лошо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 07:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лошо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И се слошило: Поради хаосот околу старателството Северина заврши во болница https://arhiva.vistina.com.mk/i-se-sloshilo-poradi-haosot-okolu-staratelstvoto-severina-zavrshi-vo-bolnitsa/ Thu, 25 Jan 2024 07:46:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336150

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ била на одмор во Тајланд кога дознала за губењето на старателството над синот Александар. Имено, Северина штом ја слушнала страшната вест, како што пишуваат тамошните медиуми, веднаш ги спакувала куферите и се вратила во Загреб, за со својот адвокатски тим да ги види следните чекори. Северина пземала сè многу тешко, пишуваат медиумите, па дури побарала итна медицинска помош во загрепската болница бидејќи и се слошило од стрес. Вучковиќ не престана да плаче, а со неа цело време беа нејзината мајка, братучетка и блиски пријатели. На пејачката Северина Вучковиќ Врховниот суд во Хрватска целосно и го одзеде старателството над синот Александар Поповиќ. Милан и Северина повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, но Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, ќе му се врати на својот татко. Таа одлука стапува на сила веднаш, без разлика дали пејачката поднела жалба, објави Национал. фото:Instagram printscreen/severina]]>

„Одземете и го микрофонот“: Пејачките способности на Бранка Соврлиќ предизвикаа негативни коментари на социјалните мрежи (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/odzemete-i-go-mikrofonot-pejachkite-sposobnosti-na-branka-sovrlik-predizvikaa-negativni-komentari-na-sotsijalnite-mrezhi-video/ Thu, 21 Dec 2023 07:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331904

Во емисијата „Амиџи шоу“ гостуваше и Бранка Соврлиќ. На покана на Огњен гостите, како Александра Младеновиќ и Сандра Решиќ пееја за публиката, а потоа Бранка го зеде микрофонот. Пејачката ја изведе песната „Било би добро за тебе“, а реакцијата на корисниците на социјалните мрежи не била баш најдобра. - „Стани свети Никола да легнам“, „Отстранете и го микрофонот засекогаш“, „Па, таа пее полошо од мене“, „Добро би било веќе да не го земаш микрофонот“, „Од ова ме болат ушите“ -  се само неколку од коментарите. Да потсетиме, Бранка Соврлиќ се прослави пред речиси четири децении, а во текот на кариерата заработи многу, а сопственичка е и на ресторан во Сараево, како и на повеќе имоти ширум Балканот. Фото: Принтскрин/Instagram/branka_sovrlic]]>

Српската поп-фолк дива со несносни болки на сцената: Карлеуша само што не се струполила на настапот, но сепак издржала до крај (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pop-folk-diva-so-nesnosni-bolki-na-stsenata-karleusha-samo-shto-ne-se-strupolila-na-nastapot-no-sepak-izdrzhala-do-kraj-foto/ Mon, 11 Dec 2023 12:37:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330651

Српската пејачка Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи и откри дека има големи болки, како и дека ѝ било многу лошо за време на настапот. Пејачката Јелена Карлеуша, чии снимки од настапот неодамна направија хаос на социјалните мрежи, одржа настап во Котор и направи забава за паметење, а потоа објави дека едвај стоела на нозе за време на настапот и дека и било многу лошо. Таа како вистински професионалец не сакаше да ја разочара публиката, па се качи на сцената и приреди настап за паметење, а сега објави на Инстаграм и откри дека има големи здравствени проблеми. – Благодарам на сите што дојдовте на настапот во Котор синоќа. Бевте фантастични. Ако забележивте, чудно сум мирна. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку лошо како минатата ноќ – објаснила таа на Инстаграм и додала: „Едвај имав сила да се искачам три скалила од бината. Болката што ја трпам во овој момент е 10 од 10. Сепак, стиснав заби и го направив тоа за вас, иако организаторите сакаа да го одложиме. Не дозволив да се повика Брза помош по настапот затоа што изгледав страшно! Побргу би умрел отколку некој таков да ме види. Среќа што преживеав. Ова го напишав за да знаете… Понекогаш ние во оваа работа пееме и ги забавуваме луѓето и тогаш никој не знае дека сум лошо. Крвава работа, особено за нас жените.“ Фото: Инстаграм/karleusastar
]]>

