м – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Dec 2023 23:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png м – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на фестивал во Њујорк https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-film-m-na-vardan-tozija-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-festival-vo-nujork/ Fri, 08 Dec 2023 19:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330430

Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“. -Воодушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинешното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со креативни и бескомпромисни филмски автори, на настан што прерасна во двигател на американскиот и интернационален филмски дух, вели режисерот Вардан Тозија, кој во Њујорк лично ја прими наградата. Фимот „М“ на овој фестивал ја имаше американската премиера. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“. -Уникатно воден филм со динамичен емотивен импакт, „М“ е спектакуларно достигнување во меѓународната филмска соработка, стои во официјалното образложение на Фестивалот. Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму во официјалната селекција на овој фестивал ја претстави македонската кинематографија пред американската публика. По премиерата се одржаа дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.]]>

Филмот „М“ го отвора 22. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“  во паркот МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-m-go-otvora-22-izdanie-na-megunarodniot-festival-na-evropski-film-sinedejs-vo-parkot-mkts/ Mon, 10 Jul 2023 12:44:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309655

Дистописката приказна за осумгодишниот Марко, на македонскиот режисер Вардан Тозија, филмот „М“ го отвора 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ на 13 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот. Годинашното издание на Фестивалот на европски филм ќе трае само шест, наместо вообичаените десет дена и ќе понуди повеќе од 40 филмски наслови. Под слоганот „Муви најт“, проекциите ќе се одржуваат во паркот зад МКЦ, киното „Фросина“и џебното кино во во МКЦ и летното кино на отворено во „Кинотека“.
„Две децении „Синедејс“ го гради угледот на квалитетен меѓународен филмски фестивал, единствен домашен фестивал акредитиран од ФИАПФ, но годинава со исклучително намален буџет. Решивме Фестивалот да трае шест дена, односно онолку колку што ни дозволи чергата, ќе имаме премиерни на македонски филмови, потоа ремек-дело со филмска програма, која директно ја увезуваме од Кан, како први од сите фестивали во Европа“ изјави на денешната прес-конференција Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.
И годинава натпреварувачката програма на „Синедејс“ е селекција на Бернд Будер. Во фестивалската програма ќе видиме светски и македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во Официјална селекција, Гала програма, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови) и Ретроспектива на филмови посветена на Дејвид Боуви како актер. Асова најави дека на годиншаното издание ќе има наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров, новиот филм на Горан Столевски, а има и пет премиери на македонски кратки филмови.
Поради буџетските рестрикции програмата е тесно селектирана на сметка на квантитетот за да извадиме што подобар квалитет, истакна Арсова.
Организаторот го најави мастеркласот на нашиот Митко Панов и прикажување на филмот „Сведок“, а овогодишната програма на „Синедејс“ предвидува и дополнителни два мастеркласа, на Јуре Матичич, програмски раководител на „Местни кино Домжале“ Словенија и гуруто за презентација и ‘пакување на филмови Габриеле Бруненмајер, која работи како независен консултант за Мидпоинт институтот. Отворањето и затворањето на „Синедејс“ е во знак на македонските режисерски имиња.
Филмот „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, дете кое е затворено во границите, во заштитата на својата магична шума. Низ годините живее, незнаејќи што се случува со светот надвор. Чувано е и скриено од посесивен, строг, опседнат татко, кој секако, знаејќи дека тој е сѐ што му останало, се труди да го сочува од сознанието за тој свет. Сѐ додека еден ден љубопитноста не го натера тоа дете да излезе од границите на шумата, да истражи, да види што има зад тој забранет свет. Наоѓа едно другарче и почнува да истражува. Тоа истражување води кон одреден след на настани кои ќе го доведат во една голема авантура, вели режисерот Тозија за „М“. Филмот е сниман пред три години, но поради бројните предизвици, дури сега се случува неговата премиера. Сценариото е потпишано од Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Сашко Коцев, кој го толкува ликот на таткото на Марко во филмот, рече дека филмот ќе го памети по тешкиот и исцрпен кастинг кој траел доста долго, но и по неверојатната желба да ја добие улогата.
Кога го прочитав сценариото, во главата си зацртав дека мора да ја добијам улогата, кога ме поканија на кастинг. Онаа среќа, кога ќе ти јават дека си ја добил улогата, тоа не може никој да го опише со зборови. Но, не се израдував до крај, бидејќи во исто време ми потврдија уште два филма. Во истиот месец август, снимав три филма, тоа беше една актерска шизофренија. Но, овде бев многу опуштен зашто бев во една здрава режсерка рака и мислам дека овој филм ќе ја крене малку летвичката погоре во однос на тоа што понатаму ќе се случува. Ова е филм од 2 милиони евра снимен со 270 илјади евра. Како? Само Дарко Попов, Вардан Тозија и Влатко Самоилковски си го знаат тоа, а бога ми и ние. Беше напорно, тешко снимање. Тоа лето ќе го паметам по работа со деца. Во исто време се снимаше филмска серија за деца, овде бев татко на некое дете, па претходно снимав филм каде што играв татко, и си помислив, дали остарев што играм само татковци? Многу е тешко да не се спуштиш на тоа негово ниво да бидеш помеѓу, дали актерски или ментално, да не повредиш, навредиш, тоа се чисти, детски души. По тоа ќе го паметам филмот, дека таа работа беше тешка, но не значи неуспешна, рече Коцев.
Затворањето на Фестивалот е повторно со македонска премиера, филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Mузичката програма на фестивалот „Синемјузик“  годинава го најавува концертот на скопскиот бенд Културно-уметнички работници, кој неодамна го издаде својот седми албум, потоа Педро Кастиљо и белградскиот експериментален бенд Визељ. Фото: МКЦ
]]>

