локум фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Jun 2022 13:04:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png локум фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бит Фест“ со нов концепт: 64 денови културна програма со концерти на „Танец“, Влатко Стефановски, „Мизар“, „Меморија“… https://arhiva.vistina.com.mk/bit-fest-so-nov-koncept-64-denovi-kulturna-programa-so-koncerti-na-tanec-vlatko-stefanovski-mizar-memorija/ Mon, 20 Jun 2022 13:01:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255270

Битолското културно лето, започна  со концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, „Бит Фест“ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет. Во следните 64 денови, на повеќе просторни сцени во градот на кои како дел од „Бит Фест“ ќе се одржуваат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола низ автентичен културен израз, ќе ја промовира македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот. Освен концертот на Каролина, на програмата се и два други големи концерти. Култните „Мизар“ на 9-ти август на платото кај Офицерскиот дом, а програмата завршува со концерт на „Меморија“ на 31-ви август во Хераклеја. Дел од музичката и музичко сценската уметност на „Бит Фест“ се и Камерниот оркестар „Профундис“, виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски. Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“. За љубителите на џез – културата, ќе се одржи Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија. Музиката и традицијата, ќе се негуваат преку „Локум фест“, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на „Бит Фест“ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски. Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината. Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација. Целата програма е достапна на веб-страницата на Општина Битола.]]>

„Apocalicticum“ – Драган и Ратко Даутовски со концертна „Локум фест“ – Битола https://arhiva.vistina.com.mk/apocalicticum-dragan-i-ratko-dautovski-so-koncertna-lokum-fest-bitola/ Tue, 06 Jul 2021 12:57:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209934

Десет години од последниот концерт на Драган Даутовски во Битола , на истото место овој пат со неговиот син Ратко Даутовски,  на 23-ти јули во пациото на Завод и Музеј – Битола за љубителите на мистичниот амбиентален звук, ќе го претстават нивното последно музичко чедо – „Apocalicticum“. Kонцертот ќе се оддржува според Ковид протоколите. Влезници во ограничен број по цена од 300 ден се пуштени во продажба преку bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола. Јубилејниот 15-ти „Локум фест“ ќе се одржи од 22 до 24 јули. За фестивалското отворање во Хераклеја е најавен концерт на „Влатко Стефановски Трио“. Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција” е една од најпопуларните манифестации кои се одржуваат во летниот период во Битола. Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум.]]>

Три дена „Локум фест – музика и традиција“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/160030/ Wed, 22 Jul 2020 12:07:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160030

Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ продолжува со своето 14. издание кое во наредните три дена ќе се одржува во пациото на Н.У. Завод и Музеј-Битола. Фестивалот со целовечерен концерт вечерва, среда 22 јули ќе го отворат „Чалгија саунд систем“, додека утревечер, четврток 23 јули ќе настапат „Баклава“, а фестуивалот ќе заврши в петок, 24 јули со концерт на групата „Љубојна“. „ Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум. Се обидуваме да ја одржиме таа традиција бидејќи е важна за нашето културно наследство, но и за заживување на културниот туризам во нашиот град“, истакна организаторот Тоше Ивановски во пресрет на вечерашниот почеток на 14-то издание на „Локум фест“ во Битола. Фестивалот ќе се одржи со задолжително носење заштитни маски, бројот на влезници е ограничен, а посетителите треба да доаѓаат еден час порано пред секој концерт. Фестивалот е дел од националната програма на Министерство за култура, а е поддржан и од Општината Битола. Фестивалот се одржува традиционално во старата битолска чаршија. Годинава за првпат, поради корона епидемијата, се оддржува надвор од чаршијата.]]>

Локум фест 2018 https://arhiva.vistina.com.mk/lokum-fest-2018/ Wed, 18 Jul 2018 12:34:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38851

Битолскиот фестивал на музиката и традицијата „Локум фест“, од 19 до 21 јули ќе го доживее своето 12. издание, а тридневната програма традиционално ќе се одвива во старата битолска чаршија. Во рамките на првата вечер публиката ќе може да ужива со звуците на бугарската група „Морски перли“, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и нашите „Чалгија мерак“, а главни ѕвезди на втората вечер се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија – групата „Ентузијазам“. Третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.
Организатор на фестивалот е здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, во рамките на битолското културно лето „Бит-фест“.]]>