Заменик директорот на болница каде е сместена Марина Туцаковиќ проговори за нејзината здравствена состојба: „Многу е лошо, сè уште е во животна опасност““ https://arhiva.vistina.com.mk/zamenik-direktorot-na-bolnica-kade-e-smestena-marina-tucakovikj-progovori-za-nejzinata-zdravstvena-sostojba-mnogu-e-losho-se-ushte-e-vo-zivotna-opasnost/ Fri, 17 Sep 2021 08:44:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219510

Марина Туцаковиќ во вторникот беше хоспитализирана во клиничката болница Драгиша Мишовиќ, каде и беше пружена целосна медицинска нега и е под будно око на докторите. Покрај тешката малигна болест со која Туцаковиќ се бори со години, коронавирусот дополнително и ја влоши здравствената состојба. Заменик директорот на болницата „Драгиша Мишовиќ“, проф. д-р Пеѓа Савиќ тврди дека текстописецот и понатаму е во животна опасност. „Некаде прочитав дека Марина е симната од респиратор, жената е во многу лоша состојба. Прво, поради опасната болест, а коронавирусот дополнитлено и ја влоши здравствената состојба“, вели Савиќ за курир.рс „Таа и понатаму е на респиратор, со метастази на белите дробови и короната....На интизивна нега е, во животна опасност. Од болница сигурно никој не кажал дека е надвор од животна опасност бидејќи тоа не е точно. Жената е во многу лоша состојба, не поради короната, туку поради малигната болест...Не личи на себе, се стопи, нема ни 40 килограми“, вели докторот. фото: дамир дервишагиќ/принтскрин к1/принтскрин ртс]]>

Милена Антовска пред некое време прележа Ковид 19, а сега повторно ја нападна вирус кој ja „утепа“ повеќе од корона https://arhiva.vistina.com.mk/milena-antovska-pred-nekoe-vreme-preleza-kovid-19-a-sega-povtorno-ja-napadna-virus-koj-ja-utepa-povekje-od-korona/ Wed, 21 Jul 2021 07:19:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211837

