љубовна романса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Oct 2022 09:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовна романса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Риалити двојката повторно заедно, а страста не им недостига: Поранешните „задругари“ Викторија Вики Митровиќ и Марко Осмакчиќ споделија заедничка интимна фотографија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/rialiti-dvojkata-povtorno-zaedno-a-strasta-ne-im-nedostiga-poraneshnite-zadrugari-viktorija-viki-mitrovikj-i-marko-osmakchikj-spodelija-zaednichka-intimna-fotografija-foto/ Thu, 06 Oct 2022 09:49:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270339

Поранешните „задругари“  Викторија Вики Митровиќ и Марко Осмакчиќ, на изненадување на многумина, неодамна ја обновија својата романса и сега уживаат во врска. Парот сега, за разлика од периодот на престојот на имотот во Шимановци, одлично се сложува, па дури споделија и фотографија од креветот  на социјалните мрежи. Тие се фотографирани, додека Марко непрекинато ја бакнува Вики, а таа ужива и праќа бакнежи до камерата. Да потсетиме, парот доживеа вистинска драма кога Митровиќ забремени на крајот од петтата сезона на реалното шоу „Задруга“, а Осмакчиќ го напушти реалното шоу, поради малверзациите на неговиот татко кој ја лажирал сопствената смрт, додека задругарката решила да абортира. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Вики Митровиќ]]>

Убавицата во врска со тенисерот: Ја раскина веридбата со свршеникот, па го ќари бившто момче на Хелена Топаловиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ubavicata-vo-vrska-so-teniserot-ja-raskina-veridbata-so-svrshenikot-pa-go-kjari-bivshto-momche-na-helena-topalovikj-foto/ Mon, 04 Jan 2021 11:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183835

Тенисерот Дамир Џумхур, кој важи за голем заводник, по неколку љубовни бродоломи, сега најде среќа покрај поранешната учесничка на „Големиот брат“, блиската пријателка на нашиот Дарко - Спејко, Хрватката Барбара Шегетин. Според 24сата.хр, Барбара неодамна ја раскинала свршувачката со претходниот партнер, а после тоа влегла во љубовна врска со Дамир. Двајцата објавија идентични  видеа и фотографии, секој на својот Инстаграм, на кои се гледа како на прстот имаат истетовирано симбол за бесконечноста. Пред Барбара, Дамир сакаше неколку познати убавици, а најголемо внимание предизвика неговата врска со Хелена Топаловиќ, ќерката на пејачот Топалко. Освен со Хелена, Дамир беше во врска и со моделот Дејана Живковиќ, како и со пејачката Ријалда Карахасановиќ, а го поврзуваа и со блогерката Зорана Јовановиќ - Зоранах. Барбара Шегетин неодамна ја раскина свршувачката со нејзиниот поранешен партнер Лазар, кој ја запроси пред една година, во пресрет на 2020 година во еден белградски хотел. Поранешната учесничка на „Големиот брат“ тогаш рече „да“ и неколку месеци носеше веренички прстен на раката, но нивната љубов сепак не опстана.]]>

По Игор Џамбазов и Илина Арсова, Елена Велевска и Перо Антиќ: Каде што има чад, има (ли) и оган? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-igor-dzambazov-i-ilina-arsova-elena-velevska-i-pero-antikj-kade-shto-ima-chad-ima-li-i-ogan-foto/ Fri, 29 May 2020 06:57:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151728

Долгата изолација, карантинот ли или корона пандемијата не научи да цениме многу повеќе некои животни вредности или пак животното искуство не учи после долги години и се' што низ животот ќе поминеме, да се однесуваме и да бидеме поинакви кон другите? Или можеби станува нова мода кај нас, познатите личности да влегуваат во љубовни романси  едни со други, „на стари години“? Ова прашање деновиве си го поставуваат многумина, откако на социјалните мрежи и личните профили почнаа да осамнуваат фотографии на познати двојки кои и пред да се запознаат биле популарни, биле некој и нешто во државата и надвор од неа, во различни области. Но, пред тоа или само едвај се познавале или знаеле еден за друг, но никогаш не се сретнале, а сега одненадеж еве ги „во блиска средба од трет вид“ на заеднички фотографии? Актер, шоумен, водител, пејач... и планинарка, а веднаш по нив, слична слика и прилика: бивша кошаркарска ѕвезда и фолк пејачка  на заедничка слика?! Пред некој ден Игор Џамбазов и Илина Арсова, а сега од нигде никаде и Перо Антиќ и Елена Велевска!? Необично, чудно и повеќе од „сомнително“, велат едни... Ништо не е случајно, сомничаво вртат со главата други. До душа, на чаршијата отсекогаш и била полна устата со секакви муабети, та биле  или не биле вистина или биле само обичен трач, но сепак... Прашањето што го наметнуваат ваквите ненадејни „средби“ овековечени на зедничка слика е дали фотографиите се само за спомен и долго сеќавање или зад фотографијата „искрат искри“ кои (ќе) резултираат и со малку поинаква „радост и задоволство“ од чинот на запознавање и кратка дружба со славниот колега или колешка од светот на познатите?! Иако официјално не ја потврдиле својата романса, Џамбазов и Илина, можеби се' уште не се љубовници во вистинска смисла на зборот, но очебијно е дека се „многу повеќе од пријатели“! Или што би се рекло во фаза на „испитување на силите“! Нешто како нови чевли... Точни ти се, ама сепак - кнап! Додека не легне ногата во калапот! Ако легне!? Кај бившата НБА ѕвезда и фолкерката „фото шокот“ е тазе... Барем за јавноста! Перо Антиќ и Елена Велевска според информациите само се запознале, а според нејзините зборови на нејзините деца перо им бил омилен лик... Ама и на НЕА! Инаку официјално, обајцата се соло, по нивните разводи, а Велевска и јавно изјавува дека е слободна и сама! Барем до скоро...! Како и да е, едно останува несомнено да лебди во воздухот: Дали аморовите стрели одново ги погодија познатите? Или што би рекле: „Каде што има чад, има (ли) и оган?“ Фото: Инстаграм]]>

Лејди Гага конечно ја откри вистината за Бредли Купер: „Направивме вистинска љубовна приказна“ https://arhiva.vistina.com.mk/lejdi-gaga-konechno-ja-otkri-vistinata-za-bredli-kuper-napravivme-vistinska-ljubovna-prikazna/ Thu, 07 Nov 2019 09:55:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117100

Од доделување на „Оскарите“ кога Бредли Купер и Лејди Гага ја изведоа песната „Shallow“, парот постојано е во центарот на вниманието на медиумите. Имено, по нивниот настап започнаа да кружат гласини дека меѓу Гага и Купер има нешто повеќе од пријателство. https://www.youtube.com/watch?v=JPJjwHAIny4 Овие гласини уште повеќе се зголемија кога Купер ја раскина својата врска со Ирина Шајк. Досега, Гага и Купер не се огласуваа по повод овие пишувања. Меѓутоа, деновиве Лејди Гага во интервју за „Elle“ откри дека ова е само дел од добро смислениот план. „Направивме вистинска љубовна приказна. Секако, сакавме да бидеме убедливи и луѓето да помислат дека навистина сме заљубени голупчиња“ вели пејачката и додава: „Сакавме да направиме луѓето кои седат во публиката, како и оние кои ги следат Оскарите да почувствуваат вистинска емоција меѓу нас. Сакавме да изгледаме убедливо, многу време се подготвувавме и мислам дека успеавме“ вели Лејди Гага.]]>