локали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Jun 2022 08:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png локали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе: Едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojkotot-na-dzambazov-ja-krena-makedonskata-estrada-na-noze-edni-go-poddrzuvaat-drugi-velat-deka-domashnite-izveduvachi-nema-shto-da-ponudat-video/ Thu, 02 Jun 2022 08:23:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252809

Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот кон македонските музичари. Преку својот Инстаграм профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки, ноќни клубови, кафулиња и други локали кои како што вели тој, „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“: „ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ДИСКОТЕКИ И КЛУБОВИ КОИ АНГАЖИРААТ ПОЛУАНОНИМНИ ПЕЈАЧКИ ОД БАЛКАНОТ, СО ЕДНА И ПОЛ ПЕСНА ВО КАРИЕРАТА, А ГИ ПЛАЌААТ 5 (И СО БУКВИ ПЕТ) ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ИЗВЕДУВАЧИ, ИЧ ДА НЕ МЕ БАРААТ ЗА НАСТАП СО МОЈОТ БЕНД. ЗА ВАС ДЕЧКИ СУМ НЕДОСТАПЕН…ДУР СУМ ЖИВ. ОБЈАВИ ЏАМБАЗОВ И НАПИША „НАЗАД ВО РЕЛАНОСТА. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/neka-gori-balkan-na-igor-dzambazov-mu-izgore-zelbata-da-pee-na-isto-mesto-so-poluanonimni-turbo-pevaljki-pet-pati-poplateni-od-nego-foto/[/embed] По објавата следуваше лавина од коментари и поддршка од бројните следбеници на актерот, голем број од неговите колеги и пријатели. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да ја обработи оваа тема, се со цел да го види ставот на македонските изведувачи поврзани околу истото. Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе, па додека едни го поддржуваат, дел од споствениците на македонските локали, но и некои од оние кои ги организираат естрадните настани, без оглед дали се поединци или институции, велат дека домашните изведувачи нема што да понудат!?  На сето ова остана да се даде одговорот: „Дали Македонија е навистина под балканска „естрадна окупација“? Игор Џамбазов изреволтиран додаде: „Не да не ме канат, нека не ми се јавуваат воопшто. Јас сум за нив умрен човек“. Неговото интервју, како и целата сторија на оваа тема погледнете го на следниот линк:  ]]>

Полицијата тренираше строгост врз естрадата: Со лисици и буткање во комбе како најголем криминалец, пејачот Александар Тарабунов приведен по настап во Битола! https://arhiva.vistina.com.mk/policijata-trenirashe-strogost-vrz-estradata-so-lisici-i-butkanje-vo-kombe-kako-najgolem-kriminalec-pejachot-aleksandar-tarabunov-priveden-po-nastap-vo-bitola/ Mon, 21 Feb 2022 07:33:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239825

Пејачот Александар Тарабунов во неделата, рано утрото бил приведен во битолската полициска станица а во рамки на голема акција на МВР и државните инспекторати. Имено Тарабунов по концертот со Камерниот оркестар насловен „Засекогаш во срцето“, оваа година посветени на Тоше Проески и Аки Рахимовски, настапувал и во едн познат битолски локал, кој бил еден од 4-те објекти кои беа исконтролирани.
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици и со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот нè држеа до 8 сабајле, на крај нè пуштија така, слободни сте… Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, сè решено“- напиша Тарабунов на својот инстаграм-профил.
МВР вчера, недела 20 февруари 2022 год. веќе информираше за акцијата. Имено во периодот од 01.30 до 04.30 часот ноќеска полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandartarabunov Видео: Јутјуб
]]>

Во Србија како да нема корона: Пејачите земале огромни пари за Нова Година, народот наголемо се подготвува за дочек! https://arhiva.vistina.com.mk/vo-srbija-kako-da-nema-korona-pejachite-zemale-ogromni-pari-za-nova-godina-narodot-nagolemo-se-podgotvuva-za-dochek/ Thu, 03 Dec 2020 09:34:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179236

