луѓе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 08:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png луѓе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Само во тешки ситуации сфаќате“: Илда Шаулиќ проговори за луѓето кои му го свртеа грбот на семејство по смртта на Шабан (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/samo-vo-teshki-situatsii-sfakate-ilda-shaulik-progovori-za-lugeto-koi-mu-go-svrtea-grbot-na-semejstvo-po-smrtta-na-shaban-foto/ Mon, 19 Feb 2024 08:15:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339075

Популарна пејачка, Илда Шаулиќ, најави голем проект кој го подготвуваше од минатата година. Имено, во чест на нејзиниот покоен татко, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, таа реши повторно да отпее дел од неговите песни и да им подари нов аутфит. Првата песна од овој проект беше објавена неодамна, по повод петгодишнината од смртта на Шабан, а Илда од посебни причини одлучи да биде „Не плачи, душо“. Таа сега откри се за песната, нејзините планови, а најави и посебен албум со неговите песни. - Имав посебен однос со татко ми... Тој секогаш имаше поинаква приказна со мене отколку со другите деца. Можеби затоа што решив да тргнам по неговите стапки. - Со тоа ќе се занимавам во иднина. Ова е само една песна која ја објавивме како најава, а за септември планираме албум. Еден албум сигурно нема да биде доволен за да ги собере сите негови песни како што јас сакам, но полека...Никој нема да го прави тоа што го правеше татко ми. - Не плачи душо'' мораше да се објави сега... За симболика ја избравме петгодишнината од неговата смрт. Таа има посебна порака, многу ми се допаѓа таа песна - рекла Илда, а потоа прокоментирала како семејството реагирало на нејзината идеја да ги обработува песните на Шабан: - Семејството беше малку исплашено... не се мешаа... Тогаш во еден момент се исплашив и сакав да се откажам. Сега сум горда, а исто така и моето семејство. Пејачката проговори и за немањето поддршка од одредени луѓе по смртта на Шабан, што најмногу ја повредило нејзината мајка! - За неа беше разочарувачки што некои луѓе и го свртеа грбот по смртта на татко ми . И сега може да ми каже дека и е тешко што не и ѕвони телефонот, никој не и се јавува барем на кафе од сите тие луѓе што биле многу добри со нив. Мене тоа не ме потресе, но неа ја потресе. Нема да ги именувам секако... Само во тешки ситуации сфаќате какви луѓе се тие, но правите некаква чистка во вашиот живот и тоа е природно. Така бев и јас, отсекогаш сакав да имам големо друштво, ги земав со мене, а потоа сфаќаш дека многу се таму само за интерес... На крајот сами се разотидоа, ништо не направив јас се се случи природно – заклучила таа. Фото: printskrin/instagram/ildasaulic]]>

Сите високоинтелигентни луѓе ги имаат овие маани https://arhiva.vistina.com.mk/site-visokointeligentni-luge-gi-imaat-ovie-maani/ Fri, 22 Dec 2023 13:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332145