Koронавирусот или Ковид 19 веќе повеќе од една година демнее во светот, а бројките на позитивни, заболени, починати, постојано варираат, па на пандемијата како да и нема крај. Короната не бира кој ќе биде заразен, а многумина од јавните личност го прележаа вирусот. Некои со полесни симптоми, некои со потешки, а некои за жал ја изгубија битката. Водителката Милена Антовска поради својата професија и контактот со голем број на луѓе уште од самиот почеток беше изложена на ризик. Антовска пред неколку месеци прележа корона. Имено, како што обзнани тогаш на социјалните мрежи таа беше во изолација. Тогаш не откри дали имала потешки или полесни симпотми и дали имала контакт со некој позитивен... Вирусот ја оддели од најблиските: Милена Антовска во изолација (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Меѓутоа, деновиве нов вирус ја нападна водителката поради кои заврши на инфективно. Во кусите приказни на „Инстаграм“, Милена откри дека добила стомачен вирус и поминала многу полошо отколку кога имала корона. Како што објасни, освен таа, стомачен вирус добиле и нејзиниот сопруг Гордан, ќерката Лана Марија, а Антовска завршила и на инфузија. Како што раскажува Милена во „Инстаграм стори“, Брзата помош не дошла бидејќи наводно немала што да прави, па водителката морала да се обрати во приватна клиника и да ја прими соодветната терапија. Откако примила инфузија и не и било подобро, таа заминала на Инфективна во Скопје, а како што вели таму немало жив човек освен чуварот кој внатре пушел цигара. „На инфективна немаше ниту еден човек, ниту доктор, ниту медицинска сестра, ништо ништо, освен чуварот кој што внатре си пушеше цигара“, вели водителката. Од инфективно, водителката заминала во друга клиника каде што и ги направиле потребните испитувања за да и кажат дека се е во ред. Милена преку својот „Инстаграм“ апелираше да се подобрат нештата. „Да не биде дека само се фотографираме и објавуваме фотографии и само фини нешта“, вели водителката. Таа истакна дека ги разбира здравствените работници дека се изморени  поради пандемијата со коронавирусот, но вели дека на секој човек треба да му се укаже здравствена помош. „Јас разбирам дека докторите се преморени, јас лично сум уверена бидејќи на терен, посебно лани, снимав кога беше најтешко и знам колку се посветени и колку беа растрчани насекаде. Но, тоа не значи дека луѓето кои имаат потреба од здравствена помош треба да трпат затоа што во моментот нема здравствено лице на некоја од клиниките. Не сакам својата позиција, професија да ја користат и да барам „врски“. Тоа не треба така да биде. Некој ќе каже „де стомачен вирус“. Но, верувајте јас стомачниот вирус го поминав 10 пати потешко и ми беше полошо отколку кога  имав корна“, вели Антовска. За среќа, ситуацијата заврши среќно, водителката оздраве, па се врати на својата работа и пред ТВ екраните на утринската програма на Канал 5 телевизија. фото: Принтскрин/инстаграм/милена антовска]]>

Шест важни совети: Како да станете рано, а да не се чувствувате лошо? https://arhiva.vistina.com.mk/shest-vazni-soveti-kako-da-stanete-rano-a-da-ne-se-chuvstvuvate-losho/ Tue, 14 Apr 2020 12:55:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144943

Станувате рано и цел ден сте уморни и нерасположени? Или легнувате многу доцна, па не можете да се наспиете доволно?

Ако одговорите со ДА, ова се вистински совети за вас:

1. Избегнувајте да пиете кафе, црвено вино или да јадете чоколадо Ако сакате да уживате во длабок и мирен сон, тогаш многу е важно да му ја обезбедите потребната смиреност на вашето тело. За да потонете во длабок сон, потребни се околу четири часа, а доколку имате постојани прекини во овој период, тогаш нема да го добиете потребниот одмор, а чувството на замор ќе се појави во утринските часови. Една од најчестите причини којашто доведува до немирен сон е консумирањето одреден вид храна и пијалаци коишто може да го нарушат вашиот дигестивен систем и да го прекинат вашиот сон. Кафето, црвеното вино и чоколадното млеко се типични вакви примери, па затоа, воздржете се од нив што е можно подолго време пред спиењето. Настојувајте да не ги консумирате овие производи после времето за ручек, но, доколку тоа не е возможно, обидете се барем да ги елиминирате од вашата исхрана по шест часот поручек.

2. Одете во тоалет пред да легнете да спиете

Некои луѓе одат во тоалет веднаш пред да отидат на спиење, но други имаат навика да читаат, да гледаат телевизија или пак, да играат игри пред да заспијат. За ова време мочниот меур може да се наполни. За да ги избегнете станувањата од кревет, а со тоа да го нарушите и вашиот сон, настојувајте да отидете во тоалет веднаш пред да заспиете. На овој начин поголема е веројатноста дека во текот на ноќта нема да имате потреба повторно да станувате, па така наутро ќе изгледате повеќе одморени.