И покрај тоа што пандемијата на коронавирусите секојдневно зема сè повеќе жртви како во светот, така и во Србија, во српската престолнина владее новогодишна еуфорија. Како ништо лошо да не се случува. Повеќето клубови, кафулиња, ресторани и хотели во Белград каде познати личности го договориле својот настап се речиси распродадени, па ситуацијата потсетува како во она народната: „Село гори, баба се чешла“! Како што пишуваат српските портали според зборовите на  организаторите на бројните дочеци,  никој од пејачите не ја спуштил цената за настап во најлудата ноќ, туку се држи до ланските хонорари, а и цените на влезниците не се ништо подобри. Многу белграѓани веќе платиле за своите места без никаков проблем, иако сè е сè уште неизвесно. Некои од клубовите и рестораните планираат новогодишна прослава, но тие не наплаќале билети, туку само правеле резервации. Ова значи дека гостите ги резервирале масите, а влезот ќе си го платат при доаѓањето на самото место. Разбирливо е и дека оние што продавале билети ќе им ги вратат парите на клиентите доколку нема прослава, исто како што оние пејачи кои земале хонорар или аванс однапред, ќе треба да им вратат сè на организаторите, како што е наведено и во договорите. Една од оние што го најави нејзиниот новогодишен настап во главниот град е Наташа Беквалац. Како што се дознава, нејзиниот хонорар е 25.000 евра. Цената на билетот се движи од 50 до 150 евра. Катарина Каќа  Грујиќ ќе пее и во Белград, за што ќе кешира 20.000 евра. Слоба Радановиќ ќе настапи заедно со неа за хонорар од 30. 000 евра, а секој што сака да влезе со нив во 2021 година, мора да издвои од 90 до 130 евра. „Искрено се надевам дека ќе има настапи. Со Слоба ги закажавме уште во јануари. Очекувам дека дотогаш сè ќе се смири ова лудило и дека ќе со песна ќе влеземе во 2021 година“ - изјави неодамна Каќа за медиумите. Ѓани настапува во Ледине за 35.000 евра, а цената на билетот е од 65 до 120 евра. „Тој настап мене ми беше закажан  веднаш по доаѓањето на 2020 година. Немаше абер од корона, па можеше да се планира“ - тврди пејачот. Рада Манојловиќ се надева дека ќе пее на сплав во Белград за најлудата ноќ, заедно со Пеѓа Меденица. Билетите за нивниот настап чинат од 100 до 200 евра, што не е изненадувачки, затоа што пејачите се договорени за хонорар за обајцата од 50.000 евра. Дејан Матиќ и Габријела Пејчев закажале настап во еден ресторан, а билетите чинат од 80 евра, додека Јана и Урош Живковиќ ќе пеат во свечената сала каде билетите се од 50 до 70 евра, а местата се речиси распродадени. Слаѓа Алегро закажала настап во еден белградски хотел за хонорар од 25. 000 евра. Анѓелина ќе пее во ноќен клуб во центарот на градот, а цените се движат од 40 до 250 евра, колку што се плаќа за сепаре. И се така редум... Повеќето клубови, кафулиња, ресторани и хотели во Белград каде познати личности го договориле својот настап се речиси распродадени, па ситуацијата потсетува како во она народната: „Село гори, баба се чешла“!  ]]>

Откако го прележа коронавирусот, сега Славица Чукрераш е бесна и револтирана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-go-preleza-koronavirusot-sega-slavica-chukrerash-e-besna-i-revoltirana-foto/ Wed, 14 Oct 2020 09:59:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171334

Пејачката Славица Чуктераш и колешката Милица Тодоровиќ заедно во карантин неодамна го победија коронавирусот. Сега Славица е револтирана поради целата ситуација со коронавирусот и скратувањето на работата на локалите во Србија. Своето незадоволство го изрази на профилот на Инстаграм, каде луто напиша јавна порака.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

