локални избори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Oct 2021 11:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png локални избори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стевчо Јакимовски: „Веднаш ќе направиме четири нови градинки, ќе ја реконструираме салата ‘Партизан’ и ќе направиме нови паркинг места (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stevcho-jakimovski-vednash-kje-napravime-chetiri-novi-gradinki-kje-ja-rekonstruirame-salata-partizan-i-kje-napravime-novi-parking-mesta-video/ Tue, 26 Oct 2021 11:13:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224637

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и лидер на „ГРОМ“,  Стевчо Јакимовски во интервју за Курир.мк, вели дека во општината најголем приоритет во иднина ќе биде сите деца да бидат згрижени во градинка. -Четири нови градинки мораме под итно да направиме и во секоја од постоечките градинки од две до четири занимални да додадеме плус, бидејќи 800 деца ни чекаат упис во градинките. Втор приоритет е решавањето на паркирањето, мораме подземни гаражи, мораме надземни гаражи, по готово во делот на Карпош 1, кај Министерството за економија, овде во Карпош 3, Лептокарија, Порта Влае мораме да ја решиме, вели Јакимовски. Тој додава дека во неговата програма за младите луѓе се вклучени многу проекти, особено за најмладите, да имаат добра заштита, како и давање на стипендии на талентираните ученици и спортисти. -Со моето доаѓање уште во 200-та година, ние сите спортски терени во Карпош ги осветливме, веќе игралиштето во Влае го направиме и со вештачка трева, планираме сите спортски терени да бидат со вештачка трева. Игралиштето Сокол, планираме да го покриеме, детските игралишта исто така ни се приоритет, она што е важно е и кејот на Вардар, уште една велосипедска патека ќе направиме, уште една патека само за трчање исто така ќе направиме. Салата Партизан исто така ќе се реконструира и ќе се стави бесплатно на користење на граѓаните на Карпош, вели Јакимовски. Целото интервју, погледнете го подолу во видеото: ]]>

На Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата: Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и „случајно“ ќе се одржи на денот на локалните избори, 17-ти октомври! https://arhiva.vistina.com.mk/na-shilegov-nishto-ne-mu-e-sveto-pa-nitu-decata-jubilejnoto-50-to-zlatno-slavejche-pomesteno-cel-mesec-porano-i-sluchajno-kje-se-odrzi-na-denot-na-lokalnite-izbori-17-ti-oktomvri/ Thu, 14 Oct 2021 07:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222806

„В недела, на 17 октомври, СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје повторно ќе биде највеселото и најраспеано место во градот, а детските гласчиња ќе одекнуваат заедно со звуците на старите и новите песнички на фестивалот „Златно славејче 2021“. Годинава оваа позната манифестација за деца, која ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, слави редок јубилеј – 50 години постоење! Оваа успешна долговечна приказна почна во далечната 1971 година, кога се одржа првото издание на фестивалот „Златно славејче“, со чии песнички израснаа многу генерации“ - гласи веста која ја објави најстариот печатен дневен весник Нова Македонија. И се' би било во духот на големиот јубилеј,  половина век на детската песна во Македонија, на радоста и среќата би и немало крај, одново политиката да не ги вмешала своите прсти дури и во она што е најсвето - децата! Имено, како што е познато и всушност како што е традиција, „Златно славајче“ отсекогаш, (освен во вонредни ситуации), се одржувало во месец ноември. Поточно на денот на ослободувањето на главниот град на Македонија - Скопје, на празникот 13-ти Ноември или ден-два околу него, заради значењето и симболиката на датумот. Впрочем и химната на „Славејчињата“  ги содржи тие стихови: „Скопје, радост ти ќе бидеш...“! Арно ама некој, некој на радоста случајно или намерно посака да и ги „скрати крилјата“. Да ја присвои и (зло)употреби за лични, политички цели... И тоа токму за 50-годишнината. Зашто, како поинаку да се протолкува „одлуката преку ноќ“  одржувањето на годинешното јубилејно 50-то поред „Златно славејче 2021“ наместо околу 13-ти Ноември да биде поместено речиси цел месец порано и да се одржи, види „случајност“ на 17-ти октомври, недела, токму на денот на одржување на локалните избори!!? Патем, оваа позната манифестација за деца,  ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, што значи дека е под директна капа на градот, меѓу останатото и финансиски. А кој ги дава парите, тој е „газда“ или барем таков глуми и кога кога парите се - наши! Веројатни и затоа по принципот: „Врзи го коњот, кај што газдата ќе каже“, „Славејчињата“ јубилејното гнездо ќе го свијат на денот кој најмногу му одговара на актуелниот „градски газда“ Петре Шилегов, денот на локалните избори, 17-ти октомври! Небаре само тој ден е салата „Борис Трајковски“ слободна? Како друг датум да немаше, па мораше локалните избори и политиката да ги вмешаат своите прсти и во детските песни! Ваквата одлука предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Реаграа некои од родителите, реагираше и јавноста, фелата, онаа стручната, музичката... Така композиторот и музички педагог Томислав Таневски на пример, на својот Фејсбук профил остро го осуди овој чин на „груба злоупотреба на децата, детската песна и уметност во служба на политиката“, и тоа од позиција на моќ со туѓи, поточно, наши, народни пари: ПОЛИТИКАТА НЕ ГО ОДМИНА НИ ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ!!! „Што да се каже, а да не биде човек разочаран. Најстариот детски фестивал Златно славејче околу 45 години редовно се одржува по повод ослободувањето на Скопје (и химната му е таква), поточно околу 13 Ноември. Откако актуелниот градоначалник на Град Скопје, г-дин Шилегов го посети т.н. директор на фестивалот, одеднаш одржувањето на фестивалот се помести скоро за цел месец и тоа верувале или не токму на денот на изборите 17. Октомври. Сигурно за 50 годишниот јубилеј Шилегов ќе има главен збор. Кај го уништија преку песните овој фестивал, сега го пикнаа и во интерес на политиката. Но, НЕ СЕ ЧУДАМ, ЗНАЕЈЌИ КОЈ ГО ВОДИ овој РЕНОМИРАН фестивал..... Докажано, овие решиле да уништат се' што вреди“  - пишува Таневски и продолжува: „Второ, се ЧУДАМ и на уметничкиот директор МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ кој во интерес на одржување на националната пензија се пикнал во глувчешка дупка и МОЛЧИ... Алал нека ви е .... знам дека повеќе родители и ќе реагираат на овој пост, но нема да им замерам и само ќе им кажам...продолжете да давате пари за вашето дете да пее и молчете!!!
СЕПАК ЗА КРАЈ, нека му е честит 50 годишниот јубилеј и секако посакувам во иднина да има по убави детски песни, налик на оние од својот зачеток!!!“ -напиша реномираниот музички уметник, автор и педагог на својот профил! Очигледно на  Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата?! Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и наместо на 13 Ноември, ќе се одржи на 17-ти октомври! Фото: Фејсбук принтскрин/Златно Славејче/Tomislav Tanevski/Петре Шилегов
]]>