љупчо соколовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 10:56:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љупчо соколовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Не успеа да се израдува на тоа што го направи“: Ферус Мустафов и го напиша последниот хит на Соња „Динамит“ – „Опасно ме гледаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-uspea-da-se-izraduva-na-toa-shto-go-napravi-ferus-mustafov-i-go-napravi-posledniot-hit-na-sona-dinamit-opasno-me-gledash-video/ Thu, 02 Nov 2023 10:55:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325062

Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот „Динамит“, добиен по нејзин познат хит, ја отпеа последната песна на кралот на ромската музика Ферус Мустафов. За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“. За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум.  Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине. Затоа, како што вели Соња, почекала со промоција на песната и спотот бидејќи веста за неговата смрт ја шокирала и не можела да се соземе, особено што засекогаш ќе и останат сеќавањата на тоа дружење. -Јас и Ферус работно ги поминавме тие денови и во дружење, не знаејки дека се тоа негови последни денови. Многу ми е жал што Ферус не успеа да се израдува на тоа што го направивме. Неговиот тон нема да го има ниеден саксофонист. Беше маестрален. Се дружевме две недели. Последниот ден побара да одиме во слаткарница. Бевме со Зоран, неговиот син Илми и ќеркичката Мелек. Последното парче торта во неговиот живот го изедовме заедно, вели тажно Соња и додава: -Со неговите шеги и денес живееме. И во Австралија секогаш кога доаѓал сме настапувале заедно. Навистина беше народен човек. На секој сакал да му помогне, да му биде „отскочна даска“. Кога се договаравме за спотот, тој рече и јас ќе дојдам. И дојде, во неговиот препознатлив бел костум. Цел ден снимавме и се смеевме. Па дури и ме советуваше. Ми рече – вака потпри се како Лепа Брена. Се изнасмеавме. Остави Ферус простор и да го споменуваме и да пееме, вели Соња. Соња е при крај и со нејзниниот втор албум, на кој ќе има нови фолк хитови, преработки, но и едно изненадување. Албумот ќе излезе идниот месец. ]]>

Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

Дани Даниела и „Тик Так“ пејат за – “Две срца“ вљубени (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dani-daniela-i-tik-tak-pejat-za-dve-srtsa-vlubeni-video/ Fri, 03 Mar 2023 13:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291709

Младата и атрактивна македонска фолкерка Дани Даниела 2023 година ја почна со настапи  во Австралија, каде ги забавуваше нашинците во еклузивниот ресторан Sheldon. Но,  Дани престојот  во Австралија го искористи и за снимање на видеоспот на нејзината најнова песна насловена „Две срца“ која ја изведува со групата „Тик Так“.   Освен сексапилната фолкерка  во видеото се појавува и познат манекен од Австралија, а истото е снимано на неколку локации низ Мелбурн. Музиката, аранжманот, како и миксот и мастерингот на песната ги потпишува Љупчо Соколовски, додека текстот го напишал познатиот фолк автор и пејач Далибор Ѓошиќ Даки. Видеоспотот како и многу други досега го реализирала екипата од ИН ТВ продукција. Инаку, Дани Даниела има закажано голема австралиска туернеја  во октомври оваа година заедно со Ташко Каранфиловски и побеничката на Македонското музичко талент шоу Анастасија Митровска. Како звучат и изгледаат нејзините “Две срца“ погледнете од видеоспотот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Љупчо Соколовски – уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест 2022“: „На 29-тото издание ќе настапи докажаната македонска фолк елита“ https://arhiva.vistina.com.mk/ljupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecher-na-ohrid-fest-2022-na-29-toto-izdanie-kje-nastapi-dokazanata-makedonska-folk-elita/ Thu, 21 Jul 2022 05:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259537

„И годинава Фолк вечерта на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови“ - не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2-ри септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна. Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава? „Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа. Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот. Која е вашата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава? „Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.]]>

Лилит ве водат на музичка прошетка низ нивната – „Миризлива градина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-ve-vodat-na-muzichka-proshetka-niz-nivnata-mirizliva-gradina-video/ Thu, 14 Jan 2021 13:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185236

После краткото затишје по нивниот прв сингл под име Чудо”, „Лилит (Lilit)“ се вратија во етерот со нивната „Миризлива градина”. Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук,  ја пренесува пораката која е носечки столб на филозофијата на „Lilit“ –  сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној кој одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други. Комплетен автор на новата тема е Трајко Симоновски- Таци, кој ги потпишува музиката, аранжманот и стиховите на песната која јсо својот специфичен вокал ја обоила Емилија Колоска. Како режисер се појавува Кристина Нановиќ со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видео монтажа се погрижи Бобан Костовски, а миксот и мастерингот ги направил Љупчо Соколовски. Погледнете го новиот видео спот во кој „Лилит“ ве водат на музичка прошетка низ нивната „Миризлива градина“ . https://www.youtube.com/watch?v=JyBM3mM9YBg]]>