„Ова веќе не е нормално со короната. Ве молам, 80% од нацијата се разболе, некои знаеја, а некои не, тоа зависи од симптомите. Го скратувате работното време на локалите, не сме во состојба да работиме, објавуваме песни, да ја продолжиме нашата работа затоа што не знаеме што е следно во вашиот ум. Да не затворат ??? “, праша Славица во својата објава. ]]>

Забегани во владеењето, неспособни во спроведувањето: Владата ни воведува колективна „штама“! https://arhiva.vistina.com.mk/zabegani-vo-vladeenjeto-nesposobni-vo-sproveduvanjeto-vladata-ni-voveduva-kolektivna-shtama/ Mon, 05 Oct 2020 08:06:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169828

Владата вчеравечер, 04 октомври 2020  ги прифатила предлозите на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти, е најновата вест која одекна во медиумите.  Анализата на епидемиолошките анкети укажала дека масовните собири, со непочитување на протоколите се една од главните причини за зголемување на бројот на случаи со ковид -19, а  најголемо зголемување на заболени има кај популацијата од 20 до 30 години, а потоа и кај тие од 30 до 40 години. Комплетно забегани во владеењето, Зоран Заев и неговите министри уште еднаш покажаа дека се тотално неспособни, повторно донесувајќи погрешни одлуки, потврдувајќи ја теоријата на своето владеење по принципот: не знаат каде тераат, како и во досегашното спроведување на законите и одлуките кои самите ги носат! Наместо да ги гонат, казнуваат и затвораат прекршителите на законите, одлуките, мерките и протоколите, владата ни воведува колективна „штама“! „Повеќе нема да има гостување на пејачи и  диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека нема дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дозвола дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“ - посочи министерот Филипче во своите последни изјави дадени за медиумите. Или со еден збор една цела плејада на еснафи, професии, занимања, индустрии ги ставија „под мраз“ на неодредено време, само затоа што се неспособни да се справат со оние кои токму нивните закони и одлуки ги кршат, „не онадувајќи“ жива сила! Струмичките „Аватар“ диско забави или последните скопски викенд концертни „Мош“ - журки се најдобар доказ. На моќниците никој ништо не им може... Изговорите на  „стерилните“ пазарни инспектори да не се трагични би биле смешни: немале ингеренции да ги затвораат локалите, им пишале казна, кои „казнетиве“ ја вадат со прометот од три сепариња за една вечер, само тој што го води предметот можел да ги казни, а тој/таа биле во самоизолација... и сличните будалаштини ја прават големата слика во која оние од владата и нивните државни инспекциски служби ниту знаат каде тераат, ниту знаат што прават, додека другите „онаа работа да не им чуе“,  си тераат по свое. Народот, како народ, особено помладите... Желни за провод, кога ќе видат дека може, а очигледно - може, се приклучуваат кон журката „среде село без кучиња“! И кога ситуацијата