љубовни караници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 09 Sep 2018 09:24:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовни караници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љубовните караници предизвикуваат физичка болка https://arhiva.vistina.com.mk/ljubovnite-karanici-predizvikuvaat-fizichka-bolka/ Sun, 09 Sep 2018 10:34:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46956

Расправиите со партнерот можат да доведат до силни физички болки, покажа ново истражување на Северозападниот универзитет на Илиноис. Научните испитувања траеле две децении, при што на секои пет години се повикувале брачни двојки пред камера. Додека испитаниците се расправале со својата друга половина, стручните лица го проучувале нивниот израз на лицата, тонот и говорот на телото. Потоа ги испрашувале и за нивната здравствена состојба. Резултатите покажале дека 80 отсто мажи при расправиите развиле симптоми на срцеви заболувања – болка во градите, забрзано чукање на срцето, кратко вдишување. Тоа значи дека кавгата го зголемува крвниот притисок, што со годините остава последици на здравјето и го зголемува ризикот од срцев удар. Мажите кои при расправиите избегнуваат контакт со очите, пак, чувствуваат напнатост во мускулите и болки во грбот. Речиси половина испитаници се пожалиле на тоа, наспроти оние кои се емоционално поотворени.]]>