Љубовна рапсодија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Jun 2021 10:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Љубовна рапсодија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боса нова е ритамот што возбудува во новиот спот на Павле Камилоски – „Љубовна рапсодија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/ Fri, 04 Jun 2021 10:08:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205651

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила. Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“. Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски. Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат. https://www.youtube.com/watch?v=ZUQekpthhyU]]>