Lost and found – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Mar 2018 19:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Lost and found – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Eye Cue“ ги претставија евровизиската песна и спотот – „Lost аnd Found“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-gi-pretstavija-evroviziskata-pesna-i-spotot-lost-and-found-video/ Mon, 12 Mar 2018 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15787

Поп триото Eye Cue  вчеравечер, недела, 11 март 2018 во централниот Дневник на МТВ 1  ја преставија евровизиската песна со која ќе ја претставуваат годинава Македонија во Лисабон.
Како што е познато, песната се вика Lost And Found, а автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, инаку, гитарист и пејач во групата. Продуцент е Дарко Димитров, кој се погрижил и за аранжманот, а како режисер на видеоспотот се потпишува Јован Куциновски.
Иако пред самиот домашен избор се крена голема прашина, првичните коментари за песната на социјалните мрежи се повеќе од поволни. Многу повеќе преовладуваат позитивните, отколку негативните коментари, а за помалку од 20 часа видеото има над 182.ооо прегледи на Јутјуб.
И покрај скептицизмот која владееше на почетокот од изборот, општа оцена е дека песната е лесно допадлива, модерна, со танцувачки ритам и певлив рефрен... иако можеби е малку необично аранжмански склопена. Или како што велат некои од оние што ја преслушале во своите коментари: „Малку е чудна, но ми се допаѓа“!
Инаку, нашите евровизиски претставници, Бојан и Марија од „Ај кју“ деновиве престојуваа во Лисабон каде што ја снимаа својата евровизиска видеоразгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија, каде истовремено се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
А Вие, ако се' уште не сте ја слушнале и погледнале видеото, еве можност за сопствена премиера на „Lost And Found“ на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>

Промоција на евровизиската песна на „Ај Кју“ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-evroviziskata-pesna-na-aj-kju/ Thu, 08 Mar 2018 12:59:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15458

Песната со која групата „Ај кју“ ќе нè претставува на годинашното издание на „Евровизија“, „Lost And Found“ ќе биде премиерно претставена в недела, 11 март, во вториот Дневник во 19.30 часот, соопштија од МРТ. Како што пишува во соопштението објавено на официјалната веб-страна на МРТ, песната ќе стигне заедно со видео во режија на Јован Куциновски. Веќе познато е дека автор на музиката и текстот е гитаристот и вокал на групата, Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров, кој ја аранжираше и  српската евровизиска песна, па ќе биде дел од тимот на двете земји.
Само за потсетување, Lost And Found беше избрана да ја претставува Македонија на „Евровизија“ во рамките на  конкурсот што го распшиша МРТ, а според правилата, врз основа на самата песна беше предложен и изведувачот, во овој случај групата, која најдобро би можела да ја донесе на сцена. „Ај кју“ со „Lost And Found“ ќе се натпреваруваат во првата полуфинална вечер на 8 мај, а како звучи сето тоа ќе дознаеме в недела.]]>

„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на годинешниот Изборот за песна на Евровизија во Лисабон https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-so-lost-and-found-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-godineshniot-izborot-za-pesna-na-evrovizija-vo-lisabon/ Tue, 13 Feb 2018 14:22:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12649

Комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Иванов На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година. Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер.мк“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - главен и одговорен уредник на порталот „Вистина.мк“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал  - МАРС“. Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија. Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска. Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“. Извор: МРТ]]>