љупчо павловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Dec 2023 13:39:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љупчо павловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анета Љумаковска по разводот и напуштањето на групата „Молика“, со песна во која може да се пронајде секоја жена, докажа дека се’ уште е – „Жива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-lumakovska-po-razvodot-i-napushtaneto-na-grupata-molika-so-pesna-vo-koja-mozhe-da-se-pronajde-sekoja-zhena-dokazha-deka-se-ushte-e-zhiva-video/ Tue, 19 Dec 2023 07:25:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331697

Со песната „Жива” која премиерно ја отпеа во студиото на ИН ТВ, Анета Љумаковска по разводот со Џими и заминувањето од групата „Молика“ најавува нов соло проект на кој ќе работат наши врвни имиња од светот на фолк музиката. „Жива“ е дело на композиторот и аранжер, маестро Сашко Велков, а текстот е на Анита Даева, која за Анета има напишано и други текстови на песни кои допрва треба да се реализираат. Песната е снимена во музичкото студио „Анастасија”  кај Љупчо Павловски, кој се потпишува зад аудио продукцијата. Привилегија на секој автор е да се соработува со Анета, која е професионалец за пример. Со години наназад Љумаковска потврдува дека е вокал кој плени секого, не само овде во Македонија туку во целиот регион и секаде каде што допира нејзиниот уникатен глас. По многуте промени кои и се случија на приватен план, Анета храбро ја продолжува својата кариера и буквално цел овој период не застанува со настапи. И како солист и како дел од групата „Молика“ со која ги одработува веќе договорените и закажани настапи. Од она што го дознаваме таа за дочекот на новата 2024 гидина по толку работни нови години , одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди. Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Жива” , прекрасна интерпретација и приказна во која може да се пронајде секоја жена. ]]>

Зорица, новото музичко име со љубовна балада за сите вљубени срца – „Јас и ти” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-i-ti-ljubovna-balada-za-site-vljubeni-srca-na-novoto-muzichko-ime-zorica/ Sat, 07 May 2022 08:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249170

Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот автор и изведувач Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како „Јас и Ти“: „Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе. Таа е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така што и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман)  што ја насловив 'Јас и Ти'. Музички аудио продуцент  е Љупчо Павловски, а аудио продукцијата и снимањето на песната беа направени во студиото 'Анастасија' во Скопје. Исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим, со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е „By Zati”. За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта… Проследете го и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица. ]]>

Јордан Митев со трогателна животна приказна за последното испраќање во – „Татко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-trogatelna-zivotna-prikazna-za-poslednoto-isprakjanje-vo-tatko-video/ Mon, 05 Apr 2021 13:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197617

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи како уникатен автор и изведувач на домашната естрада. Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а музички приодуцент бил Љупчо Павловски. Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој неможел да присуствува на последното испраќање од овој свет на неговиот татко. За песната снимен е и видеоспот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на авторот и пејач Митев, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник Зати. Видеото е снимено во познатиот скопски ресторан „Камин Кама“, а до крајот на април Митев најавува уште еден проект. https://www.youtube.com/watch?v=4HPQ-NjZfTI]]>

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-ni-gi-vrakja-spomenite-na-ubavite-vreminja-vo-zivotot-i-jas-video/ Mon, 21 Dec 2020 12:28:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181899

Македонската легенда на забавната музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов неодамна ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“ со која според амбиоентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и 80-ите години на минатиот век. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман во еден убав предел на Јонското море. Музиката и аранжманот се на маестро Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Аудиото е снимено во студио „Анастасија“, на кое како тон мајстор и човек што го изработил миксот и мастерингот е потпишан Љупчо Павловски, а музички продуцент бил одново Кире Костов.