Високата интелигенција секако е предност, но не е клуч за лесен, едноставен, среќен или пак исполнет живот. Високата интелигенција секако е предност, но не е клуч за лесен, едноставен, среќен или пак исполнет живот. Како одговор на тоа дали може интелигенцијата да биде и проклетство за некои луѓе, психолозите објаснуваат дека таа секако може да има негативни страни. Често размислуваат наместо да чувствуваат Високо интелигентните луѓе можат да ги разберат чувствата многу добро, да размислуваат и разговараат за нив, но проблемот е во тоа што често не чувствуваат олеснување по нивното изразување. Тоа е чест проблем кај многу паметните луѓе, особено кај оние кои убаво се изразуваат. Тие ги користат зборовите како одбранбен механизам. Помалку комуникативните и вербални луѓе своето однесување го користат како издувен вентил – викаат, фрлаат нешто, плачат, скокаат, играат. Високо интелигентните луѓе ќе разговараат за тоа како се чувствуваат, а кога ќе се заврши разговорот сите тие чувства и понатаму ќе бидат заробени, вели психологот, Маркус Гедулд. Луѓето од нив очекуваат секогаш да блескаат Во однос на натпросечните интелигентни луѓе општеството од нив ќе очекува повеќе – да бидат најдобри во се, без оглед за која област станува збор, па тие немаат со кого да разговараат за нивните слабости или несигурности. Потешко ја учат вредноста на напорната работа Факт е дека интелигентните луѓе ќе знаат подобро да ги распоредат нивните задачи и побрзо да ја завршат работата, односно со помалку труд отколку што би му требало на некој кој не е толку интелегентен. Сепак, интелегенцијата не води директно до успех, а високо интелигентните луѓе можеби никогаш нема да ја развијат упорноста која им е потребна за него. На луѓето им оди на нерви кога ги корегираат Без оглед на тоа дали станува збор за обичен разговор или сериозна дисусија интелегентните луѓе најчесто имаат потреба да ги корегираат другите ако речат или тврдат нешто погрешно, а тоа значи дека другите ги доживуваат како сезнајковци, кои се напори во друштвото. Прекумерно анализираат Луѓето со висока интелегенција прекумерно време трошат на размислуање и анализирање. Од прекумерни анализи произлегуваат и премногу грижи, како и тешкотии во изборот. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Повеќето луѓе се разведуваат во овој период од годината : Експертите објаснија зошто https://arhiva.vistina.com.mk/poveketo-luge-se-razveduvaat-vo-ovoj-period-od-godinata-ekspertite-objasnija-zoshto/ Fri, 10 Nov 2023 13:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326436

Додека некои адвокати забележуваат пораст на разводите по празниците, едно истражување вели дека март и август се всушност месеци кога брачните парови почесто раскинуваат. Барем така покажува студија од 2016 година, спроведена од Универзитетот во Вашингтон, пишува Њујорк Тајмс.
Авторите на споменатата студија ги анализирале сите примени барања за развод во државата Вашингтон од 2001 до 2015 година, по зимскиот и летниот одмор. Тие објаснија и кои се најверојатно главните причини за развод во тој период од годината. „Луѓето имаат тенденција да им приоѓаат на празниците со зголемени очекувања, и покрај разочарувањата што можеби ги имале во претходните години“, вели Џули Бринс, вонреден професор по социологија и еден од водечките автори на студијата. „Тие претставуваат периоди од годината кога има исчекување или можност за нов почеток, нешто поинакво, премин во нов период од животот. Тоа е како циклус на оптимизам, во извесна смисла“, додаде таа. Извор: Попара
]]>

Различни типови на луѓе, различно реагираат во исти ситуации: Сакате да дознаете каков тип сте? Следнава анализа може да ви помогне да дознаете https://arhiva.vistina.com.mk/razlichni-tipovi-na-luge-razlichno-reagiraat-vo-isti-situatsii-sakate-da-doznaete-kakov-tip-ste-slednava-analiza-mozhe-da-vi-pomogne-da-doznaete/ Tue, 15 Aug 2023 12:52:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313850

