љупка и мила арсовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Feb 2020 09:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љупка и мила арсовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Атиџе блесна на Оскарите благодарение на оваа Македонка која пак таму се дружеше со Антонио Бандерас (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/atidze-blesna-na-oskarite-blagodarenie-na-ovaa-makedonka-koja-pak-tamu-se-druzeshe-so-antonio-banderas-foto/ Fri, 21 Feb 2020 09:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135302

Велат дека секое чудо три дена трае ама кога е во прашање она што го оствари тимот на документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше, а сигурно ќе се зборува уште долго. Оскарот не заврши во нивните раце, сигурно ќе бевме сите посреќни да беше така, но и во овој случај ние имаме победници на кои сме горди. За Атиџе се пишуваше многу, се снимаа доста интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Како вистинска ѕвезда, Атиџе пред големото случување имаше свој стилист која ја подготви нејзината фризура за појавувањето на црвениот килим, а не случајно за тоа беа избрани две сестри Македонки кои живеат во Америка. Станува збор за сестрите Љупка и Мила Арсовски кои во нивниот салон се погрижија за Атиџе. Дружбата со неа сигурно нема да ја заборават тие, а ниту таа, но секако и вечерта на Оскарите и забавите поврзани со големиот филмски настан каде беа собрани многу од светски познатите актери. Љупка на профилот на Инсатграм од својот салон, објави неколку фотографии заедно со сестра си и Атиџе, неколку од атмосферата, но и таква со славниот Антонио Бандерас. По ваквата објава се редеа коментарите, особено оние дека Љупка и Бандерас изгледааат блескаво. Инаку, Љупка Арсовска пред да замине во Америка работеше како модна дизајнерка, а се претставуваше и на скопската модна недела, нејзината сестра пак, работи како стилист за коса, а со истата професија продолжи и таму во сопствен салон.]]>