Ако ја имате буквата „М“ на дланка, навистина имате СРЕЌА: Еве со што треба да се занимавате (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ja-imate-bukvata-m-na-dlanka-navistina-imate-srekja-eve-so-shto-treba-da-se-zanimavate-video/ Tue, 28 Dec 2021 10:49:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232821

Хиромантијата е древна уметност чии корени датираат илјадници години наназад од Индија, потекнува од хинду астрологијата и првпат се споменува во кинеската книга „I Ching“. Брзо се проширила во Азија и Европа, по што Аристотел се заинтересирал за неа и своето знаење му го пренел на Александар Македонски. Македонскиот крал често ја користел за да го процени карактерот на своите воени старешини и внимателно ги читал линиите на нивните дланки. Тоа сигурно му помогнало затоа што за петнаесет години непрекинато освојување никогаш не изгубил ниту една битка. Карактеристики на луѓето со мистериозна буква на дланката Оттогаш оваа практика трае низ вековите. Денес, повеќето луѓе ја гледаат како псевдонаука и брзо ја отфрлаат како суеверни верувања. Дел од причините зошто луѓето се толку скептични е што тие навистина не го разбираат тоа. Го знаат само она што го гледаат во медиумите, а е погрешно претставено во многу книги, филмови и ТВ емисии со текот на годините, вели експерт од оваа област. Во секој случај, еве едно интересно толкување. Еден специфичен атрибут за кој луѓето често се прашуваат е појавата на буквата „М“ на дланката. Не сите луѓе имаат таква дефинирана карактеристика, дури е ретка, а за оние кои ја имаат велат дека се посебни. Тие се благословени со среќа и напредуваат во кариерата што ја избираат затоа што имаат силна самомотивација и дисциплина. Тие често ја завршуваат својата кариера на правно или политичко поле и напредуваат на највисоките раководни позиции. Се сметаат за надарени луѓе кои имаат извонредна интуиција и затоа се силни деловни партнери во секој потфат за кој имаат срце и ум. Освен тоа, луѓето со буквата М на дланките се мајстори за откривање лаги и измами. Не поминува многу и речиси секогаш сфаќате дали некој е помалку искрен, лаже или изневерува. Ова чувство за интуиција е често посилно кај жените отколку кај мажите, но се сведува на поединецот. Сè на сè, буквата М долго време се поврзува со горенаведените особини, како и со следните квалитети на животот; лидерство, среќа, богатство и одличен изглед.]]>

„М!“ сака да ви каже дека сепак – „Има назад“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/m-saka-da-vi-kaze-deka-sepak-ima-nazad-video/ Thu, 04 Nov 2021 13:23:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226068

Кој е М? Мартин Каранаков алијас М! е средношколец од скопската гимназија „Орце Николов“, секојдневно пишува стихови и тукушто стана полнолетен. Нови музички остварувања допрва следуваат. Игра кошарка за Работнички, омилен стил му е Boom Bap-от, а тукушто ја објави својата прва песна во стихувано видео (lyrics video): добредојде за раперот М! на нашата сцена. „Има назад“ е насловена траката инспирирана од артисти како Joey Bada$, Nas, Biggie, Mobb Deep и 50 Cent. Музиката, аранжманот и продукцијата на песната ги направи нашиот познат композитор Александар Масевски, а спотот е во режија на Мартин Чичовски. М]]>

