лосос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Feb 2024 08:00:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лосос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лосос – вечера дури и за во доцните часови https://arhiva.vistina.com.mk/losos/ Fri, 02 Feb 2024 14:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314354

Темпура е мешавина од тесто што се користи за премачкување риба, месо или зеленчук, а исто така е еден од најдобрите начини за подготовка на риба. Со него ќе ви требаат само компири (по желба) и малку сос по избор… Уживајте! Состојки: 125 гр пченично брашно четвртина чаша пченкарно брашно прстофат сода бикарбона 300 мл ладна кисела вода 500 гр филе лосос половина лимон сол, бибер Подготовка: Измешајте ги двата вида брашно и сода бикарбонаta, додадете кисела вода и сè убаво измешајте за да добиете еднолична смеса без грутки. Филетите лосос исечкајте ги на стапчиња, зачинете со сол и бибер, па потопете ги во подготвената смеса. Се пржат на врело масло три до четири минути, за да добие убава боја лососот. Прелијте со малку сок од лимон и послужете веднаш.  ]]>

Оваа риба е најздрава, полна со протеини, одлична за косата, кожата и дигестивниот систем https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-riba-e-najzdrava-polna-so-proteini-odlichna-za-kosata-kozhata-i-digestivniot-sistem/ Thu, 24 Aug 2023 12:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315234

Нутриционистите тврдат дека оваа риба е значително поздрава од другите Рибата не само што е полна со протеини и има малку заситени масти, туку е и богата со омега-3 масни киселини, кои се многу корисни за организмот. Кога станува збор за најздравите видови риба, на прво место убедливо е лососот, а потоа следат сардините, инчуните, сомот, бакаларот, пастрмката и ослиќот. Со овие тврдења се согласуваат многу нутриционисти, а за здравствените придобивки од редовното консумирање лосос сведочат и бројни истражувања. Еве како редовната консумација на лосос влијае врз организмот: Месото на лососот изобилува со протеини и аминокиселини. Исто така, содржи компоненти што се од големо значење за здравјето на зглобовите, правилното функционирање на дигестивниот систем и регулацијата на инсулинот. Изобилува со важни витамини и минерали и други корисни материи. Богат е со протеини Лососот е високопротеинска храна, а воопшто не содржи јаглехидрати. Во светот на нутриционизмот, се цени токму поради високопротеинското месо и квалитетот на протеинот. Протеинот е градежен материјал за сите наши ткива и е есенцијален за мускулите. Што се однесува до нутритивниот состав на лососот, само 100 г приготвен лосос содржат дури 22 г протеини, што е речиси половина од препорачаната дневна количина. Исто така, богат е со добри омега 3 масни киселини, витамини и минерали. Витамините и минералите во лососот Освен што е одличен извор на висококвалитетни протеини, лососот содржи голема количина на други корисни елементи, како што се витамините од групата Б, минералите, како селен, фосфор и калиум. Освен тоа, претставува и солиден извор на железо, цинк, магнезиум и витамини Ц и Е. Количината на витамини од Б-комплексот е импресивна. Витамините од групата Б играат исклучително значајна улога во повеќето хемиски реакции во нашиот организам и учествуваат во метаболичките процеси. Внесувањето доволна количина на витамин Б, овозможува квалитетен сон, издржливост, доволно енергија, концентрација и најважно од сé, го штитат срцето и крвните садови. Здравствени придобивки на лососот Лососот е добар за целокупното здравје, го штити и негува организмот. Консумацијата на месо од лосос е добра за: нервниот систем и мозокот срцето и крвните садови мускулите и коскенозглобниот систем здрави очи, кожа и коса добар сон и здрав метаболизам извор:попара.мк фото:shutterstock]]>

Ароматичен и сочен лосос од рерна со бел лук https://arhiva.vistina.com.mk/aromatichen-i-sochen-losos-od-rerna-so-bel-luk/ Mon, 19 Jun 2023 12:15:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306821

Состојки: 400 гр филе лосос 100 мл стопен путер 50 мл исцеден сок од лимон 2 лажици бело вино 1 лажичка лук во прав 1 лажица сечкан магдонос сол, бибер Подготовка: Измешајте ги сите состојки освен лососот. Нанесете ја маринадата рамномерно на филетите и оставете ја да отстои еден час. Филетите се ставаат во плех и се печат во рерна загреана на 200 степени околу 10 минути. Извадете го од рерна и покријте го со остатокот од маринадата, па печете уште 10 минути. Извор: Курир.мк]]>

Овие 5 намирници се најдобри „убијци“ на целулитот – доволни се само 3-4 порции неделно https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-5-namirnici-se-najdobri-ubijci-na-celulitot-dovolni-se-samo-3-4-porcii-nedelno/ Fri, 25 Sep 2020 12:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168692

Целутитот претставува промени на сврзното и поткожното масно ткиво кои го даваат добро познатиот „изглед на кора од портокал“. Целулитот нема никаква врска со нашата тежина - тој може да се јави и кај слаби жени. Главните виновници за неговото појавување се женските хормони, особено естрогенот, како и наследните гени и лошата исхрана. Меѓутоа, постојат неколку намирници кои помагаат во борбата со целулитот, а еве кои се тие: Брокула Брокулата содржи коктел од витамини и минерали кои се корисни за вашата убавина и имаат релативно мал број калории. Но, брокулата содржи и алфа-липоинска киселина, природна супстанца која спречува стврднување на колаген, што предизвикува целулит. За да ја добиете потребната количина, во вашето мени вметнете 3 до 4 порции брокула неделно. Портокал Портокалот е исклучително корисен за вашето тело. Тој е преполн со витамин Ц и биофлавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја исправаат рамнотежата на клетките која може да доведе до целулит. Аспарагус Многу познати дами се подложуваат на диети на база на аспарагус пред да се појават на црвениот тепих. Поради богатите антивоспалителни својства, аспарагусот го намалува задржувањето на течности во телото и содржи минимален број на калории. Преку течностите се отстрануваат штетните токсини кои можат да доведат до целулит бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата на крвта. Лосос Лососот се смета за идеална храна за диета, детоксикација и борба против воспаленијата во организмот. Тој е богат со антиоксиданси кои ги разградуваат масните клетки на подрачјата со целулит. Покрај тоа, омега-3 масните киселини во лососот го намалуваат апетитот и ги зајакнуваат кожните ткива и влакна. Маслиново масло Маслиновото масло придонесува за правилно функционирање на штитната желзда која помага во правилната работа на метаболизмот. Кога метаболизмот работи како што треба, се согоруваат маснотиите и се активираат клетките кои ги регенерираат оштетувањата на кожата. Кожата и сврзното ткиво под неа стануваат поцврсти и со тоа се намалува целулитот. извор:кармин/точка.ком.мк]]>