ќе излезе од контрола, потоа во паника, преку ноќ се носат штетни мерки и одлуки, од кои ќе трпиме сите... топтан. Покрај сувото ќе гори и суровото. Најпогодени ќе бидат повторно сите угостители, зашто „моќта“ на поединци им го „растура еснафот“, а најголема штета ќе трпат музичарите и ивент индустријата, зашто забраните за гостувања на музички уметници и намалувањето на јачината на звукот на озвучлувањата на 55 децибели се всушност „протокол за погребна церемонија“ на угостителството и забавата... А  со тоа и на душата и психата на народот! Зашто локал без музика повеќе наликува на библиотека, а не на кафеана, а од 55 децибели е посилен и звукот на мобилниот кога е пуштен малку појако да ѕвони! Естрадата со бурни реакции ги дочека новите мерки на владата за воведување колективна „штама“. Свесни дека ионака „исцедени до последна капка“, со ова им се запечатува и кариерата, а Бога ми и судбината на професијата со која одбрале да се занимаваат, за која некои учеле школо, сите макотрпно вежбале и вложиле се' од себе. Од утре слободно можат да си ги продадат инструментите и озвучувањата, светлото, миксерите, комплетната техника и да си купат... трактор, на пример! Или да бидат чираци кај првиот автомеханичар што го познаваат! Зашто вака, преквилификацијата во професијата им е неминовна! Спасот го гледаат во сопствен протест на кој се повикуваат не само музичарите и естрадните уметници, туку сите оние кои се погодени со новите владини одлуки, а ги има цела низа професии.
Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници...
Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!!
За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!
- Музичари
- Угостители
- Фото Студија
- Музички продукции
- Кина / Театри
- Текстописци и Продуценти
- Цвеќарници
- Игротеки
- Салони за убавина
- Фризерски салони
- Танчери/Танчерки
- Диџеи
- Бутици за венчаници
- Бутици за одела
- Бутици за гардероба
- Продавници за китенки и декорации
- Изнајмувачи на звук и светло
- Менаџери на ресторани и локали
- Слаткарници
- Продавници за Хемиско чистење
- Текстилни продавници
- Перални на ресторани и локали
- Фирми големи и мали за алкохол и храна
- Месарници
- Останати засегнати соработници на Свадбената Индустрија...
🗓 Дата, ден и почеток:
07.10.2020 / Среда / 14:00ч
🏛 Одржување на протестот: Скопје
Влада на Република Македонија
🇲🇰 Македонци
🇷🇸 Срби
🇹🇷 Турци
🇦🇱 Албанци
🇧🇦 Босанци
🇰🇮 Роми
Власи
Со почит,
Музичарите и целата Индустрија. Ќе успеат ли конечно да се изборат за правото да можат да си го заработат своето парче леб или власта седната во скутот на оние чии бизниси ја финансираат и корумпираат, одново „ќе остане глува“ на нивните барања за право на работа и чесна заработка, останува да видиме? Сепак едно е сигурно: како тргнале, оние од Владата забрзано си ја сечат гранката на која седат. Наскоро, лесно може да приземјат, а таквото предвремено приземјување, обично завршува со атерирање... директно на нос!