Ако го имате овој знак на дланката, тогаш сте предодредени за големи работи https://arhiva.vistina.com.mk/ako-go-imate-ovoj-znak-na-dlankata-togash-ste-predodredeni-za-golemi-raboti/ Fri, 13 Aug 2021 07:11:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215096

Ако си ја погледнете дланката и ја видите буквата „М“, тогаш навистина сте единствени. Верувале или не, ова е многу ретка појава, бидејќи ја има само три проценти од светската популација Хиндусите верувале дека буквата „М“ (комбинација на линијата на животот, судбината и срцето), што ја носат само ретки, е благослов за добро наследство. Тие исто така верувале дека ја имаат и успешните луѓе кои имаат мотивација. Луѓето кои ја имаат оваа буква на дланката лесно заработуваат пари и имаат можност да стекнат големо богатство и да направат успешна кариера во текот на својот живот. Тие се карактеризираат со висок степен на самодоверба, мотивација и дисциплина. Областите во кои овие луѓе можат да се збогатат се новинарството, пишувањето и образованието. Буквата М на дланката, исто така, симболизира способни водачи, среќа во текот на животот, голем просперитет и одлична интуиција. Исто така, луѓето кои ја имаат буквата „М“ на дланката имаат моќ да разоткриваат лаги, па веднаш препознаваат кога некој ги лаже! Оваа особина е поразвиена кај жените. Ако досега не сте ја погледнале својата дланка, ова е совршено време да видите дали сте предодредени за големи работи!]]>

Романтичен одмор на Малдивите: Која е мистериозната девојка со Стјепан Хаусер? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/romantichen-odmor-na-maldivite-koja-e-misterioznata-devojka-so-stjepan-hauser-foto/ Thu, 18 Feb 2021 12:06:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190357

Стјепан Хаузер ретко зборува за неговиот емотивен живот, сепак, јавноста постојано го поврзува со убави жени. Овој пат, самиот Стјепан даде причина за тоа. Имено, на својот „Инстаграм“, виолончелистот покажа дел од атмосферата од луксузниот одмор на Малдивите, каде го помина и Денот на вљубените. Вниманието на многу обожаватели не го пропушти фактот дека негово друштво на Малдивите го прави привлечна бринета, која беше само на кратко во кадарот. Сепак, будното око на јавноста и секундите се доволни. Иако не е познат идентитетот на бринетата, многумина сметаа дека Стјепан, кој до неодамна тврдеше дека нема девојка, конечно може да ја израдува јавноста и да ја покаже убавината што му го освои срцето.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by HAUSER (@hausercello)

Да потсетиме, во една од анкетите на „Инстаграм“, која ја подготвија неговите фанови, во декември минатата година, Стјепан откри дека нема девојка. - Немам девојка. Мојата последна врска заврши пред три години и оттогаш сум на слободен - пренесува „Story.hr“. Иако не го коментираше неговиот емотивен статус, во најавите од Малдивите, Стјепан неколку пати истакна дека е на романтичен одмор, а дали убавицата во кадарот му е емотивен партнер, останува да видиме.]]>

Погледнете во вашата дланка и проверете дали имате „М“ на неа – ова е значењето https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-vo-vashata-dlanka-i-proverete-dali-imate-m-na-nea-ova-e-znachenjeto/ Mon, 27 May 2019 12:15:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89820

Многу луѓе веруваат дека линиите на дланките можат да откријат какви сте како личност, по карактер, доблести и маани. Читањето од дланка е познато и како хиромантија. Хиромантијата долго време се практикува, а се појавила заедно со Хинду астрологијата. Едно интересно прашање кое го поставува оваа вештина е дали на вашата рака е испишана буквата „М“: Оваа појава не е така честа, а открива посебни работи за оние личности кои ја имаат. Ако имате буква „М“ на раката: Надарени сте Имате силна интуиција Искрени сте и тоа го очекувате од другите Не ви пречат промените во животот Умеете да препознаете кога луѓето ве лажат Имате карактеристики на добар водич Добри сте во новинарство, пишување и образование Знаете како да дојдете до пари Знаете сами да се мотивирате и да напредувате Дисциплинирани сте извор:курир.мк]]>