луј витон.ентериер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Nov 2022 13:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png луј витон.ентериер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дизајнерка на Луј Витон живее во пештера, а еве како успеала да го изгради домот кој изгледа потполно нереално https://arhiva.vistina.com.mk/dizajnerka-na-luj-viton-zivee-vo-peshtera-a-eve-kako-uspeala-da-go-izgradi-domot-koj-izgleda-potpolno-nerealno/ Thu, 10 Nov 2022 13:04:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275340

ознатата дизајнерка на накит и часовници на култниот бренд Луј Витон, Франческа Амфитеатроф, живее живот кој наголемо се разликува од останатите. Имено, таа одбрала своето слободно време да го поминува во пештера – нејзиниот необичен дом се наоѓа на ретко населениот мал остров Вентотене во Тиренското море, во карпа која е стара повеќе од 11.000 години. Целата пештера е бела и има природен отвор со стакло низ кој влегува сончевата светлина. Особено се истакнува кружната дневна соба и каминот. Отворената кујна во центарот на пештерата формира потковица, а работната површина е во боја на цемент, иста како и целиот под.
Исто така има и бања, три мали спални соби како и простран двор. Дизајнерката нагласува дека не сакала да додава многу детали бидејќи просторот сам по себе е прекрасен. „Не го декорирав премногу бидејќи ништо не му треба“, вели Франческа за „Financial Times“.
Нејзината мајка е Италијанка, па секое лето дизајнерката го поминувала на Вентотене – затоа сакала да им се врати на корените. За управување со проектот, Франческа ангажирала и архитекти од родната земја. Тимот првите 2 години работел на инсталација на повеќе челични H-греди, челични шипки и структурни мрежи.
„Ја избушивме карпата како сирење и направивме структура за поддршка. Вграден е и најсовремен систем за греење и ладење. Природната дупка стана светларник, со електронски прозорски панели и ролетни за затемнување“, објаснува таа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by How To Spend It (@fthtsi)

Својата куќа од соништата ја градела додека живеела во Њујорк, а потоа и Конектикат, а со сите проекти управувала преку „WhatsApp“. Бидејќи се соочила со огромни потешкотии со пренесувањето на градежниот материјал на островот, дизајнерката во еден момент помислила дека нејзината идеја е преамбициозна и дека нема да може да ја спроведе до крај. Меѓутоа, таа ја следела својата замисла и не се откажала – ја добила куќата од соништата и за себе гордо вели дека е „пештерска жена“. извор:точка.ком.мк]]>