За оваа анализа ќе ги поделиме луѓето на „тип А“ и „тип Б“. Луѓето од типот А се често напнати и сериозни, додека луѓето од типот Б се опуштени и пријателски расположени. Во прилог може да процените со која личност се идентификувате? Личноста од „Тип А“ се одликува со желба за високи достигнувања, нетрпеливост и амбиција. Луѓето од типот А се рационални и организирани. Личностите од типот А се карактеризираат со: нетрпеливост, независност, трудољубивост, агресивност, амбиција и мотивација. Тие можат да бидат инспиративни и мотивирачки за луѓето околу нив бидејќи и самите се високо мотивирани. Некои ги сметаат луѓето од типот А за агресивни и нетрпеливи, додека други ги сметаат за вредни, мотивирани и доверливи. Луѓето од типот Б се мирни и не се грижат за малите нешта, понекогаш дури и за големите работи. Тие често се ориентирани кон врските што ги градат со блиските, опуштени и флексибилни. Луѓето од типот Б обично се мирни, креативни, стабилни, опуштени, со побавно темпо и пријателски расположени. Некои сметаат дека особините на личностите од типот Б лесно може да станат и слабости на личноста. Иако се опуштени и без стрес, понекогаш одолговлекуваат, ги ставаат туѓите потреби пред своите, а некои се граничат со одредена мрзеливост. Типот Б би дозволил денот да се одвива сам по себе, без строг распоред. Истражувањата покажуваат дека и типот А и типот Б можат да постигнат успех на училиште или во работната средина. Секако, постојат и многу личности кои се карактеризираат како комбинација од двата типа. Важно е да ја разберете вашата единствена личност, со цел да умеете да работите кон подобрување вашите слабости и користење на вашите доблести во дадена ситуација. Извор: Курир]]>

Дали знаете зошто луѓето озборуваат? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-zoshto-lugeto-ozboruvaat/ Tue, 25 Jul 2023 12:20:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311504

Нема личност што барем еднаш во животот не озборувала. Но, сите би рекле дека не го одобруваат озборувањето. Сепак, психолозите велат дека озборувањето не е страшно и дека е вкоренето во еволуцијата. Тие претпоставуваат дека 65 до 90 отсто од секојдневните разговори се вртат околу луѓето што не се присутни. – Луѓето озборуваат со уживање што може да се спореди со храната или сексот – пишуваат истражувачите во едно истражување. Само мал број луѓе признаваат дека сакаат да озборуваат. Според една анкета што ја објавува германскиот завод за статистика, половина од луѓето велат дека озборуваат поретко од еднаш месечно или никогаш. Само 11 отсто од луѓето признаваат дека го прават тоа секојдневно. Озборувањето е еднакво посветено на соседите, колегите, роднините и пријателите, нешто помалку на шефовите, а најретко на партнерот. Моралниот код на повеќето општества го осудува зборувањето на луѓето зад грб. – Озборувањето се гледа исклучиво како саможивно однесување со цел да се манипулира со луѓето, врз нив да се влијае со зли намери – пишува во холандско истражување „Зошто луѓето озборуваат“. – Преку озборувањето учиме кој е потенцијално добар партнер за соработка и од кого треба да се држиме подалеку – вели психологот Јан Енгелман, кој ја истражува оваа тема на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија. Кој ќе биде примен во групата, а кој останува надвор? Во текот на еволуцијата тоа било прашање за живот или смрт. Пресудно за преживување било навреме да бидете предупредени кои се предавници, измамници, егоисти… Озборувањето ни помага да одлучиме кого ќе примиме во својот круг. Дури и малите деца на овој начин се штитат од егоистичните врсници што не сакаат да делат ништо или со кои е забавно да се игра. А што ако зборуваат за вас? Озборувањето не помага само да се издвои пченката од плевелот и така да се изберат соодветните членови на групата. Озборувањето на другите исто така претставува сврзно ткиво на групата. Со озборувањето се зајакнува социјалната врска меѓу озборувачите кои се потпираат едни на други. Но, се озборува и во рамките на потесните групи. Зарем тоа не е особено лошо? И не баш. Бидејќи оној што ќе ги скрши нормите на групата за да добие лични придобивки мора да има предвид дека другите ќе зборуваат за тоа. Стравот дека можеби ќе станете предмет на следната „трач-партија“ ги мотивира членовите на групата да постапуваат праведно кон другите. На крајот на краиштата, ако правилата екстремно се прекршат, личноста може да биде и избркана од заедницата. Тогаш, дали озборувачите го имаат на ум доброто на групата? Не е толку едноставно. Научниците пронашле причини што ги тераат луѓето да озборуваат. Покрај размената на корисни информации, озборувањето навистина може да се користи како манипулација. Кога со некој зборувате за личност што не е присутна, вие влијаете врз мислењето на соговорникот. Така се шират предрасуди и шпекулации кои брзо може да добијат големина на мобинг. Но, повеќето луѓе немаат лоша намера кога озборуваат. Најчестиот мотив е едноставна радост поради шпекулации за некого. Забавно е да се разменуваат нови трачови, тоа го одвлекува вниманието од секојдневието и им овозможува на луѓето да го исполнат времето, пишуваат холандските истражувачи. Но, иако речиси сите озборуваат, барем понекогаш сите ќе кажат дека тоа не е убаво. – Можеби не сакаме кога другите озборуваат бидејќи може да нè озборуваат нас. Нашата репутација повеќе не е во наши раце, повеќе немаме целосна контрола – вели истражувачот Јан Енгелман. извор:курир.мк]]>

