љубовта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Oct 2022 11:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска и Иван Јованов на распит пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-na-raspit-pred-kamera-koj-e-vinoven-shto-ljubovta-ispari-i-koj-kogo-izneveri-video/ Tue, 25 Oct 2022 11:15:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272726

Иако веќе не е ни вест, зашто на сите им стана познато дека естрадната „love story“ помеѓу македонската поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиното ( сега веќе бившо) момче, вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов доживеа неславен крај. Врската ја раскинаа инкогнниот, тивко и без многу помпа, иако јавноста бргу „ја провали“ приказната дека вљубените естрадни гулапчиња повеќе не се во љубов!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 🦁 (@jovanov_ivan)

И тука тргнаа шпекулациите, претпоставките, нагаѓањата, кулоарските естрадни муабети... од кои се исплкетоа и многу „евтини приказни“ по медиумите. Сепак, дека „каде што има чад, има и оган“ покажаа некои основани сомнежи, дошепнувањата на очевидци или блиски пријатели, кои како по правило сакаат да останат анонимни, но и однесувањето на двајцата сега веќе бивши љубовници. Она што е интима, кога ќе исплива на површина, веројатно секој има своја вистина во такавата приказна. И една и другата страна и пејачот и пејачката, кои беа прилично резервирани, сепак решија да отворат, ако не „душа“, тогаш барем уста и да кажат по некој свој збор на оваа тема. Екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ги побара Иван и Антониа се со цел од прва рака да ја дознае точната вистина, прашувајќи ги и пејачот и пејачката одделно пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери? Дали ја потврдија или демантираа оваа приказна и што јавно кажаа, погледнете од нивната вистина во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Како да ја сретнете љубовта на вашиот живот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-sretnete-ljubovta-na-vashiot-zivot/ Wed, 12 Jun 2019 13:15:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92670

Секој од нас понекогаш се наоѓа заробен во маѓепсаниот круг на празното секојдневие, страдања, мачни односи и претешки обврски и на сите ние e потребно малку мудрост за да внесеме свежина во нашите животи. Во таа насока прочитајте ја оваа приказна. Еден човек го запрашал локалниот мудрец: „Како да излезам од маѓепсаниот круг на празното секојдневие во кое нема ниту љубов, ниту среќа?“ Мудрецот му одговорил: „Од кругот можеш да излезеш само на она место каде се спојува почетокот и крајот!“ Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага за место каде небото се спојува со земјата, но хоризонтото секогаш бил на истата далечина. Уморен од сѐ, седнал на обалата покрај океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот одѕвонувале во неговата глава. Долго седел на обалата, набљудувајќи ги облаците и сонцето, а ноќе гледал во месечината и ѕвездите и конечно видел како неговото минато и иднина се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот. Конечно се сетил на одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место, крајот се прелева во нов почеток во еден одреден момент. Повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одучен да го совлада времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа. Човекот го прашал мудрецот: „Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што да правам?“ Мудрецот одговорил: „Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето ќе почне да се крева на хоризонтот и тогаш остави го сето страдање зад себе. Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да почне да се крева и во следните три дена прави го само она што сакаш да го правиш до крајот на животот. Ако твоето минато е исполнето со мачни односи и врски, тогаш побарај нови луѓе и со нив тргни кон иднината, а сите останати остави ги зад себе и не гледај назад. Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи што било што ќе те направи среќен, без оглед на тоа за колку малечка работа се работи, таа ќе се прошири на целата твоја иднина. Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент погледни во сонцето со поглед полн со копнеж и ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот.“ Човекот се заблагодарил и си отишол по својот пат. Никогаш повеќе не го посетил мудрецот. Вашите старите маки нека останат зад вас, понесете го само она со коешто сакате да ја исполните вашата иднина. Ако го направите тоа, ќе ја сретнете љубовта на својот живот. Барем така вели старата легенда за човекот и мудрецот.]]>

Кога минатото се „меша“ во љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/koga-minatoto-se-mesha-vo-ljubovta/ Mon, 26 Feb 2018 12:57:48 +0000 http://vistina.mk/?p=14028

Познат факт е дека минатите искуства во љубовта влијаат на секоја нова и сегашна ситуација. Без разлика дали сте поминале само една ноќ со некоја личност или две седмици, неколку месеци или пак години, на свесно или на несвесно ниво тоа остава трага. Дури не е ни важно дали е некој кој сосема не ви бил значаен, или пак е некој кој бил значаен. Тоа што е важно е дека таа личност оставила дел од себе кај вас, поточно во вашето срце. Можеби свесно не се ни сеќавате на него или на неа, но длабоката потсвест се сеќава. После неколку врски во младите години, додека личноста се истражува себе и експериментира со партнерите, доаѓа до определена возраст кога веќе станува доста од се, и посакува врска која ќе донесе мир, љубов и стабилност во нејзиниот живот. Од развоен аспект тоа е очекуван процес и личноста кога е подготвена за тоа, наоѓа партнер со кој почнува да го остварува тој процес. Меѓутоа во периодот на експрементирање личноста собира траги во себе од своите минати искуства. Ако некој имал пет или десет партнери, тоа се пет или десет траги. Преку тие искуства и оставените траги личноста создава една генерална слика за тоа какви се мажите или жените. Од таквите генерални слики, всушност потекнуваат многу стереотипи кои се погрешни. На пример ако една девојка ја покажала својата љубов и притоа била напуштена неколку пати од различни партнери, таа создава негативна слика за тоа дека ако му се покаже љубов на маж, тој нема да ја цени доволно. Истото искуство може да му се случи и на некое младо момче со повеќе девојки. Битно е да се напомене дека изборот на партнери не е случаен. Дури ни во младите години. Не случајно девојката била оставена неколку пати, или пак момчето. Кога постојано се“ налетува“ на слични ситуации, тоа е така поради што личноста несвесно повторува некое однесување, кое би требало да се промени. Се додека не го освести и надмине тоа однесување, тркалото нема да престане да се врти во круг. Често пати се случува и во поодминати години да се повторува таквото однесување и да доведува во разни непријатности во врската, па дури и во бракот. Затоа емоционалното расчистување со минатите навидувам минливи искуства е многу важно пред личноста да влезе во зрела врска. Зрелата врска на почетокот може да изгледа многу возбудлива и поразлична од сите претходни врски, но во нејзиното продлабочување кога тогаш на површина ќе излезат неразрешените конфликти од претходните врски. Доволно е партнерот/партнерката во неговото/нејзиното однесување да пројави некоја “ситница“ што несвесно ќе ве потсети на претходниот партнер или партнерка кои ве повредиле за да “избувнете“. Настанува вистински проблем ако почнат хронично да се повторуваат таквите ситници и избувливи реакции. Капка по капка секоја чаша се полни, се додека не се прелее. Исто е и со малите конфликти. Ако почнат да се редат еден по еден, почнуваат да пречат и потоа се претвораат во големи конфликти. На тој начин избива егото на површина кое е неподносливо за љубовта. Извор: Применета психологија]]>