лоша идеја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Jan 2020 13:09:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лоша идеја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Правење пауза во врска: Добра или лоша идеја? https://arhiva.vistina.com.mk/pravenje-pauza-vo-vrska-dobra-ili-losha-ideja-2/ Thu, 23 Jan 2020 14:15:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130674

Секоја врска минува низ различни фази, но правењето пауза од врската може да биде штетно за односот ако чувствата избледнеат. Тоа често се случува кога паровите се разделени, затоа треба внимателно да се испланира секој преземен чекор. Се случува работите во една врска да станат толку токсични и нездрави, па двајцата партнери да се чувствуваат преоптоварено. Промените се неизбежни, а секоја промена со себе носи можности за личен раст, како и предизвици со кои треба да се соочи. За да напредува една врска, ова важи и за најуспешните, потребно е постојано адаптирање. Кога паровите ќе се најдат во застој, често размислуваат да се одморат малку еден од друг, па и од врската. Одморањето од врска е и добра идеја, единствено ако партнерите постапуваат внимателно. Пред да размислите за пауза, прашајте се себеси што се обидувате да постигнете со паузата. Ако не можете да дадете јасен одговор, немојте да направите пауза, а ако може да одговорите размислете дали паузата би била корисна или не. Ако се одлучите за пауза, овие совети можат да ви бидат корисни: 1. Двајцата сте сложни за пауза и мислите дека е тоа добра идеја, бидејќи ако едниот партнер сака пауза, а другиот не, тоа е често знак дека таа личност повеќе не сака да биде во врска. 2. Одлучете се за јасно прецизирана временска рамка, кога ќе започне паузата и кога ќе заврши. Најлошо е да започнете пауза за да видите како функционира тоа, без одреден временски интервал. 3. Договорете ги правилата на меѓусебна комуникација, мора да бидат јасни од почеток, дали сакате да комуницирате еден со друг, колку често и на кој начин. 4. Ако имате деца размислете како ќе влијае разделбата на нив. Сепак, нивната емоционална безбедност е ваша одговорност и треба да ви биде приоритет. 5. Разговарајте што ќе правите во текот на паузата, разјаснете ја целта на сето тоа и разговарајте што ќе правите во текот на одморот. Ако во текот на паузата работите на врската, тоа скоро секогаш резултира со позитивен исход. извор: кајгана]]>

Зошто сексот на плажа е навистина лоша идеја? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-seksot-na-plaza-e-navistina-losha-ideja/ Sat, 04 Aug 2018 07:08:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41478

Со оглед на тоа што сите сме преплавени со романтични филмски сцени покрај море, многумина сметаат дека сексот на плажа звучи навистина секси. Море, плажа, песок, вие двајцата сосема сами покрај звукот на малите бранови што нежно ве галат на стапалата – едноставно не можете да не помислите на него. Но, нештата не се толку едноставни како што мислите. Погледнете ги следните четири причини зошто треба по секоја цена да го избегнувате сексот на плажа.

1. Песокот секаде се провлекува

Песочните плажи изгледаат како места од бајките кога станува збор за секс, но нештата се многу поинакви во реалноста. Ситни зрна песок можат да се залепат и протнат буквално секаде, притоа предизвикувајќи ви и болка при сексот. Ако случајно навлезат и во гениталиите, тогаш следува уште поголем проблем, што нè води до следната точка.

2. Може да добиете инфекции или да се повредите

Ако успеете да внесете песок во кој било отвор од вашето тело, големи се шансите да „закачите“ и некоја инфекција што потоа може да ви направи голем број проблеми. Исто така, со оглед на тоа што ќе бидете изложени голи на него, вие се ставате на ризик и од можни повреди на пенисот и на вагината.

3. Сексот на плажа никогаш не е спонтан

Иако филмовите го претставуваат така, вие најпрво мора да ја проверите областа каде што ќе легнете, да постелите нешто над неа и дури потоа да се „фрлите“ на работа. Ова може негативно да влијае на вашата. Да не зборуваме за фактот што доволно е да има барем малку ветер, па сè околу вас ќе се разлета ако не било добро прицврстено и ќе мора да станувате и да си ги собирате алиштата или пешкирите од околината.

4. Никогаш нема да бидете сами

Колку и да мислите дека локацијата што сте ја нашле е пуста, секогаш постојат луѓе што размислуваат на истиот начин како и вие. Доволно е само да погледнете под вашите нозе и да ги видите безбројните ѓубриња што луѓето ги оставаат зад себе, како остатоците од цигари, искршеното стакло… Со оглед на тоа што постојат големи шанси некој да пројде баш покрај вас во темнината, најдобро е да ја префрлите забавата меѓу вашите четири ѕида.]]>