Моќните луѓе ги поседуваат овие седум карактеристики: Ретко нешто може да ги исфрли од колосек https://arhiva.vistina.com.mk/moknite-luge-gi-poseduvaat-ovie-sedum-karakteristiki-retko-neshto-mozhe-da-gi-isfrli-od-kolosek/ Thu, 20 Jul 2023 12:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310993

Ако се пронајдете во овие описи, ви честитаме! Вие имате потенцијал да бидете навистина моќни. Од друга страна пак, ако сметате дека има простор за подобрување, тогаш погледнете ја оваа листа и погледнете ена кои карактеристики треба да обрнете внимание. - Имаат цврста волја Сите познаваат барем еден човек во својот живот што не дозволува никој да застане на неговиот пат. И додека повеќето од луѓето се обесхрабруваат од препреките на коишто наидуваат, исклучително моќните луѓе ги гледаат како предизвици што треба да бидат надминати. Затоа тие постојано се фокусирани и го планираат секој нареден чекор. Секоја од битките прво ментално ја добиваат, а потоа се подготвуваат за тоа што ги чека во реалноста.   - Не се откажуваат Луѓето имаат тенденција свесно да одлучат да се откажат од нешто кога се наоѓаат во тешка ситуација. Овој став лесно може да се пренесе на сите сфери во животот, и едноставно сè да се распадне. Моќните луѓе се свесни за тоа и разбираат дека без разлика колку тешка им изгледа ситуацијата, мора да продолжат да се движат напред. Единствениот начин да се справат со проблемите е ако ги надминат.   - Го живеат животот по свои правила Без оглед на тоа што се случува во нивниот живот, многу е тешко да ги исфрлите моќните луѓе од колосек. Тие имаат свои вредности, цели и амбиции што се темели на цврстите ставови. Токму тоа им дозволува да се оградат од влијанието на туѓите луѓе. Исто така знаат и дека ако паднат, треба само да станат, но и дека понекогаш едноставно мора да прифатат помош од најблиските. Тоа не е ранливост, баш напротив, тоа е сила и храброст.   - Фокусирани се Дури и во секојдневието се соочуваме со илјадници мали пречки што ни го одвлекуваат вниманието. Во добата во која живееме, со милион и една обврска, дури и најлесната задача може да се претвори во тежок предизвик. Моќните луѓе се свесни за ова, и затоа прават детални планови до кои строго се придржуваат. Тие не дозволуваат да излезат од рамките на своите дневни правила и брзо напредуваат низ сите задачи.   - Не се грижат за мислењето на другите Моќните луѓе воопшто не се заинтересирани за тоа што другите го мислат. Тие го прават тоа што сметаат дека е правилно и во целост си веруваат на себе. Наместо да се грижат за поддршка од другите, тие се насочуваат кон остварување на своите цела. Сепак, тоа не значи дека целосно ги отфрлаат луѓето од својот живот. Баш напротив, секоја помош им е добредојдена, но само ако е искрена и по желба на оној што ја нуди.   - Оптимистични се Кој не сака да биде во близина на оптимистични и весели луѓе? Факт е дека е тешко да не сакате некој што секогаш ја гледа позитивната страна на нештата. Зборуваме за луѓе кои се гласот на разумот, без оглед на животните околности и коишто не дозволуваат никој и ништо да ја диктира нивната судбина.   - Не губат време Секој ден луѓето имаат многу обврски што сакаат да ги завршат, но многумина од нив потпаѓаат на искушението да одложуваат до последен момент. Ова не се случува со моќните луѓе. Тие знаат дека е подобро да ги завршат обврските на време, за да си ослободат повеќе простор и за другите нешта во коишто уживаат. Извор: Попара]]>