Владата најави отворање на угостителските објекти со „чудни“ протоколи на однесување, естрадата ги зеде на мајтап: Дали на пејач(к)ите ќе им остане само „стапот“… за бакшиш? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-najavi-otvoranje-na-ugostitelskite-objekti-so-chudni-protokoli-na-odnesuvanje-estradata-gi-zede-na-majtap-dali-na-pejach-k-ite-kje-im-ostane-samo-stapot-za-bakshish-video/ Sat, 09 May 2020 08:09:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148672

Владата најави дека за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните и сите други угостителски локали, но по нивното отворање ќе мора да се спроведуваат новите мерки и да се работи по новите правила на функционирање. Според нив ќе мора да се однесуваат и персоналот и гостите. Во медиумите и по социјалните мрежи почнаа да кружат некакви „списоци“ со новите правила и мерки, во кои е содржан дел од сето она што ќе треба да се прави применува, како да се однесува кога ќе седнете на кафе ручек, вечера..., како и правилата на однесување при организирањето свадби и други семејни веселби! Предлог мерките веднаш во најмала рака беа протолкувани како „чудни“, тешко прифатливи, уште потешко изводливи и спроводливи, зашто се асоцијални и се косат со основните принципи на човечката природа и потреба за социјален контакт. Особено на места кои постојат и се измислени заради опуштање, забава, споделување на емоции... па однесувањето во кафеана коко во библиотека, е дефинитивно неприфатливо за клиентелата и тотално нерентабилно за газдите, чии трошоци за работа ќе бидат рапидно зголемени, капацитетите три, четири, па и пет пати намалени, а заработувачката сведена на едвај покривање на вложеното! На цените на услугата и задоволството наречено „кафеана“, не сакаме и да помислиме... И како што народот почна да се шегува дека за седење во кафеана ќе се закажува како за снимање на „магнетна резонаца“ - по 6 месеци однапред, естрадата, која директно е засегната и поврзана со работата на угостителските локали  „им се изнасмеа“ на предлог мерките и почна да си игра мајтап со она што беше најавено! Меѓу првите што реагираа, беше фолкерката Сања Сани Гроздановска, која и прва побара да ги отворат кафеаните „што живот значат“ за естрадата. Веднаш по „срамежливата“ најава на министерот за здравство Венко Филипче на новиот „здравствено-кафеански протокол“ за работа, фолкерката запрепастено реагираше, јавно прашувајќи го министерот дали е сериозен? На нејзините вчудовидени коментари  се надоврзаа уште некои македонски естрадни автори и музичари. Така познатиот автор Орце Зафировски,не можејќи да им се изначуди на умот, почна да се мајтапи со предлозите за идниот „свадбен протокол“ што го заговара владата, во кој стигнавме и до првата брачна ноќ: Музичарот и некогашен тапанар во повеќе фолк групи, меѓу кои и  „Премиер бенд“, токму оние кои најмногу од свадбите и живеат, револтирано искоментира, „кој е, а кој не е глупав“, во случајов: На најавите за новите протоколи на работа и однесување реагираа и други естрадни ѕвезди и музичари. Едни со вчудовидување, други со неверување, трети полни со бес и лутина... А, некои работат ја свртеа и на мајтап! Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска, споделувајќи дел од списокот со „небулозни предлози“ на своите профили на социјалните мрежи, само загриженно запраша: „Сериозно?“ И додека се очекува „пикот на нови, луди идеи“ допрва да дојде, како што тоа го протолкуваа дел од естрадните уметници, некои од нив наголемо почнаа навреме да се подготвуваат за „новото време“. За новата естрадна епоха да не ги фати неспремни, па да останат гладни и жедни! За тоа како во иднина треба  да се однесува пејачот кон гостинот кој е седнат во кафеана и обратно, „показна вежба“ од дома направи пејачот и член на фолк групата „Болеро бенд“ , Христијан Кико Божинов. Пејачот својот „естраден СВОЗ“ ( Сите Во Одбрана и Заштита) го демонстрираше во домашниот двор, па несебично го сподели во јавноста, како демонстрација за колегите, како се зема по ново, бакшиш! Ако народот можеше да измисли стапче за селфи, итриот Кико измисли стап со корпа за бакшиш! Само се плашиме дека  овој негов мајтап, некој од владата може сериозно да го сфати, па Филипче, или некој друг од министрите и нивните советници може на следната прес конференција да излезе и самиот со „стапот“... за бакшиш, како сериозен предлог за еден од најважните реквизити за естрадните уметници во новиот „кафеанско-свадбен протокол“! ]]>

Панчо -ДНК со описна (пре)порака до министерот Филипче: „Ова мене ми испаѓа слично она – не го ставај цел, само до пола“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-opisna-pre-poraka-do-ministerot-filipche-ova-mene-mi-ispagja-slichno-ona-ne-go-stavaj-cel-samo-do-pola-foto/ Fri, 13 Mar 2020 08:45:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139187

