ломбардија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:17:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ломбардија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Запознајте го италијанското рибарско село кое го крие „еликсирот“ на здрав и долг живот – еве што велат научниците https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-go-italijanskoto-ribarsko-selo-koe-go-krie-eliksirot-na-zdrav-i-dolg-zivot-eve-shto-velat-nauchnicite/ Mon, 31 Oct 2022 13:16:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273607

Италијанското село Лимоне сул Гарда е единствено во светот поради тоа што неговите жители носат ген специфичен за ова место, а кој го нарекуваат еликсир на здравиот и долг живот.
Лимоне сул Гарда е колоритно, рибарско село на крајбрежјето на езерото Гарда во италијанскиот регион Ломбардија, а тоа е необична дестинација со околу 1.000 жители. Истовремено тоа е и најсеверната точка каде лимонот природно расте и има прилично блага клима, земајќи го предвид тоа што се наоѓа речиси во подножјето на Алпите. Можеби оваа комбинација на фактори е тоа што ги довело до тврдењето на жителите на селото дека таму постои „еликсир“ на здравјето и долгиот живот.
Многу од жителите очигледно се благословени со прекрасните способности кои им овозможуваат да ги јадат сите видови храна без да се здебелат или пак да имаат проблеми со срцето. Овие жители го имаат она што се нарекува „лимоне ген“ којшто содржи посебен протеин којшто ги уништува липидите и ја одржува крвта. Веќе 40 години луѓето од ова село биле под научно истражување, а селаните носители на генот се шегуваат дека биле како лабораториски глувци поради честите донации на крв за периодични тестови. Џани Сегал, еден од жителите, вели дека овие гени „течат во неговото семејство“, пренесува „CNN“. Тој се присетил кога лекарите првпат му рекле да голта зашеќерена доза шлаг, на секои два часа за да му ја контролираат крвта. „Ми вадеа крв по секое залче, беше тоа толку слатко и масно што имав мачнини, но иако изедов многу мојата крв веднаш ги уништи мастите без да ги асимилира. До вечерта речиси се онесвестив заради губењето крв“, раскажал тој. Меѓутоа, иако луѓето како Сегал можеби никогаш нема да мора да се грижат за затнати вени и крвни грутки, тој вели дека води нормален живот и дека не е никаков Супермен.
Цезар Сиртори, професор на клиничката фармакологија на Универзитет во Милано водел тим којшто прв го идентификувал она што жителите на Лимоне го нарекуваат еликсир, а го нарекле протеин А-1 Милано. Вели дека луѓето од Лимоне имаат исклучително ниско ниво на холестерол како резултат на генетската мутација внатре во протеинскиот носител. Интересно е тоа што оваа генетска мутација и со неа поврзаните здравствени придобивки се единствени за Лимоне и не можат да се пронајдат никаде на друго место во обиколните села.
Извор:Точка.мк
]]>

Ибра одново ја направи мегапопуларна: Песната на Нада Топчагиќ со која Ибрахимовиќ се појави на годинешниов Санремо, „растура“ во Италија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ibra-odnovo-ja-napravi-megapopularna-pesnata-na-nada-topchagikj-so-koja-ibrahimovikj-se-pojavi-na-sanremo-rastura-vo-italija-foto/ Mon, 08 Mar 2021 09:39:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193007

Песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќобара рекорди по слушаност во Италија, Таа  стана многу популарна особено во провинцијата Ломбардија, благодарение на Златан Ибрахимовиќ, кој годинава како специјален гостин се појави со звуците таа песна додека излегуваше на сцената на фестивалот „Санремо 2021“. Пред овој гест на славната фудбалска „ѕверка“, сигурно никој не слушнал за нада Топчагиќ во Италија, а уште помалку за нејзиниот хит од почетокот на деведесеттите години. Кога Златан излегуваше на сцената на Санремо со ритамот на „Јутро је“, Италијанците веднаш започнаа да пребаруваат на Гугл за која песна станува збор. Така,  песната на Нада се пееше околу сто пати само во Ломбардија таа вечер, според податоците од најпопуларниот интернет пребарувач. Пејачката сè уште не може да се освести од шокот и му е благодарна на Ибрахимовиќ што ја направи сензација на глобално ниво. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nada-topchagikj-niz-solzi-otkri-nepoznati-detali-za-ibrahimovikj-video/ Таа пред неколку дена за српските медиуми изјави дека не може лани да сонува дека ќе доживее таков ден во нејзиниот живот. „Замислете ова да и се случи на српска пејачка? Па секој би бил горд. Нема кој не ми се јави потоа, сите само зборуваат за тоа. Една таква спортска величина да се појави на сцената на Санремо со мојата песна е несекојдбевна чести задоволство. Мислам дека никој од музичарите од овие простори не го доживеал тоа. Едната е Нада“ - рече Топчагиќ. https://www.youtube.com/watch?v=Y9f0HuJBP_U]]>