3. Осигурете се дека вашата соба ги почитува основните фенг шуи правила

Иако фенг шуи не е нешто во коешто секој верува, сепак, со следење на неколку основни принципи за организирање на изгледот на вашата соба, можете да си обезбедите помирен сон којшто ќе придонесе да имате повеќе енергија наутро. Изгледот на вашата соба е најважниот аспект од фенг шуи, но исто така големо значење има и поставеноста на вашиот кревет. Имено, тој треба да биде поставен на таков начин што кога лежите ќе можете да ја гледате вратата, без да бидете директно изложени кога таа ќе се отвора. Ова овозможува високо ниво на сигурност кога спиете, при што имате поудобен сон. Понатаму, исто така значајни се и боите коишто ги користите во вашата соба. Позитивниот изглед може драстично да го подобри квалитетот на вашиот сон, па затоа обидете се да си создадете идеална атмосфера во собата каде што спиете. Се препорачува комбинација на сини и зелени нијанси, затоа што тие предизвикуваат чувство на спокој, смиреност и хармонија. ШТО ДА ПРАВИТЕ ОТКАКО ЌЕ СЕ РАЗБУДИТЕ?

4. Фокусирајте се на нешто што ве прави среќни и возбудени

Чувствата на стрес и анксиозност секогаш се полоши во утринските часови, благодарение на комбинацијата на потсвесното размислување и зголеменото количество кортизол во телото. Ова може да направи да се чувствувате уморни, па затоа настојувајте да се фокусирате на нешто позитивно што треба да се случи тој ден. На пример, можете да планирате некој возбудлив настан или пак да мислите на патувањето коешто ве очекува. Со фокусирањето на вакви работи уште од почетокот на денот, вие ќе го се ослободите од чувството на замор.

5. Настојувајте да вежбате секое утро

Кога сте во можност да станете рано и да не се чувствувате уморни, тоа чувство може да исчезне доколку не го негувате. Затоа, тука може да ги вклучите рутинските вежби наутро, бидејќи тие имаат потенцијал да го подобрат вашето расположение и да го зголемат нивото на концентрација. Тоа е така затоа што едноставното вежбање, како што е на пример трчањето, може да ги намали симптомите на стрес, па и на болка во некои случаи. Исто така е докажано дека вежбањето наутро ја зголемува енергијата и за наредниот ден.

6. Хидрирајте го вашето тело уште кога ќе станете

Според различни истражувања, начинот на којшто го хидрирате вашето тело уште кога ќе се разбудите, многу влијае и на вашата ментална состојба. Испијте една чаша вода уште пред појадокот, па ќе му помогнете на вашето тело да се разбуди побргу. Во однос на консумирањето топол пијалак со вашиот појадок, трудете се да не консумирате кафе секојдневно. Иако уште одамна се смета дека ова е најдобар начин за да се стимулираат сетилата, сепак, одредени истражувања покажале дека вашето тело постепено се навикнува на ефектите од кофеинот, при што со текот на времето ќе ви биде потребно повеќе време за да ги постигнете саканите резултати. Консумирајте кафе, но трудете се тоа да биде умерено! извор: Курир.мк]]>

Како лошото детство влијае во љубовните врски кога ќе пораснеме? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-loshoto-detstvo-vlijae-vo-ljubovnite-vrski-koga-kje-porasneme/ Thu, 12 Dec 2019 13:09:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123619

Целиот процес на додворување, забавување и одржување на врската е доволно тежок и има свои предизвици, без да внесуваме дополнителни препреки. Почнувајќи од храброста да откриеме дека некој ни се допаѓа и соочувањето со фактот дека тоа можеби нема да ни биде возвратено, оваа игра е тешка, но сепак не носи исто ниво на вознемиреност и анксиозност за сите. За некои од нас, врските се особено тешки поради една конкретна причина која можеби и не сме ја разгледале доволно длабоко – нашето тешко детство. Целиот овој процес за некои од нас, еден од четворица според научниците, ќе биде најтешкото нешто што сме го направиле и наместо забавно може да се покаже како трауматично искуство. Причината за тоа е фактот дека сме имале тешко детство чии последици и влијание врз нашите животи никогаш не сме ги сфатиле и разбрале целосно. Начинот на кој бараме внимание, на кој искажуваме различни чувства – љубов, страв, несигурност – е длабоко поврзан со начинот на кој (не) ни било дадено внимание и љубов од родителите. Подетално на оваа тема, во прилогот на The School of Life: ]]>

