, која на широката јавност ѝ стана позната по синглот „До зоре“, што сама го напиша, а кој го достигна дури 3. место во српскиот трендинг на Јутјуб платформата, и Теодора. Таа е популарна пејачка, позната по експлозивните настапи за кои се бара билет повеќе и песните кои бележат вртогрлави прегледи, и е еднакво омилена меѓу следбениците на овој музички правец. Влезниците за MAC по подарок цени за првите сектори, фан питот и ВИП влезниците со попуст од дури 70 % се достапни преку бесплатната ефинити апликација, страницата efinity.rs и на билетарницата на Штарк Арената, а многубројни фанови имаат можност, следејќи ги официјалните канали на манифестацијата на Инстаграм, секој ден да освојат влезници за најголемиот музички спектакл. Колку за потсетување, MAC беше спектакуларно најавен преку ЛАЈВ на официјалната страница на манифестацијата, кога добитниците на признанија во претходните изданија, како Нина Бадриќ, Лена Ковачевиќ, Каролина Гочева, Раста, Воајаж и многу други го номинираа своите фаворити за престижните награди, и тоа по речиси две години пауза. Потсетуваме MAC во претходните две изданија собра преку 450 познати лица од целиот регион и беше емитувана на дури сеум ТВ-станици со национална фреквенција во шест држави, додека преку 5 милиони гласови од целиот свет стигнаа на адресата на манифестацијата. MAC за мошне кратко време прерасна во најголемиот и најпрестижниот музички спектакл на овие простори, за што сведочат дури седумте меѓународни награди „Best Musical Event“, „Best Ceremony“, „Best European Event“, „Excellence in Brand Strategy and Creation“, „Set Design Supplier“, „Audiovisual Supplier“ и „Live Show“.]]>

Еве како српската модна полиција го коментира изгледот на нашата Лина Пејовска… https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-srpskata-modna-policija-go-komentira-izgledot-na-nashata-lina-pejovska/ Mon, 03 Feb 2020 06:46:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132264

За разлика од соседството, кај нас модната критика речиси и да ја нема, па затоа српските модни критичари почнаа да ги коментираат и нашите пејачи кои се појавуваат на големи регионални настани, како во случајот неодамна одржаните МАЦ музички награди во Белград. Таму се појави и младата македонска пејачка Лина Пејовска која очигледно ја воодушевила тамошната модна полиција. Па така, критичарот Давид Чурчиќ избра да го оцени изгледот на Лина која се појави во дизајнерски фустан со футуристички елементи. -Лина е бомба! Има преубаво лице! Фустанот на Тамара Стерјов баш ми се допадна, тотално уникатна, дури би можела да се направи и како тоалета. Но, Лина е млада, така што вака кратка е полн погодок. Супер е изработена, футуристичките елементи се врв, коментира Давид Чурчиќ, модниот уредник на српскиот магазин „Jolly“ и критичар во модна полиција. На Лина ова и тоа како и годеше, па се пофали споделувајќи го коментарот на својот Инстаграм профил.]]>

Српскиот моден критичар Саша Видиќ го прокоментира стајлингот на Калиопи на „MAC“ – еве што кажа за македонската дива https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-moden-kritichar-sasha-vidikj-go-prokomentira-stajlingot-na-kaliopi-na-mac-eve-shto-kaza-za-makedonskata-diva/ Fri, 31 Jan 2020 08:31:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131818

Во понеделникот (27.01.2020) во „Штарк Арена“ во Белград се одржа второто издание на доделување на музичките награди на МAC. Токму ова случување ги собра регионалните музички ѕвезди кои во разни модни комбинации продефилираа на црвениот килим. Некои од нив беа номинирани за награди, некои освоија награди, а некои пак воодушевија со своите интерпретации. Македонскиот пејач Влатко Лозаноски со песната „Мајка“ освои награда за најдобра регионална фолк поп песна, а една од домаќинките на ова случување беше Тамара Тодевска. Македонската дива Калиопи со својата музичка интерпретација на „Роѓени“ го воодушеви целиот регион. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-ne-osvoi-nagrada-na-mac-no-dobi-najgolemi-ovacii-vo-shtark-arena/ За оваа прилика Опи одбра црна комбинација која најчесто е дел од нејзиниот стајлинг, но кога продефилира на црвениот килим се сретна со српскиот моден критичар Саша Видиќ кој пред камерите на телеграф, рс откри што мисли за нејзиниот изглед. „Дај да те видам како си облечена“ изјави Видиќ откако ја поздрави Опи. „Еј, немој нешто да ми најдеш дека не е добро. Тоа е мој стил“ веднаш врати Опи. „Не, не. Мене ми се допаѓа. Па, ти си иста. Знаеш, ова е жена која никогаш не се менува. Не знам што се случува. Наместо Калиопи требаше да се вика Камелеон“ истакна Видиќ. За потсетување, Саша е добро познат моден критичар и дизајнер кој често знае да го искаже своето мислење за модните комбинации на познатите. Па така кај него често на тапет знаат да се најдат Дара Бубамара, Јелена Карлеуша, Сека Алексиќ и многу други познати личности. ]]>

