Маалски чочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Sep 2023 08:37:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Маалски чочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Последниот проект на кралот: Зоран Стефаноски и Ферус Мустафов го направија – „Маалски чочек“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/posledniot-proekt-na-kralot-zoran-stefanoski-i-ferus-mustafov-go-napravija-maalski-chochek-video/ Fri, 22 Sep 2023 06:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319199

Ако некој се посветил на професијата, тоа секако е кралот на саксофонот, однеодамна покојниот Ферус Мустафов. Него повеќе, за жал, го нема, но зад него остануваат да творат неговите соработници и почитувачи на музиката. Еден од нив е Зоран Стефаноски, во дијаспората познатиот како Зоки Сакс, кој заедно творејќи со Ферус ги помина неговите последните денови.  Зоки се потруди и успеа да сними уметничко дело со легендарниот  Ферус Мустафов. Станува  збор за „Малски  чочек“,  кој е снимен во студиото „Сити саунд“, а во продукција на „Блек меџик“. Токму затоа ова дело му е од огромно значење, се радува на соработката со кралот на саксофонот,  со кој ги помина последните денови од неговиот живот. „Драго ми е што соработувавме на многу проекти. Го почитував и како музичар и како човек и затоа се уште не можам и не сакам да поверувам дека веќе го нема. Затоа ќе го следам неговиот пат и ќе ги применувам сите совети кој ми ги има дадено. И знам дека ќе се гордее со мене од небото. Многу ми е жал што нема да го сработиме и орото кое кралот на саксофонот ми го посвети на мене. Но, сепак ќе се потрудам да го реализирам  и да ја пренесам замислата, исто онака како што тој ме советуваше“ - вели Зоки. Стефаноски работи како професор по саксофон и кларинет во приватна институција за музика и има завршено Конзерваториум на музика во Сиднеј. Досега има снимено повеке ора и чочеци , негови авторски и издадено еден албум со издавачката куќа „Сенатор“  од Битола. Во соработка со маестро Сашко Велков, кој е негов долгогодишен соработник, го подготвува и неговиот втор албум, кој му е од големо значење, а во изминатиов  период снимаше и видео записи и спотови за своите дела. Зоки Сакс  секојдневно во своето домашно студио  го поминува  најголемиот дел од своето  слободно време. Како Македонец, кој е роден и живее во Австралија, свири секаков жанр на музика и е член на повеќе групи, но од македонската, српската, арапската, турската и англиската музика, сепак, највеќе ја негува нашата. Како човек, чиј живот е музиката  имал чест да сними проекти во живо со врвни музичари  од соседството, меѓу кои е и еден од најпознатите  инструменталисти на кавал Неделко Неделков. Зоки има настапувано и на повеќе интернационални настани не само во Австралија, туку и во Америка и Италија. Проследете како звучи и изгледа неговиот заеднички настап во последниот проект на кралот Ферус и нивниот - „Маалски чочек“: ]]>