Коронавирусот од зараза стана пандемија од светски размери. Светот се бори со неа, барајќи начини како да се справи. Вакцината против „Ковид 19“ е се' уште  само „мисловна именка“, а додека бројот на заболени расте,  се' повеќе од нив завршуваат фатално. Логичнио, заразата и паниката одат рака под рака, па маркетите и аптеките експресно се празнат, медиумите 24/7 известуваат со најразлични вести, социјалните мрежи оддамна се зовриени. Секој со свое мислење и размислување, рецепти и „100% ефикасни лекови“, упатства за превентива, пофалби и критики, пораки и препораки... И до населението и до оние кои се одговорни за заштитата на неговото здравје. Македонската влада и нејзиниот министер за здравство Венко Филипче со се' порадикални мерки и активности во превенција од ширење на вирусот. По воспитно-образовните институции и забраната за јавни собири, министерот го лимитираше и работното време на кафулињата, кафеаните, меаните, угостителските локали, клубовите, дискотеките... само до 18.00 часот. Меѓу реакциите на сите „обични смртници“ и оние, „необичните“, или поточно, познатите и популарни личности од различни сфери, па и од естрадата со коментари и (пре)пораки до народот и мерките на Владата. Еден од првите кои се најгласни, Панчо - ДНК. Имено, популарниот ДЈ Шорти се огласи со свој коментар на социјалните мрежи. На Панчо мерката на министерот за здравство за затворање на локалите и угостителските објекти од типот: „фифти-фифти“ не му се допаѓа. Особено не, познавајќи го менталитетот на нашиот народ, а Панчо добро го познава, зошто „цел живот“ лебот си го заработува во истите тие локали забавувајќи го истиот тој народ. И ако тргнете по она што Дј Шорти го тврди, неговата реакција има логика. Од 08 до 18 часот локалите отворени, а потоа фајронт? Излегува како „Ковид 19“ преку ден да спие, па се буди попладне и почнува да делува после 18 часот? А народот она што му е забрането му е најслатко, или поточно, она што не може навечер, го надополнува преку ден, па како што видовме уште веднаш „дневната шема - цвета“! Локалите преку ден полни како око, па излегува дека „попуста ти била Венко забрана, кога не е целосна“! Затоа Панчо на министерот Филипче и неговата експертска свита им предлага тотално затворање на угостителските локали со модус за целосно обесштетување на сопствениците, зашто „џабе паника“, кога ова нема логика!  Или што би рекол Панчо-ДНК, описно: „Вака, мене ми испаѓа слично на она: не го ставај цел, само до пола“!  ]]>

Анѓелка и Андрија? Неееее… Вака изгледа нејзиниот вистински „Андрија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/angjelka-i-andrija-neeeee-vaka-izgleda-nejziniot-vistinski-andrija-foto/ Tue, 16 Apr 2019 12:57:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83373

Во хит серијата "Андрија и Анѓелка" уживаа се повеќе луѓе крај ТВ екраните, а за тоа е првенствено заслужна брилијантната хемија меѓу главните актери. Меѓутоа, во реалниот живот, Анѓелка го има својот "Андрија".
Неговото име е Дарио Прпиќ, кој сака да се шегува со неговата сопруга на фотографиите и судејќи според сликите на Инстаграм, обајцата се луди во љубовта. Анѓелка воопшто не го крие својот сопруг, па затоа нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со нивните заеднички слики. Нејзин омилен хаштаг р #muzizenamackapecena, така што нејзините следбеници веднаш се вознемируваат кога објавува слика со Дариo, а таа не ја има таа ознака.
Дарио, кој долго време е угостител и е менаџер на некои од најпознатите локали во Белград, а тука и таму знае малку да се пошегува, но тој е обично посериозен од неговата сопруга. Синот  Јакша, од друга страна, целосно ги симнува гримасите на мајка му!
Анѓелка еднаш изјавила дека нејзиниот син ги наследил изразите на лицето, иако тој физички не личел на неа. Анѓелка и Дарио се венчале во 2011 година, а една година подоцна, малиот Јакша стигнал на свет.
Кога  не се на работа, тие обожаваат да уживаат со Јакша, а и многу сакаат да патуваат. Така тие неодамна го посетија Рим, а Анѓелка беше особено разочарана поради тоа што работниците ја чистеле фонтаната па не можела да фрла паричка и да си посака желба.
Андрија покажа во серијата дека е многу љубоморен и дека не е по готвењето. Саканиот на Анѓелка во реалниот свет е значително различен по ова прашање - тој не е љубоморен и е среќен што често се гледа  со својот "ТВ ривал" - Андрија. Извор: 24сата.рс Фото: Инстаграм принтскрин]]>