Љубов ни е име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 20:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Љубов ни е име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќини, добри гости ви дојдоа… Тања и Новица во далечната Австралија имаа посета, па со песна ги дочекаа колегите од Македонија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakini-dobri-gosti-vi-dojdoa-tana-i-novitsa-vo-dalechnata-avstralija-imaa-poseta-pa-so-pesna-gi-dochekaa-kolegite-od-makedonija-video/ Wed, 11 Oct 2023 07:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321575

Татајана Лазаревска и Новица Василевски, брачната естрадна двојка по летниот престој во родната Македонија кој и тоа како работно го искористија со фестивалски настапи и промоција на две нови песни и спота, се вратија во далечната Австралија каде последниве години живеат и работат. Иако постојано таму се дружат со нашинците,  не помина долго време кога одново нешто одблизу ги спои со родната грутка. На австралиските домаќини добри гости им дојдоа... и тоа колеги од Македонија! Имено, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик бенд периодов се на турнеја токму низ Австралија, па симпатичната струмичанка и нејзиниот музички компањон по концертот во Емералд во Мелбурн, најдоа слободно време да им отидат на визита на нивните колеги, сега веќе одомаќени во еден од најголемите градови на најдалечниот континент.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

А кога ќе ти дојдат дома гости, па уште колеги и драги пријатели од татковината нема зборови да се опише убавината... Особено онаа на заедничката дружба, која како поинаку би кулминирала кај пејачите, ако не со песна. Масата полна, нешто да се замези и пивне, а потоа доаѓа време и да се запее. Муабетите немаат крај, ама за песна време секогаш се наоѓа... И тоа за онаа најновата, дуетската и победничка од последниот „Охрид фест 2023“ на Тања и Новица. И тоа насловена токму онака како што и прилегало и на дужбата со колегите и пријатели од Македонија: „Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме, песна место потпис, тоа ни е наш краток опис...“! И сите заедно, цeлото семејство и нивните гости  во еден глас ќе запеат додека го гледаат  настапот во неодамна снимената емисија „Мерак меана“, во која австралиските домаќни пред да заминат од Македонија учествуваа! Ваква дружба и весело расположение ретко се гледа и доживува... Но, тоа е очигледно секогаш така кога се во прашање Татјана и Новица... А дружбата - дај Боже да е секогаш ваква искрена, топла и срдечна, довека! Впрочем и домаќините удостоени и гостите угостени и задоволни, за што говори и јавната благодарност за гостопримството на убавата Стојне до, како што  самата вели, нивните најпозитивни колеги и пријатели. Фото: Инстагрм/tatjanalazarevska_official/stojne_official]]>

Како во добрите стари времиња: Тања и Новица промовира две песни со спотови (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vo-dobrite-stari-vremina-tana-i-novitsa-promovira-dve-pesni-so-spotovi-foto/ Sat, 09 Sep 2023 07:51:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317242

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни. Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.   Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја извеува Тања, во која нема жена која нема да се пронајде. „Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања. Втората песна е „Љубов ни е име“, и е песна која е завршена во Австралија и стоела во фиока, чекајќи го моментот да ја здогледа виделината на денот и допре до слушателите. „Песната е олицетворение на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак, рече Новица“. „Песната е турбо, а за нас кај што има музика, таму  нозете се мрдаат, таму се игра. Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“  порача Тања. Спотовите се снимени на неколку локации во Охрид во продукција на „ИН ТВ“ . Автори на „Жена хероина се Борче Димитров, кој ја направи музиката, текстот е на Орце Зафировски, а снимена е во струдиото на Горан Милошевски, кој го направи аранжманот. Автори на „Љубов ни е име“ се на Сејхан Мемедов Секо, кој ја направи музиката, додека Горан Тодоровски, ги напишал стиховите.]]>