локал-менаџер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Jul 2021 08:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png локал-менаџер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко-Влогс и Зоки-Фаци „ги закопаа воените секири“: Примирје со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и… јадење бурек! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-vlogs-i-zoki-faci-gi-zakopaa-voenite-sekiri-primirje-so-pregratki-nasmevki-onakvi-pogledi-i-jadenje-burek-foto/ Tue, 20 Jul 2021 08:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211689

Дарко Јефремов, попознат како Дарко - Влогс, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“. од најпознат камионџија, набргу Влогсот стана еден од најпознатите „инстаграмџии“ а да не инфлуенсер, иако и такви обиди има во неговите фотографии и особено видеа,  кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи. Најпознатиот инстаграмџија меѓу камионџиите особено се прослави своевремено со своите пародии на модното шоу на Сергеј Варошлија, ставајќи го модниот гуру во „подредена положба“ на себесвојствен хумористичен, забавен, а на моменти и не баш пријатен третман. По Варошлија  на „вербалниот револвераш“ во времето додека царуваа на сега веќе непостоечката „1ТВ“ на мета му беа и Боки 13-ка и естрадниот новинар и ТВ водител, сега казино и локал менџер Зоран Василевски, попознат како Зоки - Фаци... Македонскиот камионџија од САД, со новогодишно „ситдаун шоу“ од кабината: Овој пат „на тапет“ е Зоки – „Фаци“ (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Препукувањата потоа долго траеа, а се користеше секоја можна прилика за нова „зајадлива реплика“, коментар, штос, виц, „јадачка“... кои беа на работ на „закачка“  помеѓу двете страни. Деновиве Дарко - Влогс се врати во Македонија, користејќи го својот летен „камионџиски одмор“. Шеташе по  родната земја, посети разни места, села, градови, езера и планини во својата татковина, па дојде и во нејзината престолнина - Скопје! Покрај традиционалното седнување на утринска чорба, пиење лименка на клупите во Градски парк... ...и неизбежното селфи кај фонтаната со коњот, сосе воинот на него и поубавата половина до себе, Влогсот реши да направи уште еден потег со кој многумина изненади! Имено, инста-камионџијата реши да склучи примирје со „завојуваните“ противници. Да ги закопа „воените секири“ со оној со кој најмногу се препукуваше - Зоки Фаци! Најде начин  да го пронајде, па со или без најава, не објасни, ама затоа покажа дека му отиде „дома“... Односно речиси таму каде што во последно време бившиот водител сега локал-менаџер „кисне“... Познатиот, елитен скопски локал. Преговорите се одвивале зад затворена врата, во четири очи и двајца сведоци, секој од по едната страна, додека „верификацијата на мировниот договор“ се одвиваше на отворено. Пред портите на локалот и тоа со посебен протокол: Примирје  со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и...  јадење бурек! Гушкањето и погледите видливи, а Бога ми и јадењето бурек... И тоа бурек -„спешл едишн“, со кој Зоки - Фаци како добар домаќин „го нарани“ Дарко - Влогс, како и мировниот договор за понатамошно „не јадење бурек“ беа овековечени со неколку фотографии. „Јадењето бурек“ заврши, видеото за Фаци го снема од Инстаграм кај Влогсот, ама „јадачките“ и „мемињата“ на околината штотуку тргнаа: „Најди си некој/а да те гледа, како Дарко - Влогс што го гледа Зоки - Фаци“... Или: „Ми каса“? Не каса, ама како е насмеан додека те гушка, ако те касне, ќе да те изеде во еден потег“! Како и да е, важно е да е „мирно“...  Другото - ќе мора некако да се истрпи... Се' за љубов! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs
]]>