лош сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Jun 2023 12:08:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лош сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Шерифовиќ во солзи: „Трпам страшни болки, не можам ништо“ – еве што и се случи на пејачката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-vo-solzi-trpam-strashni-bolki-ne-mozham-nishto-eve-shto-i-se-sluchi-na-pejachkata-foto/ Thu, 15 Jun 2023 12:08:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306483

Марија Шерифовиќ пред неколку дена отпатува за Љубљана каде имала закажан концерт, но паузата од возењето и релаксирачкиот сон пред настапот ја расипала една тегоба која можела да ја чини да не излезе на сцена. Имено, пејачката во својот последен блог се пожали на публиката дека екстремно лошо спиела во Подгорица, каде што претходно била на турнеја, што оставило последици на нејзиниот грб. -Имам страшни болки, цела десна страна ми се грчи, испив два лека. Сето ова се должи на лошиот сон, за жал. Имав просечен сон, иако си донесов сопствена перница. Едната страна од телото ми е целосно вкочанета, молев и молев синоќа некој да дојде да ме измасира, да нанесе крема за да протуркам денес. Страшно, се ми е вкочането, ништо не можам - изјави Марија и откри: - Чекам да дојдат масери и хиропрактичари да ме поправат бидејќи ми падна рамото. Сега е малку полесно, кога ме масираа. Господ на помош – додаде пејачката. Таа во еден момент дури и заплака од болка, што изненади многумина. Фото: Принтскрин/Јутјуб]]>

Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар https://arhiva.vistina.com.mk/problemite-so-spieneto-petkratno-ja-zgolemuvaat-opasnosta-od-mozochen-udar/ Wed, 19 Apr 2023 11:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298677

Шмркањето со носот, ‘рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар. Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“. -Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет. Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар. И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето. -Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа. Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе. Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар – депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност. Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето. -Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД. Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек – повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот. Извор: Курир.мк]]>

Викторија Лоба најде начин како во карантин да го „билда“ духот: „Верувам дека овој лош сон наскоро ќе зaврши“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-najde-nachin-kako-vo-karantin-da-go-bilda-duhot-veruvam-deka-ovoj-losh-son-naskoro-kje-zavrshi-foto/ Sat, 21 Mar 2020 07:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140280

Ситуацијата со коронавирусот сите не погоди. Пандемијата не само што ни го загрозува здравјето, туку на сите одкорен ни го смени начинот на живот... Навиките, принципите, однесувањето, погледот на нештата, на кои претходно можеби не сме обрнувале толку внимание. Животот во изолација наметна свои правила, обврски и должности, но донесе и повеќе време за себе и другите...   Пејачката Викторија Лоба, како се' уште да не може да поверува дека ова нам ни се случува. Или барем и требаше време да сфати и да се навикне на ваквата реалност, која сепак не е само лош сон од кој набргу ќе се разбудиме. Сепак, како и многумина од нас, откако се соочи со ситуацијата и првиот бран на неверување го преброди, Лоба полека навикнувајќи се на карантинот наоѓа начини како животот во 4 ѕида да си го направи што понормален. Смирена и внимателна со верба дека „овој лош сон, наскоро завршува“!   „Сега единствено како можеш да си помогнеш себеси и на другиот е да останеш смирен и многу внимателен. Свесност, будност, следење на препораките за одржување на хигиената и самоизолација е клучното во овој момент за да ја спречиме пандемијата. Само помисли колку си среќен што можеш да останеш дома и помисли на сите доктори, медицински лица, полицајци, фармацевти и продавачи во прехранбени продавници кои не се во можност да го напуштат своето работно место и да бидат со своите најблиски. Цени ги вистинските вредности во животот и размисли како можеш да го подобриш својот животен стил кога сѐ ова ќе заврши. Со тоа што остануваш дома придонесуваш ова побрзо да заврши“ - апелира пејачката до јавноста преку својот Инстаграм профил. Во меѓувреме, за да ги оттргне мислите и вниманието од лошите вести со кои деновиве сме бомбардирани, а домашната изолација не ни дава многу простор да го физичка активност која го зацелува и духот, Лоба најде време како тоа да го компензира. „За да Ве инспирирам, направив список од мои омилени книги и оние кои сега почнувам да ги читам. Знам дека некои издавачки компании имаат платформа за он-лајн нарачка со достава на книги, па ќе можеме слободното време да го искористиме на продуктивен начин. Скоро сите мои книги ги купувам по препорака и најчесто се со содржина која помага во личен ментален и духовен раст“ - напиша пејачката претставувајќи го својот литературен избор  од карантинот, додека и таа и сите ние чекаме, овој лош сон што побргу да заврши! ]]>