Ги красат прекрасни карактеристики: Луѓето родени во јуни се посебни https://arhiva.vistina.com.mk/gi-krasat-prekrasni-karakteristiki-lugeto-rodeni-vo-juni-se-posebni/ Tue, 30 May 2023 11:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304287

Сите се разликуваме според месеците во кои сме родени, бидејќи самиот месец може да игра прилично голема улога во обликувањето на карактерните особини кај секој човек. Кои квалитети ги поседуваат луѓето коишто се родени во шестиот месец од годината? Луѓето родени во јуни се многу комуникативни лица. Поради овој квалитет скоро во секоја ситуација излегуваат како победници. Нивната вродена екстровертност им овозможува лесно да се снајдат на работното место и полека, но сигурно да се искачуваат на повисоки позиции, а ситуацијата е слична и во друштвените кругови. Духовити Со нив ретко кога ќе ви биде досадно. Луѓето родени во јуни се навистина многу духовити со одлична смисла за хумор. Секогаш се подготвени да дадат хумористичен одговор кога ситуацијата го налага тоа. Весели Бегаат од негативните и емоционалните вампири како „ѓавол од крст“. Ретко кога ќе успеете да им ја симнете насмевката од лицето, едноставно јунските деца се родени да се веселат. Сестрани Не се плашат да испробуваат нови работи. Многу ретко се држат до рутината и секогаш се спремни да ја напуштат зоната на удобност и комфор и да преземат нов ризик. Свесни се дека, во најдобар случај, тоа може само да им го направи животот подобар. Креативни Познати се по својата раскошна, бујна фантазија. Доколку ги замолите да ви раскажат приказна, во истата минута ќе слушнете нешто ново и креативно, излезено како од сликовница или книга. Умеат да раскажуваат фасцинантни приказни и лесно пронаоѓаат решение за секој проблем. Адаптибилни Луѓето родени во јуни се чувствуваат како дома каде и да се. Може да се приспособат буквално на секакви услови. Ова им помага да ги преживеат дури и најтешките ситуации во животот. Љубопитни Јунските деца се исклучително љубопитни луѓе. Постојано нешто истражуваат, длабоко и темелно ги проучуваат работите за коишто се заинтересирани и често пати одат на места каде што никој претходно не бил. Зборливи Се истакнуваат според начинот на кој размислуваат и како истото го артикулираат со зборови. Многу јасно им даваат до знаење на луѓето што точно сакаат во животот, па затоа не дозволуваат ситуации во кои вие мора да читате „меѓу редови“. извор:курир.мк]]>

Еве како да ги препознаете луѓето со добра душа – такви ви се потребни во животот https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-da-gi-prepoznaete-lugeto-so-dobra-dusha-takvi-vi-se-potrebni-vo-zhivotot/ Wed, 01 Mar 2023 12:39:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291231

