луфтханза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Dec 2020 14:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png луфтханза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Патниците при летовите со „Луфтханза“ ќе уживаат во музиката на Симон Трпчески https://arhiva.vistina.com.mk/patnicite-pri-letovite-so-lufthanza-kje-uzivaat-vo-muzikata-na-simon-trpcheski/ Thu, 03 Dec 2020 14:06:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179448

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески стана дел и од елитното друштво ѕвездени имиња кои познатата авиокомпанија „Луфтханза“ им ги препорачува на своите патници. Имено, како што посочуваат од КултурОп прес, сите патници во воздухопловите на овој гигант во иднина ќе можат да уживаат и во изборот што македонскиот пијано виртуоз го направи од свои, но и од изведби на светски уметници. Секако, додаваат, Трпчески и во оваа прилика на патниците им нуди и фрагмент од својот проект „Македонисимо“, инспириран од македонскиот фолклор. Трпчески ексклузивно за „Луфтханза“  избра некои од своите омилени музички дела, а патниците веќе можат да уживаат во 16 внимателно одбрани дела (од кои осум се во негова изведба). Пет од нив се фрагменти од прославата на македонската музика низ проектот „Македонисимо“ што Трпчески го изведува со своите музички пријатели. – „Во изјавата за Македонското радио по овој повод, Симон Трпчески подвлече: „Навистина ми е многу мило што сум дел од програмата на летовите на „Луфтханза“, компанија која е еден од реперите во авиосообраќајот. Да се биде дел од нивните програми што ги слушаат илјадници патници е голема чест, а јас се определив за дела секако во рамките на правилата на Уметничкиот одбор на компанијата и можностите со авторските права. Се надевам дека на патниците ќе им се допадне мојот разновиден избор од пијанистичка и симфониска литература, но и со мал дел од „Македонисимо“, во функција на натамошна афирмација на македонската народна музика изведена на такво високо ниво. Ова е многу убаво и се надоврзува на номинацијата во потесен круг на Наградите на Германската музичка критика токму со албумот „Македонисимо“ што излезе под етикетата на „Лин Рекордс“.
]]>