За жал, поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Во меѓувреме, проследете го видеото за неговото последно музичко остварување „Животот и јас“.

https://www.youtube.com/watch?v=EC7juRf-DoY]]>

Ѓоко Јовиќ и ја посвети на Македонија новата песна – „Прелетај соколе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-i-ja-posveti-na-makedonija-novata-pesna-preletaj-sokole-video/ Thu, 17 Dec 2020 09:07:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181298

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Ѓоко Јовиќ, деновиве медиумски го промовираше спотот за најновата песна која носи наслов “Прелетај соколе”. Музиката ја компонирал самиот Ѓоко Јовиќ, а аранжманот го направил Дамир Имери, додека стиховите ги напишал младиот, но веќе докажан текстописец Александар Стевановски. Песната е снимана и миксана од Љупчо Павловски кој го ирзботил и мастерингот и сето тоа во тонското студио „Анастасија“. Видеото за оваа песна се снимаше на повеќе локации во Скопје и околината, а спотот и овојпат го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција, а во него покрај пејачот како актер се појавува и г-ѓата Митра Дениќ.     Според авторот и пејач,  песната е посветена на нашата татковина Македонија, како што самиот Јовиќ истакна во неодамнешното интервју за ИН ТВ потенцирајќи дека истата е работена со многу труд и љубов, но сепак крајниот збор ќе остави да го каже публиката. Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во “Прелетај соколе”: https://www.youtube.com/watch?v=r9IEenTEE_M&feature=emb_logo]]>

Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-izvornata-da-sum-bistra-voda-ja-promeni-vo-moderna-muzichka-ruba-audio/ Fri, 13 Mar 2020 14:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139401

Нејзиниот глас  долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ги запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”. Неа со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори, прогласувајќи ја за своја наследничка, а таа до ден денешен, успешно тоа го исполнува. Со музичко искуство на кое може секој да и позавиди, Сузана Спасовска е веќе седум години солист првенец на националниот ансамбл „Танец“, со кој ја презентира македнската песна и фолклор насекаде низ светот. Но Сузе - „национале“ не застанува само тука, туку паралелно продолжува да ја турка и својата соло пејачка кариера која трае повеќе од 30 години. Токму со својот пријател и долгогодишен соработник Сашо Ливрински ја облекоа „Да сум бистра вода” во една нова модерна „музичка руба”. Со помош на Љупчо Павловски во студиото „Анастасија“, Бобан Василески (соло гитара) и видео концептот за аудиото (DVisualArt), песната се збогати со моќност, разновидност и јачина, а низ сето тоа сепак ни одѕвонува препознатливиот автентичен вокал на Сузе. На тој начин е задржана основната линија на нумерата која со додавањето на модерен звук ќе биде прифатлива за помладата публика кај нас, но и надвор од границите. Истовремено се размислува и за видеозапис кој Спасовска сака добро да го осмисли и реализира за да се разликува од другите, како што е впрочем и самата таа. Слушнете во продолжение како звучи новата модерна верзија на легендарната македонска изворна песна  „Да сум бистра вода” во изведба на Сузана Спасовска: ]]>

Јордан Митев има – „Жена за сто години“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ima-zena-za-sto-godini-audio/ Thu, 05 Mar 2020 13:13:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137767

Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“, која како и сите останати песни е комплетно авторско дело на самиот пејач. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи на домашната естрада. За песната е најавено дека дополнително ќе се снима и видеоспот. Инаку, Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод во втората половина од 2020 година планира да одржи и голем солистички концерт како и концерти во неколку градови низ Македонија. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму во 2020-та. Во меѓувреме, треба да се појават уште четири нови песни кои ќе го заокружат албумот, а носечка песна на истиот ќе биде „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песната која веќе стана омилена на многу генерации. И додека чекаме да видиме како изгледа, слушнете како звучи неговата „Жена за сто години“, чиј комплетен автор како што споменавме е самиот тој (музика, текст, аранжман), а истата е снимена во студиото „Анастасија“ во Скопје, а како музички продуцент е потпишан Љупчо Павловски: ]]>