Еден учител добил прашања од учениците: „Како да препознаеме добар човек, личност со добра душа? Што прави таа личност? Што зборува?“. Учителот одговорил: „Воопшто не е важно што зборува човек, ниту како ти изгледа. Главната работа е во атмосферата која се менува во неговото присуство. Тоа ви е најмоќниот доказ. Кога добрата личност ќе влезе во просторијата имаш чувство дека воздухот се променил, дека атмосферата е поубава, потопла, поудобна и тоа значи дека во просторијата влегла една добра душа, еден силен дух кој е во состојба да неутрализира сѐ останато. На сличен начин ќе ја препознаеш и лошата личност. Ако одеднаш ти е неудобно, ладно, расположението одеднаш ти се променува, знај дека во просторијата влегла негативна, но и моќна енергија на една таква личност“. Извор: Курир.мк]]>

Пет најчести причини зошто атрактивните луѓе се слободни! На повеќето им изгледаат страшно https://arhiva.vistina.com.mk/pet-najchesti-prichini-zoshto-atraktivnite-luge-se-slobodni-na-poveketo-im-izgledaat-strashno/ Wed, 01 Feb 2023 12:23:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286942

Момците стануваат нервозни кога разговараат со згодни жени, а девојките бараат мажи со просечен изглед од страв да не бидат изневерени.
  1. Нивната убавина е застрашувачка
Многу е полесно да разговарате со „девојката од соседството“ отколку со неверојатен „супермодел“ кој изгледа како да е надвор од вашата лига. Момците стануваат нервозни кога разговараат со згодни жени, а девојките бараат мажи со просечен изглед. Мажите често го објаснуваат тоа велејќи дека избегнуваат да разговараат со убави девојки за да се заштитат од одбивање и нарушување на нивната самодоверба.
  1. На нив се гледа како на потенцијални прељубници
„Сите тие се играчи“… Ова е само една од неколкуте работи што може да ви паднат на ум кога ќе помислите на врска со атрактивна личност. Некои можеби се грижат дали нивното згодно момче или згодна девојка ќе останат верни. Помалку привлечните момци, сепак, го надополнуваат својот изглед со љубезност и прават жените да се чувствуваат поценето.
  1. Сите мислат дека се веќе зафатени
На повеќето луѓе им е тешко да поверуваат дека привлечна личност може да биде сингл. Момчињата и девојките често не ни помислуваат да се зближат со потенцијалниот партнер од соништата поради оваа причина. Ако обожавателот дознае дека другата половина од нивните соништа е сингл, тие се уште се мачат затоа што сега се само заплашени од нивната убавина.
  1. Имаат проблеми со довербата
Атрактивните девојки се загрижени дека нивните таканаречени дечковци би можеле да ги искористат за да се пофалат пред пријателите. На крајот на краиштата, убавите поединци честопати се оценуваат според нивниот изглед, игнорирајќи ја нивната личност.
  1. Се сметаат за снобови
Ова е особено точно и проблематично ако се и привлечни и срамежливи. Другите често ќе заклучат дека се арогантни поединци, пренесува „Bright Side“. Извор: Попара.мк]]>

Кучињата имаат моќ да препознаат лоши луѓе, еве како можат да ви помогнат https://arhiva.vistina.com.mk/kuchinjata-imaat-mokj-da-prepoznaat-loshi-lugje-eve-kako-mozat-da-vi-pomognat/ Mon, 21 Nov 2022 13:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276810

Кучињата се исклучително интуитивни животни кои лесно ги препознаваат разликите во расположението на своите сопственици, но истражувањата потврдиле дека тие можат да препознаат и лоша личност. Едно истражување покажало дека кучињата можат да проценат колку можат некому да му веруваат. Кучињата можат да ги прочитаат нашите гестови и изразите на лицето. Ако го доведувате во заблуда, нема да ви верува и да ве послуша. Доколку вашето куче не ги сака вашите пријатели, можеби тие не се искрени? Кучињата имаат способност да препознаат кога некој лошо се однесува кон нивните сопственици и можат да се прилагодуваат на таквите ситуации. Знаеме дека луѓето се склони да ја занемаруваат својата интуиција и да им даваат шанса на некои поединци кои подоцна ги повредуваат. Ако тоа ви е вообичаена грешка во животот, набавете си куче. извор:курир.мк]]>