lлаги – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Apr 2022 13:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png lлаги – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-treba-da-im-stavite-kraj-na-malite-lagi-vo-ljubovnata-vrska/ Tue, 19 Apr 2022 13:16:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247002

Доколку сте склони кон тоа постојано да кажувате мали лаги во врската, не само што ја нарушувате довербата на вашиот партнер туку ја нарушувате и самата врска. Иако ви се чинат безопасни, сепак криењето и лажењето можат навистина да ја загрозат врската. Во продолжение прочитајте зошто треба да му ставите крај на таквото однесување. 1. Може да ви прерасне во навика за идни лаги Колку повеќе лажете за малите нешта (кои ви се чинат сосема безначајни) шансите дека ќе почнете да лажете за поголеми и посериозни работи стануваат уште поголеми. Со други зборови, колку повеќе лажете толку повеќе се навикнувате на лажење. Имајте на ум дека обидите за лажење можат да завршат неславно – со тоа што ќе бидат откриени од страна на партнерот, или уште полошо, со крај на врската. 2. Ја нарушувате довербата на партнерот и не покажувате почит спрема него Никој не сака да го лажат. Замислете вие како би се чувствувале доколку ве лаже партнерот. Освен тоа, лажењето не само што доведува до нарушување на довербата туку и непочитување на љубовта што партнерот ја чувствува кон вас. 3. Лажењето предизвикува чувства на страв и непријатност кај партнерот Откако веќе еднаш сте го излажале партнерот, тој постојано ќе се грижи и ќе се прашува дали лажете или криете работи од него. Вашиот партнер никогаш нема да знае со сигурност дали сте престанале со лажење или не бидејќи веќе сте го излажале. Наместо тоа, ќе почне да сомнева во сето она што го тврдите и ќе живее во страв и вознемиреност, чекајќи да ја открие вашата следна лага. 4. На партнерот ќе му биде потешко да ви верува следниот пат дури и кога ја зборувате вистината Секако, не можете вие да го обвинувате за тоа бидејќи токму вие сте го предизвикале тоа чувство на сомнеж. 5. Лагите лесно можат да предизвикаат раздор меѓу вас и партнерот Можеби сметате дека партнерот ви простил за лагите, но вистината е дека тој секогаш ќе се сеќава на нив. Ќе се сеќава на тоа дека сте можеле да го гледате во очи и да го лажете. Освен тоа, голема е веројатноста дека во текот на некоја друга расправија која можеби и нема никаква поврзаност со ова, тој ќе ги изнесе на површина. На крајот на краиштата, тоа е ваша вина. извор:Извор: themindsjournal.com]]>