Влатко Лозаноски: „Политиката нека си остане на политичарите, јас не држам ничија страна, туку само го кажав тоа што го чувствувам!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-politikata-neka-si-ostane-na-politicharite-jas-ne-drzam-nichija-strana-tuku-samo-go-kazav-toa-shto-go-chuvstvuvam/ Fri, 31 Jan 2020 07:53:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131956

Тој дефинитивно важи за најдобриот и најпопуларен пејач во Македонија последниве години. Влатко Лозаноски освои награда на МАС во категоријата најдобра поп фолк нумера во регионот, за неговата песна „Мајко“. Беше претставен како пејач од „Северна“ Македонија, а тој пак, во своето обраќање на најкултурен начин го коригираше најавувачот, истакнувајќи дека доаѓа од Македонија, без таа додавката на името, која беше спомената во најавата. Лозано исто така, пред целиот балкански аудиториум во директниот пренос кој го пренесуваа мноштво национални ТВ станици, потенцираше дека таа вечер говори на македонски јазик, па во шега додаде дека меѓудругото и  Јелена Карлеуша тврди дека македонскиот и е  најсекси јазик. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-mac-2020-jas-sum-makedonec-toa-e-makedonija-vlatko-lozanoski-ushte-ednash-pokaza-kolku-e-golem-i-kako-muzichka-dzvezda-i-kako-vistinski-patriot-i-makedonec-video/
 
View this post on Instagram
 
@vlatkolozanoski priznanje POP FOLK NUMERA!

A post shared by MAC /Music Awards Ceremony (@music.awards.ceremony) on

По овој потег, Лозано одново стана „херој на нацијата“. Уште во истиот момент социјалните мрежи беа преплавени токму со него и неговата изјава. Мноштвото коментари беа позитивни, но како и секогаш, хејтерите и останатите „оперирани“ од нацинално чувство искажаа негативни коментари околу истото, обидувајќи се да ја стават неговата изјава во партиска рамка, со тврдења дека е во функција на нечиј политички маркетинг. За среќа, таквите можеа да се избројат на прсти... Токму затоа екипата на  естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ - „Бекстејџ“ реши да поразговара со Лозано и да дознае од прва рака, што мисли и што чувствува по ова прашање, дали се' уште стои зад својата изјава, има ли таа политичка заднина...? Што точно кажа Влатко Лозаноски во камерата на „Бекстејџ“, погледнете во видеото во продолжение: ]]>

Луна Ѓогани имаше пех на MAC, но тоа било ништо во споредба со драмата која ја направила подоцна https://arhiva.vistina.com.mk/luna-gjogani-imashe-peh-na-mac-no-toa-bilo-nishto-vo-sporedba-so-dramata-koja-ja-napravila-podocna/ Thu, 30 Jan 2020 10:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131808

Луна Ѓогани направи скандал со наградите МАC бидејќи ја изгубила скапата крзнена бунда. Се чини дека новопечената пејачка од многу возбуда почнала да заборава и да ги губи своите работи. На церемонијата, Луна се расположи, а тоа траеше сè додека не се врати во бекстејџ. Потоа сфати дека и недостасува бундата за која ја платила скапо. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luna-gjogani-se-iznervira-od-pehot-koj-i-se-sluchi-na-golemite-muzichki-nagradi-vo-belgrad-foto/ - Луна дојде на МАC со пријателите и менаџерoт, а пред влезот на едeн од нив им ја дала бундата за да ја чува безбедна додека таа се сликаше на црвениот тепих и даваше интервјуа. Соработникот што го чуваше нејзината скапа бунда во еден момент пријде и рече дека мора да оди и ја остави јакната во бекстејџ. Кога го напуштила местото за интервјуа, Луна ја зеде бундата и ја наметна, но додека луѓето се приближуваа кон неа да се фотографираат, случајно ја спушти некаде. После половина час, кога сфати дека ја нема, почна да се буни - започна извор кој бил присутен во текот на оваа непријатна сцена, додавајќи: - Почна да вика, и постојано велеше дека некој ја украл, и дека ќе открие кој го сторил тоа. Пријател пријде и се обиде да ја смири, а некои од присутните влегоа во акција да бараат. После десет минути барање зад сцената, тие успеаја да ја најдат. Луна подоцна се извини за непријатностите и сцените што ги направи и рече дека е нервозна, како и дека е бундата ја купила од првите заработени пари - вели изворот за српски Курир.]]>

Антониа Гиговска на црвениот килим во „Штарк Арена“ се појави со момчето, а фанови им порачаа: „Холивудски“ https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-na-crveniot-kilim-vo-shtark-arena-se-pojavi-so-momcheto-a-fanovi-im-porachaa-holivudski/ Thu, 30 Jan 2020 08:19:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131724

Во понеделник  (27.01.2020) во „Штарк Арена“ се одржа второто издание на големите музички награди „МАC“. „МAC“ ја славеше музиката, а ова случување ги обидини музичките ѕвезди од регионот кои во разни модни елегантни комбинации пристигнаа на црвениот килим во „Штарк Арена“. На доделувањето на наградите присуствуваа многу јавни личности од регионот меѓу кои и Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Јелена Розга, Петар Грашо, Влатко Лозаноски, Нина Бадриќ и многу други. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/regionot-obidinet-ja-slaveshe-muzika-na-mac-2020/ И од македонската естрада имаше многу номинирани, но само Лозаноски освои награда за најдобра поп фолк песна „Мајка“, а поп дивата Калиопи ги освои сите овации со моќната интерпретација на „Роѓени“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-ne-osvoi-nagrada-na-mac-no-dobi-najgolemi-ovacii-vo-shtark-arena/ Македонската пејачка Тамара Тодевска се појави во улога на водителка, па наместо микрофонот за пеење, овој пат го искористи за најавување и правење интервјуа. Младата пејачка Антониа Гиговска беше номинирана за најдобар женски вокал, но не ја освои оваа награда. Гиговска на црвениот килим се појави заедно со својот партнер односно Иван Јованов, а парот заедно позираше пред фоторепортерите. Антониа за оваа прилика одбра бела комбинација односно бели широки панталони во комбинација со топ и сако. Овој стајлинг Гиговска го дополни со патики. Момчето на Гиговска оваа фотографија ја сподели на својот „Инстаграм“, а истата доби повеќе од 1 000. Под објавата се нижеа само позитивни коментари и тоа: „Холивуд“, „Убавини“. Инаку, Гиговска за неколку дена треба да ја објави својата нова песна „Крива сам“.]]>

Навика од детството: Калиопи среде интервју со српски медиум направи нешто кое не го очекуваа https://arhiva.vistina.com.mk/navika-od-detstvoto-kaliopi-srede-intervju-so-srpski-medium-napravi-neshto-koe-ne-go-ochekuvaa/ Thu, 30 Jan 2020 07:26:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131599

Нашата поп дива Калиопи имаше импресивен настап на неодамна одржаните музички награди MAC 2020, а нејзиното присуство беше можност за српските медиуми непосредно да поразговараат со неа. Па така, за време на интервјуто со еден српски медиум, тие забележаа дека има гума за џвакање во устата. За време на разговорот со репортерите, таа зборувала го гумата за џвакање во устата и решила да ја проголта. Пред почетокот на церемонијата и во фаза на подготовки таа изјави: -Брзав, затоа вака изгледам! Простете, кажала Калиопи и со задоволство изјавувајќи дека и е драго што се наоѓа на вакво случување. За крај, откако ја проголтала гумата за џвакање со насмевка објаснила: -Тоа е нешто што го правам од детеството, искрено појасни нашата Калиопи.]]>

Хрватската пејачка на МАC се појави во комбинација под која и ѕирнаа брадавиците и долната облека https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-pejachka-na-mac-se-pojavi-vo-kombinacija-pod-koja-i-dzirnaa-bradavicite-i-dolnata-obleka/ Wed, 29 Jan 2020 12:03:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131643

Хрватската пејачка Хана Мишиќ која се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, се појави на МАC и покажа премногу. Хана на музичките награди се појави во проѕирен црвен фустан кој повеќе открива од што покрива, па под модната комбинација ѕиркаа нејзините интимни делови. Модната комбинација одлично одговараше на фигурата на Хана, а додека позирала на фоторепортерите на црвениот килим под горниот дел на фустанот и ѕирнале брадавиците. Меѓутоа, пејачката исто така ја извадила една ногата за да им позира на фоторепортерите, а под фустанот се виде нејзината долна облека.]]>