На учесникот во „Пинк ѕвездички“ му се слоши на сцената, се избори со сите сили да стане (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/na-uchesnikot-vo-pink-dzvezdichki-mu-se-sloshi-na-scenata-se-izbori-so-site-sili-da-stane-video/ Sun, 23 Jun 2019 09:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93965

Минатиот петок , учесникот Сергеј Пајиќ отиде во супер-финалето на натпреварот „Пинк ѕвездички – all stars“. Тој ја изведе песната "Клинка", но на крјаот од настапот гледачите забележаа дека на Сергеј не му е добро. Пајиќ, подготвил интерпретација, но исто така и кореографија за оваа песна, а неколкумина забележаа дека воопшто не е добро додека беше на сцената. Во текот на настапот почнал да чувствува слабост, а откако седна, па легна на земјата, станувањето му беше тешко, па на крајот од песната се забележува неговата фацијална експресија дека нешто не е во ред со него.
Од продукцијата веднаш реагирале и му дале прва помош. Се испостави дека, меѓу другото, Сергеј бил дехидриран. Поради многуте обврски што ги имал, тој го запоставил своето тело и неговото здравје, и сето тоа доведе до проблеми што се појавија во натпреварот. За среќа тој сега е во добра состојба, пренесуваат српските медиуми.]]>

Карлеуша во лоша состојба, Тошиќ стравува за нејзиниот живот, а еве што вели и психијатарот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-vo-losha-sostojba-toshikj-stravuva-za-nejziniot-zivot-a-eve-shto-veli-i-psihijatarot-foto/ Fri, 15 Mar 2019 12:20:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77790

Душко Тошиќ му се доверил на својот пријател дека не се враќа во Кина, бидејќи неговата сопруга Јелена е во многу лоша состојба по смртта на нејзината мајка и и' помага да се опорави од загубата. Јелена има тешкотии по смртта на нејзината мајка и никако не доаѓа до себе. Таа се' уште е во тешка ментална состојба. Не сфаќа дека Дивна веќе ја нема. Постојано плаче и пие седативи. Таа речиси не зборува со никого. Душко никогаш не ја видел во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Тој најдобро знае во колку добри односи биле Дивна и Јелена, и колку пати таа плачела додека нејзината мајка се борела со ракот на белите дробови. Јелена постојано велела дека нема да може да поднесе ако Дивна умре, па затоа Душко се плаши дека сега може да направи нешто лошо за себе“ - вели изворот.
Саша Поповиќ ден пред смртта на Дивна ја посетил Јелена. „Таа беше толку поврзана со нејзината мајка што секогаш велеше: Доколку мајка ми умре, јас ќе се убијам“! Ирена Поповиќ, психијатар Клинички центар "Д-р Лазар Лазаревиќ" кажува дека луѓето кои загубиле некој близок поминуваат низ неколку фази на опоравување. "Тагата е примарна емоција која ни помага да ја прифатиме тешката загуба на лицето или на врската. Времетраењето зависи од поединецот, но можеме да кажеме дека обично трае од шест месеци до една година. Кога тагата по загубата трае подолго од овој период или со неа се појави и пад на самодовербата, а потоа можеме да зборуваме и за депресија. Нормално тагата има свои фази. Првата фаза е  шок, а потоа неверување, фазата на лутина или бес, но подоцнежните фази се фази на прифаќање и реинтеграција. Успешното завршување на процесот на тагување доведува до созревање на личноста и психолошка раст. Крајот на тагувањето е моментот кога загубата што настанала може да се стави во контекст на животот и да се продолжи со истиот, иако таа празнина ја носиме во себе цел живот“